Старата тема е затворена, па решив да отворам нова. На 26ти јуни ќе се одржи Парада на гордоста во Скопје. Годинава сите тројца ќе присуствуваме. Ќерка ми ќе оди башка со друштво, ние со маж башка ... ко пензионери Сеуште не знам детали за маршутата и времето, ако знае некој, нека сподели. Да им пружаме поддршка, годинава во поголем број отколку во 2019та ️
Вчера имаше прес, па деновиве ќе искочат со точните детали. Многу ми е мило, бев во 2019 со мајка ми (патем стрејт сум). Многу сум среќна што мајка ми е опен мајдед. Многу жалам што оваа година нема да сум во Скопје и нема да присуствувам :/
Дефинитивно ќе одам за поддршка. Ај да видиме, дивјаците и хомофобите дали ќе настојуваат да ја попречат парадата. Не знам зошто упорно ја викаат ,парада на гордоста' кога кај нас е уште во фаза на срамежлива поддршка на различната сексуална ориентација.
Ради доследност со остатокот од глобалното движење Мислам дека нема да има проблеми. Минатиот пат 'најдраматично' беше што дофрлаа од страна и еден р'чпал од над 50 години што се држеше меѓу нозе и 'го нудеше' полжавот Скроз геј, ама не му текнало во моментот
Стварно ми е мило што коментарите тука се чиста спротивност на оние од фб. Јас нема да можам да присуствувам за жал, но ја имаат мојата целосна поддршка.
Името доаѓа од преводот од англиски јазик Pride Parade и тотално си одговара затоа што припадниците на лгбти заедницата треба да се горди, а не да се срамат од себе си
Се прашувам тие што искачаат да им дадат само поддршка, дали искочија да им дадат поддршка на родителите за срањава што ни ги смислува Мила "најмила"
Мене ептен ми е важно времето. То ме дели дали ќе идам пошто та Сабота сум со обврски. Ко видов темата се понадевав дека има време за да можам да испланирам. Како и да е, секоја година побројно дае.
Едно не исклучва друго. Сите имаме башка приоритети. И родителите ќе ги поддржев лично да не прочитав шо срања барат ОСВЕН дигитализацијата. Се сем поддршка заслужија во мои очи. Ама нели, то е лично. Вклучително, ни во склоп на темава. Оти ако почниш вака прашај зошто за ова не излезе, за она, за то потаму. Секој со приоритетите.
Мила не ве оспорува да живеете како што сакате и не ве напаѓа и тепа по улици само затоа што не се согласува со вас. Не мешајте баби и жаби
Од мене ја имаат поддршката за да излезат од дома и да можат да си се претставуваат она што си се без да се срамат и да бидат осудувани за тоа. Имаат поддршка од мене дури и еднополови заедници да си склопуваат. Имаат поддршка и деца да си посвојуваат (нормално со детална психичка анализа, што е потребна и кога различнополов пар посвојува). Секој има право да си го живее животот со слободата, која на сите ни е дадена од Бога, да ги живее сите права, кои се во склоп на човечкото достоинство и нормално да ги исполнува сите обврски. Паради не сакам. Во 2019 година не појдов ни на парадата за семејството, иако бев на богослужбата која и` претходеше, не би одел ни на ЛГБТ парадата. И годинава би го направил истото, ако се организира богослужба и противпарада. Секој нека биде она што си е, и подобро да биде тоа што е, отколку глумејќи тоа што не е, да им наштетува на другите и најмногу себеси.
Прекрасен пост Ортофил. Против хипокризијата, како што впрочем верата налага. Секогаш со големо задоволство ги читам твоите постови во сите теми, со убави поуки и разбирање.
Видете, знам многу луѓе. Меѓу нив и хомосексуалци. Знам колкаво е нивното страдање, затоа што вистински не можат да се прифатат такви, какви што се или пак не се прифатени од општеството. Знам и такви, кои се верници и се борат со своите страсти и им посакувам да се изборат. Знам и такви кои се верници, кои си практикуваат еднополови врски... Не ги осудувам, се` додека не заземаат позиции, кои не им прилегаат. Но, знам и такви лицемери, единствени од кои се гнасам, кои пред луѓето глумат, дека се борци за конзервативно општество, дури се и на високи позиции (дури и црковни!), а тајно си практикуваат еднополови односи! Мојот став е дека таквите, веројатно не би биле глумци и не би рушеле се` околу себе, ако биле прифатени од општеството, такви какви што се вистински.
Значи у реду сфативме дека има Лгбт луѓе. Ама која е потребата да се искача на улица и да се форсира тоа? Сфаќате дека стварно не им е гајле на многу луѓе кој каков е и со кој го дели креветот тоа е приватност на секој човек. Што сакате посебен третман?