Денес ги објавија номинациите за овогодишните Оскари, па дојде време традиционално да си отвориме тема и да ги чешламе еден по еден номинираните филмови, актери, тимови итн. Пишете ги вашите претпоставки и споделете што ви е следно на листата за гледање. Не заборавајте да споделите ваши импресии од филмовите кои сте успеале да ги погледнете и отприлика тоа. Може да се фрлиме на коментирање.
Немам ништо гледано. Сега гледав трејлер за Everything Everywhere All at Once и дефинитивно ќе го гледам деновиве, ми стои дека е предобар. Исто и Китот сакам да го гледам, ама нема торент уште. The Fabelmans сте го гледале? Некако монотон ми стои по трејлерот.
Требаше да гласам за Аватар по грешка гласав за Top Gun. Не ни видов дека Аватар е номиниран. Криво ми е, Top Gun не сум го ни гледала. Спојлер Аватар е предобар, трае 190 минути и задржува внимание. Најмоќна сцена а воедно и најтажна е кога умира син му и смртта на китовите ( мајката и младото). Штета што Мајлс го издаде целото племе спасувајќи го непријателот, давајќи му слобода да живее. Додуша, сите кадри беа предобри, го гледав во 3Д и целосно уживав.
Јас само Елвис го имам гледано. Супер филм, ама не мислам дека ќе го земе оскарот. Можеби Батлер, за главна машка улога.
Се решив да го гледам Women Talking и...никаде нема снимка. Премиерата му била во септември, не ми е јасно како сè уште нема снимка ама ете. Не гледам трејлери и го прочитав само краткиот опис па баш ме привлече, ама штета што го нема. Се надевам ќе излезе наскоро добра снимка, а ако некој го најде нека постне линк. Од номинираните за best picture, само The Banshees of Inisherin го имам гледано. Нешто ми вели дека тој ќе го земе оскарот во категоријава, па да видиме. Обично вакви уметнички филмови секогаш се добитни. Навистина имаше прекрасни кадри, тие најмногу ми оставија впечаток. Ме маѓепса целата атмосфера и ми се допадна филмот, но не би рекла дека ми е омилен. Нешто недостигаше за да го размрда, да му даде малку живост. Од анимираните гo гледав Puss in Boots: The Last Wish. Многу ме допре; ме расплака, ме натажи, ме изнасмеа. Баш добра порака има, и подобар е од петходниот, далеку подобар. Но мислам дека нема шанси покрај Пинокио. Ах, и The Batman ми е гледан, го видов номиниран во некоја од категориите. Не очекував да ми остави впечаток, но ми се допадна? Доста добро беше разработен ликот од психолошки аспект. И Патинсон ме изненади. Предолг филм и малку во slow burn темпо, но сепак добар. Продолжението на Knives Out - Glass Onion, и тој ми е гледан. Не беше лош ко за cozy mystery, ама сепак мислам дека оскарот во таа категорија (најдобро адаптирано сценарио) ќе го земе „На Запад ништо ново.“ Треба да го гледам и него, не верувам дека ќе разочара. The Whale со месеци го чекав, баш ме интересира дали Аронофски се враќа со нешто опасно добро. Има снимка? Сите филмови од листата ми фаќаат око и сите сакам да ги гледам. Не знам ни од кај да почнам, не памтам некогаш да ми фатило око буквално сè што видов таму низ листите.
Јас вчера изгледав нешто повеќе од пола, досаден ми беше. Искрено, не знам ни зошто е номиниран, ваљда зошто е на Спилберг за Спилберг. Во септември вака сум пишала: Во меѓувреме изгледав пола од "Tàr" и ми беше предосаден. "The Whale" го немам гледано, чекам торент. Други од овие номинираните што гледав "Elvis" - ми се допаѓа и филмот и глумата мислам дека Austin Butler ќе земе за главна машка улога (иако уште го немам гледано китот); “The Banshees of Inisherin” - ми се допадна глумата и кинематографијата, ама приказната ми беше досадна и банална; “Everything Everywhere All at Once” - ќе освои за интернационален филм; “Triangle of Sadness” - и овој ми беше предосаден, ми се свиѓа само сцената кога бродот се клатеше и сите повраќаа од скапата храна, искрено не знам зошто е номиниран филмов; друго немам гледано. Можно е најдобар филм да земе “All Quiet on the Western Front”, војничките трагични филмови секогаш добро проаѓаат. За женска улога мислам дека ќе земе Ana de Armas, го немам гледано "Blonde", ама се изнаслушав позитивни критики за нејзината улога, башка американците паѓаат на Монро, исто како и на Елвис. Аватар ќе земе за најдобра визуализација, Ke Huy Quan најдобра споредба машка.
Everything Everywhere All at Once е номиниран за најдобар филм, не е за интернационален. И мене ми стои досаден, иако верувам за уметничките души е полн погодок. Ама, јас не сум публика за филмот. За песна се надевам Гага ќе земе, одлична е.
Грешно сум запамтила, сепак “All Quiet on the Western Front” е номиниран и за интернационален. Тука може ќе освои оскар, ако не за best picture.
Од 10 номинирани сум гледала само 6. Не се постигнува. Засега ирскиот The Banshees of Inisherin е мој апсолутен фаворит и според мене има најголеми изгледи. Пишував за него утрово пред да ги објават номинациите Maverick не разочара, ама не ми се верува дека ќе го добие оскарот за најдобар филм, повеќе е наменет за поширока публика. Ми се допаѓа музиката која би сакала да однесе признание, и ептен ми е жал што Том Круз не доби номинација за најдобар актер. Но сега можам раат да навивам за Колин Фарел. Triangle of Sadness ми се допадна солидно, типичен европски филм. Tár е онака, добар. Ветуваше повеќе отколку што испорача, гледајќи го, очекував нешто интересно да се случи, но никогаш не дојде до тој дел. Ама не го исклучувам. The Fabelmans е најслабиот филм на Спилберг што го имам гледано, нека земе Спилберг за режија (иако конкуренцијата му е јака), но би се разочарала доколку самиот филм заврши на пиедесталот само поради името кое е потпишано. Не верувам дека ќе освои. Спојлер Многу, многу далеку од најдобриот филм кој говори за почетоците на еден режисер - Cinema Paradiso Elvis e тинејџерски филм, немам чувство дека припаѓа во категоријава, но сметам дека ја исполни целта да го доближи ликот и делото на легендарниот пејач до помладата публика. Мислам дека The Menu повеќе заслужуваше номинација од последниве два кои ги наведов. И мило ми е што Ана Де Армас е номинирана за најдобра актерка (Blonde мене ми беше ОК филм, иако не го очекував во потесна трка и не се ни најде), таа пренесе најверна имитација на Мерилин на филмско платно, но се чини дека Кејт Бланшет има поголеми шанси. За актер во главна улога го фаворизираат Брендан Фрејзер, се заинтересирав, барав каде да го гледам The Whale и никако не успеав.
Досега само Triangle of Sadness го имам гледано, и тоа уште во август на фестивалот Браќа Манаки. Пријатно бев изненаден и воглавно ми се допадна.
Според мене Аватар ќе биде рекордер во освоени оскари. Најдобра машка улога Батлер во улогата на Елвис
Ги имам изгледано само Елвис и Everything Everywhere All at Once....и двата многу ми се допаднаа, особено глумата на Батлер, а вториов некако целосно како филм многу уникатен и креативен...треба да ги изгледам и другите за да одберам фаворити. И мене ми фали тој на листава, многу е добар.
+1 Јас баш се изненадив што го нема меѓу номинираните филмови. Многу ми се допадна. Уникатен филм без влакна на јазик, со умешен, интелигентен хумор, одлична актерска екипа, ептен ми остави впечаток ама ете...штета.
Ќе се самоцитирам за огромната глупост која ја напишав Колку што видов Аватар само 4 номинации а се си мислев дека во повеќе категории го има, по мое видување Елвис е со најмногу номинации ако не грешам
Everything, everywhere... го симнував 100 пати и никако да го почнам, последниот коментар од другарка е дека не е за мене, не си знаел што гледаш. А јас очекував многу. И, сега не знам дали да го гледам. Мислам дека не. За другиве не знам што да кажам. Аватар растури по кината низ светот и слушнав дека вреди од аспект на кинематографија, слика. За приказната не можам да коментирам - не сум го гледал. Елвис го почнав и го оставив на пола, предолг ми беше и, искрено, досаден. МЕНИТО ми е филм на годината мене, без разлика што не е номиниран во ниту една категорија. Веќе ништо не ме чуди, и Оскарите не се тоа што беа. Се номинира сѐ и свашта, и таму има врски триста илјади... Колку само филмови има кои заслужуваат да се на листата на номинирани ама, ете, тоа е. Виола Дејвис, пример, ме изненади што не е номинирана. И Бред Пит, исто така. Но, што е - тука е. Порано запнував и од номинации до главна вечер морав да изгледам сѐ, од документарци до кратки анимирани (сѐ што можев да најдам онлајн). Од пред некоја година почнав да не практикувам, немам нерви, а и голем дел од номинираните не се по мој вкус и не гледам причина зошто да се мачам, па не сум филмски критичар кој мора да издржи свашта ))))) А, да. За песна... Не сум ја слушал Гага, ама мене ми е скроз фина Лифт ми ап на Ријана. Би сакал таа да го земе оскарот, зашто се враќа на сцената и мислам дека е совршен тајминг за нешто вакво да ѝ се случи. Во најмала рака, се радувам ако воопшто ги отпеат песните во живо на самата оскаровска вечер. Реално, високи се можностите да се случи тоа.
Мислам дека е прва година од последниве неколку кај што сите филмови од номинираните за best picture сакам да ги гледам. Ги имам изгледано Elvis & Everything everywhere all at once. Elvis е навистина добар, меѓутоа не мислам дека ќе го земе оскарот. Austin Butler го има доловено Елвис маестрално, и ќе навивав за него за оскар за главна машка улога да не беше номиниран Brendan Fraser, човеков заслужува оскар, иако го немам гледано се уште The Whale. Првичниот впечаток за Everything everywhere all at once ми беше дека не мораше да е баш толку долг, ама после некое време сфатив дека сепак целовкупно беше одлична приказна и покрај времетраењето. Убава приказна стварно има, и скроз онака weird e ко за оскаровски филм. Од цртаните само Puss in boots: the last wish ми е гледан и си пуштив солзи, ептен ептен wholesome беше, ќе ги гледам и Guillermo del Toro's Pinocchio, The Sea Beast & Turning Red, ама мислам или мачаков во чизми или пинокио ќе земе. Да ги изгледам повеќето филмови, па ќе дојдам пак да прокоментирам