1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Папата ги изми нозете на затворениците за време на светата Миса Вечера Господова

Дискусија во 'Религија' започната од baba Rada, 19 април 2019.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Папата ги изми нозете на затворениците за време на светата Миса Вечера Господова
    На Велики четврток 18 април 2019 година, папата Фрањо служеше Света Литургија Вечера Господова во Окружниот затвор во Велетри во Рим и во таа прилика им ги изми нозете на дванаесет затвореници.

    Папата домот Света Марта во кој престојува го напушти околу 15.30 часот. По пристигнувањето во затворот околу 16.30 часот Папата го пречека директорката на затворот Мариjа Доната Јанатуано, заменик директорката Пија Палмери, командантот на припадниците на полицијата на служба во затворот Мариј Луиза Абосида и затворскиот капелан дон Франко Дијаманте.
    Светиот Отец потоа поздрави неколку претставници од цивилниот персонал, полицијата и затворениците, а потоа во театарската сала на затворот ја предводеше светата Литургија in coena Domini со обредот миење на нозе со кој започнува Пасхалната тродневница.
    По навестувестеното Евангелие, Папата одржа хомилија. За таа пригода Папата немаше подготвен текст, туку на затворениците им се обрати со спонтани зборови. Тој им се заблагодари за топлиот пречек и рече дека од нив неколкумина примил „убаво писмо“. Потоа изнесе кратко размислување за Исусовиот гест на миењето на нозете на учениците кој свештениците во целиот свет го повторуваат на Велики четврток. Рече дека Исус извршува дело на служење кое обично го правеле робовите. „Он, Господ кој во себе ја содржел целата моќ, додаде Папата им рече на своите ученици да го прават истото едни на други во службата. „Бидете браќа во службата: не со желба за почести, рече Папата. Секој од нас рече, мора да биде во служба на својот ближен.
    Во текот на обредот на миење на нозете, им ги изми нозете на дванаесетмина затвореници од четири земји: деветмина Италијанци, еден од Бразил, еден затвореник од Брегот на Слоновата Коска и еден од Мароко. Откако им ги изми нозете на затворениците Папата им ги бакна нозете.
    По завршувањето на славењето после поздравот на директорката на затворот, Светиот Отец се врати во Ватикан.


    Бидејќи прв пат читам и слушам за овој традиционален обичај на папата Фрањо да оди во затвор и на 12 затвореници да им мие нозе и потоа да им ги бакне:?: сакам да ги прашам сите верници од форумов а посебно ценетиот @Orthophill дали го оправдува овој чин, како го објаснува, зошто па баш затвореници идр???(facepalm)
    Овој ритуал се обавувал редовно секоја година на велики Четврток, пред Велигден, исто како што Исус им ги миел нозете на своите апостоли.
    Мора ли да се покаже на овој начин, пониженост, послушност.......Мене не ми се допаѓа овој негов гест:!:

    Да ве чујам вас што мислите?
     
    На Јаневски, Feminka22, La.loca и 3 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    И мене не ми се допаѓа, најмногу поради тоа што станува збор за затвореници.
     
    На candy.cane и baba Rada им се допаѓа ова.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    Полека, се` со ред. :D
    Светото Евангелие за миењето на нозете е следново:
    А пред празникот Пасха, знаејќи Исус дека Му дојде часот Негов за да премине од овој свет кон Отецот, ги засака Своите во светот, и до крај ги засака. И на вечерата, кога ѓаволот беше го поттикнал срцето на Јуда Симонов Искариот за да го предаде, Исус, знаејќи дека Отецот сѐ Му предал во рацете и дека од Бога излегол и при Бога оди, стана од вечерата, ја соблече горната облека и кога зеде крпа, се препаша; потоа истури вода во мијалникот и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпа, со којашто беше препашан.
    Дојде и при Симона Петра, а тој Му рече: – Господи, ти ли ќе ми ги миеш нозете?
    Исус одговори и му рече: – Што правам Јас сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.
    Петар Му рече: – Никогаш Ти нема да ми ги измиеш нозете мои.
    Исус му одговори: – Ако не те измијам, нема да имаш дел со Мене.
    Симон Петар Му рече: – Господи, не само нозете мои, туку и рацете и главата!
    Исус му рече: – На измиениот треба само нозете да му се измијат, оти е целиот чист; и вие сте чисти, ама не сите.
    Бидејќи Он знаеше кој ќе Го предаде, па затоа и рече: не сите сте чисти.
    А кога им ги изми нозете, ја облече облеката Своја и пак седна на трпезата, па им рече: – Знаете ли, што ви направив? Вие Ме викате Учител и Господ: и добро велите, бидејќи тоа сум. Ако, пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден со друг да си ги миете нозете.
    Зашто ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас. Вистина, вистина ви велам: нема слуга поголем од својот господар, ниту пратеник поголем од оној што го испратил.Кога го знаете ова, блажени сте, ако го исполнувате.

    Значи покрај тоа што станува збор за крајна понизност (во тоа време, миењето на нозете била недостојна и нечиста работа, оти главно оделе боси, а и да имале обувки, пак нозете биле повеќе валкани, отколку чисти) на Господ Иисус Христос во однос на светите апостоли, некои свети оци тврдат дека всушност во овој момент, апостолите биле крстени од страна на Господ. Тоа е за значењето на евангелскиот чин.

    Во Црквата многу рано е воведен чинот на миење на нозете на Велики Четврток. Го имало и во сите православни цркви, како што и сега се практикува во сите римокатолички храмови и парохии. Највисокиот по чин свештеник ги собирал свештениците, таму каде што нема доволно свештеници се надополнувало со парохијани и за време на читањето на светото евангелие им ги миел нозете. Овој чин е зачуван и во Ерусалимската Патријаршија.

    Е сега, чинот е за да се “понижи“ високиот свештеник пред браќата, ама кога истиот чин се користи само за реклама и за пофалба, демек гледајте ме и чудете ми се, јас се понижувам пред луѓето им ги мијам нозете на затворениците... А, пред некое кратко време се плашеше од бактериите и ги понижуваше луѓето што пристапуваа да му го бакнат прстенот...

    Сума сумарум - реклама. Барем стварно за миење да им беа нозете на луѓето. :)
     
    На Shalitra, Abeja, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Ти блгодарам многу!
    А кажи ми зошто веќе овој ритуал го нема во нашиве цркви веќе, која е причината?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    Главно од практична причина. Ја одолговлекува службата, која и без овој чин е долга.
     
    На Shalitra и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски


    Ова нема да можам никако да го прифатам, да им ги бакне нозете на водачите на Јужен Судан..офф боже, ама премногу е ова за да се разбере...па и мошне грдо ми делува, да не кажам умоболно:(
     
    На candy.cane, Sesil и Orthophill им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    Нека не те чуди. Овој рим-папа е језуит. Иако се` што се пишува за језуитите не е вистина, има многу клевети, ама нивната парола: „Целта ги оправдува средствата“ е вистинита (дали Макијавели ја измислил или тие не сум сигурен)... Која му е целта на Франциск не знам, ама средствата му ги гледаме. Реклами во боја.
    Венедикт 16. пак од друга страна, беше човек на место, теолог за пример. Ама него не го рекламираа, туку му правеа антиреклами (го обвинуваа оти бил дел од хитлеровската младина, му правеа карикатури итн). И тоа баш истиве што го рекламираат Фране.
     
    На Shalitra, candy.cane, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Не ја разбирам целта и пораките на рекламите, исто како што не ја сфаќам важноста на доаѓањето негово во Скопје.
    Барем и кај нас да му подзамиеше нозе на некој!;)
     
    На kuc и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    е**ти ритуалот. Исус на апостолите им ги миел нозете а папава на оние кои силувале краделе убивале... (facepalm) ме мрзи да ги читам другите коментари,си кажувам сопствено мислење
     
    На WarriorMind, candy.cane, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.288
    Допаѓања:
    34.220
    Пол:
    Женски
    По некој логика ако има логика им ги мие за да им го измие гревот. :wasntme:
     
    На ane.bella, WildMk и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.276
    Пол:
    Женски

    Исус :)еве што рекол за такви ко папата,кои сакаат да се видени во синагогите и сите дела ги прават за да бидат видени:!:
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    7ми Мај го прогласија за неработен ден , историски настан поради тоа што ќе идит папата|(
     
    На HardSex му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    (facepalm) значи стварно ама стварно светов е отиден со умот. А уствар што бара папата да иде кај нас?
     
    На LollySky и Shmizla94 им се допаѓа ова.
  15. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    What and wtf!?
     
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Топ, неработен ден.
    Ега секој месец да ни доаѓа. :l:
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    кај нас е неработен од 26ти до 1ви. 6 дена. Алелуја ама газдиве не ќе да се дотолку да ни речат дека на 7ми нема да работиме. Може само за државниците да е неработен за приватното не верувам
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Прочитав дека за сите ќе биде.
    Почесто да ни доаѓа :f:
     
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    некако си мислам дека во нашава држава од што ги мрзи да работат си измислуваат празници и неработни денови. Ама ако нас не ни пречи
     
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Еве ти како workaholic, и да е неработен ден, понуди се да идеш да работиш.
    Остај не нас нерадниците да се радуваме на слободен ден кој ќе си го искористиме максимално. :sun:
    Користољубиви едни :f:
     
    На ane.bella, LollySky и theowndemon им се допаѓа ова.