1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отуѓување меѓу луѓето

Дискусија во 'Психологија' започната од Tanjamm, 6 септември 2012.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Родините се оддалечуваат. Не е како порано на слави, свадби, на гости заедно. Сега само со првите братучеди контактирам па и со нив површно. Пријателите некако штом се во врска или брак за да си ги скријат проблемите и приватноста да се ја зачуваат избегнуваат контакти. Што вие мислите, како западњаци ќе бидеме?
     
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Многу се отуѓуваме, како да сме во депресија, сите се затвараме, поверењето се изгуби, никој на никого не му верува, се е од корист, до каде ќе одиме вака не знам!
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  3. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    како поминува времето уште полошо ке биде..според мене ние на Балканот сме сеуште добри шо се вика но и тоа доброто веке поминува и стануваме како на запад стварно. како што сме тргнати не верувам дека ке биде подобро ... а тоа е најтажно од се. Но колку што можеме треба да се трудиме бар со тие што сме блиски да си го задржиме контактот.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Братучед ми пред некој ден рече:
    Луѓето денеска не можат да се видат од две причини:
    или имаат премногу работа - или поради тоа што немаат работа.


    Му верувам.
    Па вие пресудете сами.

    Тажно е, но тоа е реалноста.
    :|
     
    На buba4e89, eloves, Sara123 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Жално,но вистинито.Луѓето тука почнаа да го прават она што најмногу го мразат кај западот,а тоа е ладниот однос едни кон други.
    Причини за тоа како што е спомнато во постот погоре се или имањето многу работа или пак воопшто немање работа.За жал проблемот со егзистенцијата оддалечи многу пријатели, семејства и растури многу врски.Дел од луѓето по цел ден работат со страв дека може да ја изгубат работата и со тоа да го изгубат и парчето леб кое стана дури и луксуз тука кај нас.Затоа несвесно,некои дури и свесно се дистанцираат од сите.А другиот дел кој е доста поголем се знае зошто се отргнал од сите.Се нема пари,се депримираме сите.Да одржуваш контакт со некој треба барем 100 денари в џеб да имаш за едно кафе или пак за да поканиш некој дома и за тоа треба пари,треба да го почастиш нешто,нели така е редот.
    Ма како сакаш врти-сучи секој сега си ја гледа својата мака,нема време за да слуша и туѓи.... А можеби и подобро е така,можеби конечно ќе почне да се искоренува и она гледање по туѓи дворови,којзнае. :?:
     
    На Ognenija и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    така дојде времето а како иди се положо најќално од се е за помаливе генерациии :(
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Си тргнувам од себе, кога немам пари , а имам време се некој за енкаде ме вика, а не можам без пари никаде да одам. Е кога ќе влезам во машина и ќе почнам да работам време за одмор има малку. Некогаш и на партнер не можам доволно да се посветам. А довербата во луѓето засега ми е нула. Ретки се тие што ќе ја ценат добрината и нема да ве извисат.
     
  8. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Да јас и по самата себе заприметувам дека не се гледам со другарките како порано по 100 пати на ден. Ниту пак со роднините, а за комшии да не зборам. Едноставно имам чувство дека со многу луѓе колу мене ме гуши нешто, не сум спокојна, сакам под итно да избегам од таа ситуација. Ме фаќа нервоза, се потам конфузна сум. Можеби затоа што извесно време се дистанцирав од сите, зашто ми дојде преку глава од тоа луѓето да те исцедат како лимон и да те фрлат. Кога ми требаше на мене помош и совет не добив од никого ништо, дури и сопствената сестра беше ладна со мене. А јас сегогаш сите ги пречекував со отворени врати, па готвење, па угодување, па кафиња, трошење пари. за што? За на крај во една ситуација и се јавив на најдобрата другарка, дали може да преспијам кај неа една вечер и ми рече "па не знам цимерките мои не сакаат гости. ке ми зборат утре" Пази молим те. За најдобрата другарка не можела па макар и да им се спротистави на цимерките со кои беше 2 месеци. Не е важно. Јас свртев нов лист, си го средив животот, ама сватив дека за да се средиш не ти треба никој, туку напротив ти треба време и простор сам. Како сакате сфатете ме, знам дека моето мислење и нема да се совпадне со конвенционалните убедувања, ама мене и вака ми е добро. Чат пат ќе ми дојде на гости некоја колешка, братучетка, другарка на гости, ама тоа е се. Без замарање. јас вака се чувствувам поубаво. Може ке речете дека сум забегана, ама јас многу дружби-служби не сакам. Иако имам време и пари сеа до толку. Ете таква сум, односно таква станав. :D
     
    На steela.honey, ivimis, xxAngelxx и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Ова го имам утврдено уште пред неколку години... дефинитивно оваа ситуација зема поголем замав во последните две... таков стана народот. Две-три особи во твојот живот и толку. Луѓето гледаат каде има корист, до некаде ептен од сила што се мора да се направи чест и толку. Невработеност, криза, немање пари,... тоа е причината. Ако си пак успешен во нешто уште толку повеќе ти љубоморат. Не знам, немам друг коментар. :/
     
    На srcekrsacka и Ana122 им се допаѓа ова.
  10. Ana122

    Ana122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    30
    Порано имав многу повеќе другарки. Но тие биле од корист. Сега дури и мојата најдобра другарка која по цел ден беше кај мене, заедно учевме, правевме проекти и мн. други работи сега се спријатели со нови девојчиња и дури не ме ни познава :worried: Кога шетам со некој друг и ја поздравам ако ја видам таа ја свртува главата и се прави важна. Јас никогаш не сум се дружела со некој од корист. Но за голема среќа и јас запознав други другарки и сега си се правам важна :D Но како што и Emma89 пишала дека љубоморат ако си успешен тоа е навистина така. И јас тоа го потвдувам. Едноставно тие самите се оделуваат од тебе. Можеби јас сум проблемот незнам :(
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Некогаш љубоморат без причина. Еве најблиската другарка со која имавме идентични семејни проблеми, кога јас почнав да се снаоѓам и да решавам едно по едно таа почна да ми вика - па немој толку да работиш, претеруваш, здравјето ќе си го расипеш, никој нема фала да ти каже,. ааааууу јас како божем за фала работам, не за пари, за свое добро за да можам да одам кај сакам да шетам кај сакам, да ми е мирна главата. Види па се грижела за мое здравје. Будала. Ама ај јас на такви ништо не викам само ќе се насмеам и толку, знам дека од внатре се јаде таа зата што е неспособна и полна фрустрации.
     
    На vampire.p му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Не си забегана, такви ќе бидеме и сме сите ние. Комуницирам со 2-3 луѓе. Синоќа сретнав другарка што до вчера се и сешто ми кажуваше , и само едно “здраво“ ми кажа во одење. Откако се вери се нема јавено, ниту на фб не пиша. Не ни соопштила на никој, па од фб сфативме дека е верена по слики. А и мене една другарка така ја прашав дали може да и останам на спиење во сабота во ск, и тоа се најавувам однапред и ми вика - абе јас може ќе одам во битола, ај јави ми се во петок. Како не ќе ја молам, а она лаже.
     
    На vampire.p и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Секој ден се повеќе и повеќе се оддалечуваме од луѓето за жал.Брзината на животот во кој што сите мислат само како да заработат пари или пак невработените да се вработат.Дојде време во кое што комуницираме со луѓето површно кога ќе се видиме на пат бидејќи се некој гледа да те искористи или пак нема време за да се зближи повеќе со тебе од само едно здраво.Вистинските пријателства се се поретки,а ако комуницирам со некој секој ден ,тоа се само 2,3 луѓе кои што се постојано со мене и околу мене.Со другарките се оддалечивме поради нивната љубомора,со роднините се гледаме само на прослави.Машинеријата на животот за жал не оддалечува.
     
  14. makarov

    makarov Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    47
    Се што ни се продава, се што ни се нуди е да не зближи со луѓето, со пријателите околу нас (facebook, smartphones...), а ние се повеќе се раздалечуваме и отуѓуваме. И ај тоа не е најстрашно, со некои пријатели едноставно и не можеш многу да комуницираш, со друѓи со тек на време доаѓаш до заклучок дека не сте на иста фрекфенција. Но она што е најстрашно е што се отуѓуваме од најблиските, и на крај се отуѓуваме од самите себе. Многу од нас не се воопшто среќни бидејки не се познаваме себе си, не знаеме што не прави среќни. А тоа се малите нешта. А нам ни се продадени големите нешта и од трчање да ги достигнеме големите нешта се изморуваме. Некои од нас ќе ги зграбат големите нешта, ама залудно бидејки ќе бидат толку изморени, и отуѓени што нема да можат да им се радуваат.

    И викаме немаме пари за дружење бидејки треба да седнеме на кафе некаде, или да го поканеме дома пријателот и да го нагостиме.Хмм...со вистинските пријатели можеме и онака без денар да потрошиме да се изнасмееме на кеј, во некој парк, на некоја клупа. Па нели и така како средношколци и се дружевме со пријателите!?

    Ќе се повторам уште еднаш, ни го зедоа тоа малку и ни дадоа премногу.Премногу грижи, премногу страв, премногу желби. Сте се запрашале кој од вишокот пари кога би го имал би си кажал себе си, со овие пари ќе направам еден убав ручек и ќе ги поканам пријателите на еден убав ручек, убава забава дома, скромна но весела. Нема да бидеме многу, или нема да има ни еден кој би го помислил ова, сите ќе помислиме нешто во стилот да ги задоволиме нашите желби. :(

    Ај да не забегувам многу со пишување. Инаку интересна темичка :)
     
    На angelce1, Ella.313, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Zasto vo sve gi mesate parite,vo ljubovta i sega vo otugjuvanjeto,kakva vrska imaat parite? Porano poveke se druzele lugjeto,imalo drugarstvo itn,porano da ne bile site bogati? Znaci ne e do parite,bas naprotiv tie so pomos na mob,kompjuteri stanavme ova sto sme.
     
    На vampire.p му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Често ги слушам мајками и таткоми кога муабетат со луѓето дека веќе дружењето и комуницирањето не е како порано.
    Да, и јас се сеќавам на тоа време. Малечка бев, ама се сеќавам дека зимните ноќи обавезно или одевме некаде на гости или нам ни доаѓаа.
    Гледам слики од родендени, крштевки, слави, освети, собиранки во кафеани, свадби - денес, ништо од тоа.

    Можеби поради тоа што социјализмот тоа го дозволуваше а денешното време не.
    Беше тоа еден систем во кој сите живееја среќно.
    Немаше многу работа, ама имаше за секого, немаше многу пари, ама на сите им беше доволно, сите крадеа, ама имаше за сите...

    Денес има само за поединци. Оние кои имаат врски да се снајдат некаде и оние кои ја наследија Македонија по приватизацијата.

    Па како очекувате и луѓето да останат исти кога се друго се менува?
    Да пречекуваш гости со 200денари?!
    Да одиш во кафеана со 500?! :fubar:
    За фамилијарно зборувам.
    Или пак да одвојуваш секој ден од џепарлакот за да отидеш два пати на кафе со другарките?

    Не фала.
    Искрено мене вака повеќе ми одговара. Барем со финансиите кои ги имаме.
    Да ни беше подобра финансиската состојба подобра во државата, мислам дека немаше толку одеднаш луѓето да се отуѓат, иако и тоа со тек на времето само по себе ќе си навлезеше.

    И еве една порака да испратам до сите:
    Не го осудувајте човек за асоцијален без да му ја знаете финансиската состојба. :!:
     
    На Espadrila, Annath, La.Reina.Del.Sur и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    :clap: :clap: :clap: :clap: Секоја чест на одговорот :)
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Izvinete sto nerazmisluvam kako vas,no mislam deka parite ne imaat nikakvi zaednicki tocki so otugjuvanjeto,i sum gord na svoeto mislenje,ajde sega i druzenje da pocneme da si go naplakame,1cas razgovor 300den.
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Точно дека финансиите и те како играат улога но ако зборуваме за емотивно отуѓување, заладување на односите тогаш не ќе да е се до нив...
    Имам пари колку за едно кафе во денот да испијам, многу пријатели ми се во близина па пак се гледам со нив ретко...Едно седнување и се чувствуваме како да ни е доста бар за месец дена или два, а сме биле скоро секојдневно заедно. И ок, нормално е малку да се одалечиш бидејќи си со нови одговорности, обврски, ама зошто муабетот е стерилен? Се губи топлина, близина, механички се зборува, се внимава што се зборува, немаме доверба во никој за да слободно се отвориме...
    Зошто?
    Веројатно сме полни со осудувања, предрасуди, себични сме, негативни, завидливи, не ствараме доверба кај луѓето или пак тие кај нас за да се отвори простор за еден убав однос кој знаеш дека нема да биде од корист или заради лечење на комплекси...
     
  20. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    луѓето се разочаруваат па обновуваат други пријателски врски па пак се разочаруваат и кога ќе видиш подобро да си седиш дома или да си се шетнеш сам отколку да си поставуваш милион прашања зошто ,што направив да се повредуваме одново и одново за да не бидеме повредувани најчесто решение ни е да се одалечиме ,постои огромно ривалство помеѓу лугето кој има поише или кој е посреќен итн тоа е за жал :(