Форумџика на годината

Пазарење секојдневни намирници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ajronmen, 7 јуни 2022.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.921
    Пол:
    Машки
    Барав ама некако не најдов слична тема.

    Свесни сме дека сѐ е поскапено за некој денар па и поише.
    Некои не се замараат многу, други гледаат да купат што поефтино.

    Она што лично го имам приметено е дека некои работи од маркет до маркет имаат драстична ценовна разлика.

    На пример, во Тинекс нема млеко под 65 денари, додека во КАМ маркет има увезено млеко со цена до или околу 50 денари.
    Исто така, имам приметено дека во помали локални маркети Битолското млеко е 55-6 денари додека во Тинекс и Рамстор се менува секој втор ден (такво чувство имам) и варира од 62 до 67 денари.
    Интересна ситуација: Пред некој ден се смеев во Тинекс имаа Би милк чоколадно млеко на акција 64 денари додека обичното млеко беше 67 - не можам да разберам како.
    Има и други вакви нелогичности.
    Како и да е, млекото ми беше само пример.
    Исто така јасно е дека на многу продукти не им се менува цената но од друга страна се намалува грамажата.

    Друг пример: Путер од кикирики во еден маркет е 45-50 денари, во друг е 90.

    Прашањето кое тука си го поставувам е:
    Дали вреди да се троши време (евентуално и бензин) за да се пазари во, да речеме, 3 различни маркети со цел да се најде истиот или сличен продукт по намалена цена?
    Ако да, дали посоветувате време да се запознаете со цените во различните маркети?
    Дали замижувате пред помислата дека на друго место продуктот што ви е во раката е поефтин за 5-10-15-20-50 денари?
    Дали доколку го правите ова, осеќате голема разлика во трошењето/заштедата на домашниот буџет? Дали разликата е занемарлива?

    Друг момент е тоа што во скоро сите маркети во секој дел, или од секој вид продукт, во одреден ден или денови од седмицата има различни попусти и акции.
    Дали ги искористувате? Дали гледате да го купите поефтиното од рафтот или пак го купувате продуктот од омилената фирма?
    Дали купувате продукти дури и кога не ви требаат (имате залиха) само за да "го фатите" попустот? Дали купувате поголема количина (2-3 парчиња) од одреден продукт само затоа што е на акција?

    Значи генерално темата ми се однесува на продуктите што можат да се најдат на рафтовите во маркетите и тоа како се справувате со поскапувањата и дали тоа влијае на вашиот буџет.
    Ако има друга ваква тема слободно бришете.
     
    На Alex.T, JustBeautiful и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  2. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да се приклучам на тежава. Да сега е се поскапено но и пред тоа си имав навика да пазарам месечно во неколку различни маркети обично Тинекс, Кам, Стокомак, а ретко ако најдам нешто во другите маркети Жито Рептил и тн.
    Да правам залихи (не којзнае колку по 2 до 3 парчиња од некој производ) посебно ако е на некоја акција. Да практикувам некои поефтини производи да ги купувам од еден маркет пример еве Рексоната во Тинекс е поскапа од Кам и Стокомак и затоа практикувам да ја земам од тие маркети. Детергенти за перење алишта често земам од Тинекс знаат да имаат добри акции, некогаш по другите маркети ги нема баш детергенти. Порано не но сега и те како гледам да купам нешто што е поефтино на пример млеко земам од Кам а не од Тинекс, сепак тој некој денар вреди. Обично си правам залихи за наредниот месец или два да гледам да потрошам помалку пари (демек, пак нешто непланирано ќе се купи стандарт жена влегува во маркет за леб а искача со пола маркет), обично тоа го практикувам за одредени производи, како на прижер детергенти за перење алишта и некои средства за чосѕење кога имаат 1+1 гратис
     
    На nevermet18, VDT2906, NoirSerpentine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    2.331
    Пол:
    Женски
    Треба прво да се направи разлика помеѓу дисконт и маркет.
    Во дисконт има еден-три видови на производи од еден вид. Во маркет има многу поголем избор. Во маркет се плаќа можноста за изборот.
    Во одредени држави е поделено - во дисконти одат оние луѓе кои не можат да си дозволат премногу, а во маркети одат луѓе чии примања се значително повисоки па им ги препуштаат дисконтите на оние со пониски примања.

    Дали се исплати да се оди во многу маркети за да се заштеди и што би се заштедило?
    Ако имаш време (кое е пари), го трошиш на рашетување наоколу. Ако тоа време би го потрошиле за нешто продуктивно или за поминување со блиски луѓе, најверојатно не е премногу исплатливо ако треба да се изгуби еден час.
    Пензионерите се малку послободни. Дали сами, дали со внуци одат на пазарување и можат да си дозволат такво нешто. Од друга страна па на преладно или претопло време не е најпаметно да се оди на сонце.
    Значи во сево ова влегуваат многу фактори, не само парите.
    За жал, во македонијава наша насушна, најголем фактор се парите. Во никој случај не можам да кажам дека не е во ред да се поминат 2км за да се купи нешто што е поевтино 5 денари, ако ги земам во предвид платите и тоа како се врзува крај со крај. Можеби тоа некому му претставува и разонода.

    Следење акции.
    Ќе споредам со германија: таму имам забележано уште пред многу години дека производите кои се на акција ги снемуваше уште во првите денови. Ако едни германци кои имаат високи примања на цени на производи кои се исти како во македонија (и ако го занемариме добро познатото за нив дека се стипси), тогаш зошто и македонија да го нема тој тренд? И овде стапуваат на сила комплекси и слични работи кои се типични за сиромашно опкружување.

    Ако ги земеме сите овие работи во предвид, би требало да направи разлика за оние кои внимаваат што и кога купуваат во споредба со оние кои не внимаваат. Но, оние кои не внимаваат најчесто (не и по правило) и можат да си дозволат таков (во вакви никакви времиња можам да го наречам) луксуз па на нив не им ни треба да направи разлика. А не е дека и тие не внимаваат каде купуваат. Маркетите кои се до институции најчесто се испразнети од производите кои се на акција токму заради тоа што „буџетари“ ги изнакупиле. Така да, нема зошто да се чувтвува некој неудобно кога внимава на тоа.
     
    На Kbr му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    9.255
    Пол:
    Женски
    Мразам да се врткам низ маркети, продавници :puke: и се трудам да не влегувам повеќе пати од еднаш неделно. Ми иде да платам некому да ми пазарува, барем посакувам во иднина да биде така.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    12.766
    Јас не одам од маркет на маркет, но има пензионери кои тоа го прават за да заштедат. На крајот еден леб им е гратис да речеме. Јас влегувам на едно место и купувам се што ми треба.