Форумџика на годината

Освојте бебешки кашички dmBio: Која кашичка најмногу ја сакате со вашето бебенце и зошто?

Дискусија во 'Бебе' започната од Femina, 2 февруари 2021.

  1. Femina

    Femina Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    1.822
    Сте ги пробале ли бебешките кашички од dmBio?

    Ако одговорот е ДА, тогаш познато ви е убавото чувство кога потрагата по најдоброто за вашето малечко завршува ултра успешно – со задоволно бебе и меше полно со квалитетна храна. А доколку досега не сте имале шанса, можеби сега ќе започне ваша нова авантура со органска храна.

    Со нашите партнери од дрогериите на dm организираме мал giveaway со нивните неверојатно вкусни, органски кашички за бебиња од dmBio. ^_^

    [​IMG]

    dmBio е сопствен бренд на dm со повеќе од 300 органски производи за возрасни и бебиња. Суровините и состојките кои се користат за производство на сите dmBio производи потекнуваат од контролирано органско производство, според строгите стандарди на Европската Унија.
    Прочитајте повеќе за овие кашички на следниот линк.​

    За да учествувате и да си осигурите шанса за освојување на неодоливо пакетче, едноставно споделете:

    Кој производ од dmBio најмногу го сакате вие и вашето бепче и зошто?

    Будно ќе ги следиме одговорите до 5 февруари (петок), кога по случаен избор ќе наградиме 5 мамички со пакетче со dmBio кашички. :party:
     
    На nadenadia, Malesia, ajan81 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.194
    Допаѓања:
    18.312
    DmBio овесни снегулки ,просо
    Кашички од:
    Јаболко ,банана,портокал,боровница
    Маракуја и јаболко
    Кајсија и јаболка
    Јаболко,двопек и праска
    Сите останати каши со житарки
    Ноќните каши со просо
    Смоките од леќа
    Овошните пиреа..
    Најдобар квалитет во однос на цена(y)(y)
    Се што пробал досега му се допаднало, без размислување купуваме повторно.
     
    На Malesia, Milobebence, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    1.649
    Dm bio просо
    Dm bio овесни снегулки
    Dm bio хељда
    Dm bio киноа
    Кашички со житарки без млеко
    Кашички од јаболко, банана со боровинки ни се најомилени
    Кашички со овошја исто без млеко
    Овошните шмукалчиња бананаџ прска, јаболко итн
    Се е превкусно што сни пробале
     
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Јаболка и манго
    Батат со зеленчук
    Јаболка, малина и банана
    Ноќна млечна каша
    Јаболка, круша и житарици
    Палента

    Би пробале кашички со боровница, хељда, киноа, маракуја, исто и смоките ги немаме пробано.

    За мене најчесто купувам црвена леќа, јаворов сируп, овесни снегулки, путер од кикирики (fingers)
     
    На BeloMache, Malesia, Milkiway и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Како ме погодивте :) Сакам се на дм био. :)

    Бебе ќе јаде кашички. За почеток обезбедено тиква, јаболче, јаболче и сува слива (за какање :rofl:), крушка. Био просо едвај најдов, ама најдов :) и палента. Гриз не сум нашла одамна и тоа ми фали во фиока за бебе. Има екстра комбинации кои ги немаат другиве брендови, посебно овошните кашички.
    Не е сезона на кајсии, ама во дм има супер суви кајсии. Урмите исто се екстра. Има и голема тегла обошје со дуња. И тоа за бебе зедов :)
    Цејлонски цимет за сутлијаш, само време да му дојде :)

    Во кујна, задолжително има доматен сос на дм, путер (мус) од кикирики и маслиново масло. Карито е исто екстра :) Леќата ја заборавив (дека јас не ја јадам (lalala))
     
    На BeloMache, Milobebence, Milkiway и 9 други им се допаѓа ова.
  6. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    6.308
    Пол:
    Женски
    Ова
    2085CD92-45E2-4FFA-AE19-1E9EFB0EFE52.jpeg
    Омилено и на мене и на бебе.
     
    На BeloMache, crazylady, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    11.071
    Пол:
    Женски
    Гласам за да се отвори ДМ во Охрид! :D
    А од кашичките би одбрала она што бебето јаде највеќе:
    батат со зеленчук, ноќна каша со житарки, кашичка со просо, јаболко круша и житарки и кашичка со овесни снегулки.
    Баш би сакала да има неколку оброци со кашичките од ДМ. (fingers)
     
    На molikaMk, BeloMache, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Сега отворив фрижидер и како можев да заборавам! Мармалад од шипки - уан анд онли!! Поубав нема :)
    И сенф :)
     
    На BeloMache, Milobebence и thelittle17 им се допаѓа ова.
  9. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    710
    Еден од омилените брендови!
    Имаме пробано од речиси сите каши, а омилена ни е кашата со финокио (y).
     
  10. Petrova Ceca

    Petrova Ceca Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Jabolko griz banana,noknite, tikvica So batat,palenta, oriz, nema niedna losa site se extra

    Tikva isto jabolko i sliva, so zitarici kasickite
     
    На BeloMache му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    И во темата за воведување оброк пишував баш за био кашите на ДМ, ретки на пазарот со деметер, супер конзистентност и оргинален вкус. Бебе ги јаде до сега сите понудени, а би ги одвоила јаболко и манго, банана, јагода и житарка и лосос, зеленчук и ориз.
     
    На BeloMache му/ѝ се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    А дали мацку поголемите се сметаат за бебиња и смеат да се пријават?:wasntme:
     
  13. лукајана

    лукајана Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Сме ги пробале скоро сите кашички и досега не одбил ниедна. Најмногу ги сака овошните и житните кашички како и палентата во комбинација со павлака, просо, овесни снегулки, киноа за подготовка на домашни каши . Сега откако се вратив на работа почесто ги давам житните и ноќните каши бидејки уште цица а јас работам и ноќе а бебе си ја преспива цела ноќ откако убаво ке се наручка.
     
    На BeloMache му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Богами ептен сте ја погодиле работава :D Се сме пробале синко мој ептен ги сакаше нивните кашички, а и оние смути кашички ги обожаваше, со ќерче сега малце потешко ни оди воведувањето на храна ама ќе јаде, ги има пробано до сега Јаболче, круша и слива, компир и морков, палентата, па здравје спремни сме и другите да ги пробаме.
    Во секој случај одличен избор на подарок да доделите сте направиле :)
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Малиот ја обожава овошната со жито, ги сака со банана, јаболка,го сака гризот, додуша се' што му нудам од Дм кашичките сака бидејќи се со незаменлив вкус и ги лапа со сласт ептен брзо. :inlove:
    А пребирлив е, не јаде се, што значи дека има вкус ;)
     
    На Milkiway и elcezelce им се допаѓа ова.
  16. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.545
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Омилена ни е овошната со жито, ги сака со банана, јаболка и манго, го сака гризот веќе купени ни се , круша и житарици и палента ( отварајте дм во пробиштип )
     
  17. Spring15

    Spring15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2020
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Bidejki sme mnogu mali 5 meseci prvite obroci gi sakame mnogu od jabolko i banana. Morkov i jabolko, modra sliva i krusha. Site se top sinko moj gi saka mnogu
     
  18. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    Одлични производи.
    Се има пробано, најмногу ги сака овошните кашички во вреќа бидејќи сама може да ги јаде и се многу практични. За Мама спелтата варена најмногу и брка работа кога брза за ручек. Ова моментално го имаме дома.
    IMG_20210203_182650.jpg
     
    На LadyC и Milkiway им се допаѓа ова.
  19. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.023
    Пол:
    Женски
    Оф, оф, како не начекавте :hai:

    Прво, да фатам врски палента во Ѓорче да се донесе, зш одма ја грабаат и нема. :smirk:

    Е сега, може на тенане да си кажеме што имаме.
    Каши за бебе секако сакаме. Прво, заради тоа што се БИО, второ заради комбинациите. Јаболче и сува слива ни е најфорсирана и најомилена. Тиква, рен, круша...
    Јаворов сируп и кокосово. Овесни снегулки. Палента и гриз. Фусили од леќа. Оризово млеко.
    Уште имам за набројување, ама доста е за вечерва.(highfive)
     
    На BeloMache, LadyC и Milkiway им се допаѓа ова.
  20. mother_nature

    mother_nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Ние досега немаме пробано дм био пошто немаме тука ДМ.
    Под итно да се отвори ДМ во Прилеп. :nod:
    Btw не само за кашичкиве, ами многу производи на дм ми се омилени и навистна ни фали еден дм тука :inlove:
     
    На BeloMache, firequeenn, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.