1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осаменост во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од eleonoramardzieva, 1 октомври 2013.

  1. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Машки
    Што кога се чуствувате запоставени во бракот? Што кога сопругот повеќе посветува внимание на мајка му,татко му , работа , соседии тн .. ? Што кога за да им угоди на маката и таткото се расправа со сопругата? Што кога на сопругата или сопругот му се обраќате со висок тон наместо смирено? Што кога партнерот разговара со вас само ако има потреба? Што кога вие плачете а тој не сака ни да чуе зошто? Како се справувате со игнорирањето во бракот? Дали се чуствувате како склуптура во куќата на која и се посветува внимание само по потреба?
     
    На LudaJakimovska и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    ОСАМЕНОСТ ВО БРАКОТ

    жените се сами виновни што се чувствуваат осамено во бракот
     
    На LudaJakimovska и Petar80 им се допаѓа ова.
  3. Emily.Pan

    Emily.Pan Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Тоа сама си го дозволила.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. branka-k

    branka-k Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    11
    Иако маж ми на периоди не е овде со мене, сепак не се чувствувам запоставена.Чекам документи и јас да заминам кај него. Ама и кога не е тука, ми посветува доволно внимание- колку што му дозволува времето. Јас моментално живеам сама во нашиот стан и си барам занимации да си го исполнувам времето.
     
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.498
    Допаѓања:
    173.440
    РАЗВОД-не гледам друго решение.
     
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    eleonoramardzieva си ја отворила темата чисто да теоризираме што кога? што кога? што кога? што кога? |( или сакаш да продискутираме за твој конкретен проблем. Ако си отворила тема за да дискутираме за твој проблем тогаш ни даваш премногу штури податоци, односно никакви. По другите теми на форумов што коментираш знам дека си во заедница со јатрва, девер, свекор и дека сте си живееле многу сложно. :!: Е сега што е муабетот отвори тема само за да ја отвориш или потребен ти е совет. Дај разглоби ни малку подетално.

    Само уште ова. Те гледам потпишана си со цело име и презиме. Дали тоа си го направила ненамерно, поради неискуството на форумов или немаш потреба да ја криеш приватноста па ако некој те познава да препознае дека тоа си ти. :^) :?:
     
  7. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Машки
    Општо ја отворив темава бидејки гледам нема ваква тема а на неколку теми сретнав слични проблеми. Инаку немам проблем со тоа дали ќе ме препознае некој или не бидејки немам што да сокријам.
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Imame slicni temi poopshti kako sto se na pr. Bracni soveti ili Kriza vo brakot. Tuka i za vakvi prashanja kako tvoite imame diskutirano.
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Ако е за тебе напишано ова,еве еден мал совет:
    Обично овакви проблеми доаѓаат доколку,сопругот е приврзан со мајка му,поточно станува збор за лабилна личност која не е сигурна во себе и има потреба од мислење на неговата мајка нешто како заштитнички му доаѓа,демек совети дели за негово добро...а всушност на двајцата ви прави лошо...
    Некои тоа го решаваат со развод,некои се трудат со разговори,едноставно се борат иако нема трошка светлина во целата таа врска(брак)...
    Едноставно однесувај се како и тој со тебе што се однесува,ќе забележиш дека тоа нема да му се допадне кога ќе почне да прашува не прави кавга,туку на убав начин разговарај...
    Сепак се што ќе посакаш за себе мораш да си удоволуваш било облека,храна,ама баш се...
    eleonora мажите сакаат силни жени покрај себе,ако им попуштиш толку е!!!
    Ако продолжи и понатаму така тогаш сама ќе донесеш одлука...
    Само запомни едно секој заслужува среќа и стреми се да бидеш среќна,ако некој ти ја гази среќата и те повредува тогаш не те ни заслужува...
     
    На akvarium му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Машки
    немам проблеми со мм засега
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Многу се нервирам и се осеќам како предмет кога гледа он фудбал. Се отепам од досада, размислам во тие периоди да отворам некоја тема `против фути јунајтед`, да се истроламе на неа саглам ние фудбалските удовици, ама се предомислам, има доволно теми отворени од досада на други, очигледно, со покана за тролање па...се тепа време, додека не дојдат модераторите да метат ;)
     
    На tessie и irena.1 им се допаѓа ова.
  12. Cinderella12

    Cinderella12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    107
    Имам 23 год 60 кг и имам зелени очи плава коса, керкичка од 1 година и 6 месеци , се омажив далеку од дома ,но откако дојдов во ова семејство свекрвата постојано ме обвинува како тоа јас не работам лежам и тн други работи ,ми прави караници со сопругот му кажува некои раб кога не сум јас во просторијата, а јас работам помагам се што ја доликува една снаа да прави, следно сеуште не бев породена тогаш.
    Мојот сопруг има брат ..неговата жена е помала од мене 1 год,ме одбегнува ,не ми прави муабет само
    ко ке и текне на неа,иди по свекрвата се со неа да прави ,со мене кафе не сака да пие,неколку пати сум
    и понудила и она ке каже како да сака да пие,но кога ке го сварам она не го пие моето ,станува и си вари сама за неа ,после тоа мн работи се случуваа таа спие до 3-4 ,за неа никогаш не се кажало зошто спие зошто не чисти, се на мене е ... Тие јаделе сончоглед вечерта ,сабајлето на мене зошто не сум исчистила зошто сум спијала до 10 и тн .
    Се породив ,свекрвата ми земаше детето се таа а јас да средувам да готвам,ми дојде тешко и се скарав дека јас сум мајка на тоа дете а не таа ,таа е баба ,но ајде се изборив и со тоа ,инаку сум мирна личност
    не се расправам , не сум некоја да се упикува кај некого.
    Следно што ми е тешко е што ме одбегнуваат ,не сакаат со мене да се дружат ,ме озборуваат зошто е тоа така и стварно ми е тешко осамена сум ,немам со кого кафе да се напијам ,нема со кого муабет да направам ,ке седам на фб ама и тоа не е тоа .. мојот сопруг не се ни замара па не ми ни обрнува внимание да седни со мене кафе да пија,овие неколку месеци живееме сами ,бидејки другите заминаа во странство ,јас работам сета домашна работа ,преоптеретена сум и мн нервозна станувам, дали од што сум сама и немам помош,или од самата помисла дека не ме сака никого и нема каде да појдам,а најтешко ми е што на моетото детенце ,јас инаку никогаш не сум му викала,а овај месец во 1 мин ке и се развикам наеднаш ако нешто истури или скрши а после се каам бидејки таа не е ништо виновна ,се страмам да пишам ,но ми треба совет нешто што било лек против нервоза ,сакам да се променам ,моето дете е гревота да расти покрај нервозна мајка и не сакам да и правам трауми ,на мојата мајка не сакам да и кажувам како ми е и дека немам ни една другарка , не сакам да се грижи , ве молам не ме осудувајте .
     
  13. beatriz

    beatriz Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Не ме сфаќајте погрешно од овој бедниов менталитет во Македонија со чистење, готвење, седење дома,оговарање итн. ми иде да се самоубијам кога ќе го слушнам. Јас не знам зошто ти е толку битно и зошто си го преоптоваруваш мозокот со такви прости заостанати луѓе да се спријателуваш, имаш дете треба да мислиш на него, треба иднината да ја кроиш на тоа дете, а не да има сеќавања кога ќе порасне од каранаци што си ги создавала поради луѓе со заостанати размислувањата. Оди на работа и со колешките или пријателки постари или нови не знам треба да си излезеш некогаш, да се социјализираш без разлика што си мајка, имај си пријателки и живеј си тебе како ти е удобно дали чисто или не твој простор е, а и башка може да размислите за станбен кредит или некако да се одделите,, тоа живеење во заедница е многу нездрава работа искрено мислам дека тој начин на живеење секој млад брачен пар треба да го одбегнува. И никогаш не очекувај сопругот на твоја страна да биде или да те сфати, едноставно решение е да се тргнете од таму или барем спрат или нешто така, некое решение да изведете и кажи му го добронамерно тоа дека сакаш така да ја воспитуваш ќерка ти, едноставно ти си родител и ти така сакаш, да се фокусираш неа само и вие двајца сами да бидете и да имате приватност. А, и мислам дека мајка ти најдобро би те сфатила бидејќи она најдобро те познава.
    Мое мислење е, може нема да ти се допадне ама има тука некои постари од мене, со поголемо искуство може биле во таква ситуација сепак до тебе е на крај. Сите тука имам различни сфаќања и никој нема да те осудува бидејќи не правиш нешто лошо, на самата си правиш и треба да прекинеш бидејќи мислам дека сенаоѓаш на убаво место во животот со ќерка, со сопруг, млада си како што се опиша убава си така да треба да бидеш среќна бидејќи заслужуваш и тоа мислење треба да си го имаш и секако што е најдобро за ќерка ти бидејќи сепак оваа ситуација влијае на неа.
     
    На akvarium, calliope, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    @Cinderella12 а немаш ли некои комшики, познанички било што, толку ли немаш со кого кафе да пиеш. Е па треба да поработиш и на тоа, човек сам за никаде не е, најдиси некого со кого ќе можеш да разговараш да се дружиш. Премногу си млада за да немаш ниту една пријателка, што е проблемот?
    Ако тие двете, свекрвата и јатрвата се сојузиле против тебе и пијат кафе заедно а тебе те избегнуваат што ти е гајле. Поарно од такви подалеку да си, одколку да пиеш со нив кафе и да правиш муабет рекла казала, оговарање.
    Кога имаш проблем од разговор јави се на мајкати, нека те сослуша, таа ќе те советува, ќе те подржи и кога ќе се искажеш ќе ти олесни. Сепак со 23 години не си баш некоја искусна жена и домаќинка, мораш да се советуваш со некого.
     
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Не знам какви биле условите кај тебе дома пред да се омажиш, ама ако добро стоиш со твоите родители зимај го детето и назад! Овде очигледно гледаат само да ја злоупотребат твојата добрина, и те сматраат како слугинка која треба да ги извршува сите работи низ куќата. Затоа мој предлог би ти бил да си заминеш. Очигледно не го интригираш твојот сопруг, штом не пробува да те разбере или да ти помогне.
    Сепак запомни, дека не си венчана со свекрвата свекорот, деверот и сите останати туку со својот сопруг! Башка, едно семејство треба да го сочинуваат само оние кои одлучиле да влезат во тој брак, а кај тебе има умешување на трети лица што не е воопшто океј и никогаш не завршува на добро. Затоа ти викам, ако му го сакаш доброто на детето земи го и врати се назад дур не е премногу касно бидејќи како кажуваш работите таму нема да се сменат.
     
    На Cinderella12, akvarium, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    100.106
    Пол:
    Женски
    @Cinderella12 сега кога си основала семејство малку поинаку стојат работите.Прво не знам зошто дозволуваш да бидеш потчинета и постојано да чистиш туѓи работи.И што толку те повредува ако тие не сакаат да пијат кафе со тебе.Знам дека не е едноставно некој постојано да те гледа попреку или да ти зборува зад грб,ама мораш да се соземеш зашто ако те обземе депресијата и гневот нема да биде добро за твоето психичко здравје.За почеток сврти се кон сопругот.Тој по правило треба да ти е најдобар другар и пријател.Потоа мораш да најдеш некого во опкружувањето.Ете имаш мало дете,се шеташ со неа,има и други мајки,разговор и муабет ...и ќе си дојде само по себе.Не се затварај и не очајувај,помогни си прво сама на себе.Верувај таа помош е најубава .
     
    На Cinderella12 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Мој заклучок е дека маж ти, под хитно треба да се кастрира. Очигледноп нашол „будала“ која ќе плаче и ќути затоа и се понаша така, да нашол некоја што ќе му покаже заби, да видиш дали така ќе се однесува.
    Јас не ги обвинувам свекрва ти и јатрва ти, затоа што тие не се женеле со тебе биту те бирале, единствен виновник е сопругот твој кој мисли дека жената е само за во кревет.
    Секако дека не ја оправдувам свекрва ти, додека јатрвати ја разбирам, тоа е борба за превласт.
    Реално оние што се улизувале секогаш поминувале подобро во животот отколку оние кои имале свои принципи.
    Незнам што би ти советувала во ситуацијата, кога единствена опција која што е реална е да баталиш се и да почнеш нов живот, затоа што верувам ни разговор со тој идиотот многу не би сменил.
    Не дозволувај да венеш покрај човек кој не те заслужува, туку собери сила и продолжи сама по патот, верувам дека има многу мажи кои би сакале да тргнат со тебе на тој пат, бидејки си премногу добра и квалитетна осоаба штом го трпиш сево ова.
     
    На Cinderella12, joy1 и zalosna им се допаѓа ова.
  18. Sunshine*

    Sunshine* Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Типичен проблем за македонски брак во заедница. Само не ми е јасно до кога. Ова мора да се смени.Многу го мразам менталитетот на свекрвите останат од времето кога снаите се земале на 15 години за буквално да слугуваат во куќата. Девојче, ќе си го упропастиш здравјето, имаш дете за гледање.Земи прво разговарај со сопругот, кажи му дека тоа ти пречи, никој не е должен да трпи понижување и навреди од никого.Пробајте одделете се некако, ќе видиш дека веднаш ќе има и кај него промени ( ако не е некој мамин син ) , знам дека е тешко но макар и под кирија да си , знаеш дека главата ти е раат. Разговарај со мајка ти , кажи и побарај и некој совет ( никој не ти мисли подобро од неа) .Иако е далеки, барем сега е лесно, скајп, вибер и слично.За чистењето, готвењето, среди си твојата соба, среди дете, маж, ( ако не е некој да сака д јаде кај мајка), облакај малата и шетај. Мора друштво за кафе? Ти затребале некои кокошки кои само чекаат да згрешиш да те оговараат.Земи детето и оди во парк, на кафе, ќе запознаеш мајки, не седи дома , за тоа никој фала не вели. Не си го троши животот така. Јас сум вп брак 4 и пол години од кои 2 и пол бев во заедница, ама одма си се поставив малку на дистанца, иако сите беа предобри со мене, сепак. Кога сакав готвев , кога сакав детето и да ме нема. Сите се мажиме за еден човек, со кој треба да живееме и од него да имаме поддршка, а не за еден куп луѓе на кои треба да им слугуваме.
     
  19. Cinderella12

    Cinderella12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    107
    Во таа населба каде што сум јас , нема други млади сите се заминати по Германија да живеат и работат , има стари личности да кажам колку мајками во години , но ако одам на кафе ке појдам еднаш неделно ама тоа не е тоа јас сакам некого искрен пријател да имам :// имав една на еден братучед беше девојка , додека идеше кај нас со него се добра беше и се доверував се она , скоро секоја ден идеше, кога се омажи со него едноставно кажа се сум и кажала на неа и сега не разговарам со неа :///
     
  20. Cinderella12

    Cinderella12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    107
    Свекорот : ако си се женила има да работеш , тие зборови постојано и на мажот ми сум му кажала ке си одам , ми вика оди не те спречувам , и братучедми се прежен и јас ке се преженам , и јас на тоа само молчам и плачам , психички ме збркува , готвам редовно буквално цело време сум над огин и на крај мажми ке кажи на мајкаму дека не сум правела јаденје , незнам веке кој пат да тргнам и психички и физички сум изморена , сега сум Прилеп кај мајками на гости да одморам малку неколку дена па мн добро ми е , а ко ке се вратам истото ме чека ама тоа е ,кога не ми знае уста да им одговори како треба ....