Рандом прашање ама... Дали има женски кои повеќе сакаат да излегуваат по панталони одколку фустанчиња или само јас сум изрод?
Општи прашања Nope, you are not alone И јас повеќе преферирам по некои фенси панталончиња него ли фустанче.
Општи прашања Секако дека има...јас повеќе преферирам некои добри пантолони или фармерчиња, но знам да облечам и некое убаво фустанче
Општи прашања ххххх јас на мои 20 години не знам до сега да имам облечено фустанче за излегување.. сукњицка пак некогаш хххххххх
Секако дека ми е многу поудобно во пантолони но фустанчината ми се омилени така да и двете си ги носам доста често
Пред две години би рекла панталони, ама сега дефинитивно фустан, и во зима и на лето. Ме ослободува бре, има простор, не ме стега, си се луфтирам ( имам забележано дека значително ми се намалува белото прање во текот на денот кога носам фустан или сукња, па ете, и на мојава и годи изгледа ) Со право жените порано носеле само сукњи и фустани, а и убаво си прилега, убаво изгледа
Јас откако застуде, поточно од септември месец немам облечено фустанче така на гола нога. А и многу ретко облекувам фустан, дали еднаш или двапати месечно и тоа секогаш на дебели хулахопки. Ке си причекам јас летото да си се „луфтам“ Инаку мене баш ме чуди како некои девојки на -20 се шеткаат со голи нозе, со газот шо им се гледа и со цицките извадени на сред зима?! Навистина изгледа многу невкусно.
Генерално повеќе сум во панталони, практичноста нивна е заради временските услови, но попријатно ми е во сукња/фустан. Сакам да носам сукњи и кога е поладно на дебели хулахопки иако доста ретко е тоа, а сакам и туники/фустанчиња со хеланки бидејки ми е многу комотно. Но затоа непрактичноста се гледа на денови ветровити како денешниве кога сукња не е препорачливо да се носи Летно време повеќе сум во сукњи, неможам на топлото да се препотувам во панталони и ги мразам деновите пред депилација кога мора да носиш панталони во лето
Зависи од временските услови, ама поубаво се чувствувам во сукњи и фустанчиња. Не дека во панталони не ми е удобно, едно време само тоа носев, па ми дојде преку глава. Посебно во лето неможам да се замислам во панталони.
Kако и другите пред мене,,зависи од времето.Си носам и фустанчиња и пантолони.И двете зависи за каква пригода се носат се удобни
најчесто панталони, ама проблемот е што малку се здебелив па некои ме стегаат, така да сега повеке сум во сукњички, и фустанчиња- не се познава мешето, а лето сум најчесто во фустани и по некоја сукњичка, а знам да облечам и некои покомотни панталони