Падот на кралот (Kral Kaybederse)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Iva:), 25 март 2025.

  1. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Ако Кралот изгуби или Падот на Кралот, серија адаптирана од бестселерот на Гулсерен Будајџиоглу, ги открива длабоките тајни скриени зад животот на величественост. Спојувајќи страст, предавство и борба за моќ, оваа возбудлива драма ги вовлекува гледачите во свет каде ништо не е она што изгледа.

    Глумци се познатите и наградувани актери Халит Ергенч, Мерве Диздар, Аслихан Гурбуз, Нилпери Шехинкаја и др.

    Содржина: Кенан Баран, познат како Кралот, е харизматичен и успешен бизнисмен кој изгледа како да има сè—богатство, престиж и совршена сопруга, Хандан. Но, зад нивниот беспрекорен брак се крие болна реалност. Бесконечните афери на Кенан ја довеле Хандан до работ, терајќи ја да ја преиспита својата вредност. Но, кога едно предавство ја преминува границата, Хандан конечно мора да се соочи со своето минато и да ја врати својата сила.

    Кенан, кој секогаш бил во контрола, одеднаш гледа како неговиот свет се распаѓа. Некогаш недопирлив, сега се соочува со емоции што никогаш не ги очекувал и со моќ што повеќе не може да ја владее. Во меѓувреме, Фади, млада жена од скромно потекло, влегува во неговиот живот. Жонглирајќи меѓу училиште и работа, таа неочекувано станува дел од сјајниот свет на Кенан, нарушувајќи ја неговата совршено изградена реалност. Нејзината невиност го привлекува, претворајќи ја истовремено во игра и бегство. Но, додека Фади ги следи своите соништа, и таа мора да ги преиспита своите вредности и граници.

    Во својата суштина, серијата е моќна приказна за власт, амбиција, предавство и загуба. Додека империјата на Кенан се урива, оставајќи го осуден на сиромаштија и осаменост, Хандан и Фади се борат да си ги повратат животите. Со длабоки емоции и неочекувани пресврти, нивната борба се одвива пред лицето на неизбежната судбина.

    Во ова патување, каде љубовта се претвора во предавство, моќта во слабост, а победниците во губитници, публиката ќе остане маѓепсана до самиот крај.

    Знаењето за тоа што ќе загуби кралот е само почеток на приказната.

    Серијата во првата сезона ќе има 17 епизоди, до овој момент прикажани се 6. Покрај тоа што се дава на Стар Тв во Турција откупена е и од Нетфликс а верувам дека ќе биде продадена и во голем број земји и ќе дојде и кај нас. Планирано е да има повеќе сезони и неколку пати ќе има скок во времето, бидејќи дејтвото започнува во 90-сетите. За тие што сакате да ја гледате ја има ина Јутуб нормално на турски и во Фб групата Turske serije-Alba tim преведена на српско-хрватски.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    55.227
    Пол:
    Женски
    Серијава беше подготвувана со години, па така првично требаше Кенан Имирзалиоглу да го глуми главниот лик, и тој е многу јак глумец (глумеше во Езел и Карадај). Кенан се откажа од улогата, па требаше да глуми Киванч Татлитуг и тој се откажа, и трета среќа улогата му припадна на Халит Ергенч, кој искрено кажано скроз се внесе во улогата.
    Ја чекам 6 епизода со превод.
    Се опседнав со серијава, патем јас ти кажав каде да ја гледаш, не знам дали се сеќаваш:)
    Кенан типичен нарцис и манипулатор, ама што му вреди тоа кога на крај изгледа останува сам во старечки дом како што прикажаа на почеток.
    Не ми се допаѓа што Хандан од силна жена, сега со сценариото ја носат натаму да му стане љубовница на бившиот маж:^)
    За Озлем ми е така малку жал што полудува, иако ова и е поука дека не требаше да се плетка со сопругот на пријателката:D
     
    Последна измена: 26 март 2025
    На Iva:) му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Да, ти ми ја кажа страната и супер е:D. Фала богу што ми кажа и таму ја најдов и Ел Турко. Иначе има многу преведени серии ако имаш и друг предлог за добра серија сподели го (ја гледам само Женкар).
    Знаев дека му е понудено на Киванч и добро што се повлекол некако не ми е на исто ниво со Езел и Халит. Халит ептен знае да се внесе во улогата и многу добро го пренесува нарцисоидниот Кенан. Ми се допаѓа и Фади и очекувам заплет и околу нејзе. Од Хандан и јас сум разочарана, колку и да сака да и врати на Озлем не треба да падне на нејзино ниво.
    Се на се многу ми се допаѓа динамиката, картите брзо се отвараат и не се одоговлекуваат настаните и допрва следат вистински заплети, неколку пати ќе се помести дејството за неколку години. Веројатно кралот ќе изгуби на крај хаха со оглед на првата сцена од серијата. Веројатно Фади беше таа што дојде да му плати.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    55.227
    Пол:
    Женски
    Во првата епизода малку на огледалото се познаваше дека Фади е таа која заминува од болницата. Прво ми личеше на Хандан, бидејќи и сега некако си личат, ама логично е да биде Фади бидејќи таа е помлада, а Хандан тогаш треба да биде и таа старица како кралот кога го покажаа во старскиот дом.
    Како што читав коментари на youtube од луѓе кои ја прочитале книгата, Кенан и Фади ќе започнат врска.
    Кенан и Хандан официјално ќе станат љубовници, така читав, иако и сега сценариото го носат натаму.

    Што се однесува на Киванч и тој е опасен глумец. Ме праша за предлог за серија, пред неколку месеци ја изгледав со Киванч и Серенај Сарикаја, серијата Aile- Семејство, лудница беше серијата. Прикажани беа семејните односи низ призмата на психологијата, серијата беше и мафијашка, ама се на се одлична. Ти ја препорачувам, ако те интересира таков жанр на серии.

    Со Халит ја имаш гледано Babil-Вавилон? И таа е одлична серија и нема многу епизоди.
     
    На Iva:) му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Babil ја гледав кога ја даваа на Сител, такви серии сакам што не траат бесконечно.
    Aile не можам да ја најдам со превод ако случајно знаеш каде ја има пиши ми. Гледам со Серенај е, знам дека е меѓу подобрите глумици иако не сум гледала серија со нејзе.

    Иначе во групата Турске серије-Алба тим заборавија на превод на серијава и застанаа негде кај 8-та мсилам, па побарав по други групи и најдов. Во случај да не знаеш ја има преведено до 14 епизода исто на ФБ, група Filmovi & Serije. Јас денес 13-тата ја гледам. Сезоната ќе има како што беше планирано 16 и ќе продолжи во септември.

    Сега за сега ми смета и мислам дека е префорсирана улогата на Озлем и има непотребно многу сцени, ем е најмалку занимлива (и налабо глуми) ем има најнеинтересна приказна. Би сакала повеќе сцени на Фади и Хандан. Дури и сестра и на Фади Ѓулу има поинтересна приказна од Озлем. Инаку динамиката е супер, додека не ми заврши епизодата не трепкам, колку пресврти има.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    55.227
    Пол:
    Женски
    Знам дека Алба одамна не го преведуваат Кралот, го гледав јас во Турске најновие серије така нешто беше групата, ама преводот е крш, не е баш најточен:D

    Оваа Aile серијата со Серенај, мислам ја имаше во Пријатели турске серије, пред 1 година ја гледав, веќе и не ми текнува, ама навистина беше врв серија.