1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ПМДД- предменструално дисфорично нарушување

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Вереничка, 27 август 2020.

  1. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    1.696
    Пол:
    Женски
    Не знам дали досега сте се сретнале со овој термин и воопшто со оваа состојба од аспект на "жртва".

    Оние кои го имаат ова нарушување чувствуваат емоционални и физички симптоми слични на оние на ПМС, но овие симптоми се многу изразени. Симптоми на предменструално дисфорично нарушување се: депресија, чувство на безнадежност, екстремна глад и нервоза, анксиозност, мала или голема потреба за сон од вообичаено, незаинтересираност за вообичаените активности, недостиг на самодоверба, потешкотии во концентрацијата и силни мигренозни главоболки.

    Најчесто како терапија на жените кои страдаат од ПМДД им се препишуваат антидепресиви, хормонска терапија, витамински суплементи, вежбање и одредена исхрана, а се во зависност од тоа кои се симптомите.

    ПМДД ги има овие карактеристики:

    Предвидлива, циклична месечна шема, неможност за вршење дневни активности, екстремни промени во расположението од негативност до агресија, па дури и депресија и вознемиреност. Поради него жената често не е способна да извршува ни наједноставни секојдневни активности.

    Ова последново ми се случува мене. Заедно со сите други симптоми. Откако родив дете и по "втор" пат добив менструација, последнава година, секој циклус е пропратен со тегоби од овој тип, најмногу неиздржлива главоболка која не дозволува нормално функционирање.

    Дали некоја се соочила со овој проблем? Дали го дијагностициравте на некој начин? И најважно како си помогнавте, има ли спас за оваа состојба?

    Посетен е гинеколог, сé е во ред, немам други проблеми, редовна менструација без исклучок на 28 дена. На прашањето да проверам хормони, немало потреба едноставно некои жени го имале овој проблем.. :wasntme:

    Совет девојки, жени, мајки?
    Што да проверам, што да направам, како да си помогнам? Ужасно е.. ;(
     
    Последна измена: 27 август 2020
    На Ariel, 1209, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  2. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.624
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    Јас вакви симптоми имам после завршување на мензис, во овулација, до степен со напад на паника, вознемиреност, гадење, после со денови неможам да си дојдам при себе, до сега пиев редовно магнезиум со б6 ама не помага во такви моменти, не знам што би те советувала освен што можеш да се напиеш за смирување на природна база.
    Мене ми е многу мачно, посебно кога сум вознемирена без потреба а ми доага од кожа да си излезам како ноќеска, затоа се одлучив за психолог, не се трпи ова..
     
    На GirlLove, Вереничка и BlackNight им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Јас сум прва на список тогаш..:emo:
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    5.300
    Пол:
    Женски
    За жал се препознавам во дел од ова. Немам зголемена глад, всушност не сум апетитлија вообичаено, а при нервоза, стрес, трема па ич, ми се лоши. Дури сум престрога со себе во однос на храна, со години внимавам, не потклекнувам лесно на искушенија. Вежбам со години и пред да добијам посебно интензивно, не знам зошто. Но, мигрени имам и мислам дека последниве години ми се ужас.Знам да голтнам по три кафетини и налгесини и џабе.Со гадење, со отпор на светло, звуци и страшна иритабилност. Нервозна сум, па дури агресивна, се расправам и со дете дома и со сопруг, ми оди да измавам бокс вреќа во тој момент што ја немам:(. Плачлива, тажна, опсесивно-компулсивна, само раскревам, средувам, подредувам, се ми е нечисто, се ми е старо, се ми смета, си го мразам живеалиштето, го доживувам како вечно несредено, си ја мразам работата, си го мразам животот. Те ми се излегува, те не ми се мрда, па и со ковидов уште се ми е дополнително малтретирање од маски, дезинфекции и аман... И да, имам страшна параноја, лоши сценарија, се ми се причинува. Ми се чини дека некој лошо ми спрема, дека ќе биде вака, дека ќе биде така.Имам мало дете, па и таа со променливо расположение и сме хаос! Што е најстрашно симптомиве ми траат и по менструациијата, неколку дена сум ок и пак јово на ново, две недели пред добивање. Имам и ужасни вртоглавици. Се крпам со природни таблети за смирување, има ефект, ама не ме покрива цел ден.. .Ете си кажав!
    Инаку, и мене по раѓањето ми се влошија симптомиве, но не во првите менструации, туку по некоја година од тоа. Детето е стрес на некој начин и промените кои си ги носи, па поемотивен човек се си зема при срце и затоа е вака. Сакам да сменам некои нешта а тоа не оди така лесно и дополнително ме тишти. Инаку, совет, природни лекови, медитација или јога, а психолог па и психијатар не е на одмет. Ковидов ме спречува, не ми се оди многу на долги тет-а тет разговори сеуште, а он лајн па и не ми е опција, ама ќе видам. Инаку колку што читав за оваа состојба треба многу добар пристап, односно разграничување дали се работи само за ова или за друго нарушување.
     
    На BeLLaDona23, black-angel и Вереничка им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Аха еве што ми било :rofl:
     
    На venividivici и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  6. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    10.084
    Јас една недела пред циклус имам изразена нервоза и избувливост без причина, песимизам и незадоволство, ама со тоа некако се справувам. Најголем проблем ми е главоболката што ми се јавува 1-2 дена пред циклус што ме држи и по два дена, а апче не помага. Тогап ми смета светлина, звуци, имам гадење...Тогаш буквално не сум способна за ништо. Ако знаете некој чај или лек на природна база споделете.
     
    На Вереничка и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Јас имам неконтролирана желба за секс 1 недела пред да добијам,
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Многу внимавање на исхрана (шеќерите и простите јх ја комплицираат работата, за процесираната храна да не правам муабет), редовна физичка активност (секој ден, мин 60 минути), легнување до 22ч (раното легнување помага за регулација на хормоните), многу сонце наутро за да се лачат хормони на среќа, како и многу диетски влакна секојдневно во исхрана, по потреба и пробиотик.... плус омега 3 и вит Д редовно и и и... и менаџирање на стрес.

    Кај некои помага и ако се тргнат сите ендокрини дисраптори (извини, уморна сум и не ми текнува на мк зборот) од употреба од парфеми, гелови за туширање, млека за тела и сл.

    И многу дисциплина за да се доведе телото во ред. :)

    Знам дека е тешко ама потешко е да се живее на хормоналниот ролеркостер. Мене рутината и дисциплината ме ослободуваат, не ме врзуваат. Пиши ми ако имаш прашања, ќе ти помогнам што можам :hug:
     
    На 1209, glosipgirl, deskarada и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    1.696
    Пол:
    Женски
    Ова "со денови не можам да си дојдам на себе" .. го живеам секој месец ;( @anggell
    И како што кажа @BlackNight две недели пред циклус, една тековна и уште една пост циклус. Во месецот одвај една недела функционирам нормално и пак јово на ново. Квалитетот на живот ми е сведен на минимум :puke:

    Главоболките ми се најголемиот проблем, како што рече и @MissDior се јавуваат ден пред циклус и траат 24 до 48 часа.. не можам од кревет да станам, од слаба(ако сум пиела таблета) до исклучително интензивна мигренозна болка која буквално ме треска од земја. А да е само главоболката... анксиозност, страв, немир, плачливост, гадење, лоши мисли, нервоза, вознемиреност итн итн..
    Некој месец е помалку изразено, но најчесто е како овој, тотално блокирање, неспособност за секојдневни обврски, не можам да си го гледам детето ;(
    Какви природни таблети користиш @BlackNight ?

    @Doozy Помагај те молам! :u:
    Во принцип се трудам да се хранам здраво во пакет со малата. Не вежбам... :tmi: Витамини и суплементи ако се сетам.. време обврски, дете, стрес, работа...

    :hug::hug::hug::hug::hug:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Од искуство кога вежбав бев како нова, башка што и линијата ја средив. Плус толку ќе се уморуваш од вежбање самите очи ќе ти с е затвараат. Е ако можеш и да регулираш внес на јаглехидрати што ти ги спомна @Doozy уште подобро. Ама и кога не сум пазела на исхрана, а секојдневно вежбав барем 45 минути на статичен точак или орбитрек исто ми беше полесно се и полесно заспивав.
     
    На Doozy, BeLLaDona23 и Вереничка им се допаѓа ова.
  11. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    1.696
    Пол:
    Женски
    Што вежбаше? Односно што е најсоодветно за овој проблем?

    Со години зборувам ќе вежбам, сакам да вежбам и ништо. Искрено никогаш не сум имала проблем со вишок килограми па од тој аспект не сум била упорна. А последниве години сакам поради ослободување од стрес, па преку јога до зумба размислував и останав само на тоа за жал.. Немам време, имам премногу обврски, мало дете, работа, дома... како успевате алал да ви е.
     
  12. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Некои јогата ги смирува може ќе ти помогне и тоа, мене толку ме опушташе што заспивав на час:$
    Јас вежбав дома на статичен точак или орбитрек едно 40-45 минути, ќе си пуштев музика на тв. и врти и врти на различни нивоа на отпор. Прво на лесен отпор 10-15 мин. па потежок исто толку и на крај среден отпор. А прво малку вежби за загревење и на крај малку вежби за опуштање, под туш и вкупно саат време ми одземаше дневно.
    Еве сега сакам пак да се наканам да вежбам од 1ви.
     
    Последна измена: 28 август 2020
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.624
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    Имајте во предвид дека поголемиот дел од нас жените анксиозни се во лето, тоа и психолозите го тврдат, а и јас самата си приметувам, кога почнат топлите бранови како да не сум јас, не функционирам, а во оние денови па да не кажам каква сум, искрено го жалам маж ми како ме трпи и по сто пати му се извинувам, и му напоменувам кога сум во такви денови да не ми замерува што се излегува од мојата уста (facepalm).
    Јас едвај чекам да залади, есен и пролет ми е најубаво, па дури и на зима поубаво функционирам. На лето особено ноќе, живеам во стан и не се диши, и ми ствара напнатост, паника.
    За храна јас не дека не внимавам, ама не и дека толку сум до точка принципиелна, ама со 52 кг што и да кажам вагата не мрднува, а ова лето дури два пати вежбав, мрза сум знам :doh:.
    Јас ќе одам на психолог оваа или наредната недела, не можам да се трпам ваква, не можам кога ме фати криза ноќно време по сто пати да прередувам плакари и фиоки :rofl:. Тоа ми е издувен вентил и Орбит бонбони ми се смирувачки и релаксирачки :lol:.
    И да се надополнам, не дека немаме стресен живот ама јас во бременост и додека не добив немав ниту еден симптом од ова година ипол никаква анксиозност, вознемирување, само за жал никој доктор не ми посочува што да испитам и освен земај витамини, а земам постојано и напиј се нешто за смирување друго решение не ми е кажано. Јас кога сум во таков фазон мене ништо не ме смирува додека телото само не ми се избори, е затоа после деновите што следуваат не можам да функционирам
     
    Последна измена: 28 август 2020
    На Ariel, Doozy, BeLLaDona23 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    1.696
    Пол:
    Женски
    Мислев дека само си замислувам дека летото е "убиствено" во тој поглед. И јас истото го приметив последниве две лета, топло не поднесувам, од човек кој се печеше на сонце, на плажа можам сабајле рано и после 18ч. Со прост пример. Доколку дома нема пуштено клима, чувствувам паника, напнатост, нервоза, гушење... со едноставно вклучување и ладење за кратко време доаѓам при себе. Едноставно не можам да поднесам топло, ме соборува. Се чувствувам како баба ;( Не сум го прочитала тоа дека има поврзаност ама јас сама си поврзав, го живеам тоа. И јас одвај чекам есен, зима, само на ладно функционирам.
    Мажот ми, некогаш не ме разбира, најчесто се шегува, ах тоа не си ти тоа е твојот пмс.. леле пак се караш сигурно треба да добиеш.. аа ете зошто си била хистерична и сл.. ретко знае и да префрли аман веќе :( а некогаш ме теши. Ама неподносливо е. Неподнослива сум јас.
    За храна, исто не мрдам со килажа и немам поттик за вежбање. А колку сакам.. сакам некој да ми нареди тогаш и тогаш мора да си таму и да вежбаш. Точка.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.624
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    Јас пред години уназад бев анксиозна и добро ги знам сите симптоми на своето тело, се изборив некако сама. После тоа имав такви епизоди до пред да останам бремена два три пати годишно, и се трпев некако, нормално како за ПМС. Ама после порагај не можам да функционирам нормално во тие денови, и се приметувам дека се полошо поминувам во тие денови дури фобија имам кога се приближуваат деновите, мене не ме плаши физичката болка како психичките промени. А освен тоа и болките си ги имам до виткање по земја, нели ме убедуваа кога ќе се породам нема да имам болки, може се мислеле на после петиот порагај :lol:.
    Искрено мислев дека само јас имам вакви симптоми, повеќето мислев дека имаат по ден два некои поблаги симптоми :?:, затоа ми беше и чудно.
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    1.696
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас мислев дека сум сама, сега читајќи ве барем знам дека не сум :hug:
    Сериозно, кога им кажував на блиски, мислам дека ме сфаќаа здраво за готово. Тука пребарав никој не пишувал конкретно за ова пмдд. Пмс како пмс сите ќе се јават, да и јас сум ужасна, исто ми е и сл. Ама не е исто. Многу е поагресивно, тешко, физички не толку(освен таа ужасна главоболка) ама психичките промени се дно дна. :x
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    5.300
    Пол:
    Женски
    Ох, ништо посебно само Лунерба и тоа оние што не се предвидени за спиење. Јас имам проблем со спиење, но од друг тип, ако се разбудам, тешко презаспивам, а за работа станувам исклучително рано, често вежбам пред работа ( со детето попладне потешко оди). Сега пијам б6, не помага многу, ама ако се земе со време превенира барем некој посериозен напад на бес. Обично пијам две пред работа, а потоа и дома по едно кога ќе дојдам, но не сум баш редовна секој ден. Е сега прочитав тука и капки валеријана или слично, па ќе се обидам и со тоа. Ништо од наведениве не прави чуда, ама не се ни безполезни. Инаку јх одамна многу намалено внесувам , додаден шеќер со години воопшто, со мннноогу ретки исклучоци, еднаш во годината, ни толку, читам буквално декларации и се останато. Што знам, можеби е наталожена и некаква фрустрација (ретко кој нема) кој во комбинација со хормони ми прави вистински пекол. И да, кај мене најголем проблем е преизразената нервоза, параноја, опсесивното средување, бес, но и меланхонија.
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    1.696
    Пол:
    Женски
    Меланхолија е вистинскиот збор. Е така се чувствувам најчесто. Има и бес и нервоза но во последно време толку ме турка, не сум способна за бес, само лежење со силни главоболки кои не дозволуваат ни радост ни нервоза. Само тага и очај. Пијам и јас б6 и тоа два три пати по две. Чувствувам олеснување или барем плацебо ефект.
     
    На Doozy и BlackNight им се допаѓа ова.
  19. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Јас ги чувствувам сите овие симптоми, откако сум бремена. Знам дека е поради хормоните, не смеам да пијам лекови. Секој ден ми е борба со себе, особено откако останав дома заради коронава. Од милион обврски по цел ден, затворена дома 5 месеци. Наеднаш ми доаѓаат напади на паника, ансиозност, меланхонија, зголемен апетит или воопшто уста не ми се отвара...си вежбав јога редовно и ми помага, ама кога ќе ме мавне анксиозноста не ми се мрда од кревет...најтрагично е што сум свесна дека нема причина за оваа состојба, ама посилно е. Се надевам откако ќе се породам дека ќе се средам, најмногу ми е страв дека мојата психа му влијае и на бебето и така во круг...
     
  20. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.624
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    Што пиеш од витамини, јас во бременост пиев магнезиум и пре мама дуо така нешто беа, можеш и б комплекс, од хормоните ти е, јас во бременост па мака си немав, искулирана, ништо не можеше да ме помести од такт, ама затоа после порагај кога добив мензис :drunk:
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.