1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Панкот не е мртов [2011]

Дискусија во 'Филмови' започната од Wild.Child, 14 мај 2011.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=dA5lmTbc ... r_embedded
    Наслов: Панкот не е мртов
    Премиера: 15 април 2011
    Режија: Владимир Блажевски
    Улоги: Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Џевдет Јашари
    Продуцент: Дарко Попов
    Сценарио: Владимир Блажевски
    Музика: Александар Пејовски
    Студио: Punk Film Production

    Протагонисти во оваа црна комедија се бивши панкери кои намерно остануваат на маргините во матните времиња на македонската транзиција. Рутината на преживување на овие аутсајдери е нарушена со понуда од една локална НВО: да го реоформат нивниот некогашен култен панк бенд и да настапат на бизарен мулти-култи хепенинг. Целта на хепенингот е да се прикаже лажна слика за Македонија како земја со релаксирани меѓуетнички тензии. Филмот е црна комедија, некаде во лимбо просторот измеѓу road movie и драма. Документаристичен cinema verite пристап, екстремно нискобуџетен, не само продукциски, туку и естетски. Еден од ретките филмови во Македонија кој се занимава со повеќе социјални приказни, ликови што сме ги виделе на улица, реплики што сме ги изговориле самите, во филмот скоро и да нема ништо измислено освен самата приказна која пак се базира на некоја приказна која ординирала на овие простори во Скопје.

    *Превземено од тука

    Мое мислење е дека долгото чекање комплетно вредеше. Филмов е предобар и дефинитивно вреди да се погледне. Сниман е со релативно мал буџет, но тоа не го спречува да се вброи во најдобрите филмови кои се направени во нашава држава изминатите неколку години.
    Покрај тоа што е смешен, во себе носи многу реалност и огромна поука која треба да се извлече.
    Патем, мислам дека Дани е утка во филмот. Не се совпадна во целата „шема“ воопшто.
    Кое е вашето мислење околу филмов? :)
     
    На live.gona.willd и AngelGirl им се допаѓа ова.
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас имам поделено мислење. Пред се затоа што е доста реален, и затоа што доловува слика која ретко кој ја приметува. Значи идеата е одлична, ама сепак имам чувство дека не беше добро реализирана. Сепак секоја чест за глумците, многу добро си ја одработија работата, а улогата на Дани мене уште не ми е јасна, многу без врска ја ставиле.
    :^)
    А фердинанд во срце ми остана. Како и Кили, ептен си го љубам :inlove: :inlove:
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Првото појавување на Кили мене ми беше многу смешно. :rofl:

    А тоа околу недополнетата слика претпоставувам ти е поради нискиот буџет. Мене пак таа „недополнетост“ посебно ми се допадна, за мене тоа е реалност, без некои посебни ефекти, не знам какви луксузи и сл.
    Можеби сепак идеологијата на панкерите не е баш оваа која е претставена во филмов бидејќи нели, не живеат сите баш вака голтарски. :D


    Фердинанд срце. :D Мада жално го убија. Како мрсули да секнеа. :worried: Искрено размислувам да си чувам жаба летово. :wasntme: А на крај колку и да беше тажно, мислам дека ќе се помочав од смеење кога го завиткаа во шалот и го ставија во музичката кутија. :rofl:

    Патем, мислам дека требаше да има повеќе музика. :) И го има ли некој текстот на „Депонија“ ? Ми го земаа црното ливче на влез, т.е. на сите им ги земаа, но може некое преживеало. :D
     
  4. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    баш денес го гледав филмот и искрено ми се допадна но не премногу.Повеќе ми се допаѓаше Сенки и Мајки.Во филмот исто така и јас мислам дека Дани е тотална утка,а да на глумел и Тони Михалјловски мислам дека и самиот филм ќе немаше толкава вредност !!! Баш му даде свежина на филмот,со неговиот лик внесе доза хумор во него.Како и да е од мене има солидна оценка ;)
     
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    мене не ми ни дадоа црно ливче :(

    Мислам дека тоа што не ми се свиѓаше беше како ги претставија панкерите. Буџетот е битен, но не е пресуден за добар филм. Јас одсекогаш имам чувство дека сите македонски филмови се базирани на тезата "Нас ни е многу тешко, ама ние не можеме да направиме ништо да го промениме тоа, па затоа само ќе си се жалиме и ќе чекаме некој да ни помогне." Овој филм некако ми го испреплетува тоа со панкот, а панкот има баш спротивна идеа, ако не ти се допаѓа нешто превземи акција за да го смениш тоа.

    А за Фердинахд морам да спомнам, а заврши филмот другарка ми запна да идеме на Водно и да го откопуваме. :D :^) Ако бидне нешто известувам по брза постапка :D
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    ^ Сигурна сум дека нe го оставиле. :rofl:
     
  7. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Го има ли филмот некаде на нет да се гледа, јас не ни знаев дека кај нас го давале во кино. :@
     
  8. Panki.Friik

    Panki.Friik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    12
    и ја незнаев а сакам да го глеам ..Зашто и сум таков тип на девојче хДхД
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Сеуште не сум го гледала, и многу ми е криво, но ќе го гледам.

    За љубителите на филмот, информација можеби за оние кои не го забележале мојот вчерашен пост полн со гордост :$ - филмов победи викендов во категоријата филмови наречена Источно од западот, на меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари (Чешка) ;)
    (силна конкуренција, да не мислите дека не)
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Дани, Дани, Дани.
    Не сфаќам зошто? :^) Многу голем промашај.

    Не можам а да не дадам остра критика за шминката.
    Стварно не ја разбирам поентата од тоа Горогранц да биде задолжена за тоа. Не знам, некако не ми е логично ни малку.
    Костимограф: Ангеловска Илина.
    Сценограф: Кирил Спасески.
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    [​IMG]

    Само да се надоврзам со Пирамида, во истата категорија се натпреваруваа уште 11 филмови. :)

    Околу шминката, според мене шминката беше сосема добра. Всушност, шминка и немаше многу. Таков и требаше да биде филмот - реален. :) Доколку беше натрупан со шминка и еден куп ефекти ќе го загубеше шмекот.

    А за Дани, секој коментар е излишен. Ниту мене не ми се допадна нејзината улога ни најмалку...
     
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Вајлд да не се разбереме погрешно. Шминката е одлична, ама ме нервира што е таа, а не некој друг назначен на таа позиција. :)
    Со какви не шминкери располага Македонија, јас на газ паѓам кога им го гледам делото. :)
     
  13. Elenska

    Elenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Хах, од сите супер работи баш за шминката коментирате. Ај не е битно. И како не ви се допаѓа како биле претставени панкерите? Тие ликови се правени според двајца реални ликови кои и денес си живуркаат низ Скопје. За Дани се согласувам потполно. Фердинандите (не е еден) се живи и здрави во продавницата на Војо (ако не ги купиле уште). А да, „Сенки“ е срамота воопшто да се споменува заедно со „панкот...“, а не да се споредува. Разликата меѓу овој и тој режисер е што едниот има милиони (а одамна нема идеи). „Мајки“, пак, нема да го дискутирам. Дилетантизам
     
  14. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Филмов го немам гледано, а би сакала. Не го гледав во кино кога го даваа, па дали го има на интернет!? Ако знае некој нека пише :)
     
  15. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Јас па ко што сум си емотивна, на крајот пуштив солза за тоа жабата.. :P :lol: Филмчево инаку океј. Ја разработи темата што и очекував да ја разработи и тоа.. ни позитивен ни негативен коментар не давам :)
     
  16. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Врв е филмот бееее мене многу ми се допадна само се прашувам Дани што к** ја ставиле оф мори мајко али ај мање битна и така ја нема многу . А секоја чест за Тончи како ме изнасмеа :lol:
     
  17. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Конечно го гледав филмов :) И ми се допадна, интересен и смешен ми е, Мирса и Љак се најзакон...нема лабаво :D Филмов го има и во реалноста и го имам искусено, на некој начин - мислам на нивната дружба и така тоа :)

    Не ми се веруваше дека и братучед ми имаше мала улога во филмов, хахахаха кога го видов лелелеле :lol: Односно тој и така си е цел со тетоважи значи нема гајле и затоа го земале во филмов, иначе тој што се натпреварува со Тони (Љак), кој прв ќе го испие пивото, е братучед ми...лелеле гад е еј, кога ждригаше ццццц мрднат :lol:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG] [​IMG]
     
  18. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Може филмов онлине да се гледа некаде?? : )
     
  19. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Еве ви торент:
    http://zamunda.mk/vidi-%D0%9F%D0%B0%D0% ... D1%82-2639
     
  20. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Дефинитивно еден од најдобрите македонски филмови на сите времиња. Глумата на Тони едноставно никогаш не остарува,а да не спомнуем колку му е заразно тоа смеењето ко врана. Инаку и ја и другарчињава сакавме да одиме да го откопуваме Фердинанд,којзнае уште на колку им дошла таа идеја...
    Инаку,за идеологијата на панкерите,ова повеќе одликува на оние постари панкери,додека сега панкерите се куп деца што немаат на што да ги трошат парите па пробуваат да се вклопат во друштвото на постарите купувајќи мартинки,кожњак,искинати цигара фармерки,маица со панк бенд,ранец со беџови итн. Не сите но повеќето се такви.
     
    На ku4ence, pamelche, Massimo и 1 друга личност им се допаѓа ова.