Ова ќе бидат најважните избори за Македонија од осамостојувањето во 1991 година. Последниот тест дали ја заслужуваме оваа држава што ја добивме со тортура и крв.
По кулоарите се дискутира дека ВМРО ќе победи со силна надворешна поддршка заради дадено ветување за промена на уставот и влегување на бугарите во него. Останува да видиме... ми делува реално. По што ќе следи долга уште една криза во државава...
Мислам дека сосема е јасно дека Вмро ке победи. Ќе победи поради неспособноста на Сдсм, и нивното измеќарство наалбанските партнери, а не дека овие се нешто премногу способни. Едноставно и дрво да ставиш конкурент на СдсМ ќе го победи. Бугарите ќе влезат секако во Устав тоа е во крпче врзано благодарение на нашата силна бугарска дијаспора во пакет со други како Словенци,Црногорци и Хрвати кои се неоправдано изоставени за разлика од Срби и Бошњаци, кои ги има во Устав. Д анапоменам дека нас не има во Уставот на Црна Гора и Хрватска. Дали ќе направи Влада е прашањето?! Со албанскта опозиција не сум сигурна колку гласови ке добијат,повеќе зборат од што прават и се клањаат на Курти во Косово од друга страна Дуи направи огромна база на гласачка машинерија со вработувањата на се што постои во Дуи во декември 2023. Албанската опозија од друга страна е ултра националистичка , додека Дуи имаат некој фејк европски наратив. Мислам дека Вмро ке прави на крај Влада со Дуи ,ќе се правдаат после како кога имаа 61 пратеник,мора со победникот кај албанскиот корпус да коалицираат ,а народов го знаат со меморија на риба е. Читам милион евра ќе се потрошат за гласање во дијаспора што сметам треба да се прекине. Дијаспора не треба да гласа.
Тој наратив дека се ,,најважните избори за Македонија" не ми е повеќе убедлив за да излезам на гласање. А се имам пецано на тоа во некои други времиња. Секогаш предизборно се креира таква апокалиптична ситуација, излезете пошто ја губиме државата. Досега пак една држава што беше. На крај, пак цела власт во раце на ДУИ, врие од корупција, непотизам, криминал. Имам спомнато во друга тема, имаше случај на времето каде ,,патриотската" ВМРО-ДПМНЕ освои 63 пратеници, големо мнозинство. Пак си направија коалиција со ДУИ, си измислија некакво правило, коалиција победник со победник. Си имаат сите партии доста гласачки телца, јас завршив со гласање во 2016 кога дадов глас за овие денешниве што требаше судство да отворат како пупка , наместо тоа, спровнаа закон со европско знаменце за измена на кривичен законик, направија масовна амнестија, како онаа на Хорхе против која палеа канцеларии во 2016.Вмровци не ми се опција одамна, третите опции ги доживувам како фракции. ВМРО-ДПМНЕ ќе победат, дали ќе формираат влада, ќе видиме.
Дијаспората нека си гласа таму каде што живее. Не треба да учествува во одлука за власт во државата каде не живее.
Јас на пример немам швајцарски пасош, и немам право да гласам, а и не сакам. Сакам да си гласам во родната земја и имам право на тоа колку и ти. Шипциве си организират автобуси, авиони и што ли не знам се, а тоа ви смета што некој македонец (што не сме ни многу пријавени) ќе земе слободно од работа и ќе вози 300 км. да го даде својот глас. Од тоа што сме толку несложни ќе ни земаат се! Повеќе ви одговара да доаѓат косоварите во Тетово да гласат одколку еден македонец што живеел во Швајцарија или Германија да оди до амбасадата што воопшто и не функционира како што треба, цела распадната и што ниеден не знае да те услужи на македонски.
Епа види јас имам право да гласам на хрватските избори, па не гласам зошто е глупо да учествувам во избор на влада или претседател во држава каде не живеам. Зошто да им се мешам во изборот на граѓаните кои живеат таму. Кој не живее во татковината не треба да избира. Тоа албанците го правеа порано да. Но со годините се помалку па годинава па ептен малку ќе гласаат.
Дијаспората нема да гласа на парламентарните избори (не се исполни условот да има избори), ќе гласа само на претседателските избори.
За мене вие не сте само “граѓани кои што живеат таму” вие сте мојот народ и сакам ние да напредуваме, а не тие. Немам јас две татковини имам само една. Сеедно ми е што ќе изгласат швајцарците, не ми е сеедно што ќе изгласат македонците.
Немам ни бг пасош и никогаш не би сакала да имам. Едноставно си ја сакам држвата и колку можам помагам и инвестирам таму. На тоа не мислам дека градам вили за себе туку поддржувам фолкори, дадов за школото на општината итн. Многу сум офф. веќе ама скд не гледам причина зошто да не гласам кога сум исто толку македонка како сите вие.
А со кој пасош си толку долго во еу и причинита е што не си во тек не си во борбата си заминала си избегала си оставила на друг се и тоа е тоа повели врати се биди во борбата осети ги на своја кожа овдешните проблеми па одлучувај
Епа така најлесно прави грешка. Бидејки тој што не живее појма нема за кого да гласа и може да направи многу поголема беља. Замисли ти некој иселеник во Австралија што 30 год е таму да гласа за Влада кај нас?! Нит има појма за Вмро кандидативе кој се нит за Левица,а не пак за некаква програма политичка.
Тој закон важи за сите држави, секој има право да гласа ако има државјанство без разлика каде и да се наоѓа, нема зашо за Македонија да е поинаку и законот да не важи. Секој од нас има некој што живее во Мк, доволно имаме капацитет да ги видиме јасно работите и да им помогнеме на роднините за да се деси некоја промена ако е потребна. Крај краева никој не знае од која причина ќе мора да се врати назад во матична земја, зашо да ми е ускратено правото кое го имам? Да беше поинаку, ќе имав право да гласам во Австрија затоа што живеам во Австрија, плаќам данок тука, без разлика што немам пасош Австриски, но го немам тоа право, Австриецот од Шпанија има право да си гласа за матична земја. Џабе се објаснувате.
А зошто да не се вратиш во мк и гласаш и бориш за да смени нешто на подобро да ги осетиш реално овдешните проблеми на своја кожа и јас имам роднини во Србија и пријатели но дали вучич е добар или лош они си знаат јас неможам како нив да проценам не живеам таму тоа што ќе го слушнам и прочитам само не е доволно на своја кожа ги немам осетено нивните проблеми
Ај да се повторам, тоа е закон во сите држави не знам шо не е јасно? Имам право на глас во матична земја, не таму кај што живеам без разлика дали можеби и тука сакам промени. Ние еве не се бориме ( иако даден глас е еден вид борење) , вие се утепавте од борење шо живеете таму и сеа за дијаспора ќе зборувате.
Па искрено, ја ја разбирам @Cosmi шо вика дека ние не треба да гласаме, оти не живееме таму и не го пушиме од политиката таму. Нема многу да се објаснувам, само ќе направам една паралела со Турците у Германија шо го воспеваат Ердоган и Турција секако, додека тука имаат дечковци, идат у курварници и кладилници, се земаат со каурки, се тетовираат, пирсаат и дрогираат, пијат алкохол, јадат свинско и Киндер, и не ни планираат таму да се вратат.