1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опсесија со Господ

Дискусија во 'Психологија' започната од smiley22, 25 јуни 2012.

  1. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Добро,сега сум посмирена,се вратив во контрола и сега можам да размислувам и да пишувам,вчера немав памет и незнев шо зборам,ама сега фала му на бога знам :) :tmi:
    Имам една пријателка која што е опседната со Господ.Постојано на секој збор само Господ го спомнува и вика дека работи за него :fubar: :lol: И спред неа најважно е да имаш што да јадеш и да се облечеш.Добро,тоа е важно.Но важно е во животот да имаш семејство кое ке те сака.Нели?? Но неа тоа не и е важно,според неа на некој начин Господ е семејството. :x Што вие мислите за овие луѓе кои што се опседнати со Господ и дали познавате такви?? :)
    И не го свакајте сериозно тоа што вчера го пишав,ама тоа беше зашо бев изнревирана и не размислуваме,се надевам не сте ме сватиле погрешно. :?: :)
     
  2. Blair15

    Blair15 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    12
    се согласувам со твоето мислење, не сум до сега запознала и не сум слушнала за вакви луѓе, но и според мене, тоа е некоја, опсесија, психа набутано во нејзе,.. Треба да се верува во Господ и јас верувам и се,ама до овој стадиум,опсесија, не знам...
     
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Познавам и тоа жена која е христијанка и машко кое е муслиман. Јас тие што ги ознавам се најектремни случаеви.
    Јас го разбирам правото на избор ама што е претеризам претеризам е...Ги мачат и лугето околу себе

    И реков на едната, зошто не одиш да се закалуѓериш и така немаш живот. Вика не се само калуѓерките тие што треба така да живеат. Е ај сите да живееме како неа, со Библијата да шетам по цел ден, да постам среда петок и два-три пати 40дневни пости во годината и тоа без масло. :o Има деца и нив ги тера да постат а мали се 6 и 9 години.
    Бог ни го дал животот за да го живееме, ние сме Негови деца а не робови. Доволно е да се придржуваме кон основните правила. Ако сите бевме само со Библијата во раце, ке имаше ли напредок светот? Не

    За машково да не зборам. Мајка му била христијанка, татко му муслиман но откако влегле во брак и двајцата се откажале од верата. На него чичко му му врзал лош филм и си тера тој. Кај не пие алкохол не дава и тие околу него да пијат. Сестра му имала односи пред брак, муабет не и правеше не знам колку време. Е тек после почна да и прави муабет и тоа заради тоа што во Куранот имало некој дел за фамилија и не било убаво да не се има со нејзе. Мене ме критикува кога кршам некои христијански правила. Коски и кожа е ама пости важно. Работи тешка физичка работа, пред две години дехидрилал за време на постот. Не може уште сам на себе да си прости зошто лекарите го натерале да се напие течности и така го прекршил постот. А бе оди бегај
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Богами така е.Ама што да правам со другарка ми??? Со такви луѓе нема спас.Било што да и кажам само Господ ке го поврзи со ова.На пример денес збореше за мајка и што се разболела и пола сааат вика Господ ке ја спаси,господ ке ја спаси,господ е светец,господ не сака,господ умрел за нас :fubar: и се тоа ноостоп збореше.После ме праша за еден нов шо го свигам кога ке се видиме и јас и вика во среда,а она голем е господ,ке биде,господ сака и после вика па што ке ти е деко го имаме господ :@ , ми се смаи веке,пукнав.Кај ги имам дома проблемите (со расипаниот) ми мој татко уште таа................ :@
    Ама нема спас,тоа е некоја болест.......... :tmi: :x
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Можеби навистина "работи", со полно работно време.
    Пробај работи и ти барем хонорарно за Господ, можеби ќе видиш разлика, ќе ти се смири напнатоста и раздразливоста, ќе мислиш поубаво за луѓето и нема да навлегуваш во нечиј избор.
    Не се работи за робување туку за верување
    На никого не робуваш ако постиш, бидејќи постот не е само изгладнување туку повеќе е пост на душата, да не мислиш лошо на никого, да ја прочистиш како телото така и душата.
    Знам што е постот иако никогаш не сум постела повеќе од три-четири дена. А знам дека треба, за да си ја смирам душава.
    Обиди се да ги разбереш луѓето, да ги прифатиш такви како што се и да не осудуваш нечиј избор.
    Тоа е нејзин избор и не значи дека со тој нејзин избор, таа престанала да биде твој пријател.
    Таа само нашла нов пријател-Господ.
     
    На Rama и meckicka им се допаѓа ова.
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    За да се разбере верата како опсесија, постои само еден начин.
    Тоа е одвивањето на настаните во понатамошниот живот на таа личност.

    Ако се тоа е навистина опсесија, таа личност се определува на два правци.
    - Или заборава потполно на се она што го зборувала и практикувала во минатото и затоа понатаму се одлучува да живее слободен живот (не пости, не се Причестува, живее слободен и до некоја мера неморален живот...) или пак започнува да навлегува во екстремност, а тоа е зад маската на верата, да стане бајач или гатач.
    - Додека, другиот правец е правецот на вистинската и дејствувачка вера, што значи дека таа личност и понатаму, за цел живот, живее со истото темпо (иако е во брак) или пак се одлучува на одделување од светот и заминување во монаштво.

    Во однос на првиот правец и вистинската опсесија, тоа навистина е болест и вистинско психичко растројство. Затоа за секоја личност, која е на почеток и ја запознава својата вера, потребно е да најде личност, која вистински е искусна во духовниот живот. Зашто таа опсесија за која станува збор овде, тоа всушност е отпадништво од верата.
     
    На Rama и slavica999 им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    ^^ Не знам што било пишувано вчера од смајли, но некако ми изгледа дека носите пребрз заклучок, двете. Можеби девојката доживеала нешто кое ја натерало да се сврти кон Господ (зависи како она го сфаќа).
    Малку е себично да се дели кој колкав верник е, дека некој е поголем верник од другиот. И себично е да се помисли дека нејзината верба е отпадништво од верата и дека нејзината верба ја прави неморална личност.
     
  8. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Јасс... не сум којзнае колку опседната со Господ како твојата другарка - ама сепак... постојано си велма - ГОСПОД ЗНАЕ КАКВА СУМ ЈАС ВИСТИНСКИ КОЛКУ И ЛОШИ РАБОТИ ДА ПРАВАМ... Ама ете што да се прави тоа е тоа... :D
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Со ова се согласувам. Смајли вика дека се разболела мајката на девојката. На повекето луге (дури и да не биле големи верници) во тешки моменти им се случува да се потпрат на Бога. Понекогаш едноставно немаш друг излез, друг правец, друга надеж освен верувањето и молењето.
    Да, постот е сопствен избор, сум постела и ја знам придобивката од постот. Непроценливо е чувството по постот.Ама да се пости а притоа да се ризикува здравјето тоа е лошо
     
  10. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Господ нека им помогне на опседнатите со него :lol:
     
    На meckicka и meow22 им се допаѓа ова.
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Се извинувам мила, што можеби мојот пост бил сфатен на поинаков начин.

    Се обидувам, никогаш да не пишувам нешто што е спротивно од црквата. Никогаш не сакам да сум против некој, не сакам да судам на некој. Ова е само длабока духовност, за која ние младите денес (со чесни и чести исклучоци) се соочуваме со неа.

    Во кој случај верата може да биде отпадништво?
    Целата работа е таа екстремност, која е се поприсутна.
    Поточно кажано фанатизам и не само кај младите, туку воопшто, кај сите луѓе од сите возрасти, кои за почеток стапуваат во духовниот живот, пред се неподготвени за тоа.
    Навистина се посакува духовното и секој сака повеќе да знае, влегува неподготвен во тие води и без поддршка од некој искусен (неверувајќи во свештенството и во оние Свети Тајни што самиот Господ Исус Христос ги востановил. Сметајќи дека отецот е непотребен во се тоа и недостоен за да се довери таа личност на него.). А тој пат навистина е тежок, зашто човекот тогаш не се бори против телесното, туку против мрачните сили на темнината. Затоа тој пат е претежок за секој почетник.
    Тоа буквално се случува кај секој, па и кај мене конкретно. Ако на почеток не пронајдов човек кој е искусен духовник во духовното, тогаш ќе имав страшен пад :worried: . Зашто на тој почеток првенствено е најважно да се отсече својата сопствена волја и да се следи волјата на духовниот отец, кој ти го мисли најдоброто.
    Како да се отсече слободната волја?
    Човекот е слаб, па на тој почеток треба многу смирение, трпение и расудување на нештата околу себе. Тука се соновите, тука е многу повеќе, поточно, разни лажни вистински приведенија, кои буквално сакаат да ја уловат таа душа. Затоа нажалост, ако се нема искусен духовник, човек може лесно да падне и да се предаде на најстрашното, темнината. А таа темнина е прелеста и тоа навистина е опсесија, духовно отпадништво од верата ;( .
    Верувам мила дека си запозната со тоа дека во православието, гатачите и бајачите имаат анатема ( одлачување од црквата). Не имс едозволува Причестување, спомнување во молитвите, па и буквално забранување да не доаѓаат во црква.
    Зашто таа прелест, таа опсесија се вродува во човекот од страна на неговата гордост, по своја слободна волја. Не расудувајќи ги правилно настаните околу себе, тој за себе мисли дека свет, дека е најдобар, најдостоен за се она што го гледа и во реалноста и во соновите. А тогаш фактички е тој почеток на духовното отпадништво. Зашто гордоста е темел на прелеста, а гордоста сите знаеме е смртен грев, што заради неа и ангелите паднаа и станаа мрачни сили.
    Понатаму, таа личност гледа нешто не земно, нешто духовно, што никој не може да го види. И се прикажуваат најразлични настани што се случиле, се прикажуваат и дури и дела што ќе се случат, но во 99% од случаите сите тие се лоши настани за иднината (прашањето е, а зошто не пак и добрите?!). На тој начин, ѓаволот пред тој човек ја зема својата светла ангелска природа, за тој да не се плаши и да мисли дека се е тоа по допуштение на Господ. Да мисли дека на тој начин им помага на луѓето. Затоа и во Евангелието, Господ нели рече, дека ќе постојат луѓе кои ќе молат пред Господ и ќе викаат, нели во Твое име правевме се добро, а тогаш Господ ќе им рече: Бегајте од Мене, не ве познавам!
    Тоа е вистинската смисла на тоа. И затоа 90% од бајачите денес баат на икони, за човекот кој недоволно ја знае својата вера, да помисли дека се е тоа од Господ.
    Можеби некој кој ја читал Библијата се сретна со еден настан, кој е малку збунувачки.
    При една проповед и поминување низ улиците на некои од апостолите (мислам дека беше Св. апостол Петар или Павле, важно беа двајца), кога зад нив поминала една жена која извикувала на цел глас, дека тоа се Божји луѓе и Божји пратеници. Тогаш апостолот се налутил, се завртел и рекол, да замолчи и тој нечист дух да излезе од неа (?!).
    Сега се поставува прашањето, па таа не кажала ништо лошо, таа ја кажала и вистината?
    Е тоа е суровата вистина, што зад се тоа се крие нешто мрачно, а човекот мисли дека прави добро и дека тоа е дел се на вистинската вера.

    Додека вистинската вера е сосем нешто друго. Смирение, трпение и најголемите светители се молеле да немаат виденија, за да не паднат во прелест. А денес е друго, секој што бил на бајач кажува како тој превртува очи, паѓа и го „мачат светците’’. Прво светителот никој не мачи, туку исцелува :) .

    Да се навратам на самиот почеток.
    Можеби мојот пост навистина беше неубаво разбран, но зад него се криеше една длабока духовност, дадена не од мене, туку од Господ, од Црквата и се според каноните.
    Можеби тој пост во нечии очи беше сфатен, како еве Серафима го променила своето мислење, но тоа не е воопшто така.
    За квантитетот кој колкав верник е, не сакам ни да помислам.
    Секој си знае за себе.
    А за мене би кажала, дека ја немам ни В од верник, зашто зад тоа се крие многу поголема духовност, што не верувам дека некогаш ќе ја достигнам во животот :x .
    Од темата: Што значи да се биде ВЕРНИК?


    Само Господ да не чува сите, најмногу на нашиот разум.
    И дај Боже сите нека станат тоа, колку само се би било поразлично и подобро.


    Уште еднаш се извинувам и простете што можеби неубаво сум се изразила со својот пост :bow: .
    Не беше тој наменет конкретно за никој, па ни за таа девојка. Туку тоа беше гледано глобално, зашто духовното е нешто многу повеќе.


    Конкретно за личноста за која станува збор.
    Господ со текот на времето ќе го докаже тоа. Можеби таа личност е една од избраните која не е за брачен живот и е за монаштво!
    Тоа е само Божја промисла. Во која нема ништо лошо, туку напротив, голем благослов :) .
     
    На Rama и hermosa им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Немам некакво мислење за тие луѓе, но сметам дека човек треба да си го живее животот, да си верува во она во кое верува, ако верува во Господ, да си верува и да живее, помалку да го спомнува, повеќе да си го живее животот.Човек треба да знае логички да ги сврзува нештата.Најмалку треба да се опседнува со истата, во смисла на „ Господ ова, Господ она„ мислам како што е нагласено во самиот вовед од темата.Вербата е како што веруваш во своите родители, брат или сестра, тоа е тоа, не е нешто поинаку.Ќе функционира истата доколку ја има.Најважно е како човек го живее животот, најмалку е важно константното зборување во врска со религијата, а притоа не правејки ништо што би било според истата.Тогаш нема никаква вредност.
     
  13. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Не,не е така.Погрешно сте ме сватиле.Јас не ги ни осудувам.Секој има право и ке си прави како сака и јас сум и другарка и ке ја слушам и ке и помогнам и се.Но што кога не разговара со мене или со некој кој би ја сватил?? би имале погрњешно мислење за неа.Се надевам ме свативте што сакам да кажам..... Инаку јас никој не осудувам и нема да осудувам и некам и немам право. :)
     
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Е сега вака мила.
    Ако сакаш вистински да и помогнеш и сфатиш, треба вистински да и се доближиш. Тебе можеби тоа нејзино споменување на Господ ти е малку чудно, но мислам дека барем во друштво со неа, треба да се поставиш малку на нејзино ниво.
    Како?
    При вашите разговори спомени нешто, како еве ја поддржуваш во тоа, дека ја разбираш се што сака да каже, дека доколку има нешто, би сакала да и помогнеш, па постави и некои прашања поврзани со тоа, пример како го замислува животот, што планира да прави, како ти би можела да и бидеш од помош, зашто вистински ја сакаш...
    Во овие моменти, на неа и е потребна поддршка. Прифати ја како таква и ти делимично кога си со неа, биди таква.
    Веднаш ќе ја видиш нејзината реакција за се. И ќе видиш дека, вашиот однос се повеќе и повеќе ќе се зацврсти, но најмногу и таа ќе те сфати за се, па и ти неа :) .
     
    На smiley22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Во екстремни случаи се работи за болест. Мазохизам и самоказнување, инаетлива убеденост дека комуницираш со него, го всадуваш во секој твој чекор, оделување од останатиот „неверен свет“ ... случај на шизофренија.

    Во други случаи валјда е прашање на период или се работи за некоја траума која натерала човек да прибегне целосно кон верувањето за Господ како утеха или од страв.
     
    На Gosh и blackwave им се допаѓа ова.
  16. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    СеСОГЛАСУВАМ СО ОВИЕ МИСЛЕЊА. И САКАМ ДА УКАЖАМ НА ПРАКТИЧНО ИСКУСТВО: НИКОМУ ДА НЕ СУДИМЕ, ЗАТОА ШТО НЕ ЗНАЕМЕ ШТО СЕ КРИЕ ЗАД НЕЧИЕ ОДНЕСУВАЊЕ. Наисправна постапка е таквата особа да се упати на советување со искусен продуховен духовен отец. тој ќе знае најдобро да и помогне. Јас барем така мислам
     
  17. Panki.Friik

    Panki.Friik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    12
    луѓе ја неможам да верувам бе :?
    Незнам зашо иам некоа чуство коа ме тера да размислувам поинаку,нели има две свакјанја за настануванје на светот,тоа со адам и ева и она со мајмунот.
    И ја сум за она со мајмунот а и многу други се ,ама немозам бе да верувам ,за мене се глупости тоа...
    И се мислам дека заради тоа ке ми се случи нешто лошо..Некој совет?
     
  18. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    По мое најважно е да немаме предрасуди за другите, секој нека си биди каков што сака да се гледа, не може ние да им судиме вака прави или онака, така си чувствува така нека прави. Секој има различни знаења. Можеби ако разговараш со другаркати ќе ја сватиш, затоа што ние најчесто проблемот го бараме во другиот, а ретко во нас, верувам дека ако разговараш со нејзе дека ќе ја сватиш. Има па некои на секое само пцујат за нешто те за ова те за она, тоа е уште полошо по мое или кажува нешто неубаво постојано. Подобро е за Бог да си спомнува отколку тоа. Но додека е свесна личноста за тоа што го кажува е во ред. Има некои кои што несвесно повторуваат едно те исто, најчесто нешто без значење но колку што разбрав тука не станува збор за таков случај фала Богу.
     
  19. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    -Панки, еве можеш да се користиш со мојата тактика: И јас сум за она со мајмунот, но си велам мора некој и мајмунот да го сторил, тогаш татко ми ми вели природата го сторила, јас си велам и нејзе морал енкој да ја стори и така се до настанувањето на веселената... па си велам и нејзе морал некој да ја стори, ако настанала од нешто тоа нешто морал некој да го стори, а тој некој е Господ! Значи јас вака ги спојувам науката и религијата :lol:
    -А за она со опсесијата, само треба да се разговара, најдобра реченица е: Поледни околу себе, ова е светот кој бог го создал а човекот го подобрил, треба да се ужива и да се работи, ние сме толку многу а бог е само еден, ајде да не му отежнуваме да се грижи до ситници за нас, ајде ние да му помогнеме, да се сврте светот кон подобро!
    (уште само нешто, ништо не мора од ова да се свати сериозно, сепак сум само дете од 15, кое се труди да размислува)
     
  20. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    А кој го создал Господ, нели некој мора и него да го создаде? :^)