1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општа култура

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од foxlife, 18 октомври 2011.

  1. foxlife

    foxlife Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    0
    Што мислите дека треба да знаат сите од општа култура?? :)
     
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Како поконцизно да отворат тема. :)

    Инаку, секојдневни работи кои имаат примена, како на пример основни познавања од областа на географијата, правење разлика меѓу кола и мотор, правење разлика меѓу комбе на педофил и обично комбе, основни математички проблеми, фактот дека еднорозите (за жал) не постојат и слично.
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Сигурно како да знаат правилно да се однесуваат т.е да имаат домашно воспитување.
    Да знаат да бројат и множат :D
    Да ги знаат ако ништо друго страните на светот и со кои земји им граничи татковината, не е на одмет и малку пошироко да се знае од тоа поле.
    Да знаат дека живееме на земјата на која има единствено живот, а другите планети доволно е да ги знаат по име. :lol:
    Од општа култура добро е да се знае дека интернетот и се посовремената технологија колку не прави паметни, дупло не прави тупави и неподвижни рационални суштества.( а тоа е за грев)
    Да знаат во кој век живеат ако ништо друго. :o
     
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Да имаат домашно воспитание и да знаат како културно да се однесуваат.
    Да имаат појма од некои општи работи, како на пр. дека живееме на планетата Земја, а таа се врти околу својата замислена оска и околу Сонцето (има и такви кои тоа не го знаат).
    Да знаат каде е Европа на географска карта и точен број на континенти. И останати прашања од географијата.
    Да знаат основна национална историја.
    Да ги знаат најпознатите светски автори и барем едно нивно дело.
    Да знаат кој е главен град на соседните земји на својата татковина.
    Да знаат барем нешто за технологијата и интернетот.
     
  5. J.Lo91

    J.Lo91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    14
    :worried: Во Скопје 98 % од луѓето немаат никаква култура ! Цел живот живеам во Скопје познавам и сум сретнала многу луѓе и премногу сум разочарана од нивната ''Култура'' !
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    42
    навистина, скопјево ни е преполно со луѓе без општа култура
     
    На LittlePinky, elka.timova и Elena69221 им се допаѓа ова.
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Прво треба да го знаат она што се учи во прво одделение.
    Да се каже Добро утро, (ден , вечер)
    Треба да се знае дека постарите , бремените , децата имаат предност, нив треба да и се помогне ако се најдат во таква ситуација.
    Дека не се фрлаат отпадоци насекаде .
    Дека во јавност се однесува пристојно.
    Не се пцуе,плука, пуши цигара секаде.
    Не се бакнува (непристојно) на јавни места.
    Не се чкрта по sидови разни глупости.
    Не се урла , во доцните часови оти има луге што треба да станат рано.
    Не се исмејуваат сиромашните.
    Не се исмејуват животните.
    Не се влегува дури не се тропне на врата.
    Не се зборува гласно во болница.
    Посебно се почитуваат верските установи и тоа без разлика на која вероисповед и припагаат.
    Има уште ама овие се основни.
    Образованието има само тесна врска со општата култура, која се учи од најрана возраст.
    Не треба факултет да се каже Благодарам , Молам,Повелете ,Догледање...
     
    На hermosa и elka.timova им се допаѓа ова.
  8. elka.timova

    elka.timova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    според мене секон треба да знае а не да биде прост.
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Општа култура, тоа е човек да има познавања макар од најосновните нешта од било која област. И секако, да ги познава општествените и морални норми.

    Еве еден квиз каде може да се проверите.
     
  10. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Да се има култура, значи да се познаваат основните етички и културни норми, истите да се почитуваат, како и кодексите на однесување.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  11. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Девојки сакам да ве прашам надоградувате себе си...во последно време се чувствувам ептен затупено.Незнам од каде да почнам,порано кога живеев во Македонија барем книги читав,овде немам идеа оти не го знам јазикот ниту тв гледам, ниту книги читам и осеќам како да почнувам да се уназадувам.
     
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Учи го јазикот во државата каде што си. Тоа ќе ти биде мотивација за различни интереси, тв, книги, списанија, кулинарство, музика, контакти со луѓе.
    Запознавајќи ја културата на нацијата вложуваш во личниот развој.
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    5.603
    Пол:
    Женски
    Не знам како ти оди англискиот и во која држава си, ама скоро секоја градска библиотека има оддел со литература на англиски. И да имаш основно познавање, со читање брзо ќе се надоградуваш. За македонски книги, ѕирни ја страната на македоника, а има тема на форумов за размена на книги во пдф. Нема причина да престанеш да читаш! :)
    И тоа што ти пишала @poenta дефинитивно разгледај какви курсеви се нудат за јазик, често има и бесплатни курсеви за странци, или можеш да аплицираш за некаква субвенција ако не си во финансиска состојба да си платиш. Можеш и да побараш материјали во библиотека или на интернет за учење на јазик, има и за најпочетно ниво.

    Не се оптоварувај, ако си во релативно нова средина секако ќе ти биде тешко на почеток, посебно па со коронава. Кога ќе се вратиме во нормала, ѕирни и ја и страната couchsurfing, обично има events со неделни собиранки, со кул луѓе од различни држави и култури, дел патуваат а дел се исто иселеници како ти, убава можност за фина социјализација и одење против "затупувањето". :)
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.