1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесија за бебе

Дискусија во 'Бременост' започната од korum, 14 јуни 2013.

  1. korum

    korum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Не знам,навистина не знам!!!
    Опседната сум секоја минута секоја секунда размислувам за бебе поточно за нашето дете како ке го гушкам,како ке го гледам додека спие,како ке го бањам.................
    Ах не е фер.....се чуствувам очајно и насекаде околу мене сите како да се бремени сите имаат бебенца,нај искрено колку и да звучам злобно но љубоморна сум.Па зошто јас морам да чекам за се,зошто морам да се измачувам со кога па ајде сега...па не па да паааа ајде дај ...
    Зошто еднаш бараем еднаш не е се така едноставно...

    ;(
    Ве молам да не бидам погрешно сватена но мене ова ме излудува има денови во месецот кога е по добро и не мислам на тоа но мислам а дојде делот кога можеби да биде јас сум неподнослива.
    Понекогаш посакувам сето ова да магично да го решам но магија нема :)
    Како и да е!!!
    НЕ Е БУЦНИ ПРАЧКА ПИЈ ВИНО!!!!
    ПА ЗАТОА Е НАЈ СЛАТКО ПОСЛЕ!!!
     
  2. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Има тема каде што се зборува за оваа проблематика, Поддршка на сите кои сакаат да забременат. Инаку конкретно за твојот проблем, немаш поим колку жени од тука истото го поминувавме и го поминуваат, годиништа! Од една страна теши кога не си единствена, од друга страна утепува кога гледаш што современиот начин на живот му прави на женскиот организам, колку сме на број. Прочитај ја убаво темата која ти ја напоменав, мислам дека таму ќе најдеш утеха, ќе најдеш еден куп со истиот проблем како тебе кои се неверојатна поддршка, и прекрасни храбри жени! :*
     
    На lale24 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    срц сите сме поминале низ тоа :) сите ја разбираме таа агонија, депресија, љубомора ... опушти се ;)
    поради овие периоди низ кои поминуваш сега, денот ко ќе видиш 2 цртки нема да знаеш ,дали плачеш,дали се смееш,дали скокаш или не можеш нозете да ги поместиш :D се во свое време, знам дека звучи глупо и излитено и мене така ми звчеше,ама верувај ко ќе видиш 2 цртки дај Боже што побргу ќе сватиш што зме збореле :D . А имаш магично стапче , т.е. мажот ти :D само после односи нозете наго ре со перница под газ најмалку 20 мин и свиркај си, ако можеш и до сабајле не мочкај и се ќе се среди :*
     
    На cvekence 03 и StEfAnIjA-84 им се допаѓа ова.
  4. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не сум била опседната со тоа иако не останав ни јас веднаш бремена. Пре би рекла дека сега сум опседната со бебето. Јас би те советувала да си уживаш во животот и во предностите кои ги имаш во моментов, во слободата без дете, да си посветиш внимание себе, читај, шетај, дружи се, едуцирај се плус, најди хоби и сл. Понекогаш работите не се дешаваат затоа што форсираме и се стегаме. Кога ќе сака само ќе си дојде, ќе видиш :) Па ќе имаш и моменти кога ќе ти фалат овие мигови сега. И најважно, има една поговорка која многу ја сакам: Биди среќна со она што го имаш додека работиш да го стекнеш она што го сакаш (ова е повеќе за работа, ама може и на секое поле да се искористи). :* Поздравче и ти посакувам да си видиш две цртички поскоро!
     
    На bebaa и gwen им се допаѓа ова.
  5. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    Многу боли, сметаме дека е неправда кон нас и сите сме имале моменти на агонија, лутина (барем јас) :$
    Но што побрзо се прифати судбината тоа поарно, е не е како кај другите одма што им фаќа -тоа е, нема бегање. Прифати и делувај, барај решение, мислења различни, кога ќе добиеш поплачи 1 ден и од следниот нов поход :lol: Не мисли на другите бебиња, мисли на твоето и може ќе е подолг нашиот пат и потежок ама набрзо ќе се дебелиме и ќе имаме најубави бебеца, Среќно :) ;)
     
    На StEfAnIjA-84 му/ѝ се допаѓа ова.