Здраво, барав по форумов ваква тема, но не наидов на неа. Исправете ме доколку грешам. Дали вие користите smart watch и дали имате препораки за истиот? Истовремено какви спецификации има часовникот?
Јас имам Samsung galaxy active веќе некое време. Многу го сакам, мојот поуздан пријател. мада има веќе и понови модели по него. Има и други брендово ама јас само со овој имам искуство засега и сум задоволна. Лесен е на рака, пријатен, добро функционира, порачав силиконски нараквици во различни бои од Алиекспрес, уште да ми стигнат, бидејќи оригинални се па многу скапи, цена како пола часовник. Имено, поврзан ми е со телефон, (имам самсунг), преку блутут, на апликацијата Samsung health. Апликациите симнуваш кои што сакаш ти преку телефон и се додаваат на саат. Зависно од што ти треба. Во принцип, саатот е да те држи активен и фит, некогаш се зезам со мм дека е направен за стари луѓе. Ако седам саат време без да се движам, веднаш те опоменува да се активираш малку Еве јас што најмногу користам, значи апликациите ти ги симнуваш според потреба. Овака ми беше најлесно, премногу слики знам. Плус има и стандардни аларм, календар, потсетник , потсетник за вода пиење итн. Спојлер
Опциите ги има κаκо κај стандарден смарт-фон само што, може да се носи на рачен зглоб. Зошто да би ми се допаѓал?! Убави и праκтични се... ...
https://www.mi.com/global/mi-smart-band-4/ Јас го имам овој веќе 3 месеци ако не грешам. Искрено сум задоволна со опциите што ги има. Го земав од причина да можам да следам трошење на калории при вежбање, но следам и квалитет на сон како и срцева работа. За таа цена (околу 2500 денари, иако јас го земав на попуст за 2000) мислам дека нема подобар.
Јас го земав од официјалната продавница на Xiaomi во Гтц, Скопје. Инаку го има и во Нептун, Сетек, Анхоч (не сум сигурна дали го имаше mi band 4 или 3, провери). Мислам дека во Нептун, со Happy картичката беше најисплатливо тогаш и од таму ќе го земев и јас ама рандом дознав за попустот во официјалната продавница и ми се смени планот.
Ако земаш Xiaomi mi band, нарачај го од интернет, од официјалната продавница на алиекспрес, и е поевтин каде каде. Околу 20 долари е. Имаш кинеска и глобална верзија, разликата е тоа што во кинеската имаш само англиски и кинески јазик, а во глобалната имаш повеќе јазици. Кинеската верзија е поевтина за 4-5 долари.
@QueenBeyonce И јас би ти препорачала да го нарачаш од Али доколку ти се чека. Скорз изумив на таа опција. Јас кога купував се уште беа затворени аеродромите и не доставуваа до Македонија а и искрено не ми се чекаше. Ама дефинитивно голема заштеда е. И обавезно нарачај си уште една-две алки плус, за резерва. Јас ги земав околу 1-2 долари додека кај нас ги продаваат по 300-400 денари.
Може ли да ми посочиш конкретна продавница од Али или да барам со добар рејтинг ? Сакам да нарачам за подарок. И ако има некој со Гармин искуство, да ми каже кој, машки ми треба. Тенкју.
https://m.aliexpress.com/store/v3/h...ar.1.255778c9TSOXA5&pagePath=index.htm&gclid= Еве ја официјалната страница од кај што се порачува, ја тука ги гледав Дада, сега погледнав.. За таа цена можам и петката да ја земам.. Инаку фала за тоа што ми спомна за алките, немаше да ми текне.
Од Ледиком го зедов пре неколку месеци, таму беше најефтин за разлика од Нептун, баш проверив сега е 9200.
Имав Самсунг Галакси Актив, сега Актив 2 го имам повеќе од пола година. Без него сум ко гола. Го симнувам од рака само за полнење. Со него на работа, вежбам, спијам, шетам. Ми мери апсолутно се . Не дека ми беше потребно броењето на чаши вода, ама ако се може, зошто да не . Од него дури и правам телефонски повици, ко сум на зорт без телефон
Актив го зедов лани за 240 фунти. Актив 2 на почетокот на годинава, на попуст беше за 250 фунти. Баш заради правењето повици го зедов, првиот ја нема таа опција, а јас немам секогаш можност да користам слушалка. Сега излезе и самсунг 3, уште го немам видено каков е, ама валда има повеќе опции од 2ката.