Откажување од верата - искушенија

Дискусија во 'Религија' започната од Chica.Loca, 20 април 2017.

  1. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.260
    Темата ја видов на Кајгана форум, па добив идеја да ја направам.

    Пред се ќе ве замолам без оф - топици, осудувања, навреди и сл. :)

    Темата ја отварам за да споделите, дали сте се нашле во искушенија, како се справувате со нив?
    Дали во некој лош период, сте ја изгубиле верата во Бог? (сте размислувале да има, не би биле во ваква ситуација).

    Да почнам од мене и ќе се обидам да бидам кратка. :lol:
    Како што имам пишано во друга тема, крстена сум, верувам во Бог, а темелот на моето верување се родителите.
    Но, читајќи во категоријата Религија, почнав да увидувам дека толку многу работи не знам за мојата религија. Полека почнав да учам (се` уште имам за учење).

    Но, неизбежни се искушенијата.
    Во моментот се чувствувам како борба да ми се води во глава.
    Од една страна се трудам да одам по правилниот пат, од друга има момент кога помислам, па зошто да се трудам кога е за џабе. И така во круг. :o:
    Еднаш сум одлучна да одам на исповед, другпат не ...
    Еден ден се мислам да постам, и така пред постите се откажувам, бидејќи ми се гледа како многу тешко ...
    Некогаш сум позитивна, некогаш имам црни мисли и не е лесно да ги извадиш од глава.
    Но, колку и да ми е тешко на моменти, не се откажувам од вербата во Бог.

    Се надевам дека темата е интересна :wasntme: и ќе споделете ваше искуство. :)
     
    На КикиМаус, fallenangel, sonuvana и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    3.953
    Допаѓања:
    45.488
    ВерБата во Бога ?

    Секогаш и во било каква ситуација да сум, јас се наслонувам на Господа и верувам дека ке испадне како што е најдобро за мене, пошто нели, јас, скоро секогаш се молам Господ да ми даде што е најдобро за мене а не јас што сакам.
    Е, во одредени ситуации пак се молам за она што го сакам.
    Никогаш Господ не ме разочарал. Благодарна сум за се.

    Понекогаш велиме како е пишано така, но ако нешто навистина искрено посакуваме, пример го посакуваме спротивното, со искрена молитва тоа и да е пишано ке се смени. Аллах така вели во Кур'анот.

    Никогаш не се губи надеж и верба во Бога.
    Само треба искреност. Всушност тоа е и базата на верата, искреноста.
    Секој може да ти суди по изгледот и делата што ти ги гледа НО само Еден ни ги знае срцата, и тоа подобро од нас...
    А искушенија има секој човек.
    Во Исламот искушенијата се според иманот. Што повеќе си во вера повеќе искушенија Господ ти дава да те види дали ке издржиш или ке се слизнеш.
    За секое искушение прво трпение
    Ти праќа па тек искушението.

    Се надевам не забегав од темава, ова ми дојде да го пишам :D
     
    На tessie, Meyremce, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    49.378
    Пол:
    Женски
    Секој од нас со искушенија се бори секојдневно. Некои од нив лесно ги совладуваме, но некои се вистински и тешки борби. Постојано се случува нешто кое би не оддалечило од Бога. Една поука од с.Јосиф Исихаст гласи: „Во секоја битка со непријателот мораш да излезеш победник. Или умри во подвигот или победи со Бог. Друг пат не постои.“
    Сум се нашла во состојба да го обвинувам Бог кога ќе ми се случи нешто лошо, сметав дека Тој ме казнува, се прашував што лошо сум направила за да ме казни. Тоа беше одамна, кога и јас сеуште не бев доволно запознаена со својата вера. Сега, кога ми е тешко, јас не се лутам на Бог, туку јас од Него барам да ми даде сила и да ми помогне. Лошото доаѓа заради гревовите, заради искушенијата пред кои сме потклекнале. И навистина, јас ја добивам таа сила и таа помош која ја барам, Бог ги слуша моите молитви и ги исполнува.
    Искушенијата треба да не доближуваат, а не да не оддалечуваат од Бога.

    Сите тие мисли кои ти доаѓаат во глава, кои те разубедуваат за исповетта, кои те разубедуваат за доброто однесување и послушноста, кои не ти даваат мир, тие мисли ги има кај секој, а тоа се најлесните битки. Како што кажав погоре, молитвата е чудо. Ако искрено се помолиш и ако со сето срце се отвориш пред Бога, Тој ќе ти помогне и ти ќе успееш да ги победиш тие мисли кои те кочат во патот кон Бога. Но, секако дека и самата треба да бидеш решена да не потклекнуваш пред нив.

    Животот е борба. Ние треба самите да се бориме со искушенијата а тогаш кога не можеме, Бог е тука да ни помогне. Ние само треба да не се оддалечуваме од Него и да му веруваме. :)
     
    На tessie, Таа Сум, DeepBlue и 5 други им се допаѓа ова.
  4. LanaSGirl

    LanaSGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.072
    Пол:
    Женски
    Јас како атеист..да крстена сум т.е ме крстиле но не верувам во хрстијанство, муслиманство или не знам што. Верувам во Бога, но го замислувам како една виша сила (универзум) која што може се, а не како Исус или Алах и др.Што значи од верата можеби сум се откажала, но од вербата дека Бог постои никогаш нема да се откажам! Како што дава добро на човек така дава и искушенија низ кои мораме да поминеме. Мое лично мислење е дека тоа нема никаква врска со одредена религија. Со искушенијата учиме кои поточно сме и што точно сакаме. И да почитувам секое мислење и секоја вера.
     
    На Dashing:), КикиМаус и Bescheiden им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.083
    Пол:
    Женски
    За мене е бесмислено кога луѓето навлегуваат во вера, млади луѓе во 21-виот век...
    На крајот од денот, и атеистот си легнува со полн или со празен стомак, исто како и верникот.
     
    На Angie.sec, Mishela, Dream-Girl и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Машки
    Колку што гледам ти немаш искушение за откажување од верата туку побожноста ти доаѓа и си оди во бранови. Некогаш плима, некогаш осека.

    Искушение за откажување од верата би било да добиеш идеи што би те натерале да размислиш дали реално постои бог или можеби да помислиш дека тој бог во кој веруваш не е вистинскиот.
     
    На Читател, Gosh, КикиМаус и 5 други им се допаѓа ова.
  7. zoran43m.k

    zoran43m.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Машки
    Ако имаш дома нов завет (библија) прочитај го 7-мото поглавје од посланието на светиот апостол Павле до римјаните , ке се изненадиш колку многу разбиранје има христијанството за секое наше расположение .претпоставувам дека си православна христијанка и ти препорацувам ако немаш , да си купиш "нов завет" од некој наш православен христијански храм , (чини околу 150 ден.)
     
    На melnicanecot, sonuvana, Chica.Loca и 4 други им се допаѓа ова.
  8. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.385
    Бог си има Своја Божествена Промисла, и се грижи за секој еден од нас. Имај на ум дека „никој не може да влезе во Царството Небесно без искушенија. Бидејќи е кажано: тргни ги искушенијата и никој нема да се спаси.“ (Свети Антониј Велики)

    Па, има една мала а битна разлика, но нема да одам подалеку, само ќе кажам дека верникот и сит и гладен се предава во рацете на Бога, колку и безумно тоа да му изгледа на еден атеист :)
     
    Последна измена од модератор: 20 април 2017
    На Таа Сум, kuc, melnicanecot и 7 други им се допаѓа ова.
  9. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Машки
    Sega celosno se otkazav od verbata posle se so mi se sluci vo zivotot.Ne mi treba da veruvam,znam deka gospod ne postoj i podobro se osekam da vi kazam,mnogu sum poopusten zosto ako veruvav vo gospod ke se prasuvav zosto jas sum kaznet i ke se obvinuvav sebe,ke se prasuvav sto tolku loso sum napravil za da ostanam sosem sam,a vaka odbrav da ziveam vo realnosta.I da postoi gospod ne mi treba ako e vakov :D
     
    На Gosh, Bescheiden, Anon и 2 други им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    Атеист е човек кој не верува во никаква божја сила а теист е човек без религија но верува во Бог
     
    На Antebellum, Читател, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.628
    Допаѓања:
    100.147
    Пол:
    Женски
    За себе можам да кажам дека сум пристаник на слепа вера.
    Верувам со цело срце и душа, без притоа да барам логичности,одговори,докази.
    Она што го доживувам од таа моја верност ми е сосем доволно за само повеќе и поцврсто да верувам.
    И секојдневната молитва која ја упатувам, првенствено "порачува" - не воведувај ме во искушение.
    Искушенијата се дел од секојдневието. Како од надвор така и од самите себе, постојано сме искушувани.
    Но, колку треба да доживее човек за од верник да дојде да се откаже од верата?! Вистинскиот верник никогаш не би стасал до такво нешто, туку само оној кој во својата вера се сомневал. Тоа е мое мислење.
    Иако, најголем дел, верници сме по наследство од родителите, крстени сме, традиција е во семејството...но,сепак, секој во својот животен тек преку своите порази и успеси над овие искушенија ќе си одреди сам дали таа наметната традиционална вера ќе ја негува и доживее искрено или ќе ја искорени.
    Мене лично моите искушенија ме доближаа само повеќе до Бога.
    И самата Библија сведочи дека баш кога човекот се оддалечува, со цел Бог да го врати на правиот пат,ја става на тест неговата вера.
    Има бројни сведоштва за окорели атеисти кои се нашле на работ на животот и после тоа искуство се вратиле како верници.
    Многу искушенија сум имала низ животот и нови допрва ќе следат, но човек сум и грешник сум и верник сум.
    Често грешно се доживува тоа дека ако некој е верник треба да е и безгрешен. Зар има некој таков? Воопшто!?
     
    На BabyStyle, kuc, Selest и 11 други им се допаѓа ова.
  12. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.385
    Секогаш ме бунел тој стих, бидете будни и молете се за да не паднете во искушение, но еднаш во детска Библија прочитав, за да не паднете кога сте искушувани, и оттогаш ми е јасно значи искушенија има но има и излез од искушенијата, наше е само да се потрудиме.
    Инаку живот без вера е е живот без врска, најпросто кажано.
     
    На elenkata20, Selest, melnicanecot и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.260
    Добро, можеби тоа што го наведов не се искушенија кое ме водат да ја преиспитам верата во Бог, бидејќи јас верувам во Бог. :)

    Но, во моментов се чувствувам како да сум во искушение, дали без разлика на се` нема да се откажам и ќе се трудам да одам по правилниот пат или ќе се откажам и оддалечам од Бог.
    Понекогаш немам надеж дека утре ќе биде подобро, можеби на некој начин и лута, си велиш зошто ова се случува, не е фер ...

    Од друга страна си велам, сето ова е искушение, Божја промисла.
    Бог знае што е најдобро за мене и да не се откажувам.

    И поради ова се чувствувам како да се води војна во главата, еднаш натежнуваат добрите мисли, другпат лошите. :)
     
    На melnicanecot, Rama, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    67.548
    Пол:
    Машки
    Никогаш не би се откажал од верата,чим не се откажав кога ми беше најтешко во животот,кога Бог ми ги зема најдобрите од фамилијата и најпотребната ми МАЈКА,не се откажав нема ни да се откажам.Верувам во Господ од секогаш сум верувал,и ке верувам,признавам да грешник сум и си ги признавам секогаш грешките и се покајувам за истите.Божјата сила ме движи низ животот,и ми дава све повеќе и повеќе сила,да бидам човек за пример,човек кој си го сака и почитува Бог.
     
    На BabyStyle, melnicanecot, ZAHRA и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    840
    Пол:
    Женски
    Nikogas ne sum se otkazala od Bog bidejki nikogas ne sum ni veruvala vo nego :D Od mala vozrast koga pocnav da ja razgleduvam sustinata na verata i da se informiram okulu nejze sfativ deka toa ne e za mene.
    Ne mozam se ona sto mi se slucuva da go prepisuvam na visa sila, podobro da imam neodgovoreni prasanja otkolku da gi odgovoram so tolku diskutabilna tema.
    Ne se smetam za "gresnik" bidejki gresenjeto e subjektivna rabota. Se gradam od den za den da bidam sto podobar covek, onaka kako sto smetam deka e najdobro. I mojot zivot ima smisla, ne e bez veze kako sto pisal pogore nekoj clen, vsusnost ne poznavam nikoj ziv sto smeta deka vodi zivot bez smisla, pak, i toa e subjektivno.
    Sekoj so svoeto.
     
    Последна измена: 21 април 2017
    На crimson, Читател, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  16. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Мое најголемо искушение е љубопитноста, желбата да чепнам и осознаам понешто од најразличните духовни знаења.
    Отсекогаш верник декларативно, чекорев по најразновидни патеки, но милостта Божја ми се покажа кога ми беше најпотребна.
    Денес ми е некако едноставно да ги препознаам искушенијата кои се дел од животот и толку често заводливи, па не ми е јасно зошто таа едноставност ме одминувала порано.
    Вистинските верници се најчесто тивки, благи и смирени, се молам за тој спокој кој ти помага да чекориш лесно. Ретки од нив се помалку јуродиви, но и тоа е по милоста Божја. Драго ми е што ми се појавуваат на патот и што и низ нив ја чувствувам вистината.
    Инаку, сигурна сум дека Господ им праќа големи искушенија само на најјаките, додека на сите нас во светот ни се покажува повеќе преку милост, кога ни е потребна.
    Сите останати искушенија, кои доаѓаат од темната страна, со тек на време и преку молитва и верба некако се полесно ги избегнуваме.
     
    На tessie, Orthophill, melnicanecot и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    193
    Никогаш животот не сум го гледала низ призмата на вера... како мала тоа ме правеше да се чувствувам различно од другите.. сите од дома сме учени да веруваме во некој си бог таму.
    Ова прашање долг период ми беше дискутабилно, се додека еден ден решив да не посветувам толку внимание и енергија на нешто што едноставно не постои. Од тој ден натаму, се` во животот ми тргна. Бев послободна, стабилна и знаев дека работите зависат од мене, и само од мене. Во никој момент од животот не сум била поцврста и одлучна. Не постојат виши сили. Постоиме само ние. Не треба да ве плаши помислата од тоа.
    Можеби религијата за мене има преголеми барања и критериуми, кои јас не можам да ги исполнам, ете. Толку едноставно може да биде.
    10 години сум атеист(без влегување во цркви, и следење традиции и празници) и никогаш во животот посреќна не сум била! Со сигурност можам да кажам... декада во која многу постигнав и сум исполнета, споредбено со декадата во која бев верник, или пробував да бидам, а се осеќав мизерно.

    Ме ќефи да видам толку млади, разумни атеисти и во ужасно-конзервативно место како македонија :lol: :clap:
     
    На Lella, Читател, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    49.378
    Пол:
    Женски
    Мене пак, животот ми се промени кон подобро откако станав верник. :) И она што ме ќефи е кога ќе видам како секој си ги собира плодовите од она што си го насадил. :)
     
    На Таа Сум, elenkata20, Selest и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    5.797
    Пол:
    Машки
    До пред 5 години бев верник, но не бев предмногу информиран, начитан или слично. Верував од проста прочина што таков беше адетод во моето поблиско и пошироко семејство. Сите тие приказни ми влеваа страв ако не верувам.

    Паметам дека со најдобриот другар првпат разговаравме за таа тема кој беше атеист. И му велев дека не сакам да ми зборувам за тоа дека нема Бог, чудно ми беше, чувствував некаков страв, предходно немав сретнато некој да ми го зборува спротивното. Свесен бев дека така ми било само всадено во оваа кревка глава. После една недела пројдов во размислување, и сам дојдов до заклучок спротивен од тоа што го имав предходно. И така почнавме дискусии, истражувања, дебати и се повеќе да се просветлувам од тој аспект.
    (Му благодарам што он е првиот кој ме поттикна да зборувам за оваа тема. Згора на тоа пред 3 години бевме соочени со религиска да ја речам организација каде што ОН во таа ситуација подпадна под тие убедувања, искрено ме изненади, па јас успеав да го вратам во нормала. Фактички он ме променил мене, ми помогнал, а тоа нему му се враќа подоцна т.е. јас да му помогнам за истото) :lol: ( иако е оф топик ама сакав да ви споделам )

    Значи во последниве 5 години јас сум атеист. Се чувствувам одлично, го држам животот во мои раце. Психички сум стабилен. Не велам дека сите треба да се или тие што веруваат не се, но препуштањето на животот во некоја виша сила е само добра утеха. feel free to do that.

    ( иако тоа е само еден детал од оваа широка тема, да не забегувам, тука прекинувам )


    ПозЗ3³ ®
     
    На Lella, Anon, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    3.072
    Тоа не мора да бидат искушенија, туку можат да бидат укажувања од Бог и нашата душа да преиспитаме зошто го мислиме и правиме тоа што го мислиме и правиме, и дали тоа соодветствува на вистината или е нешто кое душата и свеста ни ја држи ограничена, можеби дури и заробена.

    Треба да се има в предвид дека едно нешто е постоењето на Бог, а нешто сосема друго може да биде што создале луѓето како традиција и обичаи поради нивното верување во Бог. Едно е да се следат Божјите заповеди, а сосема друго е да се следат традициите, сè едно на која религија припаѓаат тие обичаи и колку се тие древни.

    Многумина луѓе на пр. веруваат во Исус и го почитуваат, но малкумина го следат и практицираат неговото учење. Токму Исус не се замарал со традицијата на неговите родители и современици, туку ја истакнувал потребата од добрина, од етичко постапување. (велел Она што сакате вам да ви го прават, правете им го и вие на другите! и тн.).
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.