Форумџика на годината

Палма де Мајорка

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Rubiii, 25 август 2011.

  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Иако сме на крајот од ова лето '11,видов дека за нема тема за најголемиот шпански остров,па отворив,доколку нечини,клуч-се знае :)
    Сте го посетиле ова место и кои се Вашите импресии?
    Другото лето во план ми се или Малјорка или Ибица,во комбинација со подолг престој во Барселона,и искрено се надевам дека ке си го изреализирам :inlove:
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Палма де Малјорка

    Земи си Барселона т.е некое место на Коста Брава кое ти е поблизу до Барселона затоа што поевтино ќе те чини смештајот од тоа што нудат нашите агенции а испловувај на Мајорка или Ибица. За 1-2 денa ќе прошеташ цел остров а за да го осетиш тој гламур и ноќна убавина ќе треба да заглавиш до доцните утрински часови. Мајорка и Ибица островите се многу блиску еден до друг.
    Ќе видиш катедрали, преубави големи плажа, фантастична природа. Моја препорака е дека Гауди не треба да го пропуштиш. На тој човек му се одушевувам и му симнувам капа. Ако имаш можност и Салвадор Дали (и неговите следбеници ) не се испушта, има музеј во Фигерас- селце блиску до Барселона.
    Сета таа убавина и дух на Барселона треба да се осети а тој гламур на Мајорка и Ибица да се почувствува.
    Без разлика што бараш од еден одмор, дали убава плажа, ноќен живот или архитектура,сликарство ќе го видиш и добиеш таму.
     
    На senjorita-v и Rubiii им се допаѓа ова.
  3. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Шпанија е прекрасна земја јас од секогаш сакав да одам ја посетив бев блиску до Барселона само 40 километри и многу убаво си поминав местото се вика Калелла се е блиску во тоа место плажа имаш на 15о метра а центарот е на 50 метра каде и да бидеш сместен тоа е мало местенце и точно дека е поефтино. Ако одиш во барцелона посетиго Camp Nou- stadionot, аквариумот, магицната фонтана на брдото Монжуик, и цела барцелона, на центарот има статуа на Колумбо се влегува внатре и со лифт се иде до најгоре. Срекен пат.
     
    На Anna21 и Rubiii им се допаѓа ова.
  4. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Мене ми остави многу голем впечаток,и го поставувам на листата на омилени дестинации...
    Ви го препорачувам ;)
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sparkle.q

    sparkle.q Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    15
    Јас имам појдено и престојувавме во хотел Хелиос. Не се сеќавам на цената ама беше прекрасноо. Никогаш нема да заборавам.Исто така е убаво и во Коста Брава и е поефтино мислам. :)
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Дечки, бил некој онака у сопствена режија на островов? Искуства?

    И да, битно прашање, дали е за помирен одмор да се истера?

    Сакам да ја носам мајка ми на недела дена, со тоа што се сакам да е во сопствена режија, па таму да си изнајмиме кола и да шетаме по плажите.
    Само пошто е жената у зрели години сепак, да не ме акне со тенџере ако не може да спие од тупци бупци :D

    Ако имате искуства, споделете please :$

    Сега за сега две цури ми рекоа дека островов е топ, цените се ок, само најбитно ми е стварно да можеме да истераме мирен одмор, без трчања.

    Фалала! :)
     
    На senjorita-v и slavica999 им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Скапо е многу за во сопствена режија. Јас имав прилика да го прошетам малку додека бев во Барселона пред 2 год. Види ги цените на букинг и се ќе ти стане јасно, втора работа е авионска карта која овака да ја купиш е скапа.
    Најдобра варијанта е агенциски. Гледам понуди од 550 евра па нагоре со се чартер.
    Незнам колку ќе и е интересно на мајка ти таму затоа што таму е се млад свет. Најдобрите журки, диџеи....доаѓаат со бродчиња од Ибица тука и околните острови и таму се живее 24/7, на самите плажи има познати диџеи, .
    Едно кафе е 8 еур а вода 4 еур :), коктел 12-30 еур оброк порција од 30еур па нагоре, е тапаз им беше нормална цена 15 еур :) ... Ако не си полупансион или алл инкл. грдни пари ќе потрошиш.
    Има што да се види таму. Фантастични плажи и архитектура и убаво е бре.
     
    На senjorita-v, okcenzi и Phyramide им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Славица, не прашувам за цените :$ Не ми е битно колку ќе кошта (овој пат, пошто се работи за поклон ;) ). На пример се мислев на варијанта - Хрватска, ама таа ми е уште поскапа од Шпанија у тој поглед, плус главната причина е што сме биле многу пати.
    Барам нешто у Европа кај што не сме биле. И една од опцииве ми е ете Мајорка :)

    Ми пиша еден форумски лик кој бил таму а и две другарки случајно ми се пријавија кои истерале мирен одмор со родителите, а и јас нешто истражував, ако се избегнуваат баш тие делчиња кои се за журкање, наводно било топ за мирен одмор :)
    Ми препорачаа местенца, опуштени, празни, со заливчиња, и не изгледаат ко да се за журкање баш.

    Не можам преку агенција. Се нервирам така. Сакам кола да си изнајмиме и секој ден на различно место. Па и до Барселона ако имаме желба, веќе видов дека има авиони од Палма 5 пати дневно за 20 евра повратна карта, па зошто да не?!

    Славица, а во кој дел си била? 8 евра за кафе?! :o Мене овие што биле сместени во Палма ми рекоа максимум 2 евра за кафе.
    Како бе толку многу?!

    Ама мислам дека вреди да се иде, мислам дека откако го видов ова, дефинитивно вреди :) (освен ако не заакаме кај нудистите :D )

    http://mallorca-beaches.com/es_trenc_beach.htm

    И фала ти за информациите!!!
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Palma Nova, така се викаше тука испловивме. Тука колку што успеав да видам за еден ден, несум низ цел остров била затоа што бев сместена во Барселона. Бев во ек на сезона 22,07 каде што и цените се фантастични :) ама затоа пак имаше многу попусти на гардероба.
    Можеби има некои мали диви плажи за рилекс. Ми пушташ лиги а од каде повратна карта 20 евра ???
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Еј сега ќе гуглам :) супер, фала за инфо!

    Па најдов негде по нетов, секој ден релација Палма - Барселона, повратна околу 20 евра авионска карта. Зборот ми беше, дека ако сум веќе на Палма штета ќе биде да не идам барем на ден до Барселона.
    Чисто колку да сменам средина. Гледав и со брод, ама долго време трае, 7 - 8 саати, многу е тоа, со авион е нецел саат време.
    А мојата постара верзија, ќе ја наговорам на уметност и пазари ваљда, у случај да ми мрчи дека не сака да се гужва :D Имам план, ха!

    Ќе ти пуштам по ЛП само да го најдам линкот, ама ако укуцаш на гугл, лесно ќе ти најде за авионскиве линии.

    Ми беше речено Магалуф да го избегнувам - таму имало журки и било ко на Ибица.

    Ма готово идеме, не можам веќе, 2 недели ништо не правам само хотели и колиби барам :D Ќе мрднам а едвај чекам да идам.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Ама се разбравме јас и тиии. Ок за Барселона-Палма, јас мислев Ск.-Палма и си викам не е могуќе.
    Епа да Палма Нова и Магалуф се многу близу и тие се најбесните места
    Eпа ако идеш да ми го поздравиш Гауди :D
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Девојки, дали некоја има искуство со нашиве агенции за Палма?
    Гледам некои агенции нудат прилично прифатливи цени, во хотели со 2*.
    Дали некој има нешто да сподели? :)
    Поздрав
     
  13. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    3.457
    Пол:
    Женски
    2009 бев во Палма Нова на одмор. Не можам да се сетам точно со која агенција бевме, оти таа година прилично добро прошетавме со различни агенции...
    Сместени бевме во Fergus Bahia Palma Nova *** Плативме многу поскапо отколку тие што зедоа last min.понуда. Можеби доаѓаше дупло поскапо, ама имаше и зошто! Значи хотелот беше многу убав, што е поважно имавме полу-панисион и буквално се што ќе спремеа беше фантазија..Плажата преку пат..
    А тие со last min што беа се жалеа, како прво за храната (и тие беа полупансион), мораа да јадат надвор од хотелот затоа што куварот им припремаше само морски оброци на кои ние не сме баш навикнати, потоа беа сместени во Магалуф - центарот на журките и кога требаше на плажа да одат, тие користеа време за спиење.
    Значи тогаш така беа работите, сега не знам какви понуди даваат, на кое место и за колку пари.
    Ако те интересираат нешто плус, слободно прашај.. :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  14. leptirce

    leptirce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    55
    Здраво ,

    Дали знаете некои агенции кои нудат понуди за Палма Де Мајорка за летово. Ја сум заинтересирана да одам но сеуште неможам да најдам некои агенции кои имаат понуди за таму од период 29Мај до 9 Јуни или некако тој период. Ако знаете некои агенции ве молам пишете .
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Види во Орфеј и во Фибула, јас ги посетив Савана, Игуана и уште некои низ центаров и се што имаа им беше за Грција и Турција, ништо друго :^)
     
  16. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    Некои го знаат како најубавиот остров од Балеарскиот архипелаг, некои како местото каде туристите можат да уживаат во топлата клима 300 денови...


    ...во годината, некои како домот на Рафаел Надал...

    Но, Мајорка е многу повеќе од тоа. Овој волшебен рајски остров нуди прекрасни бели песочни плажи, преубави пејзажи, весел ноќен живот – од сè по нешто за сите возрасти.

    Должината на островот е 97 километри. Со својот карактер и шарм секоја година привлекува милиони туристи.

    За оние кои сакаат да се „печат“ на сонце по 12 часови дневно на златни плажи и да се капат во кристално чиста вода, дефинитивно нема да се разочараат од Мајорка.

    Планини, пештери, марини, игралишта за голф, нуркање, забави на брод, аква паркови и аквариуми се дел од убавините кои треба да се искусат на овој остров.

    Во најубави плажи се споменуваат: Палма Нова, Санта Понса, Солер, Валдемоса, Алкудија, Кала Д’Oр, Кала Фалко, Камп де Мар.
     

    Прикачени фајлови:

    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  17. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Јас бев пред неколку години, преубав остров. Цените што ги нудат нашите агенции, морам да признаам се пренапумпани. Верувам во сопствена режија би си поминале поефтино. Островот е малку поскап во однос на цените во континенталниот дел на Шпанија, ама сепак приспособливо на нашиот буџет. Во однос на цените во Хрватска, дефинитивно поефтино. Е сега Ибица е веќе друг муабет, ама тоа не е ни тема овде. :D
    Кој ќе отиде, нема да згреши. Јас би го препорачала југо-западниот дел повеќе (Магалуф и местата околу)
    8)
     
  18. rak4estip

    rak4estip Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    228
    драги феминки сакаме со мама и тато да идеме за шпанија палам демајорка или леорет де мар ама на мајаками одмор и дават од 29 и сакаме да видиме нешто и на приватно ама јас незнам кааде да најдам за авионски карти и хотели ако може помош или некој агенци да ми дадете што нудат за шпанија ама на не е таа понуда од 14 дена позз :*
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јас се заљубив и решив дека еден ден ќе одам повторно. Надвор од сезона.

    Островот е едноставно прекрасен. Дива но сепак на некој начин средена природа, ни самата не знам како да ја опишам. Кога поминувавме низ внатрешноста на островот, имав чуство како да сум во Тоскана. Ги знаете оние ридчиња, на врвот на ридот хациенда, огромна каменна куќа со базен или без, сеедно е, и опкружена со палми.
    Уствари палми имаше секаде. Имав чуство дека и во веце една ќе ме чека :lol:

    Ние бевме во североисточниот дел од островот на крај, така решивме и мислам дека не погрешивме. Тоа беше токму тоа што го сакав - можност да се избега од метежот и преполните плажи, ако се знае како. Оно додуше во екот на сезоната не можеш да очекуваш празен остров, но на пример за разлика од сите мрзливи туристи кои се бапнуваа на првата најблиска плажа до хотелот, ние пешачевме неколку минути и наоѓавме огромни, празни плажи обично со неколкумина локалци или шпански сурфери.
    Сурфери затоа што за жал, а тоа беше воедно негативата на овој дел од островот, токму во тој дел времето е непредвидливо. Сончево е но може да дува многу и со тоа се прават големи бранови. Што и не е толку страшно со оглед на тоа колку е плитка водата. Знам еднаш се изнервирав дали ќе почнам да пливам воопшто некогаш кога сфатив колку сум оддалечена од брегот а водата ми беше до над коленици сеуште :)

    Островот навистина не е голем, така да ако е човек таму барем две недели, со рентање кола може многу да се посети. Но предупредување - треба да се внимава на оние тесни, виулести патишта кои се навистина страшни понекогаш.
    Затоа јас пресеков, одлучив со бродче да си го разгледаме тој дел од островот и повторно не погрешив. Прекрасно искуство а освен другото посетивме плажи до кои може да се стигне само со некаков брод, чамец, јахта, што и да е.
    Здивот ми го одзема целата сценерија, токму тие пусти, осамени плажи со сребреникав песок и со тиркизна вода, пештери, карпи, а над нив зеленило.

    Палма де Мајорка, главниот град е прекрасен и вреди да се посети. Сите тие мали, тесни улички во кои толку многу сакавме да се изгубиме го носат духот на градот. И се разбира кафулуњата помеѓу нив. Бев изненадена колку е фактички голем градов, очекував малецко градче но очигледно сум имала многу погрешна претстава.

    Ме воодушеви шпанската типична архитектура. Додека останатите шетаа по главното корзо со сите кичести кафичи и милион продавачи на светлечи јојо и други дрнгулии ние одевме во обратен правец - кон внатрешноста на островот и тука се губевме помеѓу куќите и локалното население кое е едноставно магично! Не знам каков уште убав збор би употребила за нив. Толку кротки, мили, искрено насмеани, мањана стил...јас толку искрено насмеани луѓе на едно место одамна не сум видела. Често пати се разбиравме со нив само со едно ола! и насмевка. Едноставно те тераа да се чуствуваш опуштено и како да припаѓаш на тоа место. Гостопримливи се премногу! Којзнае колку им одат на живци сите тие туристи ама или не го покажуваат тоа или едноставно си велат - заработуваме од нив, немаме право да мрчиме.
    А колку туристи го посетуваат островот сфатив во моментот кога стапнав на нивниот аеродром.
    Колку пати забележав колку се преморени келнерите од толку работа, ги манијачев :lol: и сепак кога не прашуваа што ќе нарачаме, осмех на лицу, онаква, уморна насмевка ама искрена. Не од оние McDonalds вештачки насмевки.

    На крајот среќна сум што го избравме тој дел од островот, што буквално одморивме, исклучивме мозок, и што успешно ги изигнориравме Магалуф и сличните местенца каде што не се знае кој што прави. Дел од тоа доживеав на аеродром и ќе кажам само едно - штета што островов живее од невоспитани деришта од Англија и Германија и затоа им толерира секакви испади. Пубертетлии кои добиле пари од родителите, хормон ги пука во глава, и не знаат што попрво со себе а богами и со другите. Што да се прави, кога еднаш годишно ќе те пуштат од ланец :|

    Се друго беше беспрекорно! И така решив да се вратам на Мајорка, да ја истражам повеќе Шпанија, заради ништо друго, колку заради луѓето!

    Некогаш....

    Ме спопука некоја summertime sadness, шо да праам :lol:
     
    На senjorita-v, boomsleng и imorena им се допаѓа ова.
  20. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    А какво е времето во септември на Мајорка, ние сакаме да одиме на почеток на септември, има некој искуство.