Откажување од факултетот

Дискусија во 'Образование' започната од doctorgreyxo, 2 февруари 2017.

  1. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.Ако има ваква тема слободно в канта.
    Имам еден проблем во врска со студирањето.Студирам во друг град, далеку од се.Во прва година си реков ќе се отпишам, тешко ми беше и јас ко за инает положив се.А искрено не се замарав многу,и ете учев ама буквално лабаво.Се случија непредвидени работи требаше да си одам од државата, и веќе бев одлучена да се отпишам, но се смени планот и останав тука и продолжив.До сега имам по се фатено услов(така е на нашиот факс) и имам еден положено и тоа така отидов со минимално знаење.Го сакам ова што го учам.Мноогу, но имам многу проблеми.Тоа што имам дечко од мојот град е последна минимална причина.Тој ми вика да не се откажувам, ме бодри...
    Од друга страна имам преееголеми проблеми со татко ми, и општо со моите дома.Но, најмногу со него.Ме навреди многу, порано ме поддржуваше а сега не.Сега стана многу суров, не ме сака, ме нарекува со секакви зборови.. мене ужасно ме повреди.Јас имам дечко и одиме долго време, тој се лути оти сум излезена цело време..итн.
    Но, и многу други причини.Јас учев до сега.Се трудев.Сакав.Не сум паднала испит досега, не спиев, не јадев, умирав,плачев.. цел свет ми беше срушен и успеав да најдам време за се и за дечко и за сеее..факултетот не го запоставив и вложив многу труд.
    Поради многу причини сакам да се отпишам.Немам мир, психички сум болна, не ми е паметот тука,заборавам, плачам,се нервирам,имам и финансиски проблеми знам дека немаат моите, а татко ми не дава пари, до сега 1000 денари ако ми дал, се дедо и баба плаќале.Ама нема да можи вечно така.Тие ми се поддршка и мама и дечкото.Но, како што кажав.. јас немам сила повеќе.
    А го сакам овој факултет но неможам.На средина сум.Не знам што е правилно Ќе останам без факултет,криво ќе ми биди, ама неможам да учам без душевен мир, немам здравје ни мир.
    Премногу размислував, полудев.Не знам што е правилно.Неможам да решам.
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    @doctorgreyxo
    И јас сум во иста ситуација.
    Зошто сакаш да се отпишеш?
    Јас сакам заради тоа што уште во прв семестар сфатив шо грешка имам направено ама домашните не ми дозволуваа да се откажам пошто мислеа дека ми е период и ме условуваа со отсекување на финансии и ми велеа да си наоѓам работа, на неколку пати ми имаа и речено да си барам место за живеење. Исто и јас се тешев со мисли ко: ај да видам прва година како ќе ја избуткам, блаблабла, и ко за инат се ми одеше ко подмачкано. Првите 2 години имав паднато на предмети по кои шо одев скроз неспремна на полагање. Ако седнам да учам скоро секогаш со малку труд положувам.
    Ама мене тој кризен период ми трае со години, и се уште не ми дозволуваат да се откажам :)
    Во првите 2 години ме сечеа со прашањето: а ако не биде овој факултет тогаш кој? Искрено не знаев ни што сакам. Ама, сфатив шо сакам, истовремено на интернет учам, и би можела да го работам тоа и без факултетска диплома, (во суштина таков факултет во мк има само еден и на програмата не се учи тоа шо треба да се учи). Ќе го завршам факултетов само заради мајка ми, пошто ми се смачи да ме гледа со разочаран поглед. Неам ни желба за учење, ни за факултет, одвај чекам да завршам, и најголемата криза ме фаќа кога ќе сфатам колку години треба вкупно да потрошам на факултетов и колку години ќе имам кога ќе го изучам.
    Што ќе правиш ти ако се откажеш? Ќе работиш, ќе запишеш нов факултет, што?
     
    На krEM4Eto, Плавуша123 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Јас ништо не разбрав, а пак особено она најглавното, зошто сакаш да се отпишеш од факултетот на кој имаш се положено, го сакаш, имаш поддршка од партнерот, од баба ти и дедо ти, и финансиска.
    Кој разбра нешто, please, enlighten me :?:
    Каква врска има факултетот, откажувањето од истиот со тоа што моментално се соочуваш со некоја, така да ја наречам, психичка криза која нема никаква врска со факсот?
    И друго нешто, која е позадината на однесувањето на татко ти?
    :d::drunk:
     
    На Annora, kim.k, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Maja95.

    Maja95. Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    @doctorgreyxo во врска со твојот пост а те имам читано деновиве и по другиве теми, мое мислење е ( значи само мое мислење ), дека тебе дечко ти ти е главниот проблем за се . Што ти се криви родителите , што одвоиле за тебе за ти да студираш ?? Дали имале или немале или од каде се снашле битно тебе ти овозможиле , а ти не си ни благодарна за тоа . Можеби немаат но и тоа малку што ти го даваат треба да го цениш.
    Се додека имаш можности да студираш ништо друго не треба да ти биде причина за да го напуштиш факултетот. Зошто сама си ствараш проблеми што ти фали??. Кај ти е паметот тогаш ако не овде и што не ти дава мир?
     
    Последна измена: 2 февруари 2017
    На Annora, Dust и koritsaki им се допаѓа ова.
  5. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Искрено мене овој факултет ми е желба.Неможам да учам друг,освен следен би бил психологија на приватен факултет или педагошки за проф. по англиски.
    Би одела без желба.Но,некогаш мора така.Таков е животот.
    Не се издржува ова.Немир,душата боли.Цел живот ќе боли ко ќе сфатам дека нема да ми се остваро желбата.Ама, кажав немам избор.Здравјето е сепак побитно.Има диплома за медицинска сестра, веројатно со дечко ми ќе одиме во странство и ќе работиме таму.Тоа е една опција, а друга со другиов факултет.Не сум среќна.Не знам што е правилно.
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    А зошто не сакаш или не можеш да го завршиш факултетов ако ти е желба? Која е конкретната причина?
     
  7. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Не е дечкото проблем.Јас долго одам со него, а и на факултет.Нема врска тоа.Тоа што јас сакам да го гледам цело време, е друга причина.Нема врска.Се гледаме ние, нема кавги заради факултетот со него.
    Мене ми е проблем што не сум психички добра, немам концентрација и имам домашни проблеми, башка татко ми што почна така.Тоа со татко ми е еден проблем што неможам сега да го кажувам, многу е долго.Битно јас не сум тука крива, тој не ме прифатил како ќерка итн итн..
    Ќе повторам.Го сакам факултетот ама за овој факс треба мир,јаки нерви и да си психички доста спремен.А јас си имам и здравствени проблеми.
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    6.468
    Ама јас навистина не те разбирам. Зошто да го напуштиш факултетот што го сакаш?? Велиш дека не си сконцентрирана, немаш мир, имаш проблеми и заради тоа сакаш да го оставиш факултетот... а од друга страна викаш ако не ќе се запишам на друг. Па, ако ти немаш волја да го завршиш овој, како ќе го завршиш тој другиот што воопшто не го сакаш? Кажи го конкретниот проблем поради кој се чувствуваш вака.
    Разговарај со татко ти најпрво, за причините за неговото однесување. Сакаш да кажеш дека баба ти и дедо ти ти го плаќаат факултетот, татко ти воопшто не придонесува? Тоа е заради финансиски причини или?
    На крајот на краиштата, ако можеш гледај да се вработиш некаде привремено, и сама да си го плаќаш факултетот, или барем дел од цената.

    Запомни дека имаш поддршка од баба ти и дедо ти, од мајка ти и дечко ти и тоа треба да ти биде доволен мотив да продолжиш напред и да се бориш за тоа што го сакаш. Јас би ти препорачала да одиш и на психолог, да разговараш за своите проблеми, верувам дека ќе ти помогне барем малку. Ако немаш пари, за почеток можеш да одиш и во ХЕРА, таму е бесплатен психологот. Со среќа!
     
    На cresa-jagoda, YoungandBeautiful, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  9. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
     
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    |(
    Е ај, нека се јави еден студент на кој во памет му биле книгите и бил ептен фокусиран на учењето :D, а особено па за време на испит (fingers) :D Штом си положила се, значи проблем не е факултетот воопшто.
    Или проблемот е посериозен, што не сакаш да го споделиш, а го инволвира и татко ти или едноставно имаш вишок на време, па ај малку да драматизираме :D Which one is it? :?:
    :d::drunk:
     
    На Cricket, cresa-jagoda, Annora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Ах тие студентски маки.Да решавале сите така да се откажуваат кај ќе беше крајот сега,знам како ти е многу добро,која пара ја имам фрлено за фах,колку се здебеливод седење јадење учење,здравје почнавда губам од стресови...нема лесно,нема откажување,колку пати не сум спиела навечер идиректно правец фах кафиња пиев да се расонам,не е лесно ама не значи дека треба да се откажеш...
     
    На Loli4ka444, cresa-jagoda и NOVAVON им се допаѓа ова.
  12. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски

    Би се запишала на друг само да не бидам осудувана.
    Јас неможам друго да учам, и тоа е пречка што неможам да се запишам на друг факултет и да почнам од почеток.Јас учам, ама не сфаќам.Пробав на сите начини.Пробав секако да се мотивирам.Јас би учела ако имам мир.Мене фамилијата ми се распаѓа.Татко ми ми рече дека од него динар нема да добијам.Баба ми и дедо ми нема да можат цел живот.Јас што да правам? Би работела ама сум на тежок факултет каде имам и вежби и цел ден предавања.
     
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Zasto da se otkazes. Stavi go fakultetot vo miruvanje nekoe vreme.
    Oporavi se i vrati se.
     
    На Someonespecial, Doozy и crimson им се допаѓа ова.
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @doctorgreyxo Па добро де, нормално нема цел живот баба ти и дедо ти да те издржуваат, ти преостанува уште година-две и после ќе си почнеш со работа :) Зошто би да ја комплицираш? Од мравка, диносаурс ќе направиш. Кога го сакаш факсот и положуваш се, значи не се откажуваш од него. Ако ти треба пауза, земи си, па врати се. А не да го откажеш комплетно.
    :d::drunk:
     
    На ванилала, cresa-jagoda, kim.k и 6 други им се допаѓа ова.
  15. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Би сакала да го споделам, но е многу долго.Ако сакаш пиши.

     
  16. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Неможам да опишам како ми е.Не знам на кој начин.Тешко ми е.
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    6.468
    @doctorgreyxo Осудувана од кого и за што? Не му се допаѓа факултетот на татко ти, мисли дека со тој другиот имаш повеќе перспектива или? Ако е така, јас би ти рекла да не попушташ никако, зошто јас на моите кога беше работата за факултет јасно и гласно им реков дека сакам да се префрлам, и иако се бунеа не можеа да ми влијаат врз таква одлука, од која утре ден ќе зависи МОЈОТ живот, а не нивниот. Иако, не успеав да се префрлам заради други причини, сепак моите си легнаа на брашното во моментот.

    И убаво ти кажа Самер, не ќе те издржуваат баба ти и дедо ти и после факултетот, они чим се нафатиле да ти го плаќаат сега, сигурно нема после да кажат ее ама ние мислевме само една година, после пу пу не важи. Не дека е убава ситуацијава, ама таква е каква што е, плус сигурно верувам дека не би те оставиле на цедило. А после кога ќе се вработиш, можеш да им вратиш троструко за маката. :)

    Можам да ти кажам дека имам другарка која се наоѓа во слична ситуација ко твојата, она има проблеми од сите страни буквално, и притисоци од семејството и од сега бившиот дечко, плус студира на приватен факултет надвор од државава, за испит има по 1000 страни на англиски... Не и е тешко, претешко и е, ама верува во себе и знае дека МОРА да успее, и покрај толку проблеми ќе седне и ќе научи, девојчето средува документи и за Work & Travel, се' прави буквално и не се забележува дека проблемите и се одразиле на било што.

    И како што ти кажав, гледај да посетиш психолог, сигурно многу повеќе ќе ти помогне стручно лице кое ќе има поинаков пристап на твојот проблем. :)
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Се додека не наведеш конкретен проблем, нема да знаеш како да го решиш.
    Што оти татко ти не ти давал пари?
    И мојот не ми дава, 4 година сум на факултет, ми остануваат уште 3, досега ми има дадено 1/8 од тоа што мајка ми го вложила додека студирам. Ко 13-то прасе сум, ако остане за мене арно, ако не, нека дава господ. Не знае ни која година сум ни што предмети полагам ни што сум положила ни ништо, тотално незаинтересиран. Т.е. заинтересиран, ама информациите не ги апсорбира, од едното уво низ другото.
    Прочитав дека си на општа медицина, у исти гомна со ко мене, такви се медицинските гранки, тешки и макотрпни, ако е тоа шо го сакаш, заврши го со време и ич гајле да не ти е за семејството шо ти се распаѓа. Уште ти гледај да потфрлиш со факултетот и гарантираната иднина па да бидете целосна слика. ;)
    Ја со дечко ми сум 6 години заедно, од кои 4 се врска на далечина, претешко е, љубомора, што е и нормално, ретко гледање, ама мора труд и желба. Ако требало ќе биде и готово. И од него неам некоја поддршка, ама тоа е тоа.И јас имам психички проблеми, понекогаш со недели не излегувам од соба и не сакам никаков контакт со околината. Депресија, анксиозност, убавини. Реалност, ќе најдеш начин да се избориш со проблемите.
    За разлика од тебе, шо не сакам да го учам факултетот, со еден тон финансиски проблеми и празен фрижидер дома најдов сила да продолжам, па така мислам дека и ти можеш да најдеш сила ;)
     
    Последна измена: 2 февруари 2017
    На sj *O*, cresa-jagoda и AnastasiaWinter им се допаѓа ова.
  19. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Едноставно ја губам волјата.Не е така лесно да се мотивираш и да продолжиш ако зад себе имаш проблеми.Јас не сакам татко ми да не зборува со мене ради еден проблем што тој го смета како проблем.. а воопшто не е.Нешто изведува.Не знам што да правам.Ако се отпишам пак дома ќе се вратам и ќе продолжам сама и нема ништо да направам сама.. ќе треба да работам, и после? ... искренооо полудев.
    Каде да најдам добар психијатар? А да не се дознае.Да не дознае никој.
     
  20. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Мене ми мириса како друг да е проблемов во твоево семејство. На страна што медицинскиот факултет трае повеќе години и можеби со право татко ти се плаши дека ќе нема да може финансиски да те издржува додека ги завршиш студиите, но тоа што го опиша во првиот пост, дека не те сака, дека те нарекува со погрдни зборови... тоа е последица на нешто друго. Твое право е да не споделуваш со нас, но не очекувај дека ние можеме да пресудиме и да ти дадеме правилен совет ако не ја знаеме целата приказна.

    Ми изгледаш како личност која сеуште не се пронашла во животот. Млада си, сеуште талкаш, бараш место каде што ќе се вклопиш. Еднаш велиш дека го сакаш тоа што го студираш, покажуваш амбициозност, за во друиот момент да кажеш дека би се запишала и на друг факултет ако тоа го побараат твоите, па дури и би заминала во странство со дечкото. Значи уште не знаеш што сакаш од животот, се наоѓаш на некоја крстосница од која те боли глава, тоа ти ствара нервози и те спречува да се сконцентрираш. Седни малку и размисли што всушност очекуваш во иднина и каде се гледаш себеси во најдобро светло, ако е тоа медицината, тогаш бори се да го завршиш она што си го започнала. Фокусирај се на оние кои ти даваат поддршка, крај краева оддалечи се од татко ти на извесен период. Самиот ќе види дека озбилно си го сфатила она што си го зацртала за цел во животот.
     
    На kikkki и Оленка* им се допаѓа ова.