Оценки преку врски

Дискусија во 'Образование' започната од Majuv4ence13, 19 јули 2012.

  1. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    511
    Пол:
    Женски
    Што мислите за оценките преку врски?Јас не го оправдувам тоа,иако кај нас за жал оценувањето преку врски е многу застапено..Во моето училиште е така.Понекогаш се прашувам зошто вистинскиот труд кај нас не се цени???Еве ќе кажам две случки кои ми се случиле на мене

    1.Јас сум сега за 8 одделение,а ова ми се случи во 7 одделение и плачев можеби цела недела...Географија професорката ми е многу строга и од неа сите имаме страв во коски ама не е важно тоа,таа бара знаење и многу проекти..Кај неа никогаш не сум слегла подолу од 4 или 5 и сум имала навистина прекрасни проекти дури и папките ми ги зема за пример...Во моето одделение учи едно девојче се знаат со професоркава од некаде незнам од каде ама намирисав дека се знаат..Еден час професорката не натера самите да се оценуваме а девојчево крева рака и вели за мене Мислам дека Маја заслужува 3 а цело одделение вели дека треба да имам 4 или 5..Единствено само таа рече дека треба да добијам тројка и професорката неа ја послуша и ми пиша тројка на тромесечие..Верувајте во тој момент солзи ми дојдоа на очи и го бапнав силно атласот и и реков на професорката Наставничке која е таа да ме оценува?Ве молам кажете ми која е таа мене да ме оценува???А таа само ми рече Не се тепај де од сабајле седни си на место..Заврши часот и сега сите на излегување бевме и ете ја другаркава ако можам така да ја наречам ми вели Извини ама тоа е моето мислење јас само ја турнав и на цел глас пред професорката и велам Не си ти никаква другарка..Другиот час станав да поправам ја знаев целата лекција дури и разкажав нешто дополнително од интернет што имав најдено и кучката ми вели Добро знам дека е научено се гледа -си ја зеде чантата и си отиде.Класниот го прашав која оценка ја имам и тој ми рече дека уште ми стоела 3...Верувајте цел месец само географија учев се спобудалев и ај некако едвај ме покачи на 4..Разговарав и со мака ми таа сакаше да дојде да се разбере со неа ама јас и реков да не доаѓа дека сама ќе си го решам проблемот,што според мене е и во ред..Ај по некое време конечно си ја вратив 5 што ја имав......

    2.Ова е втората случка..Поминаа две три недели од ко си ја вратив оцената и дојде професоркава и ни кажув дека ќе има натрепвар да се пријавиме и јас на крајот од часот одам кај неа и ја прашувам дали може да учествувам и ми вели Абе оваа година неможе ќе одам со едно дете од 6то ќе те земам во осмо и јас и велам ок како сакате и си заминав..Одма после тоа отидов во кабинетот по информатика и го прифатив предлогот за учество на натпреварот по информатика,се враќам горе имав нешто заборавено во училницата и ја гледам другаркава што ја спомнав погоре со наставничкава ја прашува дали може да учествува на истиот натпревар и професоркава пред мене и вели Може нема проблем донеси ми утре да видам каков ти е планот...Јас остаанав со подзината уста затоа што јас имав петка и не ми дозволи да учествувам на натпреварот а таа имаше 3(едвај,на тестот доби кец ) и ја прими.Си го зедов новчаникот и излегов......Само едно нешто сватив:
    Во нашата држава вистинскиот труд НЕ СЕ ЦЕНИ...Се е преку врски во овој живот..Ама според мене таквите,што преку мама и тато добиваат оценки во животот нема да постигнат самите ништо...Во моето одделение не е само оваа што добива оценки преку врски има уште 2 девојчиња....На едната татко и е главен во внатрешни,на другата мајка и е професорка(колешка на останатите професори)....И нормално е дека ќе бидат одлични..На табла појма немаат а не знаат да речат,цел ден по уличи фаќаат дечковци и пак се одлични..Така е тоа,некој по цел ден ќе учи а некој ќе се мува....За жал така е кај нас... :( :(


    Би сакала да слушнам мислење и од вас!!!!!!!!!
     
  2. Kalina10

    Kalina10 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Девојче добредојде во реалниот свет! За жал тоа е душо моја ретко, многу ретко кој го цени трудот кај нас, па затоа младината ни бега. Еден конкретен совет до тебе, продолжи си со исто темпо по својот пат. Овие ситуации нека не те демотивираат, напротив нека ти биде мотив за уште поголем стремеж кон книгата и кон стекнување нови знаења. Едно е сигурно, знаењето од глава никој не може да ти го земе. Неправдата е тешка, но мора човек да издржи, барај си ги своите права постојано и држи си до себе. Многу ми е криво што читам вакви постови, јас конктретно сум наставничка и незнам која е цената, која е силата, која е храброста кај еден наставник да ги дели децата.
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    511
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за советот и да знаете и тоа ќе го направам..Ќе си продолжам понатаму и ќе им докажам дека сум подобра од нив,еве се спремам за два натпревари.Искрено,најсреќна сум кога знам дека она што сум го постигнала заслужено ми е..А истата оваа професорка кога виде колку сум упорна и кога докажав дека сум милион пати подобра од оние нејзините што им пишува оцени преку врски ја повика мајка ми и ме изнапофали..Таа е најстрога од сите и такво нешто од неа не очекував..Во ред е тоа што ме пофалила..Среќна сум што им докажав и понатаму ќе им докажувам дека со моето знаење ќе постигнам..Татко ми не е полицаец ниту мајка ми не е професорка,немам ниту јако презиме затоа не сум како нив..Тоа е разликата меѓу мене и нив....Уште еднаш ви благодарам на советот и на тоа што ме разбирате,затоа што и вие самите сте професорка.Голем поздрав до вас :*
     
  4. 2036

    2036 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    60
    За жал има и такви кои имаат незаслужени оценки, добиени преку врски.
    Не се согласувам дека ако мајка ти е професорка имаш оценки преку врски. Еве мајка ми е професор, јас редовно учам и имам добри оценки. Се трудам да ги заслужам оценките.

    Не се согласувам со болдираното. Таквите секогаш ќе успеат, ќе завршат факултет, ќе најдат работа, пошто нели имаат врски. Се е преку врски во оваа држава.
     
  5. Kalina10

    Kalina10 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Значи да не ги генерализираме работите. Секоја чест на оние ученици, кои самостојно си учат пред се за знаење а потоа и за оценка. Не секогаш тие што цел живот некој ги „влечел“ успеваат. Иако доста работи се преку врски и се корумпирани, доаѓа време каде што ќе се цени знаењето, верувајте ми млади дечиња. Квалитетот секогаш ќе си излезе на виделина. Порано или подоцна, само е прашање на времето!
     
  6. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    511
    Пол:
    Женски

    Во ред.Сепак е тоа твое мислење ама според мене не е фер спрема другите шо цела година се мачат за да ги имаат сите 5-ки,а некои уживаат и пак истото....ама сега секој за себе...кога ке завршат факултет после,тие шо не учеле кога ке се вработат ако видат дека не ги бива за работата,нормално нема да ги трпат..Или замисли сега некој доктор одиш на операција на слепо црево ама зошто типот не си учел(завршил со помош на мама и тато)ќе ти извади некој бубрег :rofl: :lol:
     
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Го имало отсекогаш и ќе го има. Па дали е на роднинска или пријателска база, тоа е реалноста. Само нема причина за нервоза, таквите „стаклени“ петки од километар се познаваат а учениците кои ги добиваат ни најмалку не се ценети. Девојчето во конкретниот пример може има врски за географија, ама за другите предмети? Факт е дека јаките ученици се пример во класот и тоа никој не може да го смени.
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    511
    Пол:
    Женски
    Искрено поради тоа порано многу ама навистина многу се нервирав и ми паѓаше тешко ама сега веќе не...Едноставно таквите ги сметам за НЕСПОСОБНИ самите да научат..Од сега ќе си гледам само за себе.Се гордеам со самата себе затоа што никогаш не сум имала врски и секоја оценка е моја и комплетно заслужена.Никогаш не сум имала потреба да фаќам врски,ниту пак сум сакала,знам дека ако имам квалитети ќе успеам во животот и за тоа не ми се потребни никакви врски.Подобро би имала 1 без врски и заслужен, отколку 5-ка со врски и незаслужена.
     
  9. doll.a

    doll.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Секогаш имало и секогаш ќе има сега во средно скоро цел клас на мене ми беше со врски . И знаете како се делеа 5,4,3 и 2 ехее нема потреба да знаеш седи на час и кога ќе те испрашува читај ја лекцијата од тетратка или учебник и имаш 4 . Тоа ти е кој како си ја наредил само што џабе се поклонети оценки кога таа главата е празна. Само криво ми е зошто прават така не е фер некој што цела година учел се трудел има 5 и некој со скрстени раце цела година седи и има исто оценка 5 . Само тоа е сум се нервирала во 1 година ама еве сега завршив и послем од 2 ми било се исто сум се трудела за мене да поминам одлична зошто знам дека сум усепала и ќе бидам нешто во живтот и бар имам нешто научено .
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    126
    Па навикни се на тоа. Така ти е тоа во животот - повеќе се ценат пријателите (врските) од паметот. За жал. :worried:
    Многу мина од мојот клас
    а верувам така е секаде
    кои преку цела година немаа видено 5ка, на крајот поминаа со сите 5ки или една-две 4ки...
    И пак сите велат учиш за тебе, не за другите, тие нема да знаат, ако имаат 5ки, ама не е баш така, не е лесно ти да се бориш за отцена, да стануваш секој час, еднаш да се погоди да те скорнат кога немаш научено или едноставно имаш некој проблем па не си во состојба ни да одговараш ни да мислиш, и да ти намалат отцена и после да молиш да те скорнат за пак да си ја вратиш 5ката, а некој друг што воопшто не се појавува на школо (има таков случај во мојот клас, детево демек не можело да доаѓа на школо, а здраво право, ништо не му фали, ама да не навлегуваме во тие теми, на крајот помина исто како и мене со сите 5ки... па не е фер. Ама тоа е тоа. Мојата мајка не е докторка - неговта е.).

    Ах, барем ова да беше само на школо. Потоа истите овие, на истиот начин, со истите отцени како и тебе, но не со истото знаење, ќе ти го фатат местото на факултет. Ќе ја земат дипломата пред тебе, а нема да знаат што се учело на тој факултет. Но важно тие завршиле, па пријателите повторно во акција. Сега ќе ти ја грабнат и работата... и се така се додека имаат пријатели и се додека имаат што да грабаат...

    И на крајот не останува ништо да се рече освен
    П.С.
    Кога некој ќе ти каже дека успеал со голем труд, прашај го со чиј.
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Ајде да бидеме реални: кога ќе дојде време да се запишам на факултет никој нема да ме праша за моето знаење, на сите ќе им бидат важни оценките. Од вакви причини се прави сé за да се стигне до фамозната Одличен 5. Добро, додека некој фаќа врски за да заврши 5,00 некој се радува и што му поправиле преку врски за двојче, колку да не падне година.

    Искрено не се заморувам многу со тоа кој имал врски и кој си ја ладел цела година за на крај да помине со успех ист како мојот. Ретко кој од нас е среќник за мама/тато да заврти еден број и работата да е средена. Е вие другите, грејте ги столчињата цела година.
    Досега фала богу не сум имала потреба, но ако имам во иднина секако дека ќе фатам врски. Што ако заслужувам за 5ка а имам 3ка во дневник? Тогаш не требаат врски? Требаат и те како.
    Кампањец сум, не учам многу редовно, ама кога ќе седнам не дозволувам буквално ништо од материјалот да ми промакне. Да речеме дека имам и среќа да не ме кренат мене на испрашување, а и да ме испрашаат знам како да се извадам. Не е се до тоа да се фати врска, треба да бидеш и малку снаодлив.

    Имам едно да ви кажам: вие останатите смртници што си ги заслужувате оценките со учење - не се разочарувајте. Оценките ќе ви требаат само за запишување на факултет и вработување, а после? После стапува на сцена тоа што го имате внатре и што сте го надоградувале целиот свој живот - знаењето.
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.785
    Фамозните „врски“ се навлезени во сите степени на образованиево ни наше. Во екот на пубертетот знаеше крајно да ме изнервира, а сега веќе научив да живеам со тоа. Си се тешам со тоа дека за сите нас има место под сонцето.

    Патем, ако има тато другар адвокат, не ти треба знаење да му се пикнеш в канцеларија. Сведоци сме биле и самите какви се‘ професори и наставници ни предавале, наставнички до четврто кои трчаат кај мама секогаш кога треба да го напишат наставниот план |(
     
    На Majuv4ence13 и Ruby.rose им се допаѓа ова.
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.561
    Допаѓања:
    7.972
    Пол:
    Женски
    Па има различно добивање на незаслужени оцени - со врски е еден од нив.
    Има и различни врски.Има врски кај што родителите се пријатели или роднини со еден од наставниците, и по тој предмет загарантирано имаат 5ка, а успут тој наставник лиже г'з на другите колеги за и по тие предмети 5ки да имаат, има врски кај што родителот е некој богат фунционер и ваквите врски цел живот ги пратат децата кои што на крај завршуваат со вработување во јака фирма каде што дотичниот/дотичната г'з од столче не мрда а зема 40.000 плата, а некој со факултет и просек 10ка седи дома, а има и случаи каде што родители идат во школо и МОЛАТ, буквално молат по наставници да им се поправи оцена на детето.Е, ваквите ми се најбедни.
    Ама има разлика, тие со првиот тип на врски, најчесто со завршеток на основно прекинуваат, па во средно се трупци што не знаат реченица да сврзат освен ако и во средно немаат такви врски, вторите цел живот на такви врски се потпираат, е ама за третите, им предвидувам крај на врскаџиската кариера со крајот на основно, зашто во средно тоа - неќе моќи. ;)
    Сум видела случај на ДЕБЕЛО добивање оценки преку врски, во мое одделение ги имаше едно 2-3, во тек на година со 2ки, 3ки па и 4ки, сите се жалат од нив како не учат, а на крај 5,00, ама затоа ТРУПЦИ се невидени, не знаат на која страна е срцето, кај се наоѓа Австрија, и ред други работи...Уште потрагично е тоа што 2јца од овие со мене и во средно ќе учат. |(
    Јас досега не сум добила НИЕДНА оцена со врска, сум учела до 2 саат навечер а сабајле сум прва смена, ме испрашувале секој час и ко пушка сум била, 90 % од тестовите ми се 4ки и 5ки...кога и да ме прашаат спремна сум била.
    Епа за фер - не е фер, некој да не може да спие од учење, а друг цела година да џаболебари, на крај и двајцата со 5,00 да се, ама па што во државава наша е фер...Ама ако учиш и имаш капацитет тоа ќе исплива на површина кад тад, е тоа што ваквите се ретки тоа друга работа е.
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    имало, има, и ќе има.....имам неколку примери од класот, цело време имаат 2ки и 3ки и на крај исти оцени како моите...не е фер, ама не се замарам :) е тоа дека знаењето е важно.....па не знам баш...кога би ми потребало да знам да раскажувам за ксилемското спроводно ткиво на растенијата :| добро, можеби на некој кој планира да студира нешто од таа област..ама мене лично не :?:
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.776
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Мојот огромен проблем.
    Сега сум за втора година средно и речи си од учениците кај мене сите оценките ги добиваат со врски,а кутрата јас ќе си учам и пак ништо.
    А пазете ситуација ова,музичко и на хор одам,и на часови сум пеела,и се знаев на испрашување.И професоров ми вика:Ти Анна 4ка.
    А јас цела лекција на од буква до буква е имав научено.
    Станува друго девојче,дедо е,пеач е.И тоа доста познат пејач и сите знаеме,во клас.И е стана и ништо незнеше а е стана за истата лекција што и мене.
    И и' викат седи 4ка и дедо ти многу да ми го поздравиш!
    Мене ме споредува со неа?! :o :o Ништо што можам да направам само си поќутев не е и дедо ми мој пејач па да имам и јас петка.
    И знам личен пример,за дете кое појма си нема од еден предмет и со врски му пишуваат 4-5ки.
    Но не рекле за џабе старите,кај има сила таму нема правдина.
     
    На cresa-jagoda и Majuv4ence13 им се допаѓа ова.
  16. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Секаде е со врски...Основно,средно дури и на факултет...Јас и во основно и во средно имав такви што беа со врски и ги имаа сите 5 и беа најфаворизирани од целата генерација од страна на наставничките...После у средно беше уште полошо...Добиваше единици на сите тестови и на крај не го оставија да полага,а еден друг само еден предмет имаше со неколку единици и двојки и го оставија на полагање...Сега на факултет исто...Абе нема тоа...Во ова глупаво време ако си имаш врски ќе си бидеше фаворизиран,а ако не ќе бидеш потценуван...Жалосно,ама така е :worried: ....
     
  17. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Мила немој да се нервираш. И јас бев како тебе на времето и се нервирав за тие ствари. Со тек на времето сфатив дека кај и да одам што и да бидам такви секаде ама баш секаде ќе има. Учев и сеуште ќе продолжам да учам јас не се откажувам после тие што си поминуваат со врски тие нема да бидат образовани мене не ми е галје. Порано да ептен се секирав за тоа имам плачено многу пати но зошто? Тоа е тоа. Така ќе биде секогаш. Допрва идат уште полоши работи во животот така да немој за небитни работи да се нервираш. Продолжи да учиш и биди тоа што си. Ова е небитна работа. Знам дека си исфрустрирана но тоа е залудно се секираш ништо нема да се смени од тоа пак ќе се поминуваат со врски.
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.267
    Допаѓања:
    14.968
    Пол:
    Женски
    Имало, има и ќе има...како сегде така и во образованието за тие оценки.
    Едноставно мора да се помириме со тој факт.

    Јас имав 2ца примери во класот. Едната не чепкаше книга и 2ки на крај колку да помине.
    А некој се трудеше 1 да поправи и го оставаа на полагање.

    А пак имаше еден што чат пат учеше, ретко во школо се појавуваше и на крај професорите го молеа да научи барем 5 лекции кој тој ги сака. Тој не па не....и на крај тој со 4ки и 5ки беше и сите знаевме и како и преку кој. Дури и прекар тета му извадија.
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    511
    Пол:
    Женски
    Во право си.Ама неможам ептен се нервирам.Во моето одделение 15 деца сме 7-8 се со врски а останатите се мачиме учиме по цел ден.Крајно се изнервирав,кога една моја другарка,имаше цела година двојки,тројки,и по некоја четворка и плачеше дома ја казнуваа,пак помина одлична а на табла а не знаеше да каже..Мајка и е наставничка и едно е со сите наставници,со сите се знае.Македонски таа и уште едно дете се прават поети,ама дома кога им ги пишат песните.Не дека се фалам ама пишам одлични состави и песни,дури еднаш ја имам расплакано таа по македонски со моите состави,сум пуштала за конкурси и пак не добив ништо.Еднаш на час не натера да смислиме песна,јас си напишав,си прочитав,си добив плус и сега пази ги станва нив двајцата да прочитаат и другарка ми и вели Наставничке не напишав песна на школо немам инспирација 8) Кога го слушнав тоа јасно ми стана дека некој и ги пишува песните,со кои што добива награди,ја форсираат,затоа што мајка и се знае со сите наставници.На информатика сите си седиме на час,прајме проект таа си излезе со дечко и надвор да се мува,и пак не доби неоправдан.Но јас,ќе си продолжам да учам,докажав и ќе продолжам да докажувам дека со учење вредам многу повеќе од нив.Таквите ги жалам ги сметам за неспособни да научат. Таквите се за жалење,со тоа самите си се уништуваат.
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tatuvcee

    tatuvcee Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Пробав сама,но не успеав да го положам испитот,како да и пристапам на професорката за оценка до 6 да ми пиши..