Здраво Само што приметив во изметот на мачето, кое што има 8 месеци, глиста прилично голема околу 8цм (round worm). Бев до пет шоп каде сопственичката е ветеринар и во консултација со нејзе ми даде насоки за да и дадам апче за глисти според килажата. Апчето го здробив во влажна храна. Дали постапив правилно или не требаше воопшто да го дробам?! ПС. Мачето е ептен домашно, воопшто не е излезено од дома, а го чувам од прцул, колку една шака.