1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Очите на сибирскиот пес (Антонио Санта Ана)

Дискусија во 'Книги' започната од Ammy.Lee, 22 ноември 2011.

  1. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга која вреди да се прочита.Кој прочитал знае ;)
    Се работи за момче на 18 години кое е заболено од Сида.На 18 години заминува од својот дом и се преселува во стан и наоѓа работа.Потекнува од богато семејство,и има помал брат,и баба која живее на село.Оваа трагедија ја раскажува неговиот помал брат на кој му забрануваат родителите да го посетува и да се среќава со него.Но тој со своите 11 години бега од дома за да го види брат му.Ако ја читате дозволете чувствата да ве понесат..Имаше моменти кои додека ја читав .. ;( ;( Прекрасен роман кој се чита само за 1 и пол сат.Вреди да се прочита.Понатака нема да зборувам и раскажувам прочитајте ја и ќе се пофалите во темава. :)
    Ако темава е постоечка слободно клуч :bow:.Јас пребарував и ненајдов ваква тема :angel:
    Следат некои цитати од романот.
    “Ужасно е да сватиш дека имаш нешто токму кога го губиш.Тоа ми се случи мене со брат ми.Брат ми ќе наполнеше 31 година,но умре пред 5 години.Си замина од дома на 18 години,кога јас имав 5 години.Моето семејство никогаш не му ги прости обете работи-дека си замина и дека умре.“
    “Сите луѓе се сами во смртта.Сите.Езекиел во ковчегот изгледаш уште поосамен.Осамен во смртта негирана од страна на неговото семејство.Некој,некога рекол...не знам кој,дека сидата е како војна...татковците се тие кои ги испраќаат своите деца.Езеикел немаше таква среќа.Само баба и јас го придружувавме до крај.Кога Езеикел умре,тато беше на службен пат‘‘
    Романот е насловен Очите на сибирскиот пес бидејќи Езекиел во својот стан имаше само придружба од еден арктички пес Хаска по име Саша.Овој пес бидејќи бил последна рожба од кучињата требало да биде убиен,но Езеикел го зел за да го одгледа.По некоја логика и Езеикел бил исфрлен од дома како куче,веројатно затоа е добиено ова име за романот.
    ’’Една од причините зошто толку многу го сакам ова куче е поради неговите очи.Откако сум болен,луѓето ме гледаат на поинаков начин.Во очите на некои гледам страв,а кај други нетрпение.Во очите на баба ми гледам сожалување.Во очите на мама страв и пекор.Во очите на тато гледам лутина и срам.Во твоите очи љубопитност и таинственост.Единствените очи кои ме гледаат на ист начин,единствените очи каде што се гледам каков што сум,се очите на моето куче.Во очите на Саша‘‘
     
    На DeRose, macysh и starbucks им се допаѓа ова.
  2. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Преубава! Кога ја видов оваа мала книшка не ни помислив дека има нешто толку добро во неа :!:
    Ја препорачувам за сите...
    Имам доста читено за сидата,како и нејзините последиции,луѓе кои се заразени но сепак оваа дело допре длабоко до мене...и створии слика за самиот живот на едно такво лице...живот кој на еден начин е обележан со негативна критика,бегство од заразената особа,нејзино напуштање без да се размисли дека и тоа суштество е ЧОВЕК,осеќа и чувствува,а сепак е препуштено само на себе :!: за жал..
     
    На DeRose и Ammy.Lee им се допаѓа ова.