Форумџика на годината

Организација ,,Panter freedom"

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од DS10, 11 декември 2024.

  1. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.363
    Пол:
    Машки
    Не знаев кај да ја ставам темава па тука би требало да е најсоодветно. Не знаев ни какво име да ставам, а да не се совпаѓа со некои од другите теми на форумов за педофилија, но темата е потполно поинаква од другите од ваков тип и мислам дека си заслужува посебна дискусија.

    Завчера ми излезе видео на јутуб од некоја си организација Panter freedom. Целата поента е што во име на малолетни лица им пишуваат на постари лица (верувале или не, во некое од видеата ги има дури и помлади од 30 години што ми е ко) и им кажуваат каде да се сретнат притоа да носат некој специфичен предмет со кој ќе им се открие намерата на "предаторите". Само што проблемот е што наместо малолетното дете со кое се допишувале, им доаѓа група од 10 и кусур мажи кои пробуваат да им ја извлечат поентата на педофилите па дури и ги измачуваат или ги тераат да пеат некоја за нив омаловажувачка песна (пример Barbie Girl)

    ги шишаат, им лепат лепенки "Јас сум педофилчина", им се закануваат и други работи со кои на овие психопати никогаш нема да им текне да го сторат истото.
    Потоа ми излезе видеово на Марио Вречо со кое малку ми се смени мислењето, не дека ги поддржувам педофилите, во НИКОЈ СЛУЧАЈ, не го прави тоа ни Марио, само што можеби се губи смислата на сето тоа добро што го прават со такви "испади"