По повод денот на ослободувањето, градовите си доделуваат награди на истакнати дејци и докажани луѓе кои придонеле за својот град или во својата област. Може да ги кандидира група граѓани, организација, колектив, а можат и самите себе(ова се толкува како крајна самобендисаност, а има и некои кои со години се кандидираат себеси, и не ја добиле наградата). Наградата е плакета, и плус паричен износ кој порано чинеше некаде околу 500-600 евра, а денес има буџет кој сите наградени го делат, и пак се фаќа тука некаде или можеби достигнува и до 40.000 денари по лице. Во мојата општина награди земале лекари, новинари, уметници, спортисти, културно уметнички друштва, волонтери, но и директори на ЈП кои не се баш успешни. Дали сте инфомирани на оваа тема? Дали следите? Кое е вашето мислење?