Уште една серија од редот на историјата за Османлиите, после Величенствениот Султан Сулејман ни доаѓа Освојувачот - Мехмед, пра пра дедото на Сулејман, оној кој го освоил Константинопол. Главната улога на Освојувачот е доверена на најпрестижниот турски актер Kenan Imirzalioglu кај нас познат како Езел и Карадај. Во главните женски улоги се очекува да се појават Hazal Filiz Kucukkose (кај нас позната по улогата на Зејнеп во "Црна Љубов"), Sedef Avci (Бахар - "Езел"), Busra Develi, исто така и Cetin Tekindor во улога на Големиот Везир Џандарли и уште многу други познати актери.. Серијата ќе започне со емитување во средината на 2018 година и се очекува да ја надмине популарноста на Величенствениот. Приказната ќе се одвива во главно околу војните и освојувањата на Султанот Мехмед, сплетките во харемотот и неговите 6 султанки. Голем дел од кадрите се снимаат во Мароко, Азербејџан и азискиот дел на Турција. После двата проекти за Сулејман и Косем за сите оние љубители кои не се наситија, еве ни уште една серија од истата тематика. Првиот официјален teaser
Со оглед на тоа дека избрана е врвна актерска екипа,речиси сум сигурна дека овојпат ќе биде многу успешна и гледана серијата за Освојувачот. Пред неколку години,всушност исто снимаа серија за Фатих,но други глумци и сосем друга продукција,но поради слабиот рејтинг ја прекинаа за неколку епизоди. Па,што да кажам?останува да чекаме официјално да се емитува и да почнеме со коментари.
@Rama Точно така, се сеќавам на таа серија ако не се лажам ја даваа и кај нас кратко и навистина беше лоша, од костими до избор на актери а и не беше некоја сериозна продукција во прашање за разлика од оваа верзија која ја работи o3 продукција која зад себе има доста сериозни и успешни проекти а сега соработуваат и со Netflix. Првично серијава беше замисла на Tims кои ги направија Величенствениот и Косем но откако Косем им доживеа благо фијаско се откажаа од натамошни проекти на таа тематика па ја продадоа на о3 но и подобро што направија така бидејќи они си се склони кон извртување на историјата, измислувања и небулози.. Штотуку излезе вест дека и Tuba Buyukustun се придружила во женската екипа, баш се радувам, одамна сакав да ја видам како султанка.
@MayDiamonds Не ја даваа кај нас серијата,на интернет ја изгледав,таму Фатих го глумеше Мехмет Акиф Алакурт(Боран ага од Сила). Ејј,баш се радувам за Туба,една од омилените ми е. Но,се надевам не е лажна вест,ако ти текнува за неа се пишуваше дека ќе ја глуми Румејса Султан во Величествениот,но ништо не бидна од тоа. Инаку,има и игран филм за Фатих,го има на јутјуб со српски превод,погледни го ако не ти е изгледан
@Rama Сум се збунила, знам дека даваја кај нас некоја од тие второкласни серии за некој султан.. Мислам дека Кенан е подобар избор за Фатих, иако би било добро да ставеа некој помлад актер да го глуми во 20-тите години. Постојано кружат нови вести за серијава, се надевам дека е вистина а и после толку понуди на Туба да игра султанка редно време е да профати една, а и која не би сакала да глуми покрај Кенан, човекот е престиж.. Фала ти на предлогот ќе морам да го погледнам да се обезбедам со информации за оваа доба пред да почне серијата, слабо стојам со историјата пред Сулејман, а Мехмед е доста битен во нивната историја..
Баш сега барав линк од филмот да ти пратам,едно време го имаше на јутјуб со српски превод,а сега го нема,го има на англиски,на арапски и многу други јазици,а на српски го нема,јас го гледав пред 3 години,сигурно го има со српски превод на Мовтекс,Балкање или Натабану. Филмот е сниман 2012,глумецот што го глуми Фатих не ми е познат,тука од познатите е İbrahim Çelikkol. Филмов го опфаќа заземањето на Константинопол,исто како што ќе биде и серијата со Кенан,кој патем не се сомневам дека ќе одигра маестрално
Фала ти многу, може и на англиски не е проблем (како втор јазик ми е).. Не знам како сум го пропуштила до сега гледам и на имдб има супер оцени.. Што се однесува до Кенан, не се сомневам дека супер ќе го изнесе ликот од глумачки аспект, не ми се допаѓа само тоа што е доста стар за да го глуми Фатих на 20 годишна возраст, можеа да го земат Исмаил Филиз кој го играше Езел во младоста, доста си личат.. Како и да е се надеваме дека барем со својот талент Кенан ќе не натера да го премижиме тоа.. Барем личи на вистинслиот султан Мехмед ако не повеќе.. Исто се надевам ќе има и добри љубовни сцени со женската екипа, Хазал Филиз е прилично слободна во тие сцени (ја видовме со Каан-Емир во "Црна љубов") треба да биде жестоко ако му е една од главните султанки
Се шпекулираше дека една од султанките ќе биде и Фахрие на Бурак,ама не бидна ништо од тоа. Да,да Хазал баш е слободна и провокативна и си одговараат како пар со Кенан
Фахрие одбива понуди да игра султанка уште од Величенствениот, и понудија и во Косем да ја игра Турхан - одби.. Би сакала и неа да ја видам во такво светло, но за едно интервју изјави дека не ја привлекувале улоги што се веќе видени.. А да бидиме искрени, нема турска актерка која не заигра како султанка
ПРВАТА НАЈАВА Сетот е истиот од Величенствениот и Косем, истото и со облеката и музиката. Ова би дошло нешто како prequel на двете серии.. Чудно ми е да го гледам Кенан како принц од 20 години кога очигледно е дека има над 40.. Мало објаснување на најавата колку што успеав да разберам, Мехмет е принц и сака да биде наследник на тронот, а неговиот сон како султан е да го освои Константинопол, како негов непријател тука ќе се појави Големиот везир Џандарли на неговиот татко Султан Мурад II. Останува уште да го видиме и харемот, тоа сигурно во втората најава... Вака не изгледа воопшто лошо
На 13 ти март во Турција почнува емитувањето на Фатих Мехмед. Ќе си го гледаме на интернет Инаку и Ертан Шабан(познат турски актер од Скопје) ќе глуми тука. Има и доста други познати глумци како Cetin Tekindоr(таткото од Аси и Карадај). Gürkan Uygun(Мемати од Долина на волците). Leyla Tanlar(Џансу од Парампарче). И нормално заводничката Hazal Filiz Küçükköse(Зејнеп од Кара Севда).
Се чека 13 март, ќе се гледа секако на live на kanal D. Сигурно ќе биде спекталал, а и ликовите многу ми се допаѓаат посебно Leyla Tanlar многу си ја сакам.
Ова изгледа одлично Особено девојките се прекрасни Ситно броиме, јас сум возбудена навистина ми изгледа како квалитетен проект.. Ликовите од лево па на десно.. Ертан Шабан - Императорот Константин Исмаил Демирџи - Принцот Орхан Седеф Авчи - Ѓулбахар Бушра Девели - Хелена хатун Кенан ни е султанот Ѓуркан Ујгун - Делибаш Фунда Ерјигит - Принцезата Евдоксија Хазал Филиз Ќучуккосе - Мелике (постарата ќерка на Џандарли паша) Четин Текиндор - Џандарли паша Лејла Танлар - Еслеме (помладата ќерка на Џандарли паша) Во серијата исто таќа ќе учествуваат и Мерал Четинкаја (Периде мајката на Онур од 1001 ноќ) како Даје хатун, Идил Фират ќе ја игра Мара Бранкович, Мерт Јазичиоглу (Баран од Црната ружа) како Коркут.. Екипата сеуште се надополнува