Епа ајде дечки, пред некој ден излезе конечната листа со номинации за Оскар и ми текна да ја отворам темава за традиционално да си пишуваме претпоставки, рецензии, пофалби, критики, наши фаворити. Годинава церемонијата малку ја одложија и наместо на крајот од февруари, доделувањето ќе го следиме на 25-ти април. Има доста време до тогаш, па мислам дека има шанси да ги изгледаме повеќето филмови. Имате ли некои фаворити и кои? Во спојлер ќе ставам список од сите номинации, за ако некој го интересира да си прочита. Спојлер: Номинации 2021 Best Picture “The Father” (David Parfitt, Jean-Louis Livi and Philippe Carcassonne, producers) “Judas and the Black Messiah” (Shaka King, Charles D. King and Ryan Coogler, producers) “Mank” (Ceán Chaffin, Eric Roth and Douglas Urbanski, producers) “Minari” (Christina Oh, producer) “Nomadland” (Frances McDormand, Peter Spears, Mollye Asher, Dan Janvey and Chloé Zhao, producers) “Promising Young Woman” (Ben Browning, Ashley Fox, Emerald Fennell and Josey McNamara, producers) “Sound of Metal” (Bert Hamelinck and Sacha Ben Harroche, producers) “The Trial of the Chicago 7” (Marc Platt and Stuart Besser, producers) Best Director Thomas Vinterberg (“Another Round”) David Fincher (“Mank”) Lee Isaac Chung (“Minari”) Chloé Zhao (“Nomadland”) Emerald Fennell (“Promising Young Woman”) Best Actor in a Leading Role Riz Ahmed (“Sound of Metal”) Chadwick Boseman (“Ma Rainey’s Black Bottom”) Anthony Hopkins (“The Father”) Gary Oldman (“Mank”) Steven Yeun (“Minari”) Best Actress in a Leading Role Viola Davis (“Ma Rainey’s Black Bottom”) Andra Day (“The United States v. Billie Holiday”) Vanessa Kirby (“Pieces of a Woman”) Frances McDormand (“Nomadland”) Carey Mulligan (“Promising Young Woman”) Best Actor in a Supporting Role Sacha Baron Cohen (“The Trial of the Chicago 7”) Daniel Kaluuya (“Judas and the Black Messiah”) Leslie Odom Jr. (“One Night in Miami”) Paul Raci (“Sound of Metal”) Lakeith Stanfield (“Judas and the Black Messiah”) Best Actress in a Supporting Role Maria Bakalova (‘Borat Subsequent Moviefilm”) Glenn Close (“Hillbilly Elegy”) Olivia Colman (“The Father”) Amanda Seyfried (“Mank”) Yuh-jung Youn (“Minari”) Best Animated Feature Film “Onward” (Pixar) “Over the Moon” (Netflix) “A Shaun the Sheep Movie: Farmageddon” (Netflix) “Soul” (Pixar) “Wolfwalkers” (Apple TV Plus/GKIDS) Best Adapted Screenplay “Borat Subsequent Moviefilm.” Screenplay by Sacha Baron Cohen, Anthony Hines, Dan Swimer, Peter Baynham, Erica Rivinoja, Dan Mazer, Jena Friedman, Lee Kern; Story by Sacha Baron Cohen, Anthony Hines, Dan Swimer, Nina Pedrad “The Father,” Christopher Hampton and Florian Zeller “Nomadland,” Chloé Zhao “One Night in Miami,” Kemp Powers “The White Tiger,” Ramin Bahrani Best Original Screenplay “Judas and the Black Messiah.” Screenplay by Will Berson, Shaka King; Story by Will Berson, Shaka King, Kenny Lucas, Keith Lucas “Minari,” Lee Isaac Chung “Promising Young Woman,” Emerald Fennell “Sound of Metal.” Screenplay by Darius Marder, Abraham Marder; Story by Darius Marder, Derek Cianfrance “The Trial of the Chicago 7,” Aaron Sorkin Best Original Song “Fight for You,” (“Judas and the Black Messiah”). Music by H.E.R. and Dernst Emile II; Lyric by H.E.R. and Tiara Thomas “Hear My Voice,” (“The Trial of the Chicago 7”). Music by Daniel Pemberton; Lyric by Daniel Pemberton and Celeste Waite “Húsavík,” (“Eurovision Song Contest”). Music and Lyric by Savan Kotecha, Fat Max Gsus and Rickard Göransson “Io Si (Seen),” (“The Life Ahead”). Music by Diane Warren; Lyric by Diane Warren and Laura Pausini “Speak Now,” (“One Night in Miami”). Music and Lyric by Leslie Odom, Jr. and Sam Ashworth Best Original Score “Da 5 Bloods,” Terence Blanchard “Mank,” Trent Reznor, Atticus Ross “Minari,” Emile Mosseri “News of the World,” James Newton Howard “Soul,” Trent Reznor, Atticus Ross, Jon Batiste Best Sound “Greyhound,” Warren Shaw, Michael Minkler, Beau Borders and David Wyman “Mank,” Ren Klyce, Jeremy Molod, David Parker, Nathan Nance and Drew Kunin “News of the World,” Oliver Tarney, Mike Prestwood Smith, William Miller and John Pritchett “Soul,” Ren Klyce, Coya Elliott and David Parker “Sound of Metal,” Nicolas Becker, Jaime Baksht, Michelle Couttolenc, Carlos Cortés and Phillip Bladh Best Costume Design “Emma,” Alexandra Byrne “Mank,” Trish Summerville “Ma Rainey’s Black Bottom,” Ann Roth “Mulan,” Bina Daigeler “Pinocchio,” Massimo Cantini Parrini Best Animated Short Film “Burrow” (Disney Plus/Pixar) “Genius Loci” (Kazak Productions) “If Anything Happens I Love You” (Netflix) “Opera” (Beasts and Natives Alike) “Yes-People” (CAOZ hf. Hólamói) Best Live-Action Short Film “Feeling Through” “The Letter Room” “The Present” “Two Distant Strangers” “White Eye” Best Cinematography “Judas and the Black Messiah,” Sean Bobbitt “Mank,” Erik Messerschmidt “News of the World,” Dariusz Wolski “Nomadland,” Joshua James Richards “The Trial of the Chicago 7,” Phedon Papamichael Best Documentary Feature “Collective,” Alexander Nanau and Bianca Oana “Crip Camp,” Nicole Newnham, Jim LeBrecht and Sara Bolder “The Mole Agent,” Maite Alberdi and Marcela Santibáñez “My Octopus Teacher,” Pippa Ehrlich, James Reed and Craig Foster “Time,” Garrett Bradley, Lauren Domino and Kellen Quinn Best Documentary Short Subject “Colette,” Anthony Giacchino and Alice Doyard “A Concerto Is a Conversation,” Ben Proudfoot and Kris Bowers “Do Not Split,” Anders Hammer and Charlotte Cook “Hunger Ward,” Skye Fitzgerald and Michael Scheuerman “A Love Song for Latasha,” Sophia Nahli Allison and Janice Duncan Best Film Editing “The Father,” Yorgos Lamprinos “Nomadland,” Chloé Zhao “Promising Young Woman,” Frédéric Thoraval “Sound of Metal,” Mikkel E.G. Nielsen “The Trial of the Chicago 7,” Alan Baumgarten Best International Feature Film “Another Round” (Denmark) “Better Days” (Hong Kong) “Collective” (Romania) “The Man Who Sold His Skin” (Tunisia) “Quo Vadis, Aida?”(Bosnia and Herzegovina) Best Makeup and Hairstyling “Emma,” Marese Langan, Laura Allen, Claudia Stolze “Hillbilly Elegy,” Eryn Krueger Mekash, Patricia Dehaney, Matthew Mungle “Ma Rainey’s Black Bottom,” Sergio Lopez-Rivera, Mia Neal, Jamika Wilson “Mank,” Kimberley Spiteri, Gigi Williams, Colleen LaBaff “Pinocchio,” Mark Coulier, Dalia Colli, Francesco Pegoretti Best Production Design “The Father.” Production Design: Peter Francis; Set Decoration: Cathy Featherstone “Ma Rainey’s Black Bottom.” Production Design: Mark Ricker; Set Decoration: Karen O’Hara and Diana Stoughton “Mank.” Production Design: Donald Graham Burt; Set Decoration: Jan Pascale “News of the World.” Production Design: David Crank; Set Decoration: Elizabeth Keenan “Tenet.” Production Design: Nathan Crowley; Set Decoration: Kathy Lucas Best Visual Effects “Love and Monsters,” Matt Sloan, Genevieve Camilleri, Matt Everitt and Brian Cox “The Midnight Sky,” Matthew Kasmir, Christopher Lawrence, Max Solomon and David Watkins “Mulan,” Sean Faden, Anders Langlands, Seth Maury and Steve Ingram “The One and Only Ivan,” Nick Davis, Greg Fisher, Ben Jones and Santiago Colomo Martinez “Tenet,” Andrew Jackson, David Lee, Andrew Lockley and Scott Fisher
Да ја активираме темата во пресрет на доделувањето на најпрестижната награда во филмската индустрија на планетарно ниво Годинава оскарите поминуваат во сенка на Ковид кризата, поради горенаведените причини најпрестижната филмска манифестација беше одложена два месеци подоцна И покрај сето ова изминатата 2020 година беше обележана со доста квалитетни филмски остварувања Во категоријата најдобар филм: се номинирани осум филмови, најголем фаворит е Nomadland коj досега ги освои најважните награди кои им претходеа на оскарите и кои се предвесник за истите, но сепак се можни изненадувања, најверојатни потенцијални претенденти за освојување на златната статуетка во оваа најпрестижна категорија се The Trial of the Chicago 7, и Promising Young Woman. Мој фаворит е Млада Жена која Ветува маестрален филм, вистинско освежување на филмската сцена, оригинален, автентичен, несекојдневен, филм кој треба да биде награден со златна статуетка бидејќи тоа потполно и го заслужува. Најдобра режија: Трката во оваа категорија е помеѓу Клои Жао режисерката на Nomadland таа има најголеми шанси за освојување на оскарот но сериозна закана е Емералд Фенел режисерката на Promising Young Woman, каков куриозитет! две жени да се натпреваруваат за освојување на оскарот во оваа категорија. Мој фаворит е Емералд Фенел. Најдобра актерка: Најнеизвесна трка и најнеизвесен е победникот во оваа категорија. Причина за тоа е што оваа година конкуренцијата е многу силна, номинирани се едни од најдобрите актерки на филмската сцена: Кери Малиган, Вајола Дејвис, Френсис Мекдорманд, но и останатите две Андра Деј која го освои Златниот Глобус за најдобра актерка во драма за филмот The United States v. Billie Holiday, но и Ванеса Кирби е одлична во Pieces of a Woman и на двете актерки (Ванеса и Андра) ова им е прва номинација. Друг куриозитет е тоа што трите најсериозни конкурентки за оскар Кери, Вајола и Френсис ги остварија најдобрите перформанси во нивната досегашна кариера што битката во оваа категорија ја прави уште понеизвесна со една извесна разлика Кери е најдобрата актерка за 2020 година со убедливо највпечатлив, најфуриозен и најенергичен перформанс. Друг аргумент нешто што превагнува - натежнува на страната на Кери е тоа што Френсис досега има освоено два оскари и тоа за Фарго(1996), Три Билборди Надвор од Ебинг Мисури (2017), нешто што во досегашната историја на оскарите не се случило за кратко време некоја актерка да освои трет оскар. Вајола оствари перформанс за пофалба, импресивна улога но улога која е кратка и повеќе театрална, посоодветно е да беше номинирана во категоријата споредна актерка. Вајола го освои SAG тоа е највисока награда (награда на еснафот на актери) што оди плус во нејзиното CV да биде чекор до оскарот но нешто што не оди во нејзин прилог е тоа што и таа неодамна освои оскар за филмот Fences(2016). Во оваа костелација најголеми шанси за освојување на оскарот но и актерка која го заслужува тоа е маестралната Кери Малиган една од најнадежните, најперспективните и најталентираните актерки на филмската сцена, актерка на која и претстои блескава, успешна кариера исполнета со безброј номинации и освоени оскари. Најдобар актер: Битката ќе се води помеѓу Чадвик Босман и Енторни Хопкинс. Чадвик најверојатно го добива оскарот постхумно но негова сериозна закана е Ентони Хопкинс кој доколку го освои ова ќе му биде втор оскар по оскарот освоен во култниот филм Кога Јагнината ќе Стивнат(1991) на режисерот Џонатан Деми. Споредна женска улога: битката за оскар ќе биде помеѓу Јух Јунг Јонг за маестралната улога во Минари најверојатно и ќе го освои оскарот, Марија Бакалова (бугарска актерка) со импресивна улога во Борат, и Оливија Колман во Татко (сепак сметам дека Колман има помали шанси поради тоа што освои оскар пред 3 години за филмот The Favourite(201 Споредна машка улога: Најсериозни кандидати за оскар во оваа категорија се Даниел Калуја и Пол Рачи но сериозни шанси има и Саша Барон Коен. Веројатен победник Даниел Калуја Потенцијален победник Пол Рачи Можен потенцијален победник Саша Барон Коен Најдобро адаптирано сценарио: во оваа категорија фаворит е Клои Жао со Nomadland Најдобро оригинално сценарио: Сериозен фаворит за освојување на оскарот во оваа престижна категорија е Емералд Фенел и сосема заслужено е таа да ја добие златната статуетка, апсолутно ги исполнува сите критериуми за освојување на оскарот во оваа категорија. Можен потенцијален победник Арон Соркин за филмот The Trial of the Chicago 7, Најдобра кинематографија: во оваа категорија фаворит е Џошуа Џејмс Ричардс за филмот Nomadland потенцијален победник Ерик Месершмит за филмот Mank. Најдобар документарен филм: оскарот најверојатно оди кај филмот Time Најдобар странски филм: во оваа категорија битката ќе се води помеѓу два филма Another Round” (Denmark) кој и најверојатно ќе го освои оскарот но сериозни шанси за освојување на златната статуетка има босанскиот филм “Quo Vadis, Aida?”(Bosnia and Herzegovina) Надобра шминка и фризура: најзериозни шанси има Ma Rainey’s Black Bottom,” Sergio Lopez-Rivera, Mia Neal, Jamika Wilson Најдобар анимиран филм: Soul ќе го освои оскарот во оваа категорија Најдобра костимографија: Ma Rainey’s Black Bottom,” Ann Roth Најдобар звук : Sound of Metal,” Nicolas Becker, Jaime Baksht, Michelle Couttolenc, Carlos Cortés and Phillip Bladh Најдобри визуелни ефекти: “Tenet,” Andrew Jackson, David Lee, Andrew Lockley and Scott Fisher Ова се моите предвидувања за добивањето на оскарите во сите горенаведени категории Краток заклучок очекувам оскарите да поминат во најдобар ред со доминација за два филма во најважните категории и тоа Promising Young Woman и Nomadland, можни потенцијални изненадувања може да има кај филмот The Trial of the Chicago 7, во категоријата најдобар филм, да направам паралела со минатогодишното доделување на оскарите каде на изненадување на сите апсолутен победник беше јужнокорејскиот филм Паразит, оваа година очекувам тоа да биде Promising Young Woman. Да дадам мое лично видување, осврт зошто сметам дека филмот Promising Young Woman, Кери Малиган и режисерката и сценаристка Емералд Фенел треба да доминираат во своите категории. Како што минатата година беше изненадување филмот Паразит така оваа на сличен начин е Promising Young Woman кој е нетипичен филм за оскар излегува од таа оскаровска рамка, шема, шаблон, филм кој откако ќе го изгледате останува долго со вас длабоко врежан во вашата меморијата, филм кој поттикнува на размислување и дискусија поради актуелноста на темата која ја обработува, филм кој буди емоции не ве остава индиферентни, филм кој ве обзема и го држи вниманието од почеток до крај, филм кој е непредвидлив, филм со оригинална идеја и свежина преточена во сценарио и истото маестрално релаизирано под режисерската палка на талентираната Емералд Фенел, но сето тоа ќе беше невозможно да се оствари - реализира без учество на МАЕСТРАЛНАТА КЕРИ МАЛИГАН која му даде душа на ликот, целосно се внесе го оживеа го направи бесмртен, култен, лик по кој ќе се препознава и ќе ја препознаваат и идентификуваат во иднина, ретки се ликовите од филмови кои останале длабоко врежани во меморијата на гледачите, тоа го прави Кери како што го направија Ентони Хопкинс со Ханибал Лектор, Шарлиз Терон со ликот на Аилен, Филип Сејмор Хофман со Капоти, Том Хенкс со Форест Гамп, Били Боб Тортон со ликот на Карл Чилдерс и конечно Жоакин Феникс со Џокер. Постојат сличности на ликот на Џокер(Жоакин Феникс) и ликот на Касандра (Кери Малиган) но и разлики како што постојат сличности и разлики во актерската изведба на двајцата исклучително талентирани актери. Двајцата доста потценети но кога тогаш доаѓа нивното време а квалитетот и талентот испливува на површина. Не може секој да одигра таква улога, за тоа треба талент да се соживееш и да го оживееш ликот нешто што на најдобар можен начин го направи Жоакин во Џокер така Кери го направи со ликот на Касандра во Promising Young Woman тоа и дава уште поголема тежина, важност и значење ги истакнува и потврдува нејзините исклучителни актерски способности, неверојатна моќ на трансформација, таа плени со својата природност во актерската изведба, едноставно хипнотизира нешто што ја прави да биде најдобра актерка за 2020 година.
Некаде имало реклама дека и оваа година ќе ги дава Телма, а можеби не сум ја видела, или затоа што до лани ги даваше Телма, па се очекува и сега? п.с. На HRT1 дали ќе ги има?
На Телма ќе се емитуваат сигурно, пред некој ден имаше најава на Телма дека ќе се прикажуваат оскарите во недела наспроти понеделник, а дали ќе се емитуваат на ХРТ1 тоа не знам треба да провериш доколку имаш кабелска. Мислам дека и годинава како и претходно водителка на оскарите ќе биде Миланка Рашиќ
Годинава слабо гледав од филмовите номинирани за Оскар, ем касно ми текна, ем некако не гледам филмови периодов. Битно цртаните ги имав изгледано Soul си го заслужи оскарот, предобар! Буквално онака душата да ви се стопи. И onward е убав, ама ја немаше истата магија. Не ги гледав оскарите, ама видов дека многу не се задоволни од како се одвивало се, така да не ми е криво што цела ноќ не ја преседов чекајќи Најмногу коментари видов за главна машка улога што отиде кај Ентони Хопкинс, а не кај Чадвик Босман. Другиве награди горе-долу ги очекував, освен за наградата за странски филм, кој воопшто вака што ѕирнав за што е не ми остави впечаток, ниту пак планирам да го гледам.
Кога излезе режисерот на бината да го подигне оскарот за најдобар странски филм, таков цел ведар насмеан искоментирав стварно колку среќна нација се данциве, кога почна со говорот ме прасплака, стварно жално за смртта на неговата ќерка по само 4 дена од снимањето на филмот. Мадс Микелсен глуми во главна улога така да не се сомневам дека станува збор за одличен филм.
Заслужено според мене. Кој филм беше тоа баш пред некој ден го изгледав и тоа случајно, на форум го сретнав. Како одглуми Ентони, секоја чест, жално ќе беше да не добиеше оскар.