1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осветлување во домот

Дискусија во 'Дом' започната од irena.1, 13 ноември 2013.

  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Не најдов ваква тема, мислам нема.
    Кои се да речам пишани правила за расветата низ домот, во однос на нивно комбинирање и распоред.

    Конкретно јас во делот што е дневна трепезарија и кујна купив, за дневна плафоњерка и за кујна помала, а над трепезаријата лустер што ќе виси. Сите три се млечно бели и округли. Па сега незнам дали оди вака комбинирани. Да не требаше или лустери или плафоњерки.

    Друго кои сијалици и каква јачина се препорачуваат.
    што е тоа ЛЕД.
    што се халогенки.

    Вие како го имате решено ова прашање?
     
  2. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Расвета во домот

    ^
    Подобро би било да го смениш насловот во осветлувањето во домот,јас додека не прочитав појаснување не ми беше јасно што е тоа расвета.
     
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Расвета во домот

    Извини tinkerbelll јас мислев дека е сосема јасно.
    Е сега незнам кое е правилно расвета или осветлување, порано не сум пазарела вакви работи, но сега низ сите дуќани во Скопје тоа ми продаваат, па затоа и јас тој збор почнав да го употребувам :)
    Ајде двете зборчиња ќе стојат да нема забуни. Е арно ама ајде просветли ме, како се менува насловот, незнам.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Расвета во домот

    Домот треба да биде светол, пријатен и да зрачи со топлина.
    Тоа се сијалици во кои има една или повеќе LED диоди кои даваат светлина. Штедат струја, даваат посилна светлина но поскапи се и почувствителни се за високи темепратури па попогодни се за ставање во ладилници и сл.
    [​IMG]
    Халогените светилки во кои што има јод или бром (халогени елементи) поради кои волфрамовото влакно свети посилно и трае подолго.
    [​IMG]
    Со компактни флуоросцентни лампи, популарно наречени „штедливи сијалици„.

    [​IMG]
    [​IMG]

    предности:
    - многу појака светлина
    - значително помала потрошувачка (троши само 24W а свети како да е 150W)
    - траат подолго (околу 4-5 год.)


    мани:
    - поскапи се
    - содржат жива па ако се скршат загадуваат животна средина
    - потребно им е околу 1 минута да го постигнат целиот интензитет
    - ако се гасат-палат често, драстично им се намалува животниот век (прегоруваат за 1-2 месеца) т.е. се крајно непогодни за осветлување на скали низ згради каде автоматот ги гаси на 3-4 минтуи сијалиците. Треба да светат минимум (околу) половина час.
    пред да се изгасат и повторно запалат.
    - не се погодни за многу ниски температури (употребувајте ги во простории со темп. над 15C)

    внимание:

    Постојат 2 типа ознаки кај штедливите сијалици: топла и ладна светлина - warm white и daylight.
    Тнр. daylight иако имтето значи дневна светлина, нема врска со дневната и од неа можат да болат очи. Ние користиме исклучиво warm white.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Инаку за потребна бесплатна светлина во текот на денот (на пр. во затворени простории како на пр. сали) може да се реши и со тнр. светлоносни туби (light tube) но тие се од корист само доколку надвор има сонце:

    [​IMG]
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    IMG_20181022_182116.jpg
    Вакви имаме во спална но не сум задоволна ни малку
    Таков ни е лустерот и на вакви е, но ниту два дена не траат
    Дали има појаки некој искуство да не има со нив па да ми каже
     
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    living-room-designs-brown-furniture.jpg многу сакам вакво осветлување,за разлика од поранешните кога треба некој да стане ноќе за во вц да ја запали едната о единствена сијалица во собата и сите ќе не испоразбуди.
     
  7. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.585
    Допаѓања:
    5.396
    Пол:
    Женски
    Темата оддамна не е активна се надевам ќе одговори некој. Да не знаете каде во мк можам да најдам ваква плафоњерка?
     

    Прикачени фајлови:

  8. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.624
    Од каде купувате лустери за дома? Да препорачате продавница од каде сте задоволни :)
     
  9. Филотеа

    Филотеа Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    1.084
    Пол:
    Женски
    Добра продавница за осветлување во Скопје, по можност да има и осветлување за детска соба?
     
  10. Hotwife

    Hotwife Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    Ние кога реновиравме купивме од Стил Лајт во Аеродром. Претежно грчки брендови, квалитетно осветлување, не е кинезарија што ќе прегорува на неколку месеци.
     
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.471
    Допаѓања:
    10.434
    Пол:
    Женски
    Некој/а од Скопје да ми наведе продавници за осветлување?
    Освен Pastello, Maximo lighting, други?
    Ми требаат две ѕидни светилки со прекинувач на самите нив да има.