Искочија номинациите за овогодишните оскари кои ќе се одржат на 27.03.2022. Како што можам да забележам, The Power of the Dog со најмногу номинации годинава, а по него Dune. Мене освен Spencer кој ја доби номинацијата за Најдобра актерка во главна улога - Кристен Стујарт, Encanto за Најдобар анимиран филм, и House Of Gucci за Шминка и фризура, друго ништо не ми е изгледано. Изненаден сум што House Of Gucci не доби повеќе номинации, со оглед на тоа што мислам дека добро помина изминатава сезона на филмски награди. Како и да е, маратонот на гледање оскаровски филмови може да започне.
Мене Енканто некако мех ми беше, имаше добра песна или две и толку. Повеќе ми се допадна Раја и се надевам ќе земе Оскар, иако Енканто е поисфорсиран и поверојатно е да победи. Спенсер уште не ми е изгледан, кај и да е ќе го гледам, а и Кинг Ричард ми е на листата. Донт лук ап е одличен, вреди целата фама околу филмот.
Ова го чекав, секоја година го чекам моментот да излезат номинациите за да има што да гледам. Дина- Најдобра кинематографија Лука- Анимиран филм Едвај чекам да ги гледам сите и ќе типувам едит: стварно ми е криво што French dispatch не е номиниран во ниедна категорија...
Не ми е гледан ниту еден од номинираните и единствено Don't look up ми е познат и мислам дека има добри шанси за оскар со оглед на тоа колку е популарен моментално. Ќе дадам поконкретно мислење кога ќе го изгледам
Годинава номинациите за оскар ме потсетуваат на годината кога Паразит беше во трката за главните награди во најважните категории. Точно еден од тие филмови e Drive my car, филм од азиско, поточно јапонско, потекло и е пандан на Паразит баш по бројот и по номинациите во најзначајните категории. Ќе видиме како ќе се одвиваат настаните, но филингот е тој. Азиските филмови, азиската кинематографија полека излегува на површина и е соодветно вреднувана на холивудската сцена. Да ги споделам моите очекувања, предвидувања, прогнози Во категоријата најдобар филм оскарот најверојатно ќе го добие филмот Моќта на кучето од режисерката Џејн Кемпион која е исто така фаворит за оскар за најдобра режија. Кемпион долго време беше во сенка, не беше активна, имаше видливост присутност на филмската сцена 90-те години со неколку филмови, потоа следеше период на стагнација, a годинава како Феникс се издигна од пепелта и таа и нејзиниот филм The Power of the Dog стана најсериозен кандидат за оскар во повеќе категории. Оскарот за најдобар актер најверојатно ќе го добие Вил Смит за улогата во филмот Кралот Ричард, сериозни шанси за оскар има и Бенедикт Кaмбербач. Во категоријата најдобра актерка борбата ќе се води помеѓу Оливија Колман од една страна која последниве три години доминира - преовладува на оскаровската сцена во апсолутна смисла на зборот и Никол Кидман од друга страна. Помали шанси за оскар имаат и одличните актерки Џесика Честејн, Пенелопe Круз и Кристен Стујарт. Од режисерите најголеми шанси има Џејн Кемпион ова е нејзина година, големи шанси има и Кенет Брана со филмот Белфаст (обично Брана сме навикнати да го гледаме во улога на актер, ова е една од ретките улоги на режисер и е вистинско откритие и освежување со филмот Белфаст) но и останатите не се за потценување, особено Пол Томас Андерсон еден од моите најомилени режисери заедно со маестралниот Стивен Спилберг, но и Рисуке Хамагучи може пријатно да изненади. Aпсолутен фаворит во категоријата странски филм е јапонскиот Drive my car. За споредна актерка битката ќе се води помеѓу Кирстен Данст која и најверојатно ќе го освои оскарот, но и Џуди Денч има големи шанси и е мој фаворит. Колку за информација, Џуди е најстарата актерка номинирана за оскар со нејзините 87 години секоја - чест, како и минатата година кога Ентони Хопкинс неочекувано го доби својот втор оскар за улогата во филмот Татко така очекувам и годинава Џуди да се закити со ова признание, таа тоа потполно го заслужува(маестрална актерка). Во категоријата оригинално сценарио мој апсолутен фаворит е филмот на маестралниот Пол Томас Андерсон Licorice Pizza кој ќе го освои оскарот во оваа значајна категорија.
Досега изгледав седум филма од номинираните за Best Picture. Belfast сега видов дека трае 1 и пол саат, па можеби утре ќе го изгледам. Dune не планирам да го гледам, со оглед на тоа што трае два и пол саати, плус Sci-Fi... не можам. Don't Look Up, можеби е добар, ама ептен имам одбивност кон филмот. Дали поради ДиКаприо, дали поради фактот што е изборот на луѓето што гледаат по еден филм годишно... не знам. Утре исто така сакам да го изгледам Being the Ricardos. Никол Кидман не очекувам да разочара. Од изгледаните седум филма, да бидам искрен од никој не бев премногу воодушевен. Мислам дека годинава филмовите се најслаби во последниве 7 години како следам Оскари, со исклучок на лани. Освен The Power of the Dog, на другиве не се ни сеќавам што се случуваше.
Нема ни на нашиве канали, ни на српските. И на хрт1 пренесуваа претходните години, ама сега не го фаќам каналот и не знам дали има, можно е. Инаку може линк да ми пуштиш од твитер?
Гледам моментално на Мтв, позгодно ми е на тв, мада Миланка ме многу нервира. Ја видовте Кристен Стјуарт? Голем промашај, како во петок навечер за во бар да се спремила, катастрофа.
Да бидам искрен не очекував ништо помалку од неа. Мислам дека намерно ја одбрала комбинацијава, руши стереотипи. Туку, што прават Кортни и Тревис на Оскари? Кај не ги сееш, таму никнуваат. Мене досега најубави ми се Зендаја и Емилија Џоунс. Еве моментално ја гледам и Били Ајлиш, weirdly ми се допаѓа.
Зендаја најубава, немаше промашај во последно време и на промоциите на филмовите преубаво се носеше. А Тимоти Шалме го видовте?
Тимоти ретко да ми се допадне со комбинации. И Зои Кравиц ми е преубава мене. Оваа водителкава со машнава најужасно облечена дефинитивно.
Се сложувам за Кортни и Травис не им е местото на оскарите воопшто. Америка е земја на дебили, така да не ме чуди каде год да ги има. А Серена Вилијамс со фустанот тотален промашај, невкусно, ала певаљка. Се сложувам за Зендаја. И Пенелопе Круз ми е преубава целосно. Шегата за Леонардо...Хахахаха.