Орхан Памук

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Tanjamm, 8 септември 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.862
    Допаѓања:
    12.433
    Орхан Памук (турски: Orhan Pamuk) (роден на 7 јуни1952 година во Истанбул, Турција) — турски писател,[1] добитник на Нобелова награда за литература во 2006 година.[2]

    Орхан Памук учел на Роберт колеџ, во тоа време средно училиште, а потоа студирал архитектура[3] на Техничкиот универзитет во Истанбул. Во тој период започнал да се занимава со писателска дејност. Дипломирал на студиите по новинарство[3] на Истанбулскиот универзитет во 1977 година, а од 1985 до 1988 година учел на Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД.

    Во текот на 2005 година, од страна на две турски асоцијации, Памук бил обвинет за неговите тврдења во врска со Ерменскиот геноцид и убивањето на околу 30.000 Курди од страна на турските власти. Сепак, тој бил ослободен од обвинението во 2006 година. Денес, Орхан Памук е еден од најпопуларните турски писатели во светот,[4] кој има родадено над седум милиони копии од неговите книги, преведени на педесет јазици,[5] што го прави најпродаваниот писател во неговата земја.[6] Според Times Literary Supplement, Памук е најистакнатиот турски романописец и еден од најинтересните писатели, воопшто, додека „Њујорк Тајмс“ (New York Times) го нарекол „нова ѕвезда на истокот“.[3]

    Еве што вели Википедија за него. Јас ги прочитав половина од неговите книги. „Снег“ ми е најдобра, но за мене Памук е симбол на Турција, голем писател кој пишува за големи теми кои длабоко задираат во општеството од кое тој потекнува. Имаше еден ден во „Црна книга“ каде пишува дека сака да бакне девојка, и се мисли дали да оди кај својата некогашна симпатија, дали да најде проститутка, и тоа така живо го опишува, со целата таа возбуда, игра со детали, се шета низ Истанбул. Навистина убаво. Кое е вашето мислење за Памук?