Отстранување матка

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од msdarko, 23 јули 2019.

  1. msdarko

    msdarko Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Zdravo,

    Jas samo sto se zachleniv so cel da se rasprasam vo vrska so operacija.

    Imam zenska licnost vo familijata sto treba da se operira na uterusot; ima sarkom na uterusot, sto znaci deka vo idnive denovi treba da se odi na operacija, ali rabotava e sto mora toa da se sluci vo Skopje -- samo tamu i nikade na drugo mesto niz drzavava, barem taka me ubedija ostanatite doktori niz klinikite koi gi posetuvav.
    Ova e dosta novo za mene, iako odev mesec-dva so licnosta na pregledi i jas gi sreduvav ostanatite potrebni raboti so cel da ne stvaram panika i predizvikuvam stres na nea i na ostanatite najbliski.

    Ve molam, ako nekoj od Vas ima pominato niz vakvo iskustvo -- ili ako poznavate licnosti ili doktori/ki ginekolozi sto pravat vakvi operacii -- ve molam, pomognete mi. Ako znaete koi megu niv se edni od najdobrite, ili da recam najiskusnite vo ovaa oblast, kazete mi ime, prezime, ili bilo kakov kontakt od toj doktor/ka.

    Ve zamoluvam... mnogu sum ispotresen i zatoa doagam na ovoj forum, nadevajki se deka nekoj ima pominato niz ova iskustvo ili mozebi poznava drugi licnosti koi imale pominato niz vakva operacija, i moze da mi pomogne.

    Blagodaram mnogu sto ja procitavte ovaa poraka.;(

    - Darko
     
    Последна измена: 23 јули 2019
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    117.451
    Пол:
    Женски
    Кој доктор и рече дека треба да ја отстрани матката? Матичниот? И даде ли тој доктор упат каде да се обрати за проблемот?
     
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.500
    Допаѓања:
    12.615
    Предобро искуство со др. Миле Тантуровски. И општо, престојот во болница, сестрите и целиот персонал беше одлично. Болницата, барем тој дел на гинколошка онкологија е среден, чист и имаше добри услови.
    Се на се, добро помина целата операција и после неа. Секако е тешко, и ќе треба да и помагаат особено првиот месец два после тоа, ама поминува. Ако има проблем, поубаво да се реши отколку да отиде надвор од контрола.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  4. msdarko

    msdarko Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Blagodaram, blagodaram mnogu sto odvoi vreme da odgovoris. Premnogu mi znaci tvojot odgovor.
    Jas veke go zemam vo predvid ovoj doktor sto mi go preporaca.
    Samo edno kratko prashanje: Ovoj doktor raboti vo Klinicki centar?

    Premnogu fala! :)
     
    Последна измена: 24 јули 2019
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. msdarko

    msdarko Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Zdravo,

    Site koi gi posetiv prethodno. Znaci prvo se praveshe kiretaza, posle stasaa resultatite, pa se predadoa na patologija, posle tie gi preprativ na Klinicki centar (vo Patologija) vo Skopje za da se preproverat i so cel da bidat sto e mozno podetalni... posle toa se napravi vtora pomala kiretaza za da se osigura uste ednas za da se bide na sigurno, posle tie analizi bea isprateni na patolog -- i od seto toa se dozna deka stvarno se raboti za sarkom vo uterusot. Toa e se shto mozam i znam da kazam do ovoj moment.
    Maticniot lekar ginekolog e privatnik i nema nikakva potesna vrska so prethodnive doktori (drzavni). Sega se sto mi preostanuva e da go posetam maticniot ginekolog na licnosta i da pronajdeme doktor koj ke ja izvrshi ovaa operacija, i koga ke se dogovoram so doktorot (koj ke operira) za termin, e duri togas da mi podgotvi upat maticniot ginekolog.
    Dali jas ke uspeam na najdam takov doktor ili nekoj od mojata familija... ili ako ne uspeeme samite, da ja angaziram samata maticna doktorka ako uspee taa da pronajde nekoj. Ali sepak, me uveruva deka avgust e "kriticen" mesec, vo koj poveketo doktori zaminuvaat na godishen odmor i toa pretstavuva prechka.

    Blagodaram mnogu sto prasha. :)
     
    Последна измена: 24 јули 2019
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    117.451
    Пол:
    Женски
    Како матичниот нема врска со другите доктори. Кој ве праќаше кај нив? Сите матични се приватни само сораборуваат со фондот.. инаку на ГАк има доста доктори. Извади упат од матичен за некој од нив и одете таму. Па тој според претходните наоди и преглед ќе одлучи што понатаму. Само некаде до кај средина на август се на одмор. Али итен случај ако верувам ќе излезат во пресрет.
    Ако не ти се чека одите на приватно
     
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    36.809
    Пол:
    Женски
    Би ја препорачала Др Весна Ливринова , исто искусен лекар на клиника.
     
  8. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.500
    Допаѓања:
    12.615
    Да, работи на Клинички.
    Ситуацијата беше слична на вашата, се работеше за миоми на матка, се правеше киретажа, меѓутоа немаше никакво подобрување па затоа се отиде на оваа опција, отстранување на матка.
    Сите жени оперирани од докторов што ги слушав кога одев на посета беа многу задоволни од целото искуство. Ми се чини дека 1 недела или 10 дена се лежи во болница после тоа, ма да нели зависи и од самиот пациент и неговото закрепнување.

    Се надевам ќе се среди ситуацијата и кај вас и ви посакувам среќа.
     
  9. Bela Vela

    Bela Vela Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2017
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    мајка ми ја оперираше др. Јадрака Георгиевска мн добра и спремна докторка, миом имаше но беше голем па мораше да се отстрани цела матка. и јас ви посакувам истрајност ,позитивни миисли , здравје и срекаа
     
  10. msdarko

    msdarko Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Fala premnogu! :)

    Fala, fala premnogu. Ja zemam vo predvid vednas. Ne mozam dovolno da vi se zablagodaram. :)

    Beskrajno fala sto mi odgovori na sekoe prashanje, i ova dosta e od pomos. Blagodaram na dobrite zelbi. Jas sekako ke idam na forumov odvreme-navreme, i se shto ke se slucuva ponatamu mozi da napisam vo nekoj nov 'thread'.
    Premnogu fala uste ednas.

    Fala sto spodeli vakvo iskustvo -- premnogu mi znaci, i me pravi da ne se chuvstuvam tolku sam.
    Navistina dobivam i odgovri i dosta podrshka tuka na ovoj forum.
    Fala na dobrite zelbi i motivacija.
    Vi posakuvam najdobro se i na vas isto i na vashata familija. :)
     
    Последна измена од модератор: 25 јули 2019
    На Bela Vela, WildMk и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    6.741
    Допаѓања:
    165.409
    Доктори не можам да ти препорачам, но откако ќе најдеш доктор кај кој сакаш да одите, не чекај термини, нека ти дадат приоритетен (може и итен, сарком не е нешто што може да чека) и јави се прашај кога може кај конкретниот доктор да одиш.

    На 02/314-7705 информирај се.
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.833
    Допаѓања:
    48.708
    Пол:
    Женски
    Тетка ми истава операција ја правеше во Струмица, не знам зошто ви кажале дека само во Скопје ги прават искрено.
     
  13. Stressed Out

    Stressed Out Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    3.483
    Пол:
    Женски
    Дарко,вашата ситуација е малку покомплицирана од вадење матка ради миом,сигурно знаеш дека саркомот е многу сериозна и агресивна форма на рак,секој ден е скапоцен,не чекајте воопшто! На државна клиника имате многу доктори,Тофоски е многу добар,приватно имаме искуство во Ремедика со Др.Коста Василески,ако сте финансиски спремни одете приватно,во спротивно инсистирајте и забрзајте процедура за на Клиника,нека не ве замајуваат со тоа август е,на одмор се бла бла,вие немате време за чекање! Ви посакувам многу здравје,среќа и сила,ќе ви треба! Поздрав и пиши што сте направиле.
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. msdarko

    msdarko Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Fala sto odgovori.

    Ne znam tocno... najverojatno nema poveke strucen kadar ovde ili e se prepolno, stvarno ni jas ne razbiram zosto.

    Ti blagodaram mnogu sto odgovori i na ohrabruvachkite zborovi sto gi spodeli. Pravam se sto mozam.
    :)
    Mnogu sreka vo zivotot i na vas isto.
    Jas sekako ke dojdam pak na forumov da pisam shto se ke se ima sluchuvano.

    Golem pozdrav!

    Blagodaram mnogu.
    :)
    :)
     
    Последна измена од модератор: 28 јули 2019
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blackdeath

    blackdeath Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Здраво, сакав да прашам за мајка се правеше операција на матката и извадија се пред скоро 2 месеци но раната уште не е целосно зарасната а треба да оди на зрачење дали има некој искуство или од што би можело да биде тоа така
    Ви благодарам многу
     
  16. natali73

    natali73 Нов член

    Се зачлени на:
    5 септември 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Посоветувајте добар хирург-гинеколог во државна болница.
    Имам големи миоми во матката и ми препорачуваат да се отстрани матката т.е. да се направи операција. Имам 47 години, кој правеше таква операција освен матка, шо уште отстрануват? И се носе ( препорачуваат ли?) бандаж на стомакот и компресиони хилахопки после операција ? Фала многу напред