Здраво девојкии јас барав ваква тема но неможев да најдам.. Ме интересира како можам и со што да извадам ипки од хеланки,блуза,тренерки и др.. Па доколку знаете ве молам да ми помогнете
Хмм како да ти објаснам.. Тоа е кога баш си ги купила новите хеланки и по 2-3 дена на задниот дел има как о топченца од конците.. Незнам како поубаво да ти објаснам а и незнам како се вика правилно
Немам поима како се викаат ама ужасно изгледаат кога ќе се појават. Порано ги отстранував со брич и беше многу хаотично, ама сега имам едно мало машинче (како ова подолу) и со него е многу полесно и почисто.
Ова е еден вид оштетување на облеката кое најверојатно е познато под различни имиња во дијалектната терминологија. Јас ги знам како заваланици кои најчесто се појавуваат на облека изработена од ткаенина. Таков проблем ми се појавува само со зимската облека и го решавам привремено со употреба на мали ножички. Со што и да се отстрануваат треба да се внимава за да не се деформира облеката. Факт дека нема трајно решение за да не се појават, а најмногу ги има на деловите кои се изложени на контакт со предмети при седење или носење чанти (раце, задник, колкови).
И јас ја имам таа машинката постирана погоре, ја купив некаде околу 150 ден. Со неа ги отстранувам тие (не знам како се викаат), претежно од џемпери, многу убаво ги чисти. И воопшто не ја оштетува облеката.
Што чудо е ова и за што се користи? Изгледа како некоја комбинација од ренде и фен која служи за скубење и фенирање живи кокошки, но сепак да си прашам пошто не ја разбирам многу технологијава.
На интернет може да се најде како брич за алишта (clothes/fabric shaver) и работи на батерии со тоа што не дува како фен туку ги вовлекува топчињата и ги сече, а тие се собираат како топче во тој проѕирниот пластичен дел. Не скубе ниту пак фенира, скроз е безопасно
Кога ќе бидат полумокри џемерот/хеланките ги развлекувам на пешкир и полека со брич ги „депилирам“ топчињата. После само поминувам со салотејп да се залепи тоа што останало.