Панични напади

Дискусија во 'Психологија' започната од anaantonia, 4 јуни 2013.

  1. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    119
    Здраво .Не знам дали досега има ваква тема ако има префрлете ме таму.Ако не еве кратко објаснување на тоа што е паничен напад (она од кое моментално страдам)Многу е тешко верувам дека не има многу.Важно е дека не е исто со анксиозноста.
    Симптоми.
    -лупање на срцето и забрзана срцева
    работа;
    -потење;
    -трпнење на јазикот и чувство дека секој момент ќе го голтнеме
    - премор или тресење по телото;
    -скратен здив или отежнато дишење;
    -чувство на гушење;
    - чувство на вртоглавица, несигурност,
    - замаглување или несвестица;
    -дереализација (менување на доживу-
    вањето кон околината) или деперсона-
    лизација (менување на доживувањето
    кон себеси);
    - страв од губење контрола или лудило;
    - страв од смрт;
    -парестезии (отрпнатост или мравуле-
    ње по и под кожата)
    -ладни или топли бранови.

    Оној кој што ги доживеал и ги имал одреден период знае колку е тоа најстрашно на свет во моментот кога се случува.Паничните напади траат околу 5 до 30 мин и во тие моменти буквално ти изгледа како да ти нема спас,дека во секој момент ќе паднеш и нема да станеш,и не постои никаква сила ниту докотр кој може да те убеди дека си во ред.
    Се лекува со помош на антидепресиви и лекови за смирување,голема физичка активност но според мене најдобар лек е времето.
    Да си помогнеме. :)
     
    На Maksimaksi, Matea 179-A, BigStar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    601
    и мене ми се случуваат некој симптоми од овие кој ги наброи ,често ми се случува вратоглавица и губам контрола при одење или стоење мислам дека ке паднам во секој момент и гледам само да се потпрам до нешто или некој кој е покрај мене,за лупање на срцето исто така си работи нормално и наеднаш почнува забрзано или 2-3 пати како длабоко ке ми зачука,се претресувам често.највеќе ми се случува кога не сум зела храна на време или кога не се напијам вода(вода пијам на секој 2 мин незнам зошто е така ако не се напијам одма почнува да ми се врти свес и почнувам да се занесувам ко пијана кокошка :o ) почнува да ми се врти свес и само гледам да земам некој бомбон,често ме тера на лудило ми се отсчуваат рацете и нозете за главоболки да не зборам :( ,стравот од смртта постои секој ден дека јас ке умрам дека некој мој близок ке умре и се се врти тоа низ глава бидејќи доста блиски изгубив :sweat: :sweat: ,како ке го надминеме сево ова незнам ,само знам дека сме многу млади за овакви работи да ни се случуваат но стресовите си влијаат на се мислам дека главниот фактор за се ова што ни се случува е СТРЕСОТ
     
  3. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    119
    Она што јас го дознав од читање за оваа појава е тоа дека главни причини за појава се генетските доколку некој од родителите го поминал и секако стресот,или губење на блиска личност.Исто така го доживеале многу личности во светот познати од Ајнштајн до Коељо,ваљда се случува кај осетливи личности ,емотивни,хиперактивни
     
    На Matea 179-A му/ѝ се допаѓа ова.
  4. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    601
    со родителите немам правено муабет на оваа тема,незнам како ке ме сватат од сево ова што ке и го кажам,пример кога седиме сите собрани и ке почнат да зборат за сите што сме ги изгубиле(умреле)јас само велам ајде мењајте тема пак нема да можам да спијам нокеска,и татко ми одма колку пати сум ти кажал да прекинеш со твојте глупости треба животот да го сватиш по сериозно и мора да се соочиш со све :x неможам за жива глава од како почина тетка ми на мајка ми сестра неможам да се помирам не спиам скоро ич се будам ноке и само гледам да не има некој во собата ;(
     
  5. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    119
    мене ми се случува во последно време да кога ќе сум со многу народ ме фаќа паника и гледам само да избегам,гласовите им ги слушам како од бунар,како ништо да не е реално што се случува околу мене
     
  6. the-other-kind-girl

    the-other-kind-girl Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    јас правев муабет со мајка ми за паничниве напади и таа ми рече дека изгледа тоа ми се случува поради нешто што ме мачи. поради некој душевен немир (иако јас немав :?: ваљда) а сега некако во последно време да не ми е за подрек ама ми се нема случено да добијам напад. :)
     
  7. taci1

    taci1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    65
    zdravstveni-problemi/anksioznost-t580/
    prelistajte ja temata anksioznost i panicni napadi, se ce pronajdete, i jas sum so istiot problem nekolku god. i sum pod terapija ...paaa so sreca, ke vi treba mnooguuuu :tmi:
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Пред неколку години (имав околу 20-21 година) имав вакви напади, не можев од дома да излезам без паника да ме фати. Си имав замислено дека имам некаква болест, тумор некој и сите доктори ги поминав за да ми кажат дека немам ништо. Најсигурно ми беше кога седев на компјутер и не можев сама да останам, веднаш мислев дека ќе умрам. Апчиња не сакав да пијам, а ми ги препорачаа. Само време треба (не поминува замесец - два, може и повеќе од една година да се чувствуваат последиците) и јас секој ден пробував да се убедам дека ќе помине, дека еден ден скроз ќе ги снема. Плус тоа одев и на јога и шетав во природа, тоа мислам дека многу ми помогна и ме изрелаксира. И ден денес не знам од што ми беше, генетски не е, не ми се случуваше некој голем стрес. Можеби повеќе беше од премногу размислување :D или страв од промени. Секој проблем треба да се обидеме сами да го решиме и ако ептен не бива, тогаш на лекови да се свртиме.
     
    На Walker7, gogimica и Irina LMV им се допаѓа ова.
  9. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    601
    еве и мене за прв пат почна да ми се случува на 20 год,како некое пореметување да добив во се и од тогаш до ден денес сум ваква веќе 3 год ,постојано се влечкам по доктори и се е едно исто,главоболки,потење на рацете,вртоглавици,отсечување на рацете и нозете,а преска пак излегов со дечко ми во чаршија и наеднаш какко што одевме тој влегол во еден дуќан почнав да се врткам да го тражам погледнав лево десно го нема ,од паника мислам дека почна да ми се врти свес се изгув во просторот и само во себе си велам ништо не ми е ништо не ми е ,и ете го тој иде ,сум пиела и апчиња за смирување и Б комплекс и димитрини и се ама ништо не ми помога,има ли за ова лек јас стварно незнам ;(
     
  10. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    119
    само што ми се случи пак додека бев излезена,почна да ми се случува повеќе пати во текот на денот и веднаш гледам да избегам и да стигнам до дома,почнав со Елицеа и диазепам,се плашам дека ако отидам кај психијатарот пак,ќе ме остави во болница зашто буквално не можам од дома да излезам а да не ми се деси тоа.Како да си помогнам не се поднесува ова??? :( :( :( :( :(
     
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    17.438
    Да напоменам само дека овие панични напади се всушност анксиозност.
    Една членка погоре напиша дека не треба да се меша со анксот затоа што не било исто, епа потполно истите симптоми се. И јас имам вакви напади со години еве, но успевам да ги исконтролирам затоа што се навикнав тие да бидат дел од моето секојдневие.
    И сите вие останати кои што се пронајдовте во овие симптоми прочитајте ја темата за анксиозност, сигурна сум дека речиси во секој пост ќе се пронајдете. Само што таа има разни облици, некој може да има секојдневни панични напади, некој само еднаш годишно, одредени луѓе чувствуваат вакви тегоби само во стресни ситуации ама во глобала кај сите е истиот причинител.
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    313
    Малку да разграничиме :!:
    Паничните напади се симптом на анксиозноста.. Не сите анксиозни личности ги имаат, на пример анксиозна депресија, каде нема панични напади или ги има не толку изразени. Од друга страна, панични напади не се случуваат на лица што не се анксиозни, лица што немаат нереални стравови, немир..
    Не е страшно како што изгледа, и се лекува.
    Само треба да се прифати дека мора да се посети стручно лице, да се прима терапија, и со разговор да се поработи на нереалните стравови..
    Како што реков, не е ништо страшно и срамно, според мое мислење 70-80% од младите денес се анксиозни ..

    Едит- не би го преведувала објаснувањето, само ќе го цитирам. Ако има потреба од превод и ќе го преведам

    "For someone who suffers anxiety this can lead to a panic attack. Although panic attacks are not experienced by every person who suffers from anxiety, they are a common symptom. Panic attacks usually come without warning and although the fear is generally irrational, the subjective perception of danger is very real. A person experiencing a panic attack will often feel as if he or she is about to die or lose consciousness. Between panic attacks, people with panic disorder tend to suffer from anticipated anxiety- a fear of having a panic attack may lead to the development of phobias. Such a phobia is called agoraphobia, this is a fear of having a panic attack in a public place or new environment and experiencing judgement from strangers or failing to attain help. Anxiety is the most common mental illness in America as approximately 40 million adults are affected by it. Not only is anxiety common in adults, but it has also been found to be more common in females rather than males."
     
  13. mila34

    mila34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    82
    Феминки имате тема Анксиозност ...таму можете да прочитате многу совети од многу девојки/жени што го имаат истиот проблем...
    поздрав
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daisy.E

    Daisy.E Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    57
     
    На mila34 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    119
    да све што кажа знам,најмноху се плашам да им кажам на другите кога ќе добијам напад зашто знам дека и тие ќе се испаничат ,шо ти е? ова ,она и ќе ми биде уште полошо.Ми е страв да излезам од дома,одма мислам дека ке се струполам и кога ќе излезам навистина ми се лоши и осекам дека ке паднам.Јас знам дека се е во ред меѓутоа пак не можам да го контролирам

    А за елицеата ме интересира дали се штетни општо за организмот пошто се пијат долг период?
     
  16. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    119
    На geeoorrggiinnaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vesnaplazma

    vesnaplazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    107
    Zadutre kerkami e polumaturanka,i jas po doma rascistena i naednas misla"sega vaka si cistam ziva ama za golemata matura kojznaE DAL KE SUM ZIVA"i naednas loso custvo,se prepotiv,se gusam,racete mi se ukocija nemozev da gi svitkam,izdisuvam,srceto mi cuka vo usta,strasea panika.,mesto ne me faka,mi ide da begam a neznam kade.se napiv eden heleks od 0,25 sednav i si rekov:VESNA TI SI ZDRAVA,NISTO NE TIE,OVA E SAMO GLUPAVATA PANIKA,nekoja luda misla mi veli;dan umiram.povtorno strav,voznemirenost,gusenje...NE OVA E SAMO PANIKA I JAS NEMA DA I SE SPROTISTAVUVAM,KE CEKAM SAMA DA SI ODI,I SI OTIDE.JAS NORMALNO SI VDISAV I DLABOKO SI IZDISAV I SEGA SE ANALIZIRAM .Kolku samo edna negativna misla moze da ti go smene zivotot za sekunda.Ne jas sum kriva,zosto ne pomisliv nesto pozitivno tuku i dadov znacenje na takvata misla.NE vrzuvajte se so mislite ostavete gi da pominat onaka kako sto doagaat.Se nadevam deka ke gi pobedime denes mojot rezultat bese 1;0 za mene.probajte i vie bidete pobednici

    vesnaplazma



    7564
    Мислења: 111
    Зачленет: 14 Фев 2013, 19:42
     
    На Matea 179-A и jasBia им се допаѓа ова.
  18. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    119
    ве молам кажете ми дали е можно од паничните напади да ми се качува притисокот? качен ми е околу 140 со 90 и имам главоболки а денес имав паничен напад.дали е од тоа? ве молам многу е тешко
     
  19. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    54
    ^ Нормално е кога си повозбуден и притисокот да се качи, не се секирај. Зошто воопшто мериш притисок, озбилно, одлучи да не го правиш тоа и воопшто да не се замараш со тоа колку ти е притисокот. Ништо нема да ти биде од паниката, мораш да се убедиш во тоа и да веруваш дека телото само ќе си се смири и нормализира, ако го оставиш да го направи тоа. А, ќе го направиш тоа така што, прво ќе си речеш дека ништо не ти е, дека си здрава, само ете малку си се исплашила и нормално е тоа што го осеќаш, и одма прешалтувај се и мисли на нешто убаво. Сврти го вниманието на нешто интересно, смени ја темата на која мислиш, гледај некоја смешна серија, окупирај се со некоја занимација, било што што ќе ти го одвлече вниманието, и остај телото само да си се стабилизира.
     
  20. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    119
    а дали на некој од вас му се случило да е во гужва и одеднаш како се да ти станува нереално,како све да е некој филм и буквално не можеш да ги слушаш другите до степен што те иритираат нивните гласови,како да во секој момент ќе спобудалиш?