Тукушто излегоа овогодинешните номинации за Оскар, па мислам редно е да отвориме тема за дискутирање за сè поврзано околу овој настан. Годинава се одржува деведесет и првото издание на престижните Оскари, а настанот ќе го гледаме дури на 25.02.2019. Сите номинации можете да ги погледнете овде: клик до линк А, сега да преминам на главното: годинава имам впечаток дека Bohemian Rhapsody ќе им ги собере сите Оскари. Многу, ама навистина МНОГУ би сакала Рами Малек да си го понесе со себе Оскарот за најдобра машка улога, ептен ми остави впечаток и мислам дека вреди да се награди. Можеби во некоии категории ќе биде тесна борба помеѓу A Star Is Born и Bohemian Rhapsody, но за мене многу поголема вредност има вториов. Баш би била среќна ако си победи во категориите, можеби би било предвидливо, ама па нека ви текне како само пред некоја година La La Land „неочекувано“ ги собра сите Оскари и замина во историјата. Нека се дешава нешто, да биде интересно. Да бидам искрена, годинава малку се разочарав од некои филмови кои влегле во потесниот избор. Како на пример - Black Panther. Дали се сериозни со филмов...беше солиден и само толку. Приказната дури потпросечна, Марвел имале далеку подобри приказни од оваа. Беше интересно да се гледа со сите тие фенси ефекти, ама дека заслужува дури 6 номинации, тоа ако се лажеме можеби. Ама добро - Wakanda Forever. И да не должам многу, ги немам погледнато сите филмови, но досега покрај BR ми се издвоија Green Book, Vice и толку. Другите ќе се гледаат во периодот што следува. Кои се вашите претпоставки? Имате ли фаворити и кои? Ајде да ја отвориме сезоната и да почнеме со загревање. Имаме еден цел месец за да го прочешламе репертоарот и да си ставаме претпоставки.
Кога ги видов номинациите бев малку шокиран. First Man не е ни номиниран, а некои предвидуваа како Best Picture ќе оди кај него. Реално и јас очекував да се најде на листата, не дека до толку многу ми се допадна, туку самата содржина. Историја на Америка... значаен момент. Од друга страна, не очекував A Star Is Born да биде номиниран за Best Picture. Ми има поинаков вајб од оскаровските досега што се нашле на листата. Исто така, I Will Never Love Again и Always Remember Us This Way ми се допаѓаат повеќе од Shallow. Ме изненади и номинацијата на All The Stars во најдобра песна. Песната ми се допаѓа, ја слушав долг период, сигурно би ја ставил и во Топ 10 за 2018, ама воопшто не ми е за Оскар. Повеќе ми е ко хит за на топ плејлиста, отколку за награда од овој тип. Прв планирам да го гледам Bohemian Rhapsody, со другарка требаше во кино да го гледаме, кога бевме на A Star Is Born, дадоа трејлер од него и останавме вакви: Имам големи очекувања.
Да го гледаш, @Ketchup. Јас не очекував дека филмов испаднал навистина толку добар, имав поинаков впечаток пред да одам да го гледам. Очекував некој документарец што се обидува да биде мјузикл во исто време, ама немаше тотална врска со мојата замисла. Цела сала си потпевнуваше, никој не остана рамнодушен, а јас поштено си се убив од плачење на поголемиот дел од филмот. Ептен голем фан сум на Квин, се почувствував како за момент да отпатував во времето таму на некој нивен концерт. Го гледав пак и дома, веќе има одлична снимка и впечатокот не ми се смени. Секоја му чест на Рами Малек!!! Осеќам дека многу ќе плачам од среќа ако го земе Оскарот. Другите кандидати од категоријата ми се едноставно неспоредливи со неговата умешност и снаоѓањето во улогата на Фреди Меркјури. Крисчн Бејл беше исто одличен во Vice, ама повторно, не се мери со Рами годинава. А за женските улоги, би било интересно Лејди Гага ако земе Оскар , ама сè ми се чини дека некоја друга ќе си го понесе Оскарот. Останува да видиме.
Леле @Mishela, не знаеш колку ти завидувам што си го гледала во кино, на големо платно, со топ озвучување. Јас домче го гледав, на тв Бев океј се до сцената кога им кажува дека е болен, после тоа- плачки. И добро, заврши делот со Лајф Еидот, нели почна шпицата и одеше „Can`t stop me now“ и као океј, ај барем заврши на весела нота, иако, нели, сите знаеме како завршува приказната за Квин и Фреди. Леле кога почна „Show must go on“. Е тука готова бев. **** Уште пред да знам дека постои филмов, налетав на статија колку Фреди Меркјури сакал мачки- дека дома имал еден куп, едниот соло албум го посветил на сите cat lovers, дури имал и песна напишано за омилената мачка. На последното видео носи елек кој самиот го нацртал а на кој се претставени неговите сакани мачки. Од тогаш Фреди ми е омилената јавна личност на сите времиња. Нели, на страна одличниот глас, предобри песни и феноменалното сценско присуство. ******* За филмов немам доволно зборови и доволно фалби колку е предобар. Џабе ќе верглам, МОРА да се види за да се доживее. И не верувам дека некого ќе го остави рамнодушен. Рами Малек е неверојатен, дури е засташувачки колку е уверлив. Како актер го знам само како фараонот од „Ноќ во музејот“ ( ) ама растури во улогава. И во принцип ретко навивам за оскари (не се смејте ама последен пат стискав прсти „Frozen“ и „Let it go“ да земат статуетка) ама овој пат спремна сум ноќта да седам и да го гледам во живо доделувањето. Жими се, како некој мрднат фан почнав да се однесувам
@Nausicaa јас ептен го бојкотирам Синеплекс и бев решена (и помирена воедно со ситуацијата ) дека ќе си чекам снимка, ама непланирано го „фатив“ тогаш кога имаа роденденска акција, па си ги почастивме сетилата. Дечко ми на пример не е воопшто фан на Квин, ама од сала излезе благо потресен, воодушевен. Па штом можел вака да им се допадне на не-фанови, тогаш не ни треба да се замислува како би реагирале fangirls како нас. Фреди Меркјури ми е многу инспиративна личност, без разлика на сè, јас го обожавам. Се сеќавам дека некаде имам прочитано таков текст и не останав рамнодушна ни јас на муабетот за мачките, а и општо кога опишува дека бил ексцентричен и екстровртен само на сцена и додека е меѓу фановите. A, Рами го имав приметено само во Твајлајт, а потоа и во Mr. Robot. Во серијата ми е солиден, да не речам одличен, ама во филмот мислам го достигнал врвот, се потрудил скроз. Инаку јас вака жустро немам лобирано за некој фаворит уште од 2015-та ми се чини, кога Камбербач беше номиниран за најдобра машка улога. Опседната бев со The Imitation Game. Мислам пукнав од радост тогаш, иако филмот зеде само еден Оскар за најдобро адаптирано сценарио. Штом ова го памтам...јасна е мојата опсесија. Ама таа година борбата беше доста тесна, напнато до самиот крај. Убедена сум дека и годинава ќе биде така, зашто сепак има добри филмови во игра, мене ми се допаѓаат повеќето кои ги гледав. Лани мислам прв пат издржав до самиот крај на Оскари без да заспијам, ги чекав Френсис и Гери Олдман да си ги соберат Оскарите (и се утепав од плачење на говорот на Френсис ). Низ годините обично затварав очи за да „придремнам“ и се будев кога веќе беше завршено сè. Разочарување до бесвест потоа утредента. А за Let It Go и за настапот на Идина во живо и' имав наредено на другарка ми да ме разбуди за да гледам. Годинава како ќе се издржи не знам , ама има да се стане уште од пред зори за да се погледнат барем главните три награди. До тогаш, ќе стискаме палци за Рами (и за сите останати номинации на Боемска Рапсодија ), со Квин-плејлиста и глас пуштен на максимум.
И Bohemian Rhapsody, и A star is born ги гледав на кино, ама чувствата што ми ги предизвика првиот мислам дека ни еден филм досега не ми ги предизвикал..... Ерупција од емоции! Буквално! Секој момент беше посебен и предизвикува некоја реакција, а Rami Malek е предобар во улогата на Фреди Меркјури, секоја чест на човекот и се согласувам дека би било вистинска штета ако годинава тој не го понесе оскарот за Најдобра главна машка улога.
Хелоу од уште еден член што им се радува на оскарите и будно ги следи секоја година. Имам уште некое филмче да догледам, но ајде да срочам по нешто за веќе одгледаните. Генерално годинава мене ми е послаба од минатите кога толку беше густо и неизвесно до сам крај со страшни филмови во конкуренција. Да почнам од Vice, куп номинации, пофалби и се по ред, а јас верувале или не, го исклучив. Призаспав, бавен, млак, ко неповрзан, замижував 2 минути, 3 гледав и така решив да си ја скратам маката. Не дека толку беше лош, ама адреналин нула, го гледав во рамна линија, без емоции. Иако кредитс морам да дадам за глумата, Ејми ја сакам многу, а Бејл е страшилиште во трансформации. Вечерва го завршив The favourite, за кој исто мислев дека ќе биде тапа, но погрешив. Напротив, ми се допадна на некој чуден начин, нешто поинакво, специфични кадри и музика, глума фантастична, интересни сплетки... Си поиграл режисерот морам да признаам, не е за сечиј вкус ама впечаток дефинитивно остава. Понатаму... Сум голем фан на марвел, но морам да признаам дека и јас сум изненадена (негативно) од номинациите на пантерот, да не речам ама стварно е еден од послабите филмови на марвел, со приказна тапа, а толку номинации, Боже сачувај. Е, веќе A star is born навистина ме трогна, не останав ни јас имуна на приказната и на неколку сцени си поплакав. Криво ми е шо Бредли не доби барем номинација за режија, а Vice доби, ма да Рома ке ја лапне во таа категорија наградата. Да се навратам на филмов, Гага ме изненади со улогата, одлично се снајде, а Бредли пак со пеењето, машала каков глас извади, морав да гуглам да не е само лип синк и за моја сатисфакција не било... Браво!!! Но, сепак мислам дека филмов шанси за награда има само со песната, за која сметам и дека секако ќе ја добие. Bohemian Rhapsody... Па Рами чоече дали си ти нормален, дечки јас во живот немам видено подобра глума, секое движење до најмал детал совршено, богами се надмина сам со улогава. За филмот да не се повторувам со коментарите погоре, само ќе кажам дека се надевам ќе изненади ко на глобусите, зошто сепак не важи за најголем фаворит, да повторам и за оваа категорија се плашам од Рома кој ептен го нафалија и собра награди на глобусите од кои и најдобра режија, а има и најмногу номинации на оскарите. Се надевам грешам и оскарот ќе заврши кај филмиштево, има да навивам со сите сили за него. За Рами не се ни секирам, без конкуренција е во категоријата. После Рапсодијава најголем фаворит ми е Green Book за кој пишав рецензија овде на форумов и е еден од филмчињата за кој не можам да опишам каква топлина и спокој ми донесе на душата. Страшно силен впечаток ми остави приказнава. Глума исто така и овде беспрекорна, мислам Али ќе си го земе оскарот за најдобра споредна улога. Уште Рома и Блаккклансман ми се за гледање од главната номинација, па дополнително ќе прокоментирам и за нив. Воглавно ок година, да не беа Бохемиан, Стар ис борн и Грин Бук, ќе немаше ништо wow за мене годинава, за разлика од минатите години кога не знаев за кој попрво да навивам. Дечки се извинувам шо опширно се изнапишав во постов, не ме бидува за кратки рецензии. Имам нешто нејасно, па да прашам. Зошто Рома има номинација и во најдобар foreign language movie и во best picture? Мислев дека foreign language си се ограничени само во таа категорија ама изгледа не било така. Ма да ми текнува и за францускиот Elle пред две години мислам имаше номинација за најдобра женска улога, а филмот беше foreign language. Баш ме заинтригира филмов Рома иако другар мој ми рече дека не бил воопшто импресиониран на емотивно поле, доста ладно го доживеал, но ајде ќе го одгледам деновиве. Се надевам ќе нема многу шокови годинава. Тука завршувам додека не ми текнало уште нешто, па постов да ми се претвори во цела книга.
Да се пријавам на темава и јас Од номинираниве за best picture изгледан ми е само Bohemian Rhapsody, и толку ме одушеви, што верувам дека и кога ќе ги изгледам и другиве ќе ми остане фаворит. Филмот е masterpiece. Не верувам дека некого не би го допрел, Рами Малек како глуми, оригинал, капа му симнувам. Јас сум крајно, значи крајно воодушевена, уште не можам да се совземам и да соберам впечатоци. Последните триесет минути и јас липав ко мало дете. Предобро направен, од музика, глума, актери. Не очекував дека волку многу ќе ми се допадне, иако сум фан на Квин. Навивам и Рами Малек да го земе оскарот за главна машка улога. Сега за сега толку, ќе се вратам да коментирам подолго на темава да изгледам некоја номинација плус
Штотуку го завршив Bohemian Rhapsody и да ви кажам мило ми е што не сум го гледал во кино, бидејќи на последната сцена мислам дека би имал mental breakdown. Ретко моќна сцена во филм. Јас не сум ни толку запознаен со историјата на Queen, музиката им ја знам општо од VH1, ништо посебно. Навистина инспиративна приказна и Фреди како личност. Реми... ме остави без зборови. Од Mr. Robot го знам како еден од подобрите актери искрено, но тука... Next level. Повеќето актери во секој филм имаат некои слични карактеристики, Реми нема буквално ништо за што ќе кажеш Реми ко Реми. До толку ја има усовршено улогава. Неверојатно. И A Star Is Born ми е предобар, но секогаш вистински приказни повеќе ме воодушевуваат и имаат плус. Кога ќе помислам на публиката и дека некој навистина е сведок на тоа, се наежувам. Сега си мислам, батали ги другите номинации, навивај цела вечер за еден филм.
Јас луѓето ги делам на тие што се утепале од плачење или излегле благо потресени после Бохемиан и луѓе на кои не им се свиѓа филмов. Со вториве раскинувам пријателство Мене после излегување од кино сала да ме видевте, како мало детенце бев размрсулавена. Ќе се гледаат годинава оскари, на бојкот ми беа откако Леонардо сељакон зеде оскар. Ајмо Реми
Bohemian Rhapsody го имам гледано само и ми е фаворит.Филм кој е преполн со емоции и вистина за една living legend.Фреди е личност која е многу фасцинантна,а Реми одлично го долови тоа.На моменти мислев дека е вистинскиот Фреди,ете толку ми беше реален.Queeen е една популарна група која ја слушаат сите генерации.Мене ми се допадна ептен,а и пошто сум фан на Queen филмот ми беше вистински погодок.Некаде имав прочитано дека Реми бил толку посветен на улогата што дури си ангажирал профеционалец за да го научи на специфичните чекори на Фреди.Реми,заслужува да ја земе наградата.Мене ми стана симпатија Ben Hardy (што е Roger Taylor) во филмот .Туку што толку сите запнале за оваа Рома,толку ли е ремек дело филмот?Зеде две награди нa Golden Globes,a не ми фати око нешто на trailer-от.
@GirlRose И јас се прашував истото, посебно кога видов колку номинации има на оскарите. Еве само шо го одгледав и одма идам да прокоментирам. Околу филмов се кренало фама поради кинематографијата. Артистично напраен, со убава снимка, камера во движење шо го праи реален до тој степен што успева да те транспортира во тој свет. Технички и визуелно, навистина убав, дури и тоа што е црно бело го прави посебен, немам збор од тој аспект. И толку! Се останато... Приказната е ок, една година од животот на едно семејство и слугинката која работи за нив. Секојдневие, реално прикажано, емотивни сцени, но не доволно за да може да се соживееш. Јас, шо сум рикла и на се шо гледам плачам, тука не се ни наежив. Само жал ми паѓаше одвреме, навреме, но импресии немам. Ете поминаа десет минути како го завршив и испари се. Башка тоа шо на моменти филмот е ко да гледаш шпанска сапуница со лоша глума од одредени ликови. За мене визуленото, без длабока приказна е недоволно. Можеле да се потрудат повеќе околу приказната. Да не беше технички квалитетен, ќе беше само едно досадна, ок драма. Ама ремек дело...јок. Гоу Бохемиан, Гоу Рами, Гоу!
Во меѓувреме ги изгледав Roma и Green Book. За Roma, во целост се сложувам со @TheGoldenPeach. Сценографијата е врв, меѓутоа приказната е толку млака, или бар така е прикажана. Спојлер Да не беше трудна Клео, мислам дека ќе го изгасев, бидејќи очекував некоја поголема поента од сето тоа. Green Book многу ми се допадна. Од глумци, до приказната, буквално сѐ. Он ми е од оние убави филмови што си ги викам јас. Исто ко Lion од пред некоја година.
@Ketchup За Рома... Спојлер Даа и јас така, ме фаќаше жал за Клео, па ајде си викам да видам до кој степен ќе се развие нејзината приказна, ама ништо. И за Green Book се сложувам, баш некоја таква топлина ширеше филмот ко Lion. Мене уште Blackkklansman ми остана од главната категорија, ама не знам зошто никако не ме влечи да го одгледам, изгледа ќе го скокнам. Ако некој го има одгледано, нека чкртне збор два и за него... Инаку неодамна го одгледав и The Wife, сакав да ја ѕирнам глумата на Глен зошто нели за фаворит важи во категоријата најдобра женска улога и морам да признаам дека и е сосема заслужено. Бтв прекрасен филм кој трогнува, немав некои големи очекувања, а сепак доста ме изненади во позитивна смисла. Го препорачувам да го погледнете.
Bohemian rhapsody ми е фаворит. Пред да го гледам,мислев дека A star is born ќе биде добитник. Сега сум стопроцентно убедена дека Bohemian rhapsody треба да биде добитник на Оскар. Филмов треба да биде и еден вид документарец за идните генерации,за една од најлегендарните групи на сите времиња и нејзиниот фронтмен. Со денови откако го гледав филмов,го пуштав настапот на Live aid од ‘85-та.
А што е поентата на The Favourite? Ми беше интересен во средината, почетокот и крајот не ми беа највоодушевувачки. Ми се допаднаа и некои саркастични моменти.