Според мене виткањето подарок ми е значајно, и секогаш сакам да е убаво. Бидејќи според мене,првиот впечаток е тоа како е украсен подарокот. Колку вие обрнувате внимание на овој детал (имате ли слика од некој убав подарок што сте го подариле или добиле) Еве неколку убави идеи:
Најчесто сама ги виткам подароците. Многу сакам кога онака мераклиски сама ги украсам, дотерам. Разочарана сум од некои цвеќари во кои сум била (постојано им фалат некои бои од хартиите, ситни украси, или се набиени цените), понекогаш сум се враќала дома да го превиткам подарокот. Не ми е битно како ќе ми се даде подарокот, се` додека е од срце, иако самата декорација кажува дека личноста сакала ете повеќе да се потруди.
И јас сама виткам подароци, и кога одам на гости онака само, виткам кафиња бонбониери...се! Еве овие последно ги виткав за на гости кога одев Не се нешто посебно, али јас многу сакам кога сама сум завиткала, отколку трчај насекое во цвеќара, и таму веке скоро секоја исто витка, ептен ми се здосадени.
за тоа дека стално им фали некоја адекватна боја за завиткување ... немам коментар ... меѓутоа јас во мојот град (Бт) го пронајдов местото за прекрасни завиткани подароци по пристапни цени (да не речам евтино) аконекој го интересира нека пиши ЛП да не испадни сеа дека реклами прам по форумов хд
Јас преферирам декориран подарок-наместо со украсно ќесе.Кога имам хартија си декорирам сама,а ако не си носам во цвеќара.Секако зависи од времето,меѓутоа многу сакам да подарувам и сакам подареното да е убаво завиткано. А и некако во последно време,слабо гледам такви подароци,убаво завиткани.Најлесно е кога ќе се купи украсна ќеса.Конкретно за веридбата ,не добив ниту еден подарок завиткан.Или луѓето немаат пари или навика
Како да спакувам книга..за поклон ми е онака , не за роденден..Глупаво ми е така да ја дадам , да ја спакувам некако по обично ако може идеи
само со машна заврзи ја како подарок. Одозгора машната можеш да ја украсиш со некое цвеќе На вакво пакување мислев , со додаток цвет
^ Врзија со панделка како што веќе ти кажале,или пак најобично стави ја во тобичка и готово спремна си
Општи прашања Препорачајте ми цвеќара каде необично завиткуваат поклони за бебенца.Да не биде секојдневно де
Интересни идеи Јас најчесто им ги давам подароците во цвеќара да ми ги завиткаат, но понекогаш и сама ги виткам
Јас обожавам кога поклонот е убаво завиткан, и кога носам на некој преферирам да е убаво украсен, обично носам во една цвеќара во нашиот град од кој сум посебно задоволна , мене многу не ме бидува за вакви работи , а мерак ми е кога покллонот е стокмен .
поубаво изглед завиткано...се посветило внимание јас си ги виткам сама подароците е кога сум набрзинка нешто во украсна ќеса ги давам или во цвеќара ми ги увиткуваат