1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отворање на свадбата - класично со валцер или нешто друго?

Дискусија во 'Свадба' започната од Hopeful, 16 октомври 2010.

  1. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Повеќето свадби кај нас се отвораат класично - со валцер кој што го започнуваат младоженците, па потоа им се придружуваат и другите гости. На сите свадби каде што сум била почетокот на свадбата бил токму ваков - со валцер.
    Какви се вашите размислувања во врска со ова, дали вашата желба е сопствената свадба да ја започнете со елегантен валцер или пак поинаку - на несекојдневен начин: во рок стил, изведувајќи некој откачен танц или нешто сосема поинаку?
     
  2. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    јас си сакам класична свадба,и отварање со валцер и се онака традиционално како што си е,не ми се допагаат баш оние некои модерни свадби шо ги праат сега,со рок музика или слично,као да е журка..журка можеш да направиш кога сакаш.а свадба еднаш се прави..едино шо би сакала да исфрлам е она дарување со бовчи,тоа ми е многу заморно,ке утепаш мноооогу време пред свадбата во барање на соодветни поклони за дарување а пак нема да погодиш на сите :D подобро или некое парче злато или ич да не се дарува. :D а со се тиче валцерот за отварање обавезно,треба да го учам дечкоми зошо убаво знам да го играм валцерот со брзо вртенје онака правилно као со треба а он не. :P
     
    На eutixismena, girl1985 и Hopeful им се допаѓа ова.
  3. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    хахах како се погоди темава само што се вратив од свадба. Отварањето беше како и секогаш со валцер. Сложувам се со тања дека не ми се допаѓа отварање со рок музика.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Ја отворив темава, не дека планирам да се мажам, барем не во следниве 7,8,9 години, туку дека ми изгледаше интересно да ги споделиме нашите размислувања околу ова. Јас отсекогаш сакав мојата свадба со мојот младоженец да ја отвориме со валцер на некоја убава љубовна песна затоа што тоа ми изгледа елегантно, грациозно, префинето. Многу сакам кога младоженците знаат правилно, усогласено и во ритамот на музиката да го изиграат валцерот, кога знаат сите движења да ги изведат беспрекорно ( Инаку и мојот маж ако не знае да игра валцер обавезно ќе го учам :P ). Повеќе сум за ова класичново, но и инаку би било интересно, па така, откако пред 10-тина минути го гледав видеото од "Time of my life" од филмот "Dirty Dancing" , што многу ми се допаѓа, си помислив дека многу интересно, убаво, несекојдневно и настрана од класиката би било да се започне свадбата, на пример со овој танц. Многу ми се допадна идејава!
    http://www.youtube.com/watch?v=WpmILPAcRQo
     
    На BunnyGirl и TeAmoTeAmo им се допаѓа ова.
  5. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    би било убаво и така ама да е младоженецот професионален танчер,еее ако не е,оди та научи го да игра така,ма и свадба ке откажеш и све :D just kidding
     
  6. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    И јас мислам дека е добро доколку се прави класична свадба и отварањето да биде класично со валцер т.е. "првиот танц". Е сега сметам дека е многу добро тоа што секој пар си има своја заедничка песна, па со неа започнува танцот, т.е. се танцува на таа песна. Со тоа станува уникатно, иако денес повеќето ја избираат "Од овој ден" од Владо Јаневски ,што за мене е глупо :)
    Доколку свадбата не е од оние класичните тогаш веќе има и друг начин на "отварање" зависно од тоа кој каков стил си негува.
     
  7. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Вистина така е, ама пак колку-толку ако може да поднаучи нешто, барем приближно, не мора со сите нишани :P ама ако е пак некој ич главата што не му фаќа, па да се испогазиме таму, да се изотепаме, наместо да ме сврти да ме исфрли во масите, тогаш подобро ич да не се нафаќаме :P :D
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Само што се вратив од свадба која класично започна со валцер :)
    Па мене не ми звучи лошо валцерот за почеток на свадба и многу ми се допаѓа кога младите знаат убаво да го играат,иако тоа ретко се случува :|
    А кога јас би правела свадба,би сакала да почне со" Од овој ден"
     
    На gabence му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Не го сакав класичниот свадбарски валцер - ептен ми е клише некако, сите со истата музика отвораат. А освен тоа, да бидеме реални - никој и не игра валцер во вистинска смисла на зборот. Она што сите по свадби го играат е класичен стискавец, и ништо повеќе.
    Инаку, отворањето на мојата свадба беше со блок од три песни од Елвис Присли - и јас и мојот сопруг го сакаме, па логично ни беше некои негови песни да одбереме - ја отворивме со Love me tender, продолживме со Today, tomorrow and forever и завршивме со Unchained melody (верзијата испеана од Елвис). И беше преубаво. На последните свадби на кои сум била, отворањето било со песната „Од овој ден“ од Владо Јаневски, и тоа веќе некако клише ми стана. А убаво е ако одат младенците на некој курс за танцување претходно, би било убаво кога би се отворила свадбата со вистински валцер. Ама вистински! Познавам еден пар, што сигурно ќе приреди шоу на сопствената свадба - и одвај чекам да го видам тоа!
     
    На Hipster и Hopeful им се допаѓа ова.
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    МНогу ми е брзо ова за на свадба. Инаку јас пред да се мажам ке одам на часови по танц, за да валцерот со партнерот ни биде профи :lol: И да, би можела прва песна да ни биде ОД ОВОЈ ДЕН
    од Владо јаневски :) Све сум испланирала... :lol: :lol: уште да поминат неколку години и спремна за мажење :)
     
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Cо класичен валцер...едвај чекав да завршиме |( сега да се мажев ке барав нешто друго да направиме или изведиме
     
  12. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    Од овој ден- Владо Јаневски...таа ми беше најидеална за нашата свадба ни се поклопи со се што ни се случуваше пред тоа..испадна супер
     
    На TeAmoTeAmo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    имам некоја замисла свадбата да ја отвориме со песната на која ме запроси а притоа сакаме да направиме некоја кореографија за истата и да биде баш интересно,(али колку ова второво ќе се исполни ќе видиме) и после да свират уште една така романтична по негов избор е сега не ми текнува која си ја сакаше он. меѓутоа сигурно нема да биде виенски валцер, ако идам веќе со валцер ќе биде некој македонски
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  14. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    женски музиката од валцерот каде можам да ја најдам барав на youtube ја нема ако некоја знае нека ја постира.
     
  15. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Ми се допаѓа и свадбениот валцер,ама кога ке се мажам сакам да ми ја свират
    http://www.youtube.com/watch?v=7vmvRgwvMdY

    А ке си ја играм со чекорите на свадбениот валцер т.е. колку можам ке ги вклопам :lol:
     
    На Lacrymosa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Никако кореографија, јас не сакам да ми се смејат на моите "одлични" танчерски способности. А уште повеќе на неговите кои се "подобри" од моите :rofl:

    Јас сум рекла сакам лично Владо Јаневски да ми пее некоја песна. Може Од овој ден, ама таа ја пејат секаде, ќе видиме. Ама он да ми ја пее. Или некоја од Оливер Драгоевич песна, ако веќе Владо бара многу пари за само 1 песна :lol:
     
    На TeAmoTeAmo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    пред месец дена бев на свадба во Србија. Свадбава не започна со валцер и беше некако турли тава. Бевме бајаги луѓе од Македонија ( околу 40тина ) и никој од нас не стана да игра да се фати за орце чунки сите го чекавме валцерот. Србите си се фатија си почнаа да играат ние си чекавме ко телиња..

    инаку да, сакам на свадбата да го имаме свадбениот валцер, ако треба месец дена уназад ќе ги учам тие што ќе ми свират на свадба како да ја исвират/испеат Dodji од Parni Valjak "нашата песна" :)
     
    На TeAmoTeAmo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.493
    Бивши танчер е и тоа опасен,сто посто ча-ча-ча ќе играме,евентуално самба,а може и румба да се испофаќаме пред сите без срам,нека пукаат сеир и онака ќе ги занима како ни е љубовниот живот,па ете начин! :D :D :D

    Шала на страна,валцер си е валцер,кој како сака,секоја девојка си има сон,мојот сон не е толку врзан за цела таа еуфорија,кој како сака нека сфати,би сакала да си ја отворам свадбата со валцер и тоа не со него,туку со татко ми (првите две-три минутки де),па нека ме даде на него.Татко ми има посебна улога во мојов свет и исто така е добар танчер,па по свадби кога одиме сите чичиња му љубоморат дека игра со ќерка му и тоа со посебна гордост!Да си знае од кого ме земал,цел живот со кого сум играла и учела(сите тие швалерски вештини и машко понашање :D ),ама последниот танц е за него и ај така!


    http://www.youtube.com/watch?v=n-XQ26KePUQ
     
    На BunnyGirl, Hipster, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    На нашата свадба со маж ми се договоривме да ни ја свират за отварање Сонце за три света од Мики Џафер. Песната е супер што се однесува за наш вкус,а и онака ја слушаме во посебни моменти.
    На свадбата на золва ми и свиреа песна од Тоше, бидејќи таа беше преголем фан, ни еден концерт немаше испуштено. Валцерот не ми се допаѓа веќе, излитена работа.
     
  20. TeAmoTeAmo

    TeAmoTeAmo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    јас мислам дека треба да почне свадбата со танцот на младите(кои претходно го имаат вежбано)
    и потоа уште неколку песни за валцер :)