Филмов е класика, прекрасен, мистериозен, полн со еротски набој, комплексен, дефинитивно филм кој не е за секого. Тежок филм, кој ќе ве остави замислени долго време. Последен филм на Стенли Кјубрик, вистинско ремек дело. http://www.youtube.com/watch?v=yrm6mvjG ... re=related
Еден од моите омилени филмови...неколку пати го имам гледано,...за жал никогаш од почеток до крај целосно без прекини, се` нешто мора да ме прекине за да го догледам, па паузирам, па пак се враќам, па пак паузирам...и така... има некои работи кои ми се нејасни.. На пр. дали и Никол го изневерува Том во филмот или само сонувала, ако е така како знае за оргиите... Целото тоа тајно друштво ептен ми е крипи (не ми текнува македонско зборче), морбидни маски, па жртвувањето на девојката, глумата на Раде Шербеџија и девојката која му е ќерка....легенда е човеков... Мистериозен филм, конфузен, интересни еротски сцени...со задоволство пак би го гледала.
Филмот многу ми се допаѓа, еден од омилените ми е. Од кога ја прочитав книгата според која е снимен филмот бев воодушевена. Кјубрик е добар мајстор. Книгата е Новела за сонот од Артур Шницлер, па прочитајте ја.
Го гледав вчера за првпат и можам да кажам дека со едно гледање ми стана еден од омилените филмови. Многу добро сценарио, одлична глума на Никол Кидман и Том Круз (кои во тоа време се и приватно во брак), мистериозен и еротичен. Остава простор на гледачот сам да протолкува некои работи. Ме воодушеви и топло го препорачувам на тие што сеуште не го гледале да го погледнат!