Очи

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Nicki_N, 3 декември 2016.

  1. Nicki_N

    Nicki_N Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Уште од малечка мајка ми приметила дека левото око малку ми "забегува" надесно и ме носела по лекари, но не сум имала проблем со видот и докторите и рекле дека не е страшно, дека сум многу мала и дека тоа само од себе може да се поправи и да го следиме редовно со одење на контроли. Кога потпораснав не се приметуваше тоа толку, скоро ич. Негде прва година средно приметив дека видот не ми е добар,отидов на лекар и ми дадоа наочари, диоптер 0,50 на левото и 0,75 десното. И бидејки не ми беше толку страшна ситуацијата не ги носев баш многу наочарите. Потоа земав леќи, но и тие не ги носев бидејки не можев никако да се навикнам на нив. Е сега последниве неколку месеци приметив дека окото почнало повеќе да ми забегува, дури и луѓето почнаа да ме приметуваат и почна страшно да ме нервира, срам ми е да погледнам во очи некој ;( Често осеќам и како притисок некој на тоа око, дали на психичка база не знам.. Спас? Може ли некако да се поправи? Само да не е операција..
     
  2. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    5.350
    Дали е можно да ми дадат очила за одмарање на очиве?
    Во последно време ми смета светлина, и ме тера да ги ,,полузатворам,, и некако тешко фокусирам на далеку додека ми се избистри сликата човекот чче си помини на улица :/
     
  3. Nicki_N

    Nicki_N Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Оди на лекар и објасни што ти се случува, ако е потребно ке ти дадат.