Отказ од работа!

Дискусија во 'Правни совети' започната од Клаудија С., 18 јули 2015.

  1. Клаудија С.

    Клаудија С. Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Ви пишувам бидејќи ми треба правен совет од Вас.

    Имам 23 години и пред три недели се вработив во еден хотел како рецепционистка. Потпишав договор на неопределено време. Меѓутоа, поради лошиот однос и заканите од страна на работодавците ја напуштив работата, но наместо да им кажам еден месец порано како што беше наведено во договорот, јас им кажав само една недела однапред, изработив уште неколку дена и, неспособна да издржам повеќе на тоа работно место си заминав. Па сега работодавците ми се закануваат со тужба. Би сакала да знам кој би бил најлошиот исход од сето ова и со колкава сума би можеле да ме теретат.

    Ви благодарам.
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.008
    Допаѓања:
    74.243
    Види си во договорот што си го потпишала.
     
  3. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.417
    Пол:
    Женски
    Последиците се најверојатно тоа што нема да ти плати за сработеното и затоа те плаши со тужба, којзнае дали и воопшто те осигурал за да договорот има некакво правно дејство.
     
    На karak и Водолија им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.008
    Допаѓања:
    74.243
    Секако нема да земе плата, ама оштета може да си бара газдата.
     
  5. Клаудија С.

    Клаудија С. Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Бев пријавена како вработена, и ме исплатиле за двете недели што ги изработив.
     
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    21.114
    Допаѓања:
    101.823
    Само ти се закануваат! Ако не дојдеш 3 дена на работа мора да ти дадат отказ. Ова твоево слично е. Не се грижи.
     
    На tessie, karak и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  7. Клаудија С.

    Клаудија С. Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за одговорите.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.640
    Допаѓања:
    100.463
    Пол:
    Женски
    Види во аврм како ти е статусот моментален, таму мора да има информации на кој начин ти го завршиле работниот однос, зошто ако уште си осигуранс мора да ти плаќаат уште.
     
  9. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    44.627
    Пол:
    Машки
    Мој совет е да го прочиташ договорот мора да има клаузула за отпуштање или самоволно напуштање од една или од друга страна , работодавач, работник. Доколку постои а верувам дека постои заштита за работодавачот најмалку шест месечни плати ќе те терети да му ги исплатиш со образложение дека за толкав период не може да ангажира друго лице а тој намерно нема да прими друго лице. Но може и само да те заплашува бидејќи тој доколку те терети за такво нешто како што споменав погопре не ќе може да ангажира друго лице за истото работно место во оној период за кој ти бара надомест на штета односно плати. Пред се прочитај го договорот.
     
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.157
    Допаѓања:
    4.944
    Jas mislam deka nikoj ne se zamara kako da ne toj od trista obvrski ke tuzi. Si sebodjavuva spogodbeno i kraj bar ne sum slusnala jas licno nekoj rabotodavec da tuzi a nitu pa rabotodavcite najavuvaat otkaz nitu pak nekoj rabotnik najavuva ili ako najavuva toa e kratok perild zatoa sto veke mora da se javi na novo rabotno mesto pa odat so prefrlanje za da nema prekin vo staz. Mislam deka gazdata poveke saka da te zapalsi i voznemiri otkolku sto ke se vlece pk sudovi pa si dosla pa ne si dosla i se po red :)
     
    На Клаудија С. и kukla21 им се допаѓа ова.
  11. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    1.020
    Ако ти се заканува со тужба, ако навистина има основа можеш да му објасниш дека имаш и ти услови за пријава на работодавецот за мобинг. А тоа да си мислите дека „не се замара со тебе“, подобро немојте зошто соочување со тужба (па макар и закана) не е мала работа.
    Најважно, не го земај здраво за готово, прочитај си го договорот, консултирај се и со адвокат ако е потребно.
    За сума, може да се почне од судски трошоци (кои не се ниски) па нанатаму, но гледај да не дојде до тоа.
     
    На evangelina.ina и Клаудија С. им се допаѓа ова.
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.157
    Допаѓања:
    4.944
    I sto se sluci ima nekakvi posledici do kade si so ova ?
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.008
    Допаѓања:
    74.243
    За мобинг треба законски 6 месеци да го има, за 2 недели работа, не. Може за штета да ја тужи.
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Имаат право да те тужат затоа што не си го испочитувала договорот. Требало да дадеш отказ еден месец порано, а ти си згрешила што си дала отказ една недела порано.
     
  15. Клаудија С.

    Клаудија С. Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Нема се уште ништо, не ми стигнала тужбата, но како што разбрав судот бил на колективен одмор во јули па ако нешто има ќе стигне покасно. Се консултирав со адвокат но ми кажаа дека мораат прво да ја видат тужбата и со што ќе ме теретат.
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    28.472
    Пол:
    Женски
    Чисто ме интересира да си прашам, јас имам договор за работа на три месеци, дали ако не го потпишам откако ќе истече повеќе не сум вработена автоматски?Мене ми е до март месец, а имам аплицираноо за друго место каде што огласоет е до април, мене секако работава не ми е по ќеф и ми е премногу стресна, не сакам уште сега да се изложувам на толкав стрес кога имам и друг избор, па во случај да одлучам да не го продолжам договорот кога треба да и најавам?Секако ако тие не одлучат да не ми го продолжат.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    44.627
    Пол:
    Машки
    Доколку не го потпишеш договорот нема да те пријават и ти престанува работниот однос
     
    На evangelina.ina и 1209 им се допаѓа ова.
  18. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    2.184
    Пол:
    Женски
    Од септемри ми стартува на сила договорот на неопределено, поради тоа што во меѓувреме си барам друга работа, како и кога би можела при таков договор да дадам отказ ? Ни напоменаа дека од денот на важноста на договорот во наредните 6 месеци законски не ни следува одмор, е сега ме интересира дали и за давање отказ во ваков случај има определено некој период кој треба да се чека
     
  19. markovska.m

    markovska.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, работам веќе месец и пол, работам за минимална плата, во меѓувреме најдов нешто подобро и за неколку дена треба да одам на разговор така што највероватно за брзо време ке треба да почнам со работа таму. Каква причина за отказ да изнајдам бидејки на почетокот на газдата му реков дека сум за подолго а сега испаѓа дека одма после прва плата си одам.. (прво работно место ми е и затоа не знам како да направам хаха) и дали имаме некаков договор бидејќи кога ме пријавуваше газдата не требаше ништо да потпишувам?
     
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    48.851
    Пол:
    Женски
    Ќе му кажеш на газдата тоа што е, дека си нашла нова работа.
    Договори се со него уште колку време би останала таму за да го испочитуваш законскиот рок и тој да има време да најде нов вработен за твоето место, и толку.

    Ако човекот е разумен, нема зошто да имаш потреба да се правдаш или да измислуваш причини.