Се спремавме за НГ,....ја дочекавме,.....еве ја почна да тече Новата Година....,но кои се вашите очекувања и планови во неа? Покрај оноа стандарднотот,радост,љубов,здравје,среќни мигови со семејството и дечко ми..... Во 2012 очекувам, лесен тек на факултет и мнооооогу одлични настапи резултати,напредок во спортската кариера, и Олимпијада Лондон 2012.
Јас планирам да му се приближам некако и да му кажам дека ми се допаѓа, ако тој не го направи тоа пред мене
Планирам да си ја довршам стихозбирката фино лепо да си ја издадам за некој месец а планирам и да ослабнам едно 8-9 кила до лето Очекувањата се сосема подруги.. Очекувам многу работи.Сакам годинава да ми биде подобра , посреќна од минатата.Очекувам да се средат работите да си дојдат на место и да си немам виќе проблеми со некои личности,другото ќе си дојде само Сега за сега само тоа , ќе се трудам да си ги реализирам и оние ситници се да си биде на место
Очекувам да испадне дека Маите биле во право, па да дојде крај на светот. ....Ама тоа е при крај, така што претходно планирам да дипломирам, па и работа здравје. И да си најдам дечко-не шо годе, туку асален некој, eптен како за мене.
Сакам само здравје.А се другото ќе си дојде по себе. Добро ајде ќе си почнам вака прво очекувам да продолжам да глумам и во наредните претстави што ќе се спремаат во Аматерскиов театар.А планирам да си ги поправам оценките,па дај Боже на крај година да си поминам со сите 5
Јас за 2015-та година имам очекувања и планови како,впрочем и секоја година,да напредувам во себеспознанието лека полека,но сигурно напред и само напред за да постепено си го средам животот и мојата емотивна состојба!Да бидам економски и емотивно независна!И да имам добро здравје!
Во оваа нова 2015-та имам очекувања успешно да ја поминам државната матура со оценки кои што ке ми помогнат успешно да се запишам на факултет,што впочем е и мојот најголем сон.Очекувам дека добро ке се снајдам на факултет после уписите и дека добро ке ми тргне годината.Очекувам да станам посамостојна и што е најважно да станам постабилна на емотивен план,и секако како и секоја година очекувам да имам добро здравје и многу многу среќа и успеси на различни полиња од животот. А плановите за 2015-та година се следниве:Да си пронајдам стан во кој што ке можам да престојувам за време на студирањето со прифатлива цена,планирам да променам фризура и начин на облекување т.е да почнам од почеток - да се отселам од ова место каде што сега живееам и да продолжам со нови луге и нови пријателства.
Очекувам да магистрирам (ако конечно се свестам дека треба малку да се ангажирам околу тоа, најверојатно Дедо Мраз нема да ми пушти низ оџак изработена магистерската теза)
Очекувам и се надевам мајка ми да се пензионира па да има кој да ми ја чува малата, потоа очекувам се да помине во ред со доградбата на зградава и да си изреновираме дома баш онака како што треба. Планирам да си најдам работа во струка за од септември, а малата ако не ми ја чува мајка ми, тогаш планирам градинка. Сега за сега ова се тие "груби" планови на кои се надевам дека ќе се остварат
Da se vrati cenata na naftata na $113bb, pa da si najdam top rabota. Se izvinuvam na onie koj mojata zelba silno ke gi pogodi.
Дека и оваа година здравјето ќе ме служи. А за другото, како навее ветрот. А да, се надевам на самостојност и бистар ум... но само со првово би била задоволна. Не сум по големите очекувања, ретко носат нешто ... големо.
Стабилна работа на долгорочно, или да продолжи моменталнава, но во појако темпо. Убав (и заслужен) одмор на лето, по можност во земја со ориентален стил. Полирање на ситниците што се’ уште ми предизвикуваат психички немир. И, здравје, можда и нова љубов... Мина извесно време од последната, во меѓувреме се’ што се појави беше несериозно и базирано на авантура, па затоа баш би било убаво да се појави некоја нова, кога најмалку ќе очекувам, и да ми го преврти светот за 1080 степени... така барем било досега. Yeah... I'd like that...
Да се омажам во Америка. Шала на страна, планирам сега во првите две-три месеци мала прошетка низ Европа, здравје да ми дадат виза летото повторно ќе одам преку барата... Очекувам таму да прошетам и планирам да останам што е можно повеќе. Дури и би продолжила виза ако можам, што подолго тоа подобро. Не се брзам со дипломирање, немам досега паднато на испит и да завлечкам некој предмет нема да биде воопшто страшно. Па здравје понатаму, мада што ако сакам да одам на магистерски во странство ќе мора да имам една геп година измеѓу.. сигурно ќе подработувам нешто. А да, сакам да положам за возачка во 2015. Нема смисла веќе вака... п.с. @Snow-Queen баш помислив дека си ослабена на сликата кај што го паткаш синчето. Не се оптеретувај многу многу.
Од 2015 очекувам стабилна работа по струка, нова љубов и многу здравје. Емотивна стабилност, наивност, смиреност и трпение се работи кои долго време успевам да ги средам и контролирам, но тешко ми оди, па се надевам дека 2015 ќе ја започнам како поцврста и постабилна личност и нема да ги правам истите грешки. Како и секоја година, така и во нареднава очекувам некое кило плус и добивање идеална тежина. Кога сме кај плановите, би сакала работно место во друг град и самостоен живот. И на тоа работам веќе подолго време, па очекувам во текот на 2015 година да се реализира овој план и конечно да ми се исполни оваа желба. Најважно од се` ми е здравјето и среќата на моите. Се надевам дека преку цела година ќе бидат здрави, живи, насмеани и горди на своите деца.
Па очекувања немам некој големи. Можам само да се надевам дека цела фамилија ќе преземе иницијатива да сме барем на една иста адреса, ако не за друго. Планови, па имам многу. Најпрво планирам да си ги поправам оценките, да почнам да собирам пари, мислам дека татко ми планира да се преселиме во странство. Исто така планирам да почнам со собирање на книги. Сакам да си направам мала библиотека во собата. Планирам исто да се променам малце, и физички и психички. Планирам да ослабнам и да симнам барем едно 6-7 кила. Планирам да си ја скратам косата ептен кратко, но свесна сум дека ко чудак ќе сум гледана. И тоа ќе да е за сега Не ми се во план некој врски или некој посериозни работи, сметам дека сум уште малечка за такви работи.
Ocekuvanja?Ah se nauciv da nemam ocekuvanja.Samo zelbi.Ne sakam koga preterano se nadevam.Samo vo toj slucaj dokolku ne mi se ispolni nema da sum premnogu razocarana..Sepak sakam zdravje za maz mi i nasite familii..Za sebe si se razbira.i da uspeam da go donosam bebencevo..Se drugo zatoa potoa.