Оскари 2015 (87th Academy Awards 2015)

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од DzingrlakaDzikica, 15 јануари 2015.

?

Кој ќе ја земе златната статуетка за најдобар филм?

Анкетата е затворена на 23 февруари 2015.
  1. American Sniper

    11,5%
  2. Birdman

    6,6%
  3. Boyhood

    16,4%
  4. The Grand Budapest Hotel

    9,8%
  5. The Imitation Game

    34,4%
  6. Selma

    3,3%
  7. The Theory of Everything

    18,0%
  8. Whiplash

    0 глас(а)
    0,0%
  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Американската Академија за филмски уметности денес ги објави номинациите за престижната награда Оскар.
    87-то доделување на Оскарите ќе се одржи на 22-ри февруари, а шоуто ќе го води актерот Нил Патрик Херис.

    Најдобар филм:

    American Sniper
    Birdman
    Boyhood
    The Grand Budapest Hotel
    The Imitation Game
    Selma
    The Theory of Everything
    Whiplash

    Главна машка улога:

    Стив Карел - Foxcatcher
    Бредли Купер - American Sniper
    Бенедикт Камбербач - The Imitation Game
    Мајкл Китон - Birdman
    Еди Редмејн - The Theory of Everything

    Споредна машка улога:

    Роберт Дувал - The Judge
    Итан Хок - Boyhood
    Едвард Нортон - Birdman
    Марк Рафало - Foxcatcher
    Џ.К Симонс - Whiplash

    Главна женска улога:

    Марион Котијард - Two Days, One Night
    Фелисити Џонс - The Theory of Everything
    Џулиен Мур - Still Alice
    Розамунд Пајк - Gone Girl
    Рис Витерспун - Wild

    Споредна женска улога:

    Патриша Аркет - Boyhood
    Лора Дерн - Wild
    Кира Најтли - The Imitation Game
    Ема Стоун - Birdman
    Мерил Стрип - Into the Woods

    Најдобар анимиран филм:

    Big Hero 6
    The Boxtrolls
    How to Train Your Dragon 2
    Song of the Sea
    The Tale of the Princess Kaguya

    Најдобар режисер:

    Алехандро Гонзалес - Birdman
    Ричард Линклатер - Boyhood
    Бенет Милер - Foxcatcher
    Вес Андерсон - The Grand Budapest Hotel
    Мортен Тулдум - The Imitation Game

    За останатите номинации клик на линкот долу.
    http://oscar.go.com/nominees?cid=oscars_nominees_announcement_cadillac
     
    На galapce, boomsleng, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Овојпат уште рано да си ги изгледам филмовите,да коментирам асално како што е редот :D
    Како и да е,Бенедикт мора да земе некој Оскар,човекот е едноставно феноменален.
     
    На Mishela, mims-89, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.965
    Допаѓања:
    47.866
    Пол:
    Женски
    Јас три имам изгледано од листава, Whiplash, The Imitation game и The Grand Budapest Hotel, останатите ми се на листата, обавезно ќе ги изгледам до оскарите. Се согласувам за Бенедикт Камбербач, верувам и кога другите филмови ќе ги изгледам ќе ми остане фаворит. За женска улога сум за Розамунд Пајк, одлична изведба. Од анимираните два ми се изгледани, Big Hero 6 и HTTYD 2, и другите најверојатно ќе ги изгледам, ама змејчето ми е незаменливо.:inlove:
     
    На snow.flake, SwanMay и Marossa им се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    26.401
    Пол:
    Женски
    Го имам гледано само The Grand Budapest Hotel, па да ми кажете до кога е рокот за гласање за да ги изгледам и другите и да гласам се разбира.:)
     
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    7.022
    Почнувам од викендов да ги гледам сите што имаат асална снимка. Веќе го симнав Whiplash, ми делува на одличен филм според трејлерот, а и оцената му е доста голема на imdb (8,7) па ме интересира дали ќе си ја оправда.
    The Imitation Game едвај чекам да го гледам, мислам дека ќе ми биде најомилен од сите, обично такви филмови најмногу впечаток ми оставаат, а и Бенедикт е феноменален актер.
    Вака грубо кажано изборов ми делува доста добро направен годинава, ама ќе коментирам повеќе од кога ќе ги изгледам повеќето.
     
    На snow.flake му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    102.855
    Сите што пишаа препорака за Birdman со еден збор - ПРЕПОРАЧУВАМ!!!, ОДЛИЧЕН!!! да ми се објаснат дали се должи на идејата дека и има необјаснувачки уметнички призвук и тоа е нивниот критериум за филм, а воедно дека се уметнички длабоки?

    Помината тема. Не ми беше спектакуларен, а и ме изненадуваат толку номинации за оскар.
    Впрочем, главата почна да ме боли, немаше потреба да биде толку долг, беше многу јасен и прецизен, имав чувство дека снима цело време една камера, што многу ми се допадна.
    И превидов дека ќе се самоубие со фрлање од зграда... што ме фаќа језа од разбирањето на факд ап умови, или јас забегувам или стварно веќе се очекувам од луѓево... што знам веќе.
    И да, метафората е супер, само исто така е преочигледна, како и моментот на џез елементите, тапаните во позадина (што може и да беа причина што ми ја направија тапан главата).
    Егото е ужасна работа. Те вознесува во облаци, па те треска од земја, сам во борба против себе. Уствари овие воодушевениве од филмов се тука некаде, благословени со игнорантност, па ете опааа откритие, а работава е перпетуумобиле.

    Нејсе, не ми беше ништо уау, добив главоболка. Може дека е излезен од конвенционалното Холивуд срање, па она е тоа што се бара, онда се си е ок ако е така. Приказната е вистинска (емотивно доприлива де, иако е ова црна комедија со примеси на фикција, дури па и шизофренија), ама темата исцрпена и оди на следните релации - брилијатност - пропаѓање, его - љубов, суштина - празнина.
    Не е нешто кое трпи трпение, а исто така може да е лекција за луѓе кои се уште достигнуваат те бркаат висини по социјални мрежи. Не сакам да звучам пак јас егоистично... ама сериозно ми се смачи од коментарите - ПРЕКРАСЕН...ПРЕПОРАЧУВАМ, ОДЛИЧЕН... оти има чудна фотографија, џез, уметност и растроена личност, оп формула за несфатени високоинтелектуално стимулирани личности да го препознаат како исклучителен.

    Филмот е ок, ама ништо посебно, не го препорачувам исклучително, освен ако не гледате се што е номинирано за оскари за да бидете информирани и во тек...
     
    На Candid, friendy, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    цц и оваа година све е наместено
    значи сите филмови што ќе излезат на крајот на 2014 година одма номинации за оскар се
    не ми е јасна цела работа.. незнам дали јас сум во право или не ?
    ама сите номинации се нови филмови што излегоа баш последниве месеци од 2014 октомври , ноември, декември ..може некој да ми објасни ??
    не сум завлезена во целиов процез
    само ова ме интересираше
     
  8. thefuturedoctor

    thefuturedoctor Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2015
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Не сум баш експерт ама мислам дека има одреден период на крајот на секоја година, месец, два и сите филмови што ќе излезат во тој период имаат шанса да се номинираат за оскар и само тие а не сите филмови од цела година. Ако сум грешка нека ме поправи некој. :)
     
    На RockNroLLGirL му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Грешка си.
    Еве премиерата на The Grand Budapest Hotel беше 28ми март 2014та а има девет номинации за Оскар.
     
    На RockNroLLGirL му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    384
    Добар филм е, ама веднаш се гледа дека не е американска продукција ( или се лажам?), веднаш се гледа нивото на европската кинематографска генијалност и уметнички дух. Филмот во глобала не е којзнае што, но во смисла на режија, камера, глума, сцени, кадри е прекрасен.

    Никогаш не сум бил вљубеник во американската кинематографија. Во последен период гледам многу руски филмови и се вчудоневидувам каква се генијалност, мисла и живописна слика има низ еден руски филм.
     
  11. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
    И покрај мојата вечна симпатија Бредли Купер, оваа година навивам за Бенедикт К. да земе Оскар, кој го гледал филмот знае зашто.
    Американски Снајпер очекувано има толку номинации, они се палат на тој нивен патриотизам, и тоа секогаш поминува.
    Будапешт Хотел не е мој тип на филм, но не може да не се забележи прекрасната камера.
    За мене изненадување се Интерстелар и Гон Грл, што се речиси без номинации, а се можеби и најдобрите филмови во 2014та... (Хобит не го ставам тука, пошто такви филмови освен за специјални ефекти, и саундрак не успеваат на Оскарите)..
    Прочитав негде дека Афро-американците се бунеле што немале номинации оваа година.. Американците го имаат проблемот со нив, ко ние овде со Албанците.. :lol:
     
    На anuskaNESTLE, Hipster, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    384
    Црнците никогаш не ги ни бивало за филмови и глума, а особено за театар. Треба да им се даваат Оскари само поради тоа што се Црнци?
     
  13. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Петре, немој со вакви куршуми.
    Грев е да кажеш дека Samuel L. Jackson, Morgan Freeman, Whoopi Goldberg, Alfre Woodard и ред други не заслужуваат почит за нивните актерски способности.
     
    На Mimi123, Ducky, calliope и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    384
    Грев е и да не спомнеш кој ги снимал тие филмови, кој бил режисер, камерман и милион други споредни работи коишто се дел од еден филм. Во Америка постои политика на коректност, многу Црнци глумат само поради тоа што се Црнци, а кога зборуваме за Морган Фримен, тој има повеќе белачко во него отколку црнчеко. Тоа што јас ти го зборувам и членката на тебе ти го потенцира. Се бунеле зошто немало Оскари за нив, па веднаш организации за човекови права скокаат, те обвинуваат, шиканираат. Факт е дека се куртони за филмска и театарска уметност. Сфаќаш ли ти дека во Америка мора да има Црнец во филм, мора таа физија на мулти-култура да се продава на секаде.

    Земи и гледај филм што е целосно црнечка продукција , па ќе ти биде јасно. Очајно лоши.

    Од друга страна јапонски и корејски филмови, а особено глумци се 50 скалила над афро-американски глумци.
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.679
    Пол:
    Женски
    Од номинациите за најдобар филм досега имав време да ги гледам The Grand Budapest Hotel и The Imitation Game, и двата по мој вкус одлични, иако се премногу различни, но не сум баш сигурна дека еден од нив ќе биде најдобар за 2014. The Grand Budapest Hotel на пример е премногу интересен филм, јас сигурно би го гледала пак без да трепнам ама не е evrybody's cup of tea, тоа е факт.
    Така да, кога ќе ги изгледам и другите ќе можам да давам претпоставки кој филм ќе победи.


    За женска улога Розамунд Пајк во Gone Girl :bow: Инаку, филмов мене ми беше меѓу најдобрите за 2014...

    За споредна машка улога Роберт Дувал во The Judge беше феноменален. Приказната не е нешто невидено, ама човеков како изглуми, и емоција и движење, нема шанси да не се сочувствува човек со неговиот лик.

    Сакам да ги гледам Birdman и Boyhood, за другиве ако имам желба и време. American Sniper мислам дека нема да го гледам.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IthoughtIwasAnAllien

    IthoughtIwasAnAllien Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2014
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    234
    И јас би сакала Benedict Cumberbatch да земе оскар, меѓутоа многу јако ми глуми Eddie Redmayne во Тhe Theory of Everything :)
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Да кажеш дела црнците не ги бива за глума, посебно за театар треба да си страшно игнорантен и во живиот филм да не си изгледал
    Да не бидам само офф, се надевам дека нема да се повторат годините кога Арго и уште еден амерички филм за војна т.е за нивното величество чувари на мирот кајнд оф филмови земат оскар. Снајперов ми е глупав филм, го гледав само трејлерот ама нема потреба да одам понатака за да го оценам. Не сакам вакви филмови. Се мислам дали да утепам 2 саати на него.

    А тамн лани се порадував дека супер избор на филмпви има и дека се подобруваат во одлуките за филм на годината, пак почнуваат со истото.
    Џингрлака си испуштила 2 битни категории за најдобро оригинално и адаптирано сценарио, едни од побитните категории.
     
    Последна измена: 19 јануари 2015
    На Ducky, 1209, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    530
    Морам да прокоментирам во врска со ставовите дека актерите од афроамериканско потекло се неталентирани и само поради бојата на кожата добиваат награди е несериозно и потполно неразбирливо, несфатливо, за мене. И тоа како има врвни актери/актерки кои се црнци и добиле оскари само поради својот талент и квалитети кои ги поседуваат, дури некогаш само поради бојата на кожата некои не добиле оскар или пак номинација иако потполно ја заслужувале, многу повеќе отколку тие кои ја освоиле статуетката во одредена категорија, да кажеш дека Дензел Вашингтон, Випи Голдберг, Моник, Габоре Сидиби, Вајола Дејвис, Октавија Спенсер, минатогодишната добитничка на оскар за споредна женска улога во филмот 12 Години Робство Лупита Најонго на режисерот Стив Меквин кој исто така е црнец и е исклучителен во својата работа, Читал Еџифор кој минатата година беше најсериозен кандидат за оскар за најдобар актер, Ли Даниелс исто така одличен режисер од афроамериканско потекло, Форест Витакер кој маестрално ја одигра својата улога во филмот Последниот Крал на Шкотска на режисерот Кевин Мекдоналд, кој сосема заслужено ја освои статуетката за најдобар актер, Куванзан Валис која е маестрална во улогата во филмот Beasts of the Southern Wild (2012) која со својата глума плени, воодушевува, импресионира, фасцинира, една од најнадежните актерки од афроамериканско потекло од најмладата генерација, Двајт Хенри кој играше во филмот, и и беше татко на Валис, даде доста моќен перформанс, Мајкл Б. Џордан имаше исклучително впечатлив перформанс во одличниот филм Fruitvale Station (2013) кој според мене неправедно беше иземен во минатогодишните оскари, режисерот Мајкл Куглер кој е од афроамериканско потекло се покажа во вистинско светло и на површина излезе неговиот талент, да кажеш дека овие погоренаведениве не се талентирани е бесмислено. Оваа година тоа се случи во номинациите за оскарите со филмот Селма на режисерката Ава Дувернеј која според мене беше неправедно иземена од номинација во категоријата најдобра режија, Зошто? - Затоа што е афроамериканка, треба да се гледа, да се цени, квалитетот на делото, а не бојата на кожата да биде критериум кој ќе добие номинација, исто така очекував номинација и за Дејвид Ојеоло кој потполно ја заслужи со неговиот исклучителен перформанс во филмот.Селма.
    Во врска со оскарите мислам дека трката ќе се води помеќу следниве филмови Birdman, Boyhood,The Theory of Everything, The Imitation Game, кои се најсериозни кандидати за оскар во категоријата најдобар филм.
    Во категоријата најдобар актер мене фаворит ми е Еди Редмајн кој според мене треба да го освои оскарот за најдобра машка улога иако и останатите номинирани се исклучително добри.
    Титулата за најдобра актерка најверојатно ќе ја понесе Џулијан Мур некако премногу ја фаворизираат за улогата во филмот Сеуште Алис, иако одлични во улогите се и Розмунд Пајк, Фелисити Џонс и останатите номинирани во оваа категорија
    Оскарот за најдобра споредна машка улога најверојатно ќе го освои Џ.К.Симонс
    Статуетката за споредна женска улога мислам дека ќе замине во рацете на една од овие актерки Патриша Аркет(70%) или Мерил Стрип(30%)
    Ричард Линклатер е најверојатно добитникот на оскар за најдобра режија, со помали шанси во трката влегува Александро Гонзалес Инариту режисерот на Бабел.
     
    Последна измена: 20 јануари 2015
    На Hipster, bittersweet и Edie.S им се допаѓа ова.
  19. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.504
  20. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
    Бидејќи јас ја начнав темата околу Афро-американците, а гледам тука се развила дебата, се чувствувам должна на некој начин да се објаснам.
    Прво, ќе го цитирам спорниот дел :

    Значи, никаква навреда, ништо спорно од моја страна, освен пренос на вест од некој портал..
    Секако се согласувам дека има добри актери меѓу нив. Да не го спомнувам Дензел во Еквилајзер, особено последната сцена, Дензел на дожд јачи него икад..
    Е сега, проблемот е: Што кога немаат ништо значајно изминатата година?? Мора по секоја цена да ги има, само колку процентуално да се застапени?? (Затоа и направив паралела со нас овде и нашата ситуација)
    За оваа година според мене номинациите се оправдани, и на место.