Оштета од сообраќајна незгода

Дискусија во 'Правни совети' започната од Jana1983, 13 октомври 2011.

  1. Jana1983

    Jana1983 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Почитувани,

    Нова сум на форумов, сакав консултација околу оштета при сообраќајна незгода.
    Пред неколку дена имав сообраќајка и сега сум дома со повреда на вратот и контузии по цело тело.

    Ме интересира Ваше мислење, од аспект на тоа што многу лица изјавија дека е тешко да се утврди кривецот во сообраќајната незгода.
    Се случува на улица во две спротивни насоки-две ленти. Колата пред мене доцна дава жмигавец и нагло врти лево. Се удира во колата од спротивната насока, тој го влече и се удира во мене. Значи јас слушам еден удар и потоа ме маваат мене. Колата ми е лом. Јас возев нормално, но од првиот удар на колата како што е влечена удира во мене, во моето лево крило, а тој автоматски јас го удирам од позади. Иако јас не сметам дека е моја вина, полицајците постојано ме прашуваа дали сум држела доволно растојание од колата пред мене.(која удри прво во колата од спротивната насока, па потоа во мене)
    Исто така сакав да ве прашам, дали постои можност да направат промени во записникот, и да ме зезнат???

    Ви благодарам однапред за консултацијата.
     
  2. Snezana0404

    Snezana0404 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Jana, zal mi e sto ti se slucilo ova.
    Ti posakuvam pobrzo da zakrepnes.
    Pobaraj sovet na ovaa adresa http://www.osteta.com.mk, bi trebalo da se kompetetni lugjeto tamu.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    102.888
    Не може да се прават промени во записникот,а што инсистираат да те убедат тебе во нешто друго,многу веројатно е (да де,дека државава гз место,па тешко е,а плус полиција најкорумпираниот елемент у државава) да ти прават зезалици,сама да се откажеш и да не бараш оштета ти од тој што тебе те чукнал,зошто многу веројатно да има ортоми илиии пак ти тој што си го чукнала сака да извади придобивка,а исто така има ортома за истата. Не знам зошто би те прашувале кога ситуацијата е очигледна дека не си виновна при цел тој ланчан судир. Вината е на тој првиот што удрил,што ете,можеби и него сакаат да го растератат и да ја поделат вината.
    У секој случај прашај на сајтот,ама и консултирај се и со адвокат и не дозволувај да подлегнеш на манипулации.Не дозволувај да те убедат во глупости само затоа што не си запознаена,а дека можат да те наседнат можат.Има премногу дупки во законот,ама премногу.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.143
    Има нешто што се вика Европски записник, значи штета до 800 евра покрива овој записник. Прво и основно да се јавиш во осигурителната куќа каде што е направена автоодговорност полисата. Потоа сама си го правиш автомобилот и сметката или ф-ра ја поднесуваш до осигурителната компанија и тие ти исплаќаат на трансакциска сметка. И ова прича е завршена али отпосле по службена должност полицијата поднесува пријава во Суд. Значи ти и немора да тужиш за оштета на кола единствено можеш за претрпен страв и сл. али тоа се цаки кои ги играат адвокатите и за тоа ќе се консултираш со адвокат.
    Кога ќе одиш на Суд како доказ ќе биде Записникот кој сигурно си го потпишала. А лажирање на потпис е кривично дело.
     
  5. Jana1983

    Jana1983 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Фала ви на информациите, и поддршката. Многу ми помогна сајтот за оштети.
     
  6. Jana1983

    Jana1983 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Да знам за ЕУ записник, проблемот тука е што штетата е огромна, на мојата кола е околу 3000 евра, а плус имаше и повреден кој беше однесен со брза помош, што ги комплицира работите.
     
  7. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    93
    Јана побрзо оздравување, мислам дека записникот не можат да го променат, ептен ако некој од присутните во сообраќајката има дебели кабли ма да тешко ... Штетата на колата не е битна се поправа, мисли на своето здравје, поздрав.
    оффтопик: Случајно сообраќајката да не беше на Партизанска, во средата, страшна глетка видов како и да е.
     
  8. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Женски
    Јана за ваква работа најдобро е да се консултираш со адвокат, ако сакаш да бараш некаква оштета. Има специјални адвокати за таа работа кои дури и самите те наоѓаат и нудат соработка доколку си била во болница иститот ден (знам од искуство).

    За да се промени записникот тешко,скоро невозможно освен кривецот да е со "тешки" врски , ама пак ке кажам многуу тешко. За тоа не бери гајле. Е сега имаме многу закони и членови за сообраќајни незгоди и нели некои и доста нереални. Затоа ќе мора ова сепак на адвокат да се објасни за да си ги знаеш твоите права и да си се заштитиш ако се плашиш дека може да те зезнат. Има доста игри во ваквите незгоди затоа мора да си претпазлива.

    Не би рекла дека е така, освен кога сакаат да ја заташкаат ситуацијата,но секогаш :!: се знае кој е кривецот.

    А целата штета ти ја покрива осигурителната компанија, тоа веќе е добро познато.

    Се сложувам со се што ти кажа Славица999 и не сакам да се повторувам многу многу.

    Со среќа. :)
     
  9. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    5
    Добро е кога имаме работа со некој кој е осигуран преку друштво за осигурување или компанија.
    Но што правиме кога тој што ја предизвикал штетата нема осигурување или пак не сака доброволно да плати???
    Обично ваквите случаи завршуваат на суд. За жал, таков е животот.
    Го погледнав сајтот на Оштета, ама таму не даваат никаков опис на процедурата. А таа е многу сложена за ваков тип на предмети! Боли глава кога ќе ви кажам што се` е потребно.
    За оние кои имале некоја сообраќајка -побрзо да оздрават.
     
  10. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.824
    Колку најмногу може да се оддолжи за подигнување на парите од оштета од денот на несреќата .
    Оштетениот е 100% во право, обвинетиот ја призна кривицата.Обвинетиот е има Каско осигурување.
    Во мојов случај чекам веќе година и 3 месеци :?:

    Некој да има слично искуство...?
     
  11. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    98
    Тоа што обвинетиот има каско тебе ништо не ти фигурира... каското си е за неговото возило и за ништо повеќе... тебе ти следува износ доволен за санирање на штетата на твоето возило и доколку си имала некои последици по здравјето за кои ти била пружана медицинска помош, ама врз основа на задолжителното автоосигурување... Во овој случај осигурениот (односно причинителот на штетата) морал да поднесе барање за обесштетување и во зависност од околностите тие пари да ви бидат исплатени... дали си упатена во ова, дали ја има известено осигурителната компанија за несреќата? Доколку ја известил, а поради некоја причина осигурителната компанија не ти ги исплатила средствата, имаш право да ја тужиш... Но, колку што јас сум упатена во овој сектор, не верувам дека некоја осигурителна компанија не би ја исплатила таа „штета“, а исплаќаат многу поголеми, знаејки ги минималните суми на осигурување, па не би си го валкале името, за „толку мала сума“... Најдобро, ако знаеш за која осигурителна компанија се работи, контактирај со нив и распрашај се...
     
  12. tonyy

    tonyy Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    собраќајна несреќа

    Здраво почитувани правници,

    Ми треба ваше мислење околу собраќајната незгода што ми се случи пред некој ден.
    јас возев на левата страна на автопатот и на мојата десна страна ги преткнував веке двете коли кои се двизеаа со мала брзина од 50 на час заради технички причини.во тој момент друга кола ме удрии !!
    Мојата изјав беше дека веке се движев неко време во левета лента кога се случи незгодата и дека возев 80-90 на час.
    Изјавата на другиот соучесник е дека возел 130 и дека јас сум му го пресекол патот( сигурно брзината била повеќе од тоа бидејки во местото на несреката имаша траги од кочење 13,6 метри со абс кочење ).
    дозволената брзина за возене е 80.
    во моментот на ударот колата ми се насочи кон сидот на автопатот и одвај ја исправив неколку 50 метри подалеку.

    Фактите кажуват дека тој директно од позади ме има удрено, не странично (има фотографи за тоа) бев на брзина 80-90 на час.

    Бев во болница 2 дена, заедно со другиот сопатник што беше со мене.

    Лошо е тоа сто другиот соучесник на незгодата е партиски функсионер и му правел притисок на собраќајецот . Сигурно сега одиме на суд.

    што мислите дали можи да се смени записникот?
    Ке ве замолам од ваше искуство како поминуваат ваквите случајеви на суд ?


    Благодарам,
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.143
    собраќајна несреќа

    Несмее според Законот, ама тој е партиски функционер и во нив е власта, уште пак ако е од владејачката партија :x
    Нели покрива ,,европски извештај,, за штетата?!?
    Ако одиш на Суд барај си и оштета за претрпен страв....најди си добар адвокат кој ќе направи убава тужба/одбрана.
     
  14. tonyy

    tonyy Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    fala ti mnogu za odgovorot mnogu luge mi rekle deka ne mozee da go smenii zapisnikot no sakam da znam kakva uloga ima zapisnikot ako go tuzam na sud .
     
  15. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    5
    Штатата е направена, без оглед од кого. Кој направил штета треба да ја надомести.
    Одлуката за висината на оштетата е друга работа.
    Значи, има записник, фотографии, сведоци, медецинска документација .... сите неопходни услови за успешен процес на суд. Со среќа.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.752
    Допаѓања:
    133.688
    Пол:
    Женски
    Ми треба правен совет во врска со темава. Ако има некој правник на форумов кој има искуство, и би можел да одвои малку време за мене, да ме посоветува, нека ми пише ЛП.
    Благодарам однапред! :)
     
  17. dejko

    dejko Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdravo

    Pocituvani! Imam eden problem so edna soobracajna nezgoda. Bev zastanat na semafor na crvno svetlo i voziloto koe bese pred mene i koe isto taka stoese na crveno svetlo pojde nanazad i me udri. Povikavme policija, gospodinot ja prifati vinata, mi dade telefonski broj i negova polisa i se dogovorivme za utredenta da dojde vo negovata osiguritelna kompanija i da popolnime evropski izvestaj. Mu se javiv utredenta, no toj odbiva da potpise i mi rece da go zaboravam negoviot telefonski broj. Ve molam ako moze da mi kazete sto da napravam vo ovaa situacija!!!!!! POZDRAV
     
  18. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    5
    Просто и едноставно -ТУЖБА. Можеби тогаш ќе се сети. ;)
     
  19. macefeminka

    macefeminka Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    Ми треба ваше мислење околу собраќајната незгода што ми се случи пред некој ден.
    јас возев на левата страна на автопатот и на мојата десна страна ги преткнував веке двете коли кои се двизеаа со мала брзина од 50 на час заради технички причини.во тој момент друга кола ме удрии !!
    Мојата изјав беше дека веке се движев неко време во левета лента кога се случи незгодата и дека возев 80-90 на час.
    Изјавата на другиот соучесник е дека возел 130 и дека јас сум му го пресекол патот( сигурно брзината била повеќе од тоа бидејки во местото на несреката имаша траги од кочење 13,6 метри со абс кочење ).
    дозволената брзина за возене е 80.
    во моментот на ударот колата ми се насочи кон сидот на автопатот и одвај ја исправив неколку 50 метри подалеку.

    Фактите кажуват дека тој директно од позади ме има удрено, не странично (има фотографи за тоа) бев на брзина 80-90 на час.

    jas imav soobrakajna nesreka pred 4 meseci...koga se pravi soobrakajka, ima nekolku osnovni pravila koi "treba da se znaat"
    1. posle soobrakajna nezgoda SEKOGAAS se odi na lekar( so cel da izvleces pari za nematerijalna steta od osiguritelnata kompanija bez griza, parite en se refundiraat od osigurenkot dokolku ima dozvola, dokolku ne e pod dejstvo na alkohol ili dokolku ne mu e osigurano voziloto)taka da, bez griza parite ke vi gi isplati kompanijata, nema da ostetite pravni lica

    2. Bez razlika pod koi uslovi se slucila soobrakajnata nezgoda, SEKOGAS e vinoven onoj koj sto udira od pozadi, znaci SEKOGAS.
    se nadevam deka uspeav da vi pomognam, znam niz kakvi stresovi pominuvate...vi posakuvam pobrzo isplakanje na materijalna i nematerijalna osteta!:)

    Бев во болница 2 дена, заедно со другиот сопатник што беше со мене.

    Лошо е тоа сто другиот соучесник на незгодата е партиски функсионер и му правел притисок на собраќајецот . Сигурно сега одиме на суд.

    што мислите дали можи да се смени записникот?
    Ке ве замолам од ваше искуство како поминуваат ваквите случајеви на суд ?

    jas imav soobrakajna nesreka pred 4 meseci...koga se pravi soobrakajka, ima nekolku osnovni pravila koi "treba da se znaat"
    1. posle soobrakajna nezgoda SEKOGAAS se odi na lekar( so cel da izvleces pari za nematerijalna steta od osiguritelnata kompanija bez griza, parite en se refundiraat od osigurenkot dokolku ima dozvola, dokolku ne e pod dejstvo na alkohol ili dokolku ne mu e osigurano voziloto)taka da, bez griza parite ke vi gi isplati kompanijata, nema da ostetite pravni lica

    2. Bez razlika pod koi uslovi se slucila soobrakajnata nezgoda, SEKOGAS e vinoven onoj koj sto udira od pozadi, znaci SEKOGAS.
    se nadevam deka uspeav da vi pomognam, znam niz kakvi stresovi pominuvate...vi posakuvam pobrzo isplakanje na materijalna i nematerijalna osteta!:)


    Благодарам,[/quote]
     
  20. tonyy

    tonyy Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    zdr pravnici i vestaci jas pak se vrativ vo forum za sovet od vas pochituvani.za slucajot sto sum go razjasnil pret 5 meseci duri sega izlegovme na sud posle obrabotka na predmetot od strana na vesto lice izleze deka toj e kriv 100 :% ama bidejki toj ne bese zadovolen od rezultatite zaedno so javniot obvinitel koj sto izlegleda mu e dobar drugar bidejki se i komssii :@ go pratija predmetot vo skopje za vestacenje vo biroto za vestacenje .sega ne razbiram dali tamu imaat nekoj poznat i mislat da napraat nesto ili pa sakaat da doagaat do toa sto napravi policijata vo zapisnikot 50-50?

    ZNACI POTENCIRAAM NA AVTOPAOT GOSTIVAR TETOVO TOJ ME UDIRA OD POZADI SO BRZINAA SPORED VESTAKOT 150 A TOJ PRIZNAL DEKA VOZEL OKOLU 130 KADE OGRANICENOSTA E 80 ?



    Ми треба ваше мислење околу собраќајната незгода што ми се случи пред некој ден.
    јас возев на левата страна на автопатот и на мојата десна страна ги преткнував веке двете коли кои се двизеаа со мала брзина од 50 на час заради технички причини.во тој момент друга кола ме удрии !!
    Мојата изјав беше дека веке се движев неко време во левета лента кога се случи незгодата и дека возев 80-90 на час.
    Изјавата на другиот соучесник е дека возел 130 и дека јас сум му го пресекол патот( сигурно брзината била повеќе од тоа бидејки во местото на несреката имаша траги од кочење 13,6 метри со абс кочење ).
    дозволената брзина за возене е 80.
    во моментот на ударот колата ми се насочи кон сидот на автопатот и одвај ја исправив неколку 50 метри подалеку.

    Фактите кажуват дека тој директно од позади ме има удрено, не странично (има фотографи за тоа) бев на брзина 80-90 на час.

    Бев во болница 2 дена, заедно со другиот сопатник што беше со мене.

    Лошо е тоа сто другиот соучесник на незгодата е партиски функсионер и му правел притисок на собраќајецот .

    VE MOLAM ZA SOVET