1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отежнато мокрење

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Gossip-B, 4 јули 2012.

  1. Gossip-B

    Gossip-B Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    33
    Здраво феминки!
    Неможев да најдам соодветно место за мојот проблем па си отворив нова тема :)
    Проблемот кај мене е тоа што кога ми се оди во WC(мислам за мокрење) не можам да одам често,а да не зборувам ако сум некаде надвор од дома излезена пр.во кафич НИКОГАШ не мокрам иако чувствувам дека ќе ми прсне бешиката.Си испитав и мокрача и крв и бев на гинеколог -Папа тест и ехо и нема ништо,значи се е во ред,само што јас се потешко и потешко можам да се измокрам.Пиев увин чај,брусница,антибиотци и сл. али се е моментално додека сум на терапија, после пак истото.
    Сега треба да одам на одмор и се плашам како ќе издржам по пат :(

    Ако има некој некое искуство или препорака Ве молам да ми пише... Мерси :worried:
     
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ох леле јас па мислев дека сум единствена што има ваков проблем...
    Значи ми се случува да ми се плачи од што ми се моча, а кога ќе седнам на шоља не сака и не сака...
    Кога сум дома можам,ама кога сум на туѓо место едноставно не можам
    Кога бевме на ескурзија 7 дена замили првите 2 дена не бев воопшто појдена во вц ке седнам на шоља
    и џабе залудно..
    или ако мислам дека има некој во близина и може да го чуе од пшшшшшшшшш нема шанса да се измочам !
    во последно време почнува мнг да ме загрижува овој проблем ако најдеш ти некое решшшение веднаш кажими
     
  3. Gossip-B

    Gossip-B Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    33
    ако има некој во близина,да ме чека исто нема шанси да појдам во вц,седам ко на трња, неможам да се сконцентрирам и џабе седам не бива зорле убавинааааа...бев на одмор и едвај издржав по пат едвајјјјјјјј
    ...незнам дали има чаре за ова,ако најдам ти пишувам обавезно,зошто знам како колку е ТЕШКО сето ова!!!
     
  4. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сум слушала дека ова им се случувало на мноогу луѓе ама стварно незнам од што е и сакам да знам :?:
    Мене еднаш ми беше така , отидов на лекар ми рекоа јака настинка на бешиката , ама јас од кога ке отидев во веце ке излезев и веднаш после пак ми се одеше и кога ке отидев, капка по капка а мислам којзнае колку ! :?: :?: :?: