Оспорување на наследство

Дискусија во 'Правни совети' започната од Бети-бетче, 22 декември 2015.

  1. Бети-бетче

    Бети-бетче Нов член

    Се зачлени на:
    22 декември 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Имам покренато оставнинска постапка за имот од дедо ми, меѓутоа еден од наследниците не дава документ,т.е. умреница за починатиот сопруг кој е син на дедо ми,затоа што не сака да се дели имотот за да не добиеме ние ништо од тој имот(буквално тоа и ни го кажа), Дали нотарот кој го води предметот има право службено да побара умреница од матичарот , дали доколку има право, ке добие оригинален документ (умреница),ова го прашувам затоа што еден службеник ми рече дека наводно нотарот ќе напишел некаков извештај врз основа на податоците што ке ги добиел од матичарот,што мене ми е некако нелогично, јас сметам дека мора да има оригинален документ,се друго мислам дека е фалсификат и дали може да ја попречи,т.е. да не дозволи да се спроведи оставнинската постапка?
    Искрено се надевам дека ќе ми помогнете и ќе ми одговорите,
    Ви благодарам,
    Со почит- Бети
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.511
    Се разбира дека нотарот може да добие таков документ. Појди најди си адвокат и нека си среди се што треба, вака со нотари и некои тамо службеници не знам што да кажам.
     
  3. Бети-бетче

    Бети-бетче Нов член

    Се зачлени на:
    22 декември 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    , Би Ве замолила ако можете да ми помогнете.Ве молам само внимателно прочитајте,обрнете внимание на податоците.
    Еве за што се работи: свекор ми почина во ноември 1996г.,што значи во ноември 2016г.се наполнуваат 20г. Во септември 2014 покренавме оставнинска постапка за неговиот имот, која се одложи заради средување на сопственост на имотот во катастар, конечно и таму се среди.Бидејки мојот сопруг почина пред свекор ми ,наследници се моите две деца.Девер ми исто така беше наследник ,но пред извесно време и тој почина .Сега наследници се и неговата сопруга и неговите две деца.Меѓутоа сопругата на девер ми не сака да се дели имотот, сака да земи се,целиот имот од свекор ми, моите деца да немаат ништо.Затоа прави проблеми, недава умреница,така да нотарот кој го води предметот службено побара умреница. Вероватно таа мисли дека ако поминат 20г од смртта на свекор ми ке го добие сиот имот по право на владеење и се прави само да се одложи оставнинската постапка.Ве молам,прашањето ми е дали може да го постигне тоа ,бидејќи за неколку дена веќе ќе биде 2016г, или пак тој тек на 20г се запира со самото поднесување на барањето за оставнина.?
    Искрено се надевам на ваша помош
    од срце ви благодарам
    Со почит-Мирјана мајка и на Бети
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.511
    Не знам јас што да кажам пошто не сум правник.
    Најдобро е да си прашаш адвокатза мислење.
    Со срека
     
  5. Бети-бетче

    Бети-бетче Нов член

    Се зачлени на:
    22 декември 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    izvinete mislev deka ste pravnik,sepak blagodaram
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.