Павлова Диета

Дискусија во 'Диети' започната од Muffins, 18 март 2012.

  1. Muffins

    Muffins Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Драги Дами, наидов на една диета, што би сакала да ја споделам со Вас.
    Постојат многу диети, сите сакаме да ослабиме, кој сака да вежба, кој не :) Верувам дека многумина од Вас имаат пробано барем неколку диети со цел да изгубат некој килограм, па нема да биде на одмет да ја пробате и оваа. Јас сум љубител на овошјето и јогуртот и затоа и сакам да ја пробам оваа " Павлова Диета" Покрај се, ова диета според мене е од оние нездрави диети... :)

    Состојки:

    * Многу јогурт,
    * Најразлично овошје во неограничени количини,
    * 2 лажички мед

    Сецкано овошје помешете го со јогурт и само тоа јадете го цел ден во неограничени количини, но може и поединечно јогурт, па потоа овошје. Пред спиење изедете 2 лажички мед и веднаш во кревет.
    Овој начин на исхрана се држи колку време сакате, АМА ШТО Е НАЈВАЖНОТО, диетата се држи само 2 дена во неделата (еден ден по друг).
    Пример, се одлучувате да ја држите во среда и четврток (јадете само овошје, јогурт и навечер мед), а останатите денови јадете што сакате (во нормални количини)
    Т.Е понеделник, вторник, петок, сабота, недела си јадете нормално без газирани пијалоци, кафе може, ама горко ... а среда и четврток според "павлова диета".

    Јас немам појма кој е тој Павле :D и од кај му има истекнато оваа диета, ама како што кажав, сме пробале многу диети, зошто не и ова. Читав на еден сајт за оваа диета и од коментарите пишуваше дека има резултати.

    Поздрав и со среќа :)
     
    На emili.m му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mamaja

    mamaja Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    15
    I jas sega skoro nekade procitav za ovaa dieta, pa duri i pisuvase deka mozelo i da bidat dva dena koi ne se eden po drug - pr. cetvrtok i nedela, i taka si teras kolku nedeli sakas.... Slusnav i deka mnogu go procistuva organizamot i deka postepeno gubis zelba za hrana vo pogolemi kolicini. Inaku jas se boram so vecerata - taman kje izdrzam edna nedela, posle toa kje ripnam na parce proja ili peceni lepcinja so lukce i sl... :tmi:
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.205
    Допаѓања:
    41.264
    па јас нешто слично се хранам, и не ми е тешко, само место овошје само зеленчук :D E, што ќе се бутам овошје кога и не го ни сакам...
    може така 1 банана да изедам, после за ручек чинија спанаќ со чаша јогурт, после 3-4 саата уште една чинија спанаќ и пола чашка јогурт, и вечерта ако ми се јаде ептен салата марула со краставица, ама јас така ги јадам, без зејтин и сол. и не ми е тешко :)
    во спанаќот нити јајца нити млеко не ставам, само ептен малце оривче и кромид ;)
     
    На Muffins му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Muffins

    Muffins Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1

    Да, да... и јас се распрашав, не морало да се два дена еден до друг... :)
     
  5. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.057
    А кафе или чај без шеќер смее да се пие тие два дена?
     
  6. Muffins

    Muffins Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Јас мислам да... може
     
  7. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.057
    Ќе ја пробам диетава чисто информативно :lol:
    Баш ме интересира дали ќе има некој резултат :)
     
  8. Muffins

    Muffins Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1

    Јас сметам дека доколку се скрати одредена количина на храна.. секако би имало резултати.. дали станува збор за пола изедена порција, да се скрати од слатките калорични задоволства :) или газираните пијалоци... зборувам општо за исхраната дека ќе има резултати... :)
     
  9. Swatki4ko

    Swatki4ko Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Без газирано, благо и пржено во другите денови , мислам дека успева, ама чекаме некој да каже како му успеало... пишuвајте тие што пробувате и јас ќе почнам и ќе ви пишам кога ке видам резултати ;)
     
  10. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.057
    Јас уште не сум се решила кога да ја држам, ама ќе соопштам кога ќе се решам :)