1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Осигурување на домaќинства

Дискусија во 'Дом' започната од TeddyGrey, 3 април 2018.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Како што се повеќе се зимаат кредити, со тоа расте и бројот на осигурани домаќинства.
    Банката мислам дека го прави овој вид осигурување задолжително (не знам поконкретно кој вид, кој знае нека сподели)
    Тука спаѓаат повеќе видови осигурувања: од пожар, од земјотрес, од кражба(покуќнина), од инсталации, од гром, одговорност кон трети лица...
    Има ли некој искуство со вакво осигурување? Позитивно - негативно?
    Ви настанала ли штета?
    Ве исплатиле ли по основ на штетата?
    Дали го препорачувате?
    Какво осигурување имате на вашиот дом?
    Која осигурителна компанија ја препорачувате за ваков вид осигурување?
    Колку чини едно вакво осигурување?

    Споделувајте искуства, лични, блиски, далечни...
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ние сме осигурани преку Сава осигурување. Кога го купувавме станот мораше да се осигура. Ние си одбравме плус опција...заштита од поплави, кражби, проблеми со покривот, и сл. Имаме и животно осигурување.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.632
    Допаѓања:
    152.308
    најбитно коа ке осигураш да се осигураш поплава од надворешни цевки ако си во стан поготово да ти следува изплата ако те поплават од горе
    а тоа од пиплава се мисле од твоите цевки
    затоа барајте и од надворешни цевки
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Размислуваме да го осигураме станот. Инаку живееме на приземје и си имаме доста проблеми со комшиите од горе кои веќе преку пет пат во изминативе години не поплавуваат. Кои фирми ги препорачувате и какви совети имате да споделите? Ви благодарам!
     
  5. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    И ние го осигуравме али кога ни се поплави ништо од полисата, наеднаш искочија некои нови правила само за да не платат и тоа за мала штета од 80 евра, те советувам наместо парите за премии да им ги даваш, со комшијата договорете се по пола да си викнете мајстор и да ви го реши еднаш засекогаш проблемот, штом тече кај вас и кај него тече и прави штета, може да е од цевките ако се дотраени, инаку осигурување признавам само за пожар, за таа работа не можат многу да манипулираат осигурителните друштва.
     
  6. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Имаш право. Откако се заинтересирав за оваа тема, дознав дека доста луѓе го кажуваат истото односно дека осигурителната компанија нема обрвска да ти ја покрие поправката на штета направена од поплава што е нанесена од комшија. Односно, доколку комшијата го има осигурано неговиот стан, тогаш неговата компанија може да го покрие трошокот за неговата и твојата штета. Барам уште опции и засега се немам ништо одлучено. Инаку за договарање не станува предвид бидејќи живеам под буквални стоки. Во моите 23 години живот, не имаат поплавено најмалку 10 пати, и не, не претерувам, барем јас колку што се сеќавам. Од тие 10 пати, 4 поплави се случија во последните две години, секогаш од различна причина. И што е најлошо, никогаш не им се побарани пари туку се сами сме си покривале. Кога се работеше за една поголема штета им се побараа пари и тогаш направија како душата да им ја побаравме. Јас да бев на нивно место ќе си ја наведнев главата и ќе се извинев а не фама да кревав ама ајде. Не е секој еден за во зграда или било каде да живее, толку ќе кажам.
     
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.632
    Допаѓања:
    152.308
    затоа коа ке правиш полиса ке си ги отвориш очите и ке земеш поскапа полиса што ке вклучува поплава од надворешни цевки
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jana_19

    Jana_19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Купивме стан во стара зграда и комплетно го реновираме од корен. Планот беше до крај на февруари 2021 да сме вселени, но вчера се случи хаварија.
    Во рок од 3 саати пукнал вентил на скрос ново парно и ни го поплавило цел стан и 3 станови под нас. Секако планиравме станот да го осигураме, но не рачунавме дека на се ново и квалитетно ќе дојде до ова уште додека сме во градење. Немам документ од фирмата што ги местела новите радијатори која меѓу другото ни беше препорачана од Топлификација како нивен овластен сервис...Чаре? Некоја со слично искуство?
     
  9. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Обратете се во Топлификација штом е нивен овластен сервис заради неправилно завршување на работата и тоа ви причинило штета на вас и на други станови, одговорноста е нивна, најдобро е заедно со комшиите заедно да им се обратите, кога сте повеќе поголеми шанси да ви ја надоместат штетата, однапред да си знаете спрема Топлификација ќе ви треба трчање и упорност до мерка да им се здосадите.
     
    На Jana_19 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Jana_19

    Jana_19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам #forca за советот. Постапивме слично, но од наше име со слики од сите соседи. И да , треба да сме упорни.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mila.i5

    Mila.i5 Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, ако имате потреба од животно осигурување (инвестициски фонд) или неживотно осигурување обратете ми се на millailievska@gmail.com