Ајде, излегоа номинациите за годинава. Уф, предобри филмови годинава се номинирани. Ги немам сите изгледано, останати ми се три, а веќе не можам да се одлучам. И, за прв пат во историјата на државава сме номинирани во две категории.
Не следам Оскари. Отсекогаш ми биле досадни. Би сакала нашиот филм да биде награден. Баш ме интересира. Дали Бред Пит и Антонио Бандерас имаат освоено Оскар?
Го гледал ли некој 1917? Сабајлево гледав трајлер од него. Видов дека во Милениум го даваат па, дал да го бараме, симнуваме, гледаме. Оскарите нема да ги гледам. Стандард, ќе читам коментари, критики, видевца ќе гледам по нетот. Marriage story чак за Оскар.... ејгиди,до каде спадна кинематографијата али ај.
Од номинираните само The Irishman го имам гледано. Ок филм, но не се споредува со Goodfellas. Joker на пола го прекинав, не ми се верува дека собра и ќе собере толку награди. Многу досаден, напорен филм.
Јас, вчера го гледав. Предобар филм, 10/10. Интересно е тоа што е снимен у one shot, нема повеќе сцени.
Супер за Honeyland! Се надевам барем 1 оскар ќе земат. Кога ќе ги изгледам филмовите ќе коментирам, досега само 2-3 имам гледано. Криво ми е за Abominable што не е номиниран за анимиран, многу слатко филмче. Но Klaus е тука, баш сакам да освои.
Parasite ми се допадна најмногу од наведените филмови, но се сомневам дека ке победи. Мислам дека The Irishman ке парира на Титаник со Оскари.
Во кратки црти: За сега изгледани ми се: "Joker", "The Irishman", "Marriage Story", "Once Upon A Time... In Hollywood", "Parasite","Klaus", "The Lighthouse"; симнати ми се и чекаат на ред за гледање: "Ford v Ferrari", "Pain and Glory", "The Two Popes"; а чекам добри снимки од "1917", Jojo Rabbit", "Knifes Out", "Little Women" и "Bombshell". Искрено, не памтам да имало година со толку добри филмови номинирани за оскар. Конечно асален избор! Прво и основно, верувам дека "Joker" ќе добие за филм на годината (језда го немам гледано "1917", а има ептен добри критики) и Хоакин Финикс 100% зема најдобра машка улога (1000% заслужено). Мене овој филм ми е засега најдобриот од минатата година и еден од подобрите во целата мината декада. Перфектен е во секој поглед; одлично е прикажана неговата преобраза после моментот со убиствата, уште подобро е прикажана неговата психа и сите здравствени проблеми со кои се соочува, совршено одигран профил. За глумата на Финикс тука, треба да измислат некои нови награди, искрено. Режијата е супер, има одлични кадри, а кинематографијата е врв, боите играат голема улога во атмосферата и тоа што приказната сака да го пренесе. Исто така, музиката совршено одговара, ги преувеличува чувствата кои дејствието ги развива. И се разбира костимографијата, неговиот препознатлив костум стана уште поголема легенда. За мене, ремек дело. "The Irishman" ми се допадна, не ми сметаа 3 ипол-те саати, баш напротив. Но јас лично сакам филмови од тој тип. Приказната не ме привлече толку многу колку режијата. Скорсезе е мајстор за вакви приказни, a тука како да го има променето малку стилот, но само на подобро. Ги обожавам сите оние супер успорени снимки. Кинематографијата е привлечна, а глумата цврста, едноставно не може да биде лоша покрај де Ниро, Пачино и Пески. Само не ми е јасно зошто де Ниро, кој ги носи тие 3ипол саат на свој грб, не е номиниран. Во секој случај, добар филм, но не доволно добар со оглед на конкуренцијата. "Marriage Story" е топ филмче. Потсетник дека нештата кои си ги градел со децении, можат многу лесно и брзо да се срушат доколку не внимаваш. Потсетник дека клучни се меѓусебното разбирање и поддршка во врската. Потсетник дека врската се состои од 2 индивидуи, а не од една, и дека подеднакво се важни обостраните желби и потреби. И потсетник дека во моменти кога си екстремно лут, вознемирен и разочаран, не смееш да изнакажеш се‘ и сешто со намера да повредиш. Ми се допадна колку добро е прикажан разводот, особено помеѓу личности кои се се‘ уште пријатели и одеднаш се наоѓаат на средина помеѓу двајца немилосрдни адвокати. Ми се допадна глумата и на Јохансон и на Драјвер, а повеќе на Драјвер, дури сметам дека (од тоа што до сега го изгледав) да не беше направен Џокер, тој ја заслужува наградата за најдобар актер. Машка улога што баш позитивно ме изненади е онаа на Роберт Патисон во "The Lighthouse", но за жал овој филм е номиниран само за Најдобра кинематографија, која патем е повеќе од одлична, но се сомневам дека на повеќето им се допаднала. Филмот е снимен во црно-бело, во коцкаст формат кој овозможува перфектни симетрични кадри. Кадри кои наликуваат повеќе на фотографии отколку на снимки. Многу голема конкуренција има годинава за да има некаква шанса! "Once Upon A Time... In Hollywood" е океј филм кој според мене koj најмногу заслужува внимание поради добрата режија на Тарантино. Можеби сум и пристрасна малку, бидејќи го обожавам периодот кој е прикажан, односно 69‘ во Лос Анџелес, така да, со најголемо задоволство гледам филмчиња од овој тип. Приказната не е ништо посебна, всушност нема некоја поента, а тоа е поентата. Едноставно е прераскажана (измислена) случка која не треба да те просветли или да ти го збогати животот откако ќе ја изгледаш. Особено ми се допадна оној кадар (баш ми остави впечаток) каде ликот на ди Каприо започна да одглумува сцена во филм, која те тера толку многу да се задлабочиш во неа, што одеднаш забораваш дека гледаш сосема друг филм. Одлично е претопено! Глумата е океј, нешто што лесно може да се очекува од ди Каприо и Пит, ништо посебна, но дефинитивно нималку лоша. Океј филм, но не тера да го запамтиш по нешто посебно. "Parasite" ми е втор омилен, веднаш после Џокер. Џокер не ми го надминува никој пред се‘ поради чуствата кои ми ги создаде кога го гледав, а потоа поради сите мајстории повразни со него. Но "Parasite" првенствено има толку добра приказна, што верувам дека никогаш ништо слично немам гледано. Баш е уникатна. Перфектно измешани елементи на драма, комедија и речиси хорор. Во ниту еден момент не знаеш што следно ќе се случи и постојано си де полн со тензија, де се смееш. Глумата е сериозно предобра, режијата врв (не би ме зачудило да добие филмче на годината), кинематографијата привлечна, а приказната е вистински дијамант. "Klaus" е вториот долгометражен анимиран цртан што го гледав минатата година (прв беше "Lion King") и баш ми се допадна многу. Приказната е премила и не се сеќавам дека некогаш е прикажана ваква перспектива за како настанала традицијата на Дедо Мраз. Анимацијата е особено привлечна и слатка, стилот е тој што го прави овој филм посебен. Уште една машка улога која ми се допадна, а воошто не ме изненади е онаа на Тимоти Чаламет во "The King". Дечково се повеќе растура со секој следен филм, верувам дека многу наскоро ќе се надмине себе си и конечно ќе освои оскарче. Ниту една женска улога не ме привлече ништо посебно, но имам уште многу филмови за гледање, па ќе видам. Во секој случај, предвидувам дека Џокер ќе напраи партали. И искрено, ама најискрено, мислам дека "Медена Земја" ќе освои за најдобар докуметарец! Не сум пристрасна, туку сериозно верувам во тоа!
Честитки за Honeyland, баш ми е мило и верувам дека ќе земат Оскар. Од номинираните за Best Picture само Joker го имам гледано и искрено не верувам дека откако ќе ги изгледам сите дека би ми бил фаворит. Приказната е одлична, глумата на актерот исто, ама целиот филм некако недоволен? Најверојатно втор ќе го гледам Once Upon a Time in Hollywood, бидејќи знам дека е излезен со убава снимка. Little Women го чекам пола година. Сигурно ќе ми се допадне чим Грета е вмешана.
Колку сум тапа овие две години, само два филма сум гледала од овие. Пред тоа сите ги гледав, ама баш сите до еден во секоја категорија и ќе седнев ќе уживав додека гледав оскари, ќе типував ќе се нервирав. Џокер ми беше топ кога го гледав ама после помина првиот впечаток и еуфоријата и сега ми е онака ок, освен феноменалната глума за друго не би го номинирала и обратно кај parasite прво ми беше онака сега ми е топ. Преубава кинематографија, ептен симпатични кадри, местата, ликовите, случките, се ми се допаѓа сега. Можеби маааалце нешто е натрупано и непотребно и помалку бизарно, ама такви се корејците кои патем ги обожавам за филмови и се им имам гледано. И пристрасно малце сакам да земат нешто. Ама со два гледани срамота е и воопшто што коментирам. Shame on me...
И јас Little Women го чекам! Сега од 23ти ќе го има во Синеплекс. А Once upon a time in Hollywood обавезно да го глеаш, и да споделиш импресии во темава. Предобар филм, многу впечатлив. Кинематографијата е толку прекрасна што секоја сцена има дел може да пројде и како фотографија. Но тоа е Тарантино, не очекував ништо помалку.
Оваа година Оскарите закажани порано - 9ти Февруари. Баш пред некој ден ја гледав емисијата на Миланка Рашиќ. Од тоа што го видов имаме јака конкуренција. И оваа година без водител. Исто како лани. Така биле повеќе гледани.