Neli mislite deka se poveke se odalecuvame edni od drugi,mislam deka internetot,facebook,itn doprinesuva za toa.za zal
Секако дека да, овој мсн ил фб не отапе! Ама така тргна овој свет - мора да се биде во тек со настаните. Порано се знаело - сите на кафе и сите муабети таму паѓале, повеќе се дружеле, комуникација, зафрканции, блискост..
kolku zblizuva i tolku oddalecuva. naogjas ete na primer na facebook lugje sto kojznae od koga ne si gi videl,ili pak se vo stranstvo,zboruvas na chat i slicno,no sepak ja ne ja sakam takvata komunikacija mnogu,mnogu.nema nisto poubavo od uzivanje vo zivo
Мене искрено не ми влијаел баш интернетов. Е сега нормално дека со некои особи комуницирам повеќе преку интернет отколку во живо, но тоа се случува само со особи со кои не сум толку блиска. А оние другите никаква тастатура ни камера не може да ми ги замени затоа што само што ќе им го прочитам името добивам желба да ги гушнам.
Хммм донекаде така е, ама зависи за кој како. Јас најчесто на нет седам кога ми е досадно или кога времето е катастрофа па нема кај да се оди. Инаку сега со пролетниве денови се помалку се завртувам дома и тоа време што сум дома, не го поминувам на нет. Така да се зависи од секоја личност индивидуално како ќе си го организира времето и колку внимание посветува на интернет комуникацијата.
Јас се согласувам дека интернетов не отапе и дека вака е многу по глупо одколку порано кога немаше... сега не може да искочиш на кафе и да им кажеш новости на другарките, другарите.. тие веќе се знаат од фејсбук..
Не знам дали е до интернетот, или повеќе до општеството. Отуѓени општества имало и пред интернетот, само кај нас се случува во последно време. Ееее, капитализам.
Јас мислам дека е до општеството, не толку до интернетот. Се сложувам со Ариел, капитализмот си го носи своето... животот станува брз, хаотичен, трчаш да стигнеш да завршиш сè, сите бараме подобра работа, за подобра плата, а тоа си бара повеќе време да посветиш на кариерата. Затоа најчесто не останува време за дружење ни со семејството, а камоли со пријателите, со оние што ни се драги воопшто. А интернетот само придонесува во тоа...
Отуѓеноста е донека убава бар за мене.Македонското братство единство премногу навлегува и ми се меша во мојот живот,а тоа не го сакам
За отуѓеност да,и мислам дека има удел голем општеството и секако се што носи тоа.Јас го користам интернетот за да одржам контакт со луѓето што не ми се тука,имам другарка дури во Канада која последно ја видов летото,братучетка ми е во Чикаго и ја немам видено 8 години,па со интернетот ако ништо повеќе се допишувам.Новото време заедно со технологијата носи нови нешта ,само ние треба да знаеме како паметно да ги искористиме.
Хм, па да за некои, кај мене не делува затоа што освен на фемина, не губам многу време за мсн и слично. Секогаш, пделувам време за на кафе, секој ден со сите се гледаме. Меѓутоа да, сепак современиов свет донесе и негативни работи. Ама и луѓево треба сами да се сетат и да не се навлекуваат многу на интернет. Сепак е тоа виртуелен свет, не може да го замени вистинското пријателство, кафето, дружењето!
Па незнам дали баш е отуѓеност,меѓутоа ако сакаш да се видиш со некого ќе најдеш и време и место што се вели,а ако не сакаш ке најдеш 100 изговори.Јас обично го користам интернетот повеќе за комуникација со пријатели од странство,исто и ми треба за да речам повеќе информации за било што,а секако наоѓам време и да се видам со пријатели,другари на кафе или било каде,во живо да се видам нормално ако се сака се се може,па така да ако сакаш да се видиш со некого ке најдеш време,за се има време.
ако се сака се се може,па така да ако сакаш да се видиш со некого ке најдеш време,за се има време. се согласувам.и јас не сум премногу голем зависник од ова нетов.си седам кога ми е досадно и тое претжнно на форумов и на фб малце.иначе сега кога времето е вондерфул поубаво ми е да си излезам со другарки или дечко ми во парк отколку да седам на ком.
Навистина колку и да не сакаме да признаеме сепак интернетот не отуѓува од некои личности, но јас со блиски личности не неможам да комуницирам само преку него, значи морам да ги видам , да ги изгушкам зошто во живо и на интернет НЕ Е ИСТО.Многу пати и на училиште сме разговарале за ова и донекаде интернетот и фејсот си имаат некои свои предности , но и недостатоци, убаво е тоа што можеме да се видиме и да контактираме со луѓе кои долго време не сме ги виделе, но се што е претерано не чини. А факт е дека порано беше многу поинаку кога ние помладите не знаевме дека постои интернет, сите се збиравме во маало и така комунициравме, а сега генерацииве што идат, играчките ги заменуваат со компјутер, детските игри со виртуелни компјутерски игри. Мислам ние сме во предност односно во наша полза е да имаме интернет, зашто гугл се знае и можеме многу брзо да се информираме за се што не интересира и нешто што не го знаеме или пак ни е страм некого да прашаме, нема да има отуѓеност ако знаеме ПАМЕТНО да го искористиме интернетот и неговите МОЖНОСТИ -па ете и нешто корисно од фејзбук , место да трошиме кредит на пораки или повик , преку чет ќе се договориме за на кафе
На фејсбук сите браќа сестри а во живо ни здраво не си викаат.! хахаха И да сакаме и да несакаме тоа е..зависност а и сега сите се на фејсбук или мсн, така да нема да најдеме никој надвор. колку е добро, тоолку е и штетно. Ми недостига времето кога не беше развиена волку технологијата ама.........пак како ќе се слушнев со мојата најмила братучедка ако не преку јаху??
па можеби не отргнува интернетот едни од други .. но, јас преку фб многу се заимав со едно девојче и ден денеска многуу многуу се имаме ( и за среќа изпадна дека му е кума на мојот бивши/"сегашен"/иден )
Можеби технологијата напредува, ама тоа лошо влијае на луѓето. Сега повеќе младите, се фокусирам на нив, бираат да седат по цел ден на компјутер + имаат демек некое дружење преку социјалните мрежи. Така комуницираат, се договараат и сл. Половината пак не го гледаат интернетот како средство за комуникација, туку како плус уште една занимација исклучиво кога ти е досадно. Нив можеш да ги видиш во парк, во кафуле и дискотеки, додека другите дремат пред екранот на компјутерот додека не се раздени.Затоа младите денес се повеќе подложни да запаѓаат во депресија. Што се однесува до мене повеќе би одбрала да излегувам, да се дружам, да остварам комуникација во четири очи или барем за зборувам на телефон, отколку да користам Скајп, МСН или Чет.
Секогаш преферирам разговор во четири очи, отколку комуникација преку интернет. Гледам да најдам време за се, а најмногу за дружење. Секако, поубаво ми е кога сум излезена со друштвото отколку да комуницираме по фб, скајп итн. Мислам дека интернетот нема големо влијание на мојот социјален живот, го користам најчесто за убивање на досадата и ќе се трудам така да остане. Во никој случај не смееме да дозволиме интернетот за не оттуѓи од реалниот живот и да го живееме во некој виртуелен, измислен свет.
Не треба да паѓа толку вината на развојот на технологијата, затоа што вината ја имаме и самите ние како и општеството. Контакти со блиски личности секако дека мора да има и во живо, не само преку facebook или skype. Сум западнала во дискусија за истата тема на училиште, со професори и соученици, дури имавме и есеј за оценка по англиски. Позитивни страни има кај сите работи, па така и тука, исто е и со негативностите, од што сметам дека место фокусот да биде кон тоа како сите расправаме за ваквиот проблем, повеќе на тоа како самите си го решаваме.