1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. CinnamonBambi

    CinnamonBambi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    Го пребарав форумот, но нема конкретен муабет за се' околу прекинување на работниот однос - отказен рок, начин на давање отказ, последици од тоа, па решив (поттикната и од лична дилема) да ја отворам оваа тема.

    Значи, прашањата ми се:

    Ако сакам да дадам отказ на работното место, како треба да го направам тоа? Прочитав за многу случаи каде само усно се дало отказ, и потоа компанијата правела проблем. Како треба да изгледа писмен отказ од страна на работникот? Во мојот договор, во делот престанок на работниот однос стои само дека договорот за вработување може да престане на начин и под услови утврдени во законот.

    Кога најрано може да се замине после поднесување на отказот т.е. колку е отказниот рок? Некаде прочитав 15 дена, некаде 30, а имам слушнато и за 2-3 месеци... Уште колку време ќе треба да се оди на работа откако си поднел отказ, и дали и во тој период добиваш плата? Што ако не најдат замена во тоа време?

    Дали ако работниот однос се прекине од страна на работникот, тој истиот не може да се пријави во АВРМ една година? Кои се предностите, а кои последиците од давање наспроти добивање отказ?

    Некоја од вас ако има и некое додатно инфо кое е проверено, а корисно, слободно споделете го :)
     
    На cresa-jagoda и alica keys им се допаѓа ова.
  2. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Доколку нема наведено во Договорот, отказот е 30 дена (освен за менаџерски договор со посебни услови). Се дава отказ написмено, до Архива, Човечки ресурси, зависно како е уредено во фирмата/институцијата. Во договор со нив, ако имаш слободни денови ги користиш, зошто инаку треба да ти ги исплатат, не знам дали некој го прави тоа. Затоа што тоа е платен одмор, плата си земаш. Ако не најдат замена во меѓувреме, тоа не го засега работникот кој дал отказ бидејќи заминувањето е уредно најавено.
    Потоа со документите доколку сакаш, можеш веднаш да се пријавиш во АВРМ веќе следниот ден.
     
  3. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    А,ако на пример дојде они да ти дадат отказ, колку време треба да ни кажат порано,и дали има негде закон со кој се штитат вработените?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jasna83

    jasna83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    5.782
    Пол:
    Женски
    Сега за отказиве,три дена не се јавиш на работа имаш отказ добиено.
     
    Последна измена: 18 јули 2016
  5. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Не мислам на тоа, дали е ок да ти дадат така отказ одеднаш,си пријавена и после као спогодбен раскин на договор,ама колку треба порано да си знаеш?
     
  6. jasna83

    jasna83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    5.782
    Пол:
    Женски
    Нема тука определено за две,пет,шест недели отказ не доаѓај на работа.
    Може да дојдеш сабајлето на работа и до после да ти дадат отказ.
    Јас мислам дека се е тоа до фирмата и до газдата.
     
  7. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Аха,ок тоа и ми беше поентата,значи не сме заштитени вработените,пошо ко што е пишано претходно овде као ние треба 30 дена порано да го известиме работодавачот ако сакаме да дадеме отказ,а они нас у секоја секунда,ех правда никаква,као стоки да сме мајке ми,епа затоа младинава си се исели,епа така и треба никој на никого робовладетел да му изиграва.
     
    На Nataalija44, Skorpija25, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. jasna83

    jasna83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    5.782
    Пол:
    Женски
    Сега како по некој 'нов' закон три дена не се јавиш на работа имаш отказ.
    Ама јас сепак ќе речам се зависи од фирмата и од газдата.
     
  9. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Мислам дали сме заштитени, не касниш на работа,си идеш секој ден ама ете, во тој случај дали е ок да ти кажат не ми требаш више и одеднаш као out of blue,спогодбено раскинеме договор,не треба да бидеме известени неколку дена порано ,нели да си бараме др.работа.
     
  10. Marna

    Marna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Не сум правник, ама од она што знам години наназад ако три (3) дена ненајавено отсуствува од работа, работодавачот има право еднострано да даде отказ - оваа не е од сега и не е ново... пред неколку години јас лично дадов отказ, писмено до првиот директно претпоставен кој го проследи до соодветниот орган во фирмата. Е, сега јас барав спогодбено раскинување на договорот за работа од лични причини, во најкраток можен рок. Барањето ми беше прифатено. Спогодбено е клучниот збор, затоа што така работникот и работодавачот се договараат за неискористените денови одмор, за должината на траењето на отказниот рок и др. Така да мојот отказен рок траеше некаде две недели, по тој период ме одјавија и веќе следниот ден бев уредно пријавена во АВРМ, така да немав никаков проблем при вработувањето на друго место. Отказниот рок може да е и еден ден и триесет дена затоа напишав дека спогодбено е клучно овде. Се распишав, малку е подолг постов ама се надевам дека ќе ви покажам, пошто работодавачот неможе така лесно да ве отпушти од работа ево зашто: пак ќе напишам спогодбено е клучниот збор. За отказ мора да има причина и да е законски издржано. Така да кога ќе ви речат спогодбено ти давам отказ тоа значи дека мора вие да прифатите, односно да постои барем некаква изјава што сте (ќе) ја потпишете дека се согласувате со прекинување на работниот однос инаку работодавачот неможе да ви даде отказ без да е правно покриен, пр. 3 дена недоаѓање на работа, прогласување технолошки вишок (за фирмата пак подразбира мал милион правни тракатанции) итн. Кратко фирмата неможе да ти даде отказ што не си го барала и да го нарече спогодбен ако ти не се согласиш... сепак добро е и некоја правничка да даде мислење...
     
    На Macedonianbro, cresa-jagoda, CinnamonBambi и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
    Toa so 3 dena ako ne dojdes na rabota i otkaz go ima i vo ZRO od 1970ta.

    Ima zakonski uslovi koga mozes da dobies otkaz i bez otkazen rok. Na primer, dodeka si na boleduvanje da odis u druga drzava.
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Заштитени сте со тоа што ако не се согласувате со отказ имате право на приговор, ако ни со таа одлука не сте задоволни или истата не е донесена може да поднесете тужба за поништување на решение за отказ. Ако отказот ти е со отказен рок работодавачот по закон мора да ти обезбеди 4 часа во текот на работна недела за да си бараш ново вработување а колку ќе ти обезбеди во пракса тоа е друго прашање.
    Во случај на наводно спогодбен отказ ако не сте согласни не се потпишувајте на изјавата во спротивно нема што да се прави. Законски има точно наведено кога работодавачот може да го откаже договорот за вработување и од кои причини.
     
  13. CinnamonBambi

    CinnamonBambi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    @Marna Фала за исцрпниот одговор :) Ќе ти биде ли тешко да ми кажеш како треба да изгледа писмен отказ, и дали мора да биде наведена причината од моја страна?

    Пошто кај што работам, баш и немаме оддел за човечки ресурси, кадрово, како и да се нарекува веќе, никој посебно не води тоа денови за одмор, болување, ете давање откази.. Затоа не знам како точно да постапам.

    Инаку мислам дека прочитав ако работодавачот ти даде отказ, рокот е 15 дена.
     
  14. Marna

    Marna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    @CinnamonBambi :) Мило ми е ако барем малку успеав да помогнам... веќе спомнав дека Законите се релативно ок, ама пишаниот збор и праксата за жал многу се разликуваат... е сега, што се однесува до формата како ви изгледало писмено давање отказ... претпоставувам дека се работи за фирма кај што сите правни и сметководствени работи се водат настрана, па нема како што пишуваш кадрово или барем правник што ни го водел таквите работи. Доставуваш барање за раскинување на договор за работа во случајов до управителот на фирмата согласно закон за раб. Односи и бла, бла... и мислам дека е доволно да напишеш од лични (приватни) причини без наведување таксативно кои... во доста фирми работниците се договараат со газдите и овие барања се проформа... не ја знам точната поставеност на фирмата и како функционирате... јас на пример првично усно го известив директно претпоставениот, разговаравме, се договоривме околу неискористениот одмор и колку би ми траел отказниот рок, по што писмениот отказ т.е. барање за раскинување спогодбено на договорот за работа проформа го испратив до управителот и оттука правно си течеше процедура, носење од нивна страна на решение за прекин, и од моја страна раздолжување со документи и др. Малку е долг постов, ама се надевам ти помогнав...:)
     
  15. Pinkgirl.22

    Pinkgirl.22 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Потпишан договор на 3 месеци и истекува, ја викаат другарка ми да продолжи договор, но сака да напушти. Дали мора да одработи 1 месец откако ќе најави отказ, или може одма да напушти затоа што договорот и завршил?
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Ако договорот за работа и завршил на другарка ти, а ја контактирале за продолжување, може да ги извести дека нема да продолжи да работи таму.
     
    На Pinkgirl.22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pinkgirl.22

    Pinkgirl.22 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Така и кажав и јас. Но таа е убедена дека мора да им најави и да одработи 1 месец за да биде исплатена, а договорот веќе и истече. Поради тоа ми треба сигурна информација, ти благодарам.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    42.285
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ситуацијата кога треба да одработи еден месец пред да напушти е само доколку договорот сеуште трае. Доколку и завршува, нека ги информира само дека не сака да продолжи.
     
    На Pinkgirl.22 и poenta им се допаѓа ова.
  19. Pinkgirl.22

    Pinkgirl.22 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Благодарам девојки
     
  20. katerin

    katerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски