1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отказ во писмена форма?!

Дискусија во 'На работното место' започната од SiMpAtIcNaTa, 18 мај 2012.

  1. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.580
    Значи ги разгледував темите, и никаде не сретнав ваква...Во голема фрка сум, пред скоро цел месец дадов отказ, меѓутоа не писмено :@ од 1 не идам на работа,а документите не ми се вратени и коа и да се јавам ми викаат дека ќе ми бидат готови за скоро (бараат друга работничка, пошто кадарот ни е дефицитарен) а мене документите ми се битни зш без нив не можам да работам на друго место...Знам дека не требаше да чекам толку долго (ама ова ми е прво работно место и не бев толку информирана) утре ке пишам писмен отказ, ќе го пратам препоручно,од прилика знам како треба да изгледа, само незнам дали треба преку адвокат или од кај нотар да биде заверен? и коа ќе пишувам дата да ја пишам таа на 1 или утрешнва?зарем коа работникот не иде на работа, претпоставениот може да му ги држи документите и до кога? стварно во тоа правните работи не се разбирам, ако знае некој нека ми помогне :) фала однапред
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    SiMpAtIcNaTa - ти не мора да пишуваш писмен отказ, сега после веќе 1 месец поминат. Со самото тоа што 3 дена не си се појавила на работа, тебе законски те отпуштаат од фирмата, така да, ова недавање на документи нема врска со отказот - тие се неажурни и не си збркале се` на време.
    Верувај, твоите документи немаат никаква врска со отворената позиција и барањето на нов кадар :) Стегни ги дека мора да ти ги вратат документите (информирај се законски колкав е рокот) и држи се до тоа.
     
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    На братучетка моја така и правеа и на крај ги пријави во Трудова инспекција и преку нив си ги зеде документите, инаку не и ги враќаа.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Според Закон и ако правилно работат тие во Биро каде што си пријавена не може да те одјави ако немаш потпишано отказно решение. Е сега и работодавците можат да го фалсификуваат потписот и така да пројде отказното решение во Биро. Ако веднаш се пријавуваш во новата фирма не е битно по кој член од Закон си одјавена а ако не се веднаш пријавуваш и те како ти е битно затоа што ако во отказното решение ти е пишано дека сама даваш отказ тогаш ќе немаш право да се пријавиш под Биро.
    Ако не ти ги даваат документите а треба да ти ги дадат во рок од 3-5 раб. дена тогаш оди преку Трудова инспекција или можеш и копија да извадиш од Биро (ако сакаат да ти завршат работа).
    Ако не сакаат да ти ги дадат заплаши ги дека ти следува паричен надоместок - уствари на секој вработен следува кој работи повеќе од 1 год според Закон а се отпушта со спогодба меѓу работодавачот и работникот. Ретко кој го знае овој Закон.
     
  5. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    леле чупе на мака голема си... :o јас кај едни така не ми ги враќаја документите море не трудова море не секој ден јавувај му се никако никако едвај....консултирај се со адвокат,јас така напрајв и ми кажа адвокатката дека ако своеволно напуштиш една година од биро те бришат,рачунај една година нема картони да имаш....а да тужиш та е долга и широка,можи дури и на твоја штета да биди.... едно јас само си запамтив за другпат да си знам, законот далеку појќе го штити работодавецот отколку работникот! ито адвокатката ми го кажа ова! со среќа,се надевам ќе ти ги вратат документите шо поскоро.
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Си има ситуации кои се чисти, и за кои ако тужиш - си добиваш, и тоа е тоа. Треба време, да, требаат нерви, и најмногу - требаат екстра средства за да преживееш додека го водиш спорот, ама нема потреба од предвремено откажување.

    За втората реченица исто не се согласувам - во МК има толку многу закони кои не` штитат нас работниците, само НИКОЈ не ги знае, и за жал, на повеќето тоа им оди во прилог. Има адвокати кои се специјализирани за работни односи, и она што тој го знае (оти го поминал со искуството) 10 други адвокати нема да го знаат. Затоа, распрашајте се убаво кој адвокат за што е специјализиран и според тоа бирајте (или консултирајте).
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Зошто само ја незнам какви документи барате? Кај мене во фирма никакви лични документи за вработениот не се држат, освен стандардните за пријава и одјава и договорот, а тие истите не му се потребни за следното работно место.
    Мене не ми е логично како тоа од 1ви навака ти не идеш на работа, тие зарем те немаат одјавено до сега? Зар ти ќе земеш плата и за мај месец, а не си на работа? Ако тие те имаат одјавено, тогаш на новото работно место слободно можат одма да те пријават.
    И немој да праќаш отказ, малце е зезната работата. Загрижува што молчат, да не ти спремаат некаква тужба (не си дал отказ со време, си заминал пред да најдат замена, не си ја завршила зададената задача, си одиш на пола проект...)
     
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    122.039
    Имавме неодамна сличен случај.Колешка си даде отказ,меѓутоа не сакаа да ја одјават.Да не зборуваш за такво нешто,а не за документи,зошто и јас знам немаме никакви документи на работа освен договорот.
    Јас не верувам дека не си одјавена,зошто не одиш на работа,никој нема да ти плаќа придонеси и да ти даде плата на крај :^) .
    Така и правеа и на колешката и велеа дека нема да ја одјават,а тие уште одма ја одјавиле,може да се провери на интернет страната на агенцијата за вработување, ќе се регистрираш и ќе видиш дали си одјавена.
    Ако не кажи им само магично зборче-Трудова инспекција и ќе видиш ;)
     
  9. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.580
    И се јавив ја на претоставенава, и коа и раков дека ке идам да ги земам документиве ми рече дека уште не се готови...Уште на 13 минатиот месец кога и кажав дека ке си одам и дека ги сакам до 31 април, ми рече додека не најде друга неможела да ми ги даде..Може и само ме влече, зш она може да ми кажува дека бара и три месеци а да не најде, а ја за тоа време исто ќе треба да седам дома :/ A тоа што си го барам е лиценцата за работа, зш без неа неможам да работам...И нели нема право така да држи документи,а вработен да нема? И пример ако сум пријавена во заводот сеа, ако најдам друга работа не можат пак да ме пријават додека од претходното место не сум одјавена...т.е друга работа не станува збор никој нема да се нафати да земе некој туку така...Белким дотичнава има малку од малку совест, па во скоро ке ми ѓи врати, али којзнае...
     
  10. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    3.738
    Пол:
    Женски
    prvo proveri dali si odjavna i toa uste utre ,a ako ne prijavi gi vo trudova inspekcija...jas mislam deka te odjavile veke samo se zafrkavaat so tebe.. :)
     
  11. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    тоа јас велам,може да наведе причина кај шо заради тебе претрпеле штета и ти да ги обештетуваш после....зезнато е....
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.208
    Јас колку што сфаќам, најверојатно не си одјавена.
    Спомна некои лиценци - веројатно на сопствениците им требаат за работа, т.е. мора да имаат пријавено таков човек во фирмата за да имаат право да работат одредени работи.
    Ако е така, ништо чудно да ти ги држат документите додека не нашле друг со такви лиценци.

    Е сега процедурите не ги знам, ама да сум на твое место, убаво би прочепкала по законите.
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Денеска многу се изнервирав на работа. Добив навреди и се мислам за отказ. Само што ми исплати к - 15. Дали можам да дадам отказ така што ќе кажам дека од утре чао пријатно не доаѓам на работа. Инаку имаме договор за субвенционирање при вработување, ама тоа заврши заклучно со октомври. Ова е психичка тортура, ми наоѓа смешни забелешки од инат и ме затрпува со работа. Потоа ме прашуваше за тоа дали брат ми работи за да ми ја испита материјалната состојба. Сакам еден студен туш да и дадам затоа што сум екстра вредна, ама ме понижува од лични фрустрации. Совет, како да дадам отказ.
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Отказ може да дадеш и усмен и писмен, туку прво види каков договор имаш потпишано. Да не те стрефат после некои пенали за давање отказ пред истечување на договор и види си колкав отказен рок имаш напишано во договорот. Туку најпрво преспиј и утре донеси конечна одлука
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Мене веќе ми заврши тој договор до крајот на октомври. Е, се сега во биро за вработување потпишувавме така што ми кажаа дека во првите 6 месеци не смеам да дадам отказ инаку ке треба пари да враќам. Не знам луѓе, ова не се трпи. Да работиш турбо, да даваш максимум од себе и на крај да бара влакно во јајце. Ми плати к - 15 и не бараше да го вратам како што прават другите, ама па од друга страна да ми наоѓа по 100 забелешки дневно и да ме распрашува од домашните кој каде работи. Сигурно мисли оваа нема излез па дај ќе ја заебавам. Не знам, си лечи фрустрации на мене. Ми кажува дека она е главна, како јас не смеам во збор да и се мешам, сум се уфрлала, не сум ја чекала да заврши. Ако ми ѕвони телефон кој бил,што бара. Абе мислиш Господ е , а кога дојдов да работам кај неа имаше само 2 пара фармерки од кои едните вети, демоде. Значи нула беше и сега кога се најаде на мој грб ќе ми кажува правила. Ми се смачи. Мислев дали има рок 10-15 дена да се даде отказ да најде вработен. Сега сигурно се прејадува за парите што ми ги плати к - 15.
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Се смирив малку, иако во памет ми се сите неиздржани критики. Ќе почекам да видам како ќе се одвиваат работите.
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm Свати дека приватното е тешко иако и државната работа не е лесна. Ај плс издржи сите се исти.
    Исклучи тоа мозокот (ако можеш) и кулирај. Кај било кој газда да бидеш исто ќе ти се случува помалку или повеќе.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.222
    Допаѓања:
    124.260
    Тања, жал ми е што ке те разочарам, ама работа на шефот е да ти најде маана. Ти си работник, а шефот е одговорен за своите и твоите грешки. Мора да бара маана, а ти да се стремиш да не ти најде, т.е да бидеш безгрешна.
    Исто така, не му упаѓаш во збор на шефот, шефот не ти е другар.Мораш да бидеш културна. И шефот е главен.

    Ако те праша за тоа кај работи брат ти, кажи не знам, не ме интересира. И готово. Каде и да отидеш, на крај на свет, шефот може да ти се погоди или да не ти се погоди, ама секогаш е он главен, Не работникот. Знам дека не ти е убаво што не те фали за трудот, ама она не ти е мајка или учителка за да те фали колку си паметна. Ти дава плата за работата, не комплименти. Затоа, мислам дека ако си дадеш отказ, нема да направиш ништо убаво за тебе.

    Иначе, има едно правило за отказот кој никој не ти го кажува - сам си даваш отказ откако ќе си најдеш друга работа.
     
    На Doozy и Daleron им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Cka, не барам јас комплименти само сакам да не бидам деградирана. Зошто да голтам кнедли секој втор ден иако се е завршено навреме, па и предвреме? Јас ако ја изгубам оваа работа(само ако јас дадам отказ, таа нема да ме отпушти, само лечи фрустрации) за неколку месеци може нема да најдам подобра , ама ќе најдам таква работа. Таа нема никогаш да најде човек кој ќе трпи психички терор за 200 евра. Со години не нашла, вика не чинеле луѓето, ама сега гледам дека не чинела таа.