1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паметно купување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Silver.E, 24 септември 2013.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Може ли овде да си даваме совети, како со нашиот ограничен буџет мудро и паметно да купуваме, за да имаме најголема и најкорисна добивка ?

    Кои се вашите навики кои ги применувате ?
    Имате ли некои совети ?
    Или сакате совет ?
    Кои грешки ги прават најчесто девојките при купувањето ?

    Може темава да опфаќа повеќе потпрашања... :)

    - Универзална боја на џинс - Кога морам да бирам само едни фармерки, секогаш гледам бојата да можам да ја комбинирам со секакви бои, да е средна, ни претемен ни пресветол џинс.
    - Типски фармерки - Фармерките кои ги одбирам гледам да може да се комбинираат и на патики, во спортска варијанта, а да стојат одлично и за на штикла во модерен стил.
    - Јакна - секогаш избирам штосна јакна, зошто одма го сменува целокупниот впечаток. Гледам да е во боја која најповеќе ќе ми одговара на гаредробата која ја имам.
    - Ташна - Наместо неколку ефтини, секогаш купувам една, ама поскапа ташна. Квалитетна, впечатлива, интересна. Отсекогаш ме знаат по убавите ташни. Не ги имам многу на број (моментално имам 4-5), ама сите до една се навистина вредни.
    - Марами - Ако моите алишта ми стануваат еднолични, на мене едноставно ставам некоја интересна марама. Секогаш го менува изгледот и делува поубаво.
    - Со сите алишта кои се поедноставни, комбинирам нешто што е поинакво, потипско, нешто што привлекува внимание и го прави впечатокот поинтересен.
    - Чевли - Колку и да сакам наеднаш да имам 10 пара чевли од сите модели, секогаш купувам такви какви ми се најнеопходни и такви кои најповеќе ќе ги носам во тој период. Пр. Сега на попуст видов многу убави сандалчиња, ми требаат нови салонки, но балетанките се тие кои ми се најнеопходни и ми требаат за секој ден. Затоа предност им давам нив.

    Грешки кои сум ги приметила кај девојките, е што најчесто купуваат нешто од побуда, а немаат со што да го комбинираат. Па, или им седи дома во гардероберот, или го комбинираат во лоши комбинации.
     
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Секогаш сакаме и со тие малку пари што ги имаме да купиме што повеќе работи, тоа не прави и посреќни и фалбаџиски спремни сме да се пофалиме пред народ дека за 1000ка сме се опремиле и горе и доле, и во средина. :D
    Импулсивното купување секако не е паметно, од типот решен си денес по секоја цена да се вратиш дома со полни ќеси, и покрај тоа што денешниот избор по продавници не го задоволува твојот вкус.

    За мене најпаметно купување е купувањето на работи кои добро ти стојат и одговараат на твојот џеб. Не е потребно за некој хир и траскање од земја од типот *ова мора да го имам* (оти Серена имала слично такво или вчера на блогот кај Трајанка го видов истото) да гладуваш и останеш дома цел месец, ама битно го имаш парчето.

    Не е толку паметно за секое тренди парче во една сезона ти да умираш по него за да го имаш. Што е најтрагично, истото тоа парче откако е скиснато таа сезона додека е актуелно, после е забаталено и најчесто фрлено по пар месеци/година.
    Некои трендовски работи ми се допаѓаат, некои сум ги купила, некои се way too much за мене, и некои не ми се допаѓаат.
    Така мојот плакар е лишан од кроп топови, макси сукњи, пеплум кроеви, војнички панталони и еве ме, преживеав.

    Најпаметен совет од мене е да не летате во облаци по Мајкл Корс часовник, Селин чанта, Ајфони од последната серија ако едвај врзувате крај со крај, ги обвинувам сите родители кои од толкава распеканост децата да им ги збори народ дека се најубаво облечени ќе мизеруваат цел живот.
    Можете да најдете соодветна замена за ваш џеб, ќе копате по пазари/бутици/секнд хенд продавнички/кинески продавнички, ќе одите пешанка ако треба за да заштедите плус некој денар за тоа нешто, али не бидете готовани.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    За мене паметно купување пред се е купување на облека со која ке можеш да напраиш мин. 3 комбинации.
    Секако тука спага класичната и безвременска облека од типот на бела кошула,црн фустан и сл.
    Најбитно од се да се пронаоѓаш во облеката што ја купуваш.Да не е купено само затоа што е во мода. Еве мене лично не ми се свигаат стриптизерскине штикли на платформа од напред и никад не би ги купила само затоа што се во мода. Ако некој е поспортски тип ке вложува повеке во поспортска облека ако некој е покласичен ке вложува во класична облека.

    За мене паметно купување е и обрнување внимание на квалитетот на облката а не само трупање на квантитет.Особено ми е битен квалитетот на чевлите и капутите зимно време. Ако треба ке си скратам од други работи ама на квалитетна обувка и капут никогаш. Џабе 10 пара штикли ако тие на прв дожд во град ми се одлепат и ми пропуштаат вода ми смрзне ногата или ако ми ја потат ногата и ми ја умирисуваат да ми е срам на гости да ги соблечам пошо ке паднат сите у несвест. Истото важи за капутите.Боље еден поскап кој ке биде дебел и квалитетен и ке нема да осетам зимо у него отколку неколку потенки во кои ке се тресам од студ.

    Во главно паметно купување е она купување по потреба а не за фалење и споредба со останатите.Затоа што ти имаш таква мајца морам да имам и јас. Паметно купување е купување на облека која ти стои убаво,ти е удобна и се осекаш убаво во нејзе. Се друго што не ги исполнува овие критериуми е џабе фрлање на пари.
     
    На I.want.to.sleep му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Паметно купување за мене е купување на облека која најмногу ти прилега на твојата градба на тело, а не само онаа која е инстант во мода. Сите сме ја правеле таа грешка, јас би рекла дека е тинејџерска, но некои и воздрасни сeушете ја прават.
    Исто и со боите, порано никој не носеше бургунди, сега сите се во таа боја изминатата и оваа година.
    Убаво е да се подновиш со по некое парче, ама менување на пола плакар само со таа боја, мене ми е еднолично и досадно.

    Секој има своја дефиниција за паметно купување, некој сака да има многу работи а да ги земе ефитно, некој оди на помалку парчиња кои се поскапи. Баланс е битна работа тука, нешто купуваш скапо, нешто поефитно и консолидираш.
    Не би рекла дека сите имаме ОГРОМНИ буџети, некои навистина имаат, повеќето имаме скромни, само некогаш сите знаеме несоодветно да ги потрошиме. Затоа често и некои од нас се жалат немам доволно пари за да купам се што ми треба, затоа што дел од парите што биле наменети за тоа што нависитна треба отишле за некои тракатанци што се асолутно непотребни.

    Мислам дека најпметно е да се прави листа, на она што ни е навистина потребно, кога ќе заврши сезоната се вади облеката од старата за да се приготви за новата сезона, убаво би било да се направи една мини чистка на она што ни е навистина старо, не ни е точно или навистина сметаме дека не ни се допаѓа или пак не планирам да го носиме годинава, да се тргне на страна/фрли/подари на некого и да се направи список на тоа што ни е потребно/неопходно за таа сезона, без да се трупаат едни исти или слични парчиња облека.
    Не мора секоја блуза или кошула да ја имаме баш во секоја боја нели.
    И да се класифицираа по приоритет работите, што е најбитно за да се купи веднаш, а што може да почека за на попуст за на крај на сезона. А тоа зависи од човек до човек секој со свои потреби и желби и вкусот се разбира.